Работа на брод

Ф

Флеш

Гостин
Ај тука да си ги искажам маките... Одбиен бев за студентска виза, денес бев во Коузон да се распрашам за на брод, им ја кажав мојата ситуација како е, ми рекоа не знаеме што да ти кажеме, сме имале случаеви како твојот каде што ги одбивале, имало случаеви и каде што добивале виза. Ризик е, 50-50 ти се шансите... Ми кажаа и некои искуства од дечки што биле одбивани и што добивале виза... Фер беше таа што работеше таму, ако сакаше да ме привлече можеше да ми каже имаш шанси ова-она, би требало да земеш, итн.. И сеа во дилема сум, не знам дали да ризикувам, сепак не се малку пари во прањаше, 300 евра сигурно ќе одат... Некој со слично искуство како моето да не има или пак да знае некој, нека каже збор два за целата ситуација, зошто стварно на два ума сум и не знам што да правам..

п.с она што е лекарскиот преглед, се плаќа пред или после интервјуто за виза ?
за лекарскиот преглед мислам пред тоа ....... да не те лажам ....
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
п.с она што е лекарскиот преглед, се плаќа пред или после интервјуто за виза ?
Јас го платив (и го направив) пред интервјуто, во Тоспаш. Друг документ што ми требаше беше потврда за неосудуваност.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Знае ли некој за работа на брод кој поминува (застанува) во Куба? Не ми е битно колку се плаќа и што се работи единствено што ми е битно е кога ќе застане во Куба на пристаниште да може да се излезе од него?
 
Ф

Флеш

Гостин
Знае ли некој за работа на брод кој поминува (застанува) во Куба? Не ми е битно колку се плаќа и што се работи единствено што ми е битно е кога ќе застане во Куба на пристаниште да може да се излезе од него?
да не имаш нешо работа со Фидел Кастро ?! .... ;)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Лекарскиот прееглед се прави обично после интервјуто за работа. Некои компании дури и те рефундираат за истиот.

Брод на Куба, ноу уеј Хозе :)
 
Член од
11 ноември 2005
Мислења
316
Поени од реакции
6
Мојата приказна,
Отидов на брод (Norwegian Cruise Line) преку Мајоми, се излезе супер со нив, сепак, Мајоми се претставници на Employment Power од Хрватска (?), така да се што стигаше од Хрватска, Мајоми ми пренесуваа.
Бродот моментално (12ти Декември) беше на Канарски Острови, па во лето (од 17ти Април) шета по медитеран.
Работев како фотограф во тим кој константно се менуваше. Се менуваа вработени, препраќаа од еден на друг брод, се откажуваа... Сепак е се до човекот, нема викенди и слободни денови, скоро секој ден се станува рано и дневно се работат од 10 до 12 саата.
Првиот ден од крузот е Embarkation Day, ги чекавме гостите во терминалот каде што ги сликавме пред зелено платно, па после сликите ги монтираа во Darkroom.
Следниот ден се укотвувавме, и тогаш на сцена рано настапуваат маскотите (дали пирати, витези, тореадори, мускетари, али баби,гладиатори и што се не, се зависи од местото каде што се укотвувате), во парови обично, една маскота со еден фотограф. Тоа го викаат Gangway. Први излегувавме надвор, за да ги чекаме гостите и да направиме колку што може повеќе фотографии. Тоа трае некои 3 саати, или додека не останат помалку од 200 гости на бродот, али тоа е одлука на менаџерот, или на асистент менаџерот.
После gangway-от, имавме слободно време, дали ќе шетаме низ градовите, или ќе останевме на бродот..
Во 4, или во 4ипол, (обично) тие што требаа да прават SetUp на светлата и позадините за вечерта се враќаа на бродот, другите почнуваа дали од 5, дали од 6.
Вечерта тимот се делеше на три дела.
Првиот дел од тимот сликаше портрети, секогаш има 4 позадини, 2 се менуваа дневно, а другите две беа скалите и пијаното во средината. Гости доаѓаат да се сликаат, јас како фотограф требаше да ги знам сите пози на памет, и да експериментирам до некој степен, да сум комуникативен со гостите, да знам да фрлам по некоја смешка за да ги релаксирам, и се разбира, да сликам. Во глобала беше релаксирано на портрети, освен на Формалната Вечер. Е тогаш беше хаос, требаше да се работи брзо и ефикасно, да ги знаеш тие неколку пози складни со позадината и да ги проаѓаш гостите побрзо, затоа што беше преполно.
Вториот дел од тимот беше во галеријата, продажба. Големите слики (8x10") беа 20$, малите (6х8") беа 13$. Цело време се нудеа и други производи, папки за слики, албуми, канваси, метал принтови и принтови на стакло. Им помагавме на гостите да си ги најдат сликите, да им објасниме какви понуди имаме и на некој начин да им ги собереме парите.
Третиот дел од тимот (двајца или еден) беше по рестораните, на бродот имаше два главни (1,2) и четири (1,2,3,4) споредни ресторана. Обично правевме по две тури од вечер, и гледавме да направиме што повеќе слики.
Има и други обврски и сликања, еднаш на круз имаше White Hot Party, слики со капетанот, VIP, слики по палуба...

Малце за бродскиот живот,
Време за одмор имаше, секоја вечер барот за екипажот е отворен, опција беше пиво и вино, квалитетни и не баш многу, ама колку да се истурка вечерта со друштво. Луѓе од цел свет. Храната не беше којзнае што, сарма, пунети пиперки и гравче само на сон. Платата стигаше на време, на крај на месец, 29ти, 30ти. Попуст за екипажот имаше од 10% до 20%.

Лично мислење,
Работата не е тешка, туку е монотона, тоа убива. Имав проблем со првиот менаџер бразилец, кај него се беше квантитет, а за квалитетот само мрчеше, а тие две некако не одат заедно во фотографијата. Неможе никој да испука 500 слики во рок од два саата и на сите тие гости да им посвети доволно внимание. Толку брзо се шалтаа рестораните за да имаме повеќе слики, така да по сликите се гледаа вилушки и шпагети. После се смени менаџерот, и дојде еден енглез кој ги промени работите, повеќе внимание и квалитет, помалце слики.
Се спријателив со еден куп луѓе. Држете се на страна од филипинци, индијци, тајланѓани и малезијци 90% од нив ќе ве чекаат на грешка, завидливи се и дволични.
Светла точка се парите и местата што ги видов. На првиот договор потрошив бајаги од парите, затоа и бев отиден, си испазарив леќа за апаратот, таблет, телефон.. ура ура ура. На пола договор ме унапредија во Лаб Менаџер, полесно ми беше да зборувам со компјутерите отколку со гостите. Следен договор пак почнувам како фотограф, ама на тренинзи цело време во лабараторија. Слушнав дека пак стариот менаџер се вратив, па со среќа нека ми е, некој од нас ќе се врати порано дома :D

Прикачив линкови од слики на многу места а и пропуштив многу работи да спомнам, па ако има прашања бујрум.

Другар мој е примен како фотограф на NCL (чека писмо, виза и датум) па прашува дали на брод може да купи фото опрема (батерии, објективи, полначи, картици...) за приватна употреба? И ако има, како се движат цените отприлика?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
1
Другар мој е примен како фотограф на NCL (чека писмо, виза и датум) па прашува дали на брод може да купи фото опрема (батерии, објективи, полначи, картици...) за приватна употреба? И ако има, како се движат цените отприлика?
moze i toa mnogu poeftino od kaj nas
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
493
Поени од реакции
533
Другар мој е примен како фотограф на NCL (чека писмо, виза и датум) па прашува дали на брод може да купи фото опрема (батерии, објективи, полначи, картици...) за приватна употреба? И ако има, како се движат цените отприлика?

Може да купи се што има на Амазон-дот-ком, јас од таму изнакупував објективи и филтри, книги, таблет, телефон...
Е сега ќе треба да почека некое време додека да стигнат (ако го турат на некој брод што е во Европа), али стига се што ќе си нарача.
Ќе проверам за адресата како треба да гласи, би требало да имам некоја зачувано.

Ако му треба било каква информација за бродовите и работата на NCL, have a бујрум. Требаше да летам утре за Барселона, али ми пратија мејл вчера да ме известат дека летам следниот викенд на друг брод (Norwegian Star) за да ме тренираат како Лаб Менаџер. :cool:
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Ајде бе мора да има некоја работа за куба наредна година? :unsure: Или барем нешто у близина што иде?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
13
Поени од реакции
1
Ајде бе мора да има некоја работа за куба наредна година? :unsure: Или барем нешто у близина што иде?
abe nema amerikanci ne odat tamu taka da krstarejne za tamu nema da najdes ima za okolnite ostrovi a samo za kuba od amerika nikogas ne sum nacekal
 
Ф

Флеш

Гостин
abe nema amerikanci ne odat tamu taka da krstarejne za tamu nema da najdes ima za okolnite ostrovi a samo za kuba od amerika nikogas ne sum nacekal
и јас го мислам тоа .... НЕЛИ ЕМБАРГО ИМА САД КОН КУБА ?! уште од студената војна ....
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
abe nema amerikanci ne odat tamu taka da krstarejne za tamu nema da najdes ima za okolnite ostrovi a samo za kuba od amerika nikogas ne sum nacekal
Епа добро, дај кажи ако знаеш некој што оди до блиските острови?
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Дали има одреден период од годината кога мора да се почне со работа или пак со работа се почнува во било кој период од годината?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom