Работа на брод

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
и како е со перење на алишта .... исто и за користење на интернет .... сигурно ќе земам лаптоп со мене .... имаат бесплатен интернет ?!
ко бевме на обуките во Коузон ни кажаа дека имало машини за перење во бродот за персоналот си плакаш по 1 долар за секое перење...исто така имало и интернет само не се сеќавам дали беше бесплатно или не ....
 
Член од
11 ноември 2005
Мислења
316
Поени од реакции
6
Ај некој од луѓево што работеле/работат на брод нека пишат колку време чекаа откако аплицираа кај агенцијата па се до првиот повик за некоја од компаниите?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
За идење на брод од аплицирање зависи поединчено. Мене целата процедура ми беше 8 месеци.

За перење облеки, на Дизни бродовите имаме свои машини за перење и само купуваш детергент и носиш облеките и 50 минути перење и после 40 минути сушење. Сам си носиш на перење сам си префрлаш на сушење, сам си збираш. Имаш опција и официјалната перална да ти пере, ама се плаќа поскапо, мојот цимер за неговите облеки плаќа 15 долари секоја недела. Јас перам заедно со девојка ми, збираме посебно црни, посебно бели и посебно у боја и фаќаме три машини. Инаку пералните на новите бродови имаат тајмери па можеш да видиш точно колку време имаш за перењето да биде завршено.

Интернетот на брод е 20$ ЗА 200 МИНУТИ И Е СПОР КО ДАЈЛ-АП. По портови зависи... секој се снаоѓа како знае и умее. Моментално сум во Наполи и кркам сладолед од 3€ за да добијам пасс за нет. Пред 2 дена пиев кафе у Ла Специа од 2€ за да добијам пасс за нет. Енивејз и кафето и сладоледот у Италија се ТоБ :)

За тоа дека е смешно да користиш свој апарат и не е страшно. Си има свои предности и маани. Сум ги видел фотографите на Карнивал како чкрапаат со сва и свашта, чак и со прастари олимпуси. И тоа дека само фотографираш ДА СИ ГО ИЗБРИШЕШ ОД ГЛАВА. Затоа што првин треба да поставиш студио од нула. Малку е тешко да најдам на јутјуб видео како го пават момците и девојките од Имиџ, ама тоа е исто на сите бродски компании. После тоа фоткаш студио саат време, па фоткаш у ресторан додека луѓе јадат, па после пак фоткаш студио саат време, па фоткаш ресторан, и на крај трет сет студио. Е после тоа растураш студио. Исто така имаш редење на фотки у галерија и продавање на истите.

Ако има некој уште прашања, нека повели, колку иам време по портови одговарам. На брод нешто не ми отвора Кајгана.
--- надополнето: 1 јули 2013 во 13:38 ---
И да додадам дека на секоја компанија имаш различна демографија, различни гости. На Дизни се претежно богати американци, Преку лето безобразно богати, додека преку зима имаш и од евтините мексикански емигранти. На Карнивал се сиромашните американци. Ројал Карибиан ти е некаде помеѓу, имаат од се по нешто. Селебрити се пензионери.

На претходното крстарење кое беше 12 дена вклучуваше Барселона, Вилафранш, Ла Специа, Чивитавекиа, Пиреа, Кушадаси, Миконос и Ла Валета просечно соба чинеше 10.000 долари, додека еден од апартмание беше платен 22.000. Претходно имавме 7 дневно крстарење Барселона, Вилафранш, Ла Специа, Чивитавекиа, Наполи кое у просек чинеше 8.000 долари. Истото крстарење на Коста чини 1.000 и нешто. Сеа идам назад на брод, за 2 саати треба да го фоткам Мики Маус со гости :)
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
4
Поени од реакции
1
@Tonchie брат извини можи те замарам ама поднесов документи во Коузон имав прелиминарно интервју и ми одредија некоја позиција Bar Utility тоа беше се и ми рекоа да чекам сега треба да ме повикаат тие или сам да барам да одам на некоја обука како што ми рекоа...и воедно бидејќи си на брод дали оваа позиција е добра дали има добра заработувачка и што е целта во оваа раб мислам што се работи (мал опис)...кога ке имаш време те молам да ми одговориш,,Благодарам од напред..поздрав
 
Член од
11 ноември 2005
Мислења
316
Поени од реакции
6
Претпоставувам Tonchie бараше вакво видео

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
Полжавче7, бар јутилити ти е бармен. Значи платата ти е процент од продадени пијачки и бакшиши. У врска со обуки и слично, мислам дека е само начин да ти измолзат некој долар од џеб. Ќе имаш доволно обука на брод, не се секирај.

За дали е добра, па не е лоша, а за заработувачка зависи од компанија до компанија, уствари повеќе од брод до брод, и какви се гостите на бродот.

Со среќа, и побрзо да се најдеш на 7те мориња. Можда и ќе се видиме на некое пристаниште ;)
 
Член од
24 мај 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Имам едно прашање ако може некој од поискусниве да ми одговори ,марлинс тестовите што се прават во Александар Палас преку Мајоми дали се општи за сите позиции или за секој департмент се различни?И ако има некој примерок или демо за Housekeeping тестови би било супер ако може да ми испрати ,благодарам !
 
Член од
28 февруари 2013
Мислења
58
Поени од реакции
90
Марлинс тестот се полага online - таму ќе ја напишеш твојата позиција,и според неа ти дава прашања. Ти треба 70 % минимум точни прашања за да пројдеш. Што по висока позиција,потешки прашања.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Мојата приказна,
Отидов на брод (Norwegian Cruise Line) преку Мајоми, се излезе супер со нив, сепак, Мајоми се претставници на Employment Power од Хрватска (?), така да се што стигаше од Хрватска, Мајоми ми пренесуваа.
Бродот моментално (12ти Декември) беше на Канарски Острови, па во лето (од 17ти Април) шета по медитеран.
Работев како фотограф во тим кој константно се менуваше. Се менуваа вработени, препраќаа од еден на друг брод, се откажуваа... Сепак е се до човекот, нема викенди и слободни денови, скоро секој ден се станува рано и дневно се работат од 10 до 12 саата.
Првиот ден од крузот е Embarkation Day, ги чекавме гостите во терминалот каде што ги сликавме пред зелено платно, па после сликите ги монтираа во Darkroom.
Следниот ден се укотвувавме, и тогаш на сцена рано настапуваат маскотите (дали пирати, витези, тореадори, мускетари, али баби,гладиатори и што се не, се зависи од местото каде што се укотвувате), во парови обично, една маскота со еден фотограф. Тоа го викаат Gangway. Први излегувавме надвор, за да ги чекаме гостите и да направиме колку што може повеќе фотографии. Тоа трае некои 3 саати, или додека не останат помалку од 200 гости на бродот, али тоа е одлука на менаџерот, или на асистент менаџерот.
После gangway-от, имавме слободно време, дали ќе шетаме низ градовите, или ќе останевме на бродот..
Во 4, или во 4ипол, (обично) тие што требаа да прават SetUp на светлата и позадините за вечерта се враќаа на бродот, другите почнуваа дали од 5, дали од 6.
Вечерта тимот се делеше на три дела.
Првиот дел од тимот сликаше портрети, секогаш има 4 позадини, 2 се менуваа дневно, а другите две беа скалите и пијаното во средината. Гости доаѓаат да се сликаат, јас како фотограф требаше да ги знам сите пози на памет, и да експериментирам до некој степен, да сум комуникативен со гостите, да знам да фрлам по некоја смешка за да ги релаксирам, и се разбира, да сликам. Во глобала беше релаксирано на портрети, освен на Формалната Вечер. Е тогаш беше хаос, требаше да се работи брзо и ефикасно, да ги знаеш тие неколку пози складни со позадината и да ги проаѓаш гостите побрзо, затоа што беше преполно.
Вториот дел од тимот беше во галеријата, продажба. Големите слики (8x10") беа 20$, малите (6х8") беа 13$. Цело време се нудеа и други производи, папки за слики, албуми, канваси, метал принтови и принтови на стакло. Им помагавме на гостите да си ги најдат сликите, да им објасниме какви понуди имаме и на некој начин да им ги собереме парите.
Третиот дел од тимот (двајца или еден) беше по рестораните, на бродот имаше два главни (1,2) и четири (1,2,3,4) споредни ресторана. Обично правевме по две тури од вечер, и гледавме да направиме што повеќе слики.
Има и други обврски и сликања, еднаш на круз имаше White Hot Party, слики со капетанот, VIP, слики по палуба...

Малце за бродскиот живот,
Време за одмор имаше, секоја вечер барот за екипажот е отворен, опција беше пиво и вино, квалитетни и не баш многу, ама колку да се истурка вечерта со друштво. Луѓе од цел свет. Храната не беше којзнае што, сарма, пунети пиперки и гравче само на сон. Платата стигаше на време, на крај на месец, 29ти, 30ти. Попуст за екипажот имаше од 10% до 20%.

Лично мислење,
Работата не е тешка, туку е монотона, тоа убива. Имав проблем со првиот менаџер бразилец, кај него се беше квантитет, а за квалитетот само мрчеше, а тие две некако не одат заедно во фотографијата. Неможе никој да испука 500 слики во рок од два саата и на сите тие гости да им посвети доволно внимание. Толку брзо се шалтаа рестораните за да имаме повеќе слики, така да по сликите се гледаа вилушки и шпагети. После се смени менаџерот, и дојде еден енглез кој ги промени работите, повеќе внимание и квалитет, помалце слики.
Се спријателив со еден куп луѓе. Држете се на страна од филипинци, индијци, тајланѓани и малезијци 90% од нив ќе ве чекаат на грешка, завидливи се и дволични.
Светла точка се парите и местата што ги видов. На првиот договор потрошив бајаги од парите, затоа и бев отиден, си испазарив леќа за апаратот, таблет, телефон.. ура ура ура. На пола договор ме унапредија во Лаб Менаџер, полесно ми беше да зборувам со компјутерите отколку со гостите. Следен договор пак почнувам како фотограф, ама на тренинзи цело време во лабараторија. Слушнав дека пак стариот менаџер се вратив, па со среќа нека ми е, некој од нас ќе се врати порано дома :D

Прикачив линкови од слики на многу места а и пропуштив многу работи да спомнам, па ако има прашања бујрум.
 
Ф

Флеш

Гостин

Секоја ти чест мајсторе !!!! само пофалби да имаш ваква кондиција да пишеш пост ... само добри зборови од мене имаш :D ......... иначе бев во вторникот на презентација во Коузон .... добро инфо беше презентацијата и изгледа ке аплицирам преку Коузон , ми изгледаат добро,праат и тренинг обуки ..... За Мајоми не бев сигурен некако ,но и покрај тоа што ми го препорачаа ,но не сакам да плукам .... ме интересира ова што кажа ,па зар навистина овие филипинци,индијци,малејзици и азијци биле толку лоши ?! ме уплаши да ти кажам ,значи да внимавам на нив ... хахах но ми требало сепак да има и добри меѓу нив :D .... и уште нешто ..... дали има шанси да ме примат на брод со прекумерна телесна тежина,имам 105 кг ,дебел сум ,имам 23 години ..... читав на интернет дека ги одбивале заради изгледот а и на презентацијата во Коузон кажаа дека одбивале заради глупи работи луѓето,заради заб,ќелавост,мала брадичка па и тетоважа а можеш да ја сокриеш со облека ..... позз голем пак за кондицијатра хехехе :) ))))
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.343
Поени од реакции
7.458
За одбивањето, зависи од компанија до компанија, од позиција до позиција.

Вори, со среќа мајсторе, па да се видиме на некое пристаниште :)

Казански, на кој брод си? NCL вработен или Image?

Уживај во векејшнот, разбираш :)
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
Уживај во векејшнот, разбираш :)

таман пред да излагам за Охрид, да осетам малце од векејшнот, се враќам во среда, детално ќе допишам тоа што заборавив :)
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
здраво ме интересира кога заминувате за работа на брод ,што земате работи,облека ,чевли и слични нешта за таму ?! треба да земам полно работи или да се пакувам лесно .... и како е со перење на алишта .... исто и за користење на интернет .... сигурно ќе земам лаптоп со мене .... имаат бесплатен интернет ?!

Брат ми не носеше многу работи, значи помало куферче со облека што ти е неопходна. Обавезно да си понесеш се за лична хигиена за почеток после ќе си купуваш како што ќе слегувате по градовите. Униформа имаш од таму а чевли мора да си носиш мислам оти не даваат. Интернет има во собите мислам рече оти се плаќа. А за перење, таму има човек што го работи тоа и за минимална сума ти ја пере и пегла облеката и си ја зимаш чиста без сам да переш во машините!
Али сигурно е различно од компанија до компанија и брод до брод!
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
461
Поени од реакции
490
ме интересира ова што кажа ,па зар навистина овие филипинци,индијци,малејзици и азијци биле толку лоши ?! ме уплаши да ти кажам ,значи да внимавам на нив ... хахах но ми требало сепак да има и добри меѓу нив :D .... и уште нешто ..... дали има шанси да ме примат на брод со прекумерна телесна тежина,имам 105 кг ,дебел сум ,имам 23 години ..... читав на интернет дека ги одбивале заради изгледот а и на презентацијата во Коузон кажаа дека одбивале заради глупи работи луѓето,заради заб,ќелавост,мала брадичка па и тетоважа а можеш да ја сокриеш со облека .....
- Со филипинци бев во тимот, од таа страна на светот (а другите ги запознав какви се од барот или надвор кога ќе излезевме), гледаат да те шитнат моментално за да добијат поени кај менаџерот, се местат себеси кај гостите дека они се способни на се (иако го јадат стапот често за тоа), се третираат како "филипинска мафија", дволични се и прва добиена прилика ќе ти забодат нож во грб. Немам високо мислење за филипинците.
- За тежината, зависи од позицијата. Фотографи имаше од 50 до 100 кила, а и помалце од 50... и чим се весели во јавност, луѓето не обрнуваат внимание. Тетоважа имам на ногата, мала, али видлива сепак, немав никакви проблеми со тоа, мислам дека е до компанијата тоа да каже. За ќелавост не, не постои тоа каде што бев. Исто и за брадата, се додека е средена, нема проблеми.

Казански, на кој брод си? NCL вработен или Image?
Бев на NCL Spirit, Канарски Острови па Медитеран. На пола од бродовите на NCL фотографите се под компанијата (Photo-In-House), сега во Мај извадија нов брод и во 2014 ќе вадат уште еден, така да ќе има многу нови работни позиции.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.441
Поени од реакции
13.854
Ај тука да си ги искажам маките... Одбиен бев за студентска виза, денес бев во Коузон да се распрашам за на брод, им ја кажав мојата ситуација како е, ми рекоа не знаеме што да ти кажеме, сме имале случаеви како твојот каде што ги одбивале, имало случаеви и каде што добивале виза. Ризик е, 50-50 ти се шансите... Ми кажаа и некои искуства од дечки што биле одбивани и што добивале виза... Фер беше таа што работеше таму, ако сакаше да ме привлече можеше да ми каже имаш шанси ова-она, би требало да земеш, итн.. И сеа во дилема сум, не знам дали да ризикувам, сепак не се малку пари во прањаше, 300 евра сигурно ќе одат... Некој со слично искуство како моето да не има или пак да знае некој, нека каже збор два за целата ситуација, зошто стварно на два ума сум и не знам што да правам..

п.с она што е лекарскиот преглед, се плаќа пред или после интервјуто за виза ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom