Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.866
На брод пералната обично се наоѓа во предниот дел, на праметот од бродот (ships bow), отприлика една палуба над машинска хала (engine room) која пак се наоѓа на најниската точка на самиот рбет на бродот (ships keel), во превод секогаш си длабоко во трупот на бродот.Накој да не има работено како Laundry Attendant? Еден мал опис и како се движат платите.
Инаку праметот на бродот е точката која при пловидба е најподложна на движењата кои создаваат морска болест, при совршено мирно море таму сепак се чувствува pitching/rolling. На поголемите бродови има т.н тунел и е составена од повеќе палуби и меѓу палуби за подобро да се искористи просторот (twin decks) со шо се стеснува уште повеќе движењето за тие кои работат таму. Е сега затоа шо просторот е ограничен а треба да опслужи безмалку еден мал град, имаш многу машини, пареа...или во превод е доста жешкичко, настрана ред други работи кои не би ги спомнал сега тука. Згора на се е една од најниско платените работи на брод, затоа често laundry attendants прават side jobs, за додатен приход перат лична облека на екипаж кој нема такви привилегии.
Еве едно видео да видиш каде ќе врвиш минимум 10 саати дневно, едно 8 месеци и тоа без слободен ден, инаку ова е обично дел од турата за гости каде имаат пристап до делови шо се само за екипаж и веројатно така е снимено, затоа шо гледам дека имаат водич и обезбедување со нив а Laundry Master (или Assistant LM) им објаснува шо се дешава, патем речено за оваа тура гостите плаќаат плус преку 250$,
Одлуката е сепак твоја
Автоматски споено мислење:
Зависи од компанијата каде има дадено овластување, Неуромедика беа овластени за Norwegian Maritime Authority лекарско да издаваат, исто беа овластени за Карнивал заедно со Тоспаш, повеќето компании интерни формулари издаваат и важат само за тие компании.Дечки каде правите медикал?
Последно имам правено во Неуромедика, шо важеше само една година, претходните ми беа на две.
Кој фактор го детерминира времетраењето?
Моментално цената е 25/26 000 ден.
Има ли некој правено во Медика Плус, ги имаат ли потребите документи/формулари, можеби за некое чудо да е поефтино.
Чисто за споредба првиот медикал во 2012 кошташе 11 000 ден.
Ако е наменско лекарско, тогаш зависи од компанијата, Карнивал бараше секој договор ново да вадиш и не ги враќаа парите а истото важеше само за таму, после можеше два договори со едно да се помини пошто една година важеше.
Овие лекарски шо се како UK или Norwegian Maritime Authority Approved Medical за општо морепловци вклучително и карго имаат некои правила, ако е се ок комплет важи две години (fit for duty without restriction) е сеа ако Body Mass index е помеѓу 25-30, ако е од 30-32 важи една година, ако е над 32 тогаш треба посебна дозвола од компанијата за sign on. Има и други основни параметри, холестерол, крв итн шо автоматски одредуваат важност и сл.
Тоспаш беше 12 500 па после 14 500 заедно со рентген Толовски, а Неуромедика беше 18 000 па 21 000, истото потполно лекарско.
Јас последно вадев Београд, така да и Неуромедика споредбено е баеги ефтино
Attachments
-
523 KB Прегледи: 9
-
221,7 KB Прегледи: 4
Последно уредено: