Работи кои нѐ научи пандемијата (досега)

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.297
Поени од реакции
28.934
Новиот коронавирус е злото на денешницата. Ги принуди луѓето да седат затворени дома, убива илјадници луѓе, ги затвори границите, убива бизниси и продолжува да ја руши економијата.

И додека SARS-CoV-2 на анти-ваксерите им дава демо верзија од светот без вакцини, а човештвото сѐ уште ја води битката со непријателот кој нѐ фати со спуштен гард, не може, а да не размислиме за поуките и заклучоците кои можеме да ги извлечеме од сето ова што ни се случува.



Што научивме од глобалната COVID-19 пандемија?
1. Не е добро да се јадат лилјаци.

2. Здравјето е скапоцено, а здравството треба да биде топ приоритет.

3. Кризните планови треба да се сфатат сериозно. Или барем да постојат.

4. Кога ќе загусти, државите (и сојузниците) немаат никаква меѓусебна соработка.

5. Не е доволно само да се мијат раце, туку правилно и детално.

6. Производството на тоалетна хартија е супер бизнис.



7. Возможно било да се држи растојание на каси и шалтери.

8. Народот може да живее и без обложувалници.

9. Попаметно е да се купи медицинска опрема, отколку да се учествува на Евросонг.

10. Документите можеле да се издаваат и електронски, а едукацијата дигитално.

11. Системот за дигитална едукација и е-услуги треба да се доразвијат.

12. Секој бизнис треба да има е-продавница.

13. Угостителите можеле да се придржуваат до строгите мерки за заштита.

14. Голем дел од работите можеле да се завршат и од дома.

15. Голем број од состаноците можеле да бидат e-mail.

16. Семејството е битно и не треба да го запоставиме.

17. Не било страшно да се поминува повеќе време со своите деца.



18. Пиперките содржат повеќе витамин Ц од лимонот.

19. Во Венеција имало делфини, а во Скопје само патките преминуваат улица на пешачки.

20. Доставата на производи можела да биде бесплатна или барем поевтина.

21. Општините можеле да обезбедат подобри хигиенски услови за граѓаните.

22. Јавните површини, автобусите и влезовите можеле да се дезинфицират редовно.

23. Во вонредни и тешки услови, постојат хумани луѓе и одговорни компании кои помагаат.

24. Во вонредни и тешки услови, постојат нехумани луѓе и неодговорни компании кои профитираат преку измами или нереално високи цени.

25. Експертите за фудбал, ракомет и Евросонг се трансформираат во епидемиолози побрзо од ширењето на самиот вирус.

26. Постојат луѓе (идиоти) кои на своја рака „превентивно“ би земале апчиња (за кои прв пат слушаат) само за „да се спасат“.

27. Треба пожестоко да се бориме против лажните вести.

28. Сме имале повеќе од двајца толкувачи на знаковен јазик.

29. Не треба да ги потценуваме слободното движење, социјализацијата, спортот и активностите на отворено.

30. Секој може да придонесе за подобро утре, дури и со седење дома.


Имате нешто да додадете во листата?
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
6.830
Поени од реакции
3.960
Рано е Ацид се уште за да вадиме поука или пак во лошото да го бараме доброто..тек почнавме да учиме со учител кој е пострашен и помоќен од самиот ѓавол.
..но, барем видовме дека за краток период како може да се исчистат водите и воздухот.
..знаеме да чекаме мирно на ред без да мрчиме...
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.511
Поени од реакции
5.645
- Не е доволно само да се мијат раце, туку правилно и детално.
Ќе се зачудиш колку претходно миеле раце само после голема нужда. Мислам дека ова треба да е број еден. 2000 и кусур години после христа, научивме дека раце се мијат детално, и пред сѐ, почесто!

И да додадам:
- Можеме и без политички дебати, политички препукавања и купување политички поени. Уствари, политика во глобала :).
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.785
Поени од реакции
16.414
- Производство и пакување на тоалетна хартија е супер-доходовен бизнис у било каква криза.
- Неработниците први ги снемуе од работа.
- Инстаграмот од чепење у теретана и дакфејсови на туристички локации се претвара у throwback срања.
- Луѓе што никогаш не се качиле на Водно и никогаш не трчале на кеј, сега се главни на двете локации.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
7.997
Поени од реакции
8.835
Дека во услови на катастрофа западот благе везе нема од солидарност, дека сите западни вредности се 0. Дека кафезот може да биде златен или зарѓан...дека е ист qr. :)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.572
Поени од реакции
4.999
Дека постојат 1001 начин како продуктивно да се пополни времево на принуден одмор, преку листање на убави слики и интересни содржини на Интернет, доколку постои и најмалку интерес. Дека фалат многу едукативни теми на форумов, а сите можеме да придонесеме кон нивно оформување и развивање, во духот на ширење на љубов и едукација во време на корона.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
6.461
Поени од реакции
9.402
... работи кои ме научи пандемијава, ДО СЕГА?
мене ме научи од другата негативна страна, дека неписменоста, неодговорноста, несовесноста и невоспитанието на дел од тие кои се мои соседи, познаници, колеги, сограѓани кои се едни од причинители на ширење на коронавирус, се виновни да се загрижам за моето лично здравје и живот, а јас да немам ама баш никакво влијание врз нив иако самата ги почитувам сите правила за спречување на тоа ширење на коронавирусот!
... се разочарав, дека за време на ова пандемја на коронавирус, апсолутно моето здравје зависи од некои таму несовесно, невоспитано, неписмено однесување зачинето со партиски безобразлук, сила и непотизам, џабе се сите мои врелини, способности, почитување, дисциплина и совесност...немоќна сум покрај тој шлајм!
 
Последно уредено:

Don Huan

We are Borg
Член од
12 јануари 2020
Мислења
146
Поени од реакции
183
Koronata saka, baram sakase da na nauci treba da se grizime za prirodata i za ostanatiov zivotinski svet koj e mnogu pobroen od lugjeto, verojatno so dve cifri. Ako lugje ima 7-8 milijardi, ostatokot od milionite vrsti na zivot koj znae kolku bilioni se.
Nie im ebeme mamata na site. Na seta priroda, reki, morinja, okeani. Ja unistuvame , a ocekuvame od nea sekoja godina se poveke i poveke. Jas mislam deka ic nisto ne naucivme. I deka tek ke ucime so slednite potezi na prirodata, za zal. :(
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.239
...

Што научивме од глобалната COVID-19 пандемија?

...
Ќе помине брзо и за жал нема да не` ослободи од општествените паразити наречени политичари.

За џабе дојде, за џабе и ќе си ојде.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
787
Поени од реакции
798
Дека грото македончиња се невиден sheeple. Да не дојде да намери некоја држава да не освои, само појака пропаганда да пуштат, ќе не освојат без зрно барут...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.547
Поени од реакции
9.793
Ваљда ќе ги научи моите колеги дека во вц без разлика за што одиш, се оди со сапун. Ќе фатат квака од вц, од канцеларија, од шкаф и битно (некои од нив, пак не сите :() се измиле. Гадно.
Можеби ќе сфатат дека во секое време мора да има медицински заштитни средства на лагер, доволни количини стокови резерви и добар план за различни нивоа на изолација и заштита, by the book.
Дека во криза брашното не се остава на полици туку се чува и користи за трајни производи, леб и во резерва.
Ваљда ќе сфатат дека Скопје мора да се чисти и механички и си дезинфициенси. А не се чисти.
Можеби ќе сфатат дека полека ќе ни снема резервисти па ќе мора да воведат некој систем за обука и брза регрутација во вакви состојби, епидемии или непогоди.

И за крај треба да знаат дека нема секој тераса па за цигара мора да ризикува пред зграда среде полициски час :)
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.297
Поени од реакции
28.934
Отиде како статија :)
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
2.251
Поени од реакции
4.242
- Дека изборите и не се толку битна работа
- Дека ниедна криза нема да ги спречи луѓето да измислуваат зафрканции и досетки
- Дека и интровертите имаат свој начин на разонода, кој воопшто не е лош
- Дека паузата од секојдневниот често стресен живот не е целосно лоша работа
- Дека „ситните работи“ како гледањето фудбал со друштво или пиење кафе или пиво во град и не се така „ситни“ во ваква ситуација и фалат кога ги нема
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.733
Поени од реакции
73.529
Вистинското богатство was the Sumamed we brought along the way
 
На врв Bottom