Јас лично научив:
1. Дека температурата е активност кое самото тело ја активира, за да се исчисти, а разбрав дека 90% од медицинските лица (за нашите зборам) препишуваат лекарства за да ја снема, дека симптомите е битно да ги нема, а причинита не е битна.
2. Дека вакцината за грип не била многу ефикасна, бидејќи вирусот мутирал, ама кај да е, луѓето се надеваат ќе успеат да направат вакцина за сите видови мутации (иако добар дел врска немаат за причини на мутации). Слично со тоа што на секои 10год велат ова најверојатно ќе е лекот против ракот, или сидата, или сарс, или H5N1. Бил Гејтс бил многу грижлив човек, наместо со милијардите во Африка да создаде нормални хигиенски услови за живот (чиста вода,струја, фрижидери), тој со вакцинација се грижел за населението.
3. Од форумов сфатив дека само одредени вируси мутирале, овие другите за кои има вакцини, тие не мутирале и доколку 100% се вакцинирани, нема веќе да се појави тој вирус. Можеби некоја друга болест ќе биде со истите симптоми, ама тоа било сосема нов вид на вирус и ќе има друго име.
4. Од форумов сфатив дека првичните бројки потребни за колективен имунитет не важат, односно 65%,90% и 95% не биле точни, туку мора 100%, е тек тогаш ќе се искоренат сите болести за кои има вакцина. Теоријата за антителата не ја сфатив, ама тука е гугле.
5. Дека во вакцините се користат делови од абортирани фетуси и некои други корисни токсини, бидејќи природата не е совршена и згрешила нешто кај човекот, па човекот создаден од самата природа, тој ќе ја исправи грешката.
6. Дека народ кој со години е сведок на (не)чесното работење на системот, покрај снимките (лепени-сечени), покрај сите (не)исполнети ветувања и заколнувања, покрај докази за (не)логичното зголемување на имотната состојба на првите ешалони, сепак како големи верници, ќе продолжат со надежта и целата доверба повторно и повторно ќе му ја дадат, зашто кој друг ќе се грижи за нив...
7. Дека мнозинството сака сите да бидат еднакви (сиромашни,очајни, ниска свест), никој од никого да не се разликува. Се ќе дозволат за тоа да се оствари, дури и радо ќе помогнат. Како вицот со котлите во пеколот ... кај котелот каде што се македонците немало чувар, зашто ако некој се осмели да излезе, другите си го враќаат назад.
8. Дека добар дел од населението со нетрпение очекуваат некоја катаклизма да се случи, посакуваат нуклеарка, метеорит да не акне, е не сфатив зашто не си направат харикикири, ако веќе толку не им се живее.
9. Дека иако при толку лесен,брз и евтин пристап до информации, народот повеќе сака да чита за задникот на Цеца и спорт.
10. Дека што и да се случи, варварските особини кај луѓето, 90% од нас сеуште си ги имаме и по нив го живееме животот, без разлика на последиците и историските примери.