- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.981
- Поени од реакции
- 12.412
Не ве учат во ФТУ Охрид за нов ред кога започнуваш нов пасус од текст ?ок , нејсе , да тргниме по ред . Јас Александар Тошески ги правам и ги држам обуките во име на Коузон за F&B за на брод . веќе година дена и кусур . донеси ми еден од многубројните кои биле на моја обука .имаш избор , МКД; СРБ ;БиХ и Албанија. имам купче дипломи мои од брод кои покрај другото ме дефинираат како овластен тренер за хотел департмент , кои ќе ти ги ставам под нос и ќе те натерам да се сликаш со нив и да ги постираш овде сликите . а тие изјави - те обучуваат понеобучени од тебе , дека те прават будала со изговор , тој филм не го прават странците туку од коузон .... тие изјави дечко има да ги вратиш назад како кредит од тутунска . јасно ? ела ти застани да те видам и направи од секое дрвце кавалче па да јавидиме твојата стручност , да те измериме и тебе колку тие чергата . а ќе ти ги дадам сите листи од тренинизи и рандом да си ги бараш тие деца и да ги прашаш кај се и што работат и колку им е последната плата , ОК ? си нашол 5мина кои за ништо не ги бидува во животот па ај ќе учиме да сликаме , занат го викале тоа а? обучи ти 200 деца , од кои 150 се веќе на брод дури куцкаме јас и ти овде , па ќе седниме да зборуваме за квалитет . знам истото ќе го речиш за ресторан , тешко е да ставиш 3 тањири и да крениш маса да зачистиш а ? зарем тоа треба да се учи ? нормално е бе брат , толку знаеш и толку почитуваш . затоа имаш погани зборови и се трудиш да си објективен ,но забележувам убава порака низ она твоено четиво , ха - на моменти ми се чини дека ти е криво што не работиш за коузон , сериозно . секој си брани своето , ама без да го напаѓа туѓото - е веќе тоа е став , ама да градиш став -- *јас сум добар оти тој не чини* не е убаво ама на тој терк тераш во твоето експозе , па така морам да ти вратам .
тој , твојот бил 3 години чистач а ? па не е ваљда да толку му сечи бојлерот а? јас во 3 години добив 4 промоции , ама со посветеност и професионализам и дури бев таму - учев и работев и се изградував во својата професија . и тој се вратил од брод и решил да оди на друга компанија како бармен или фотограф или пак како собар ? се прашувам зошто си направил од готово вересија ? ако сака секој да смени компанија и да почни на друга , по твоја логика продолжува на истата позија каде застанал со претходнава ? традиција е , по инерција , нели ? му доцни промоцијата на карнивал , чистач е , па ај ќе се прешалтам на ројал како собар , нели ? не бе бате , и 5 години да си келнер на принцес , ако сакаш да одиш на викинг ќе одиш како ентри левел во ресторан . не е дека Коузон така му се сонило , него таа позиција е дефинирана на самото главно интервју со нив . секој кандидат кој има бродско искуство а сака да смени компанија , има потешко и позахтевно интервју . ние мислиме дека ете сум бил на брод и сега имам привилегија и знам се што не знаат другиве кои никогаш не биле , па ќе се дрибламе . тука е еден парадокс , компаниите кои сега вработуваат се повнимателни со кандидати кои доаѓаат од други компании , од чиста причина што им е полесно да брендираат и да обучат некој кој никогаш не бил на брод и да го внесат во нивни стил и со нивни шмек , него да земат бивши морнар па да го учат наново да се приспособи на нивните потреби и барања .
само да надоврзам , и кај нас имаш купче дипломци од видни факултети заглавени како келнери и таксисти , еден сум и јас , што ако сум првенец на осигурување генерација од ФТУ Охрид ? за `тасета` ми е дипломата . мене не ми треба титула , мене ми требаат пари на брод .
да ми го поздравиш тој никола извесен и да одите преку него , можи и тој еден ден ќе биде корпорација како Коузон . и да не се кријате со сликчиња и имиња од цртаните , и ти и сите останати овде што се сезнајковци . елате на кафепиење некаде па да ви нафрлам некои факти за бродската индустрија па да си го проширите малце хоризонтот .
јас сум и секогаш ќе бидам фокусиран да ја бранам работата на брод и да му ги зголемам шансите на секој да замини на брод . но никогаш не компарирам, ни се водам од некои си индивидуални искуства или мислења или коментари . ако згрешам нека изгорам .
`````` Значи него србите го пуштиле му дале шанса како поминал интервју незнам, но добил шанса па на брод имаа разбирање да не го вратат му понудија да поднаучи англиски но во коузон тоа не поминува не давате такви шанси па потоа секој со своја среќа како ќе се снајде. Треба да сватите дека вие посредувате за интервју а не дека вие сте тие кој треба да бирате кој колку е способен. Тоа треба да го проценат стручните луѓе од компанијата кој ги прават интервјуата и она да селектираат а не вие да кажувате кој за што да аплицира. Ако ме разбра.``````
ако ме разбра- треба да сватиш дека коузон не е агенција туку овластен партнер за вработување на неколку бродски компании . тука ти е цела збунка . ние имаме комодитет да бираме кој ќе биде наш канидат на интервју . затоа многу работи кои тебе ти се критериум ,во коузон не поминуваат . србите го пуштиле како не знам ама му дале шанса , хахаха , ај жити се барем предпостави како го пуштиле србите , баш се прашувам дал од љубов или од патриотизам .. или нешто трето ? ти шо велиш ? ти треба да сватиш дека ние бираме и оценуваме кој колку е способен , а не само да посредуваме интервју , ти кажав претходно дека не сме канцеларија со два компјутери и отворена врата ко бакалница за секој на кој му се сонило да оди на брод и некој од пописменита родбина му направил CV.
свати и прифати еднаш дека е така . ќе ти е полесно . поздрав друже . добар си ама си едноличен и во изјавиве и во примериве за лингвистикава , лајк за шоферот од мајами , хиихих .. највероватно преку мајоми има заминато на ворк енд травел . ха .
Или дека кај точката и запирката се става празно место само од десно, односно после самата точка/запирка ?
Биди овластен тренер за што сакаш, но коментарите кои се објавени на темава, а се упатени кон Коузон, се однесуваат исклучиво на агенцијата за која ти работиш, а не за самиот работен ангажман на брод. Од кога ти се зачлени на форумов, досега не прочитав ниту еден коментар со негативни критики за работата на брод.
Едно е да ги браниш работата на брод и бродските компании, а друго е да ги браниш агенциите кои посредуваат за вработување на брод.
И кога сме кај самата тема, имаш ли нешто да додадеш за Србите кои работат на брод, како и за останатите националности од поранешна Југославија и од Балканот ?
Еве, за 10 часа од сега можеш да го запознаеш, има презентација во 11:00 часот секој вторник, нека му ја мислат присутните на презентацијата ако ги пречека ненаспан и нерасположен од дискусијата на темава, а можеби и @Tonchie ќе биде присутен на презентацијата, чисто за да се увери дека на презентацијата не се поставуваат оние идиотски прашања и коментари од типот "знае(в)те ли дека...", "што те/ве наведе...", "банана смајл...", или како што ти спомна ти, компанија која работи за џет сетот.Wow пола не си сватил али ај пак да објаснам.
Тебе не те знам ќе пиеме кафе ако сакаш. Прво мојот другар не беше 3 години чистач туку имаше три години искуство. После една година пауза реши да оди пак на брод од Х причини. Кога отиде во Коузон немаше за принцес затоа му понудија на ројал. Не е ништо до тогаш спорно туку спорно е што му велат мора да поминеш обука за на брод. Ало 3 години има искуство човекот ама таа што не ни била повеќе знае и ќе го обучела за животот на брод. Тоа што позиција ќе му дадат на интервјуто од компанијата е друг моабет туку она му нуди почетна позиција. Да му рекоа 50 евра дај да ти посредиме за интервју ОК ама изговорот и беше цитирам затоа што бев со него присутен “со таа обука ќе бидеш спремен и квалификуван да поминеш на интервјуто, и ќе бидеш спремен кога ќе заминеш на брод, без тоа шансите ти се намалени“. Ма немој да ме јебеш. Типот на ројал уште првиот договор си стигна до плата од 3000$ до 5000. Можеби сте смениле начин на работа и гледам почнале да вработуваат повратници од брод сигурно знаеш кој беше во Коузон за F&B Атанас . Многу добар пријател ми е и знам како стојат работите.
Друго види само колку ти е арогантен постот и после се чудите зошто не ве сакаат во Коузон. Као само вие знаете и Вие сте тие правите. Јас не работим ниту во Мајоми нити друга компанија па некого да промовирам само си кажувам искуства мои лични и од мои блиски, но изгледа ве тренираат тамо да приступувате со тој став дека вие сте спасот. Јас на сите им препоручувам да заминат на брод да видат едно искуство во животот и заради тоа им помогнав на пријателите. Не се тие глупи како што Вие во Коузон мислите дека се. Во твојот пост убаво се гледа како какви ги сметате кандидатите цитат од твојот пост “ела ти застани да те видам и направи од секое дрвце кавалче“ демек да не бевте Вие и вашата обука сите ќе останаа дрвциња цццццц. И после се чудиш зошто Ве хејтаат. Точно се сложувам дека има секакви што се пријавуваат мислејќи дека на брод ќе си лежат на лежалки и ќе ебат што ќе стигнат. Ама неможе поради таквите сите во ист кош да ги ставате.
За тоа што не работим во коузон ама ич не се секирај не ми е криво си имам моментално тука работа која си ја работам според образование и солидно сум платен не ми треба Коузон. Вие мислите дека Коузон е компанија над компаниите, дека ако си во Коузон работиш за Џет Сетот како што ви е и слоганот на компанијата. Беден си што така мислиш. Чудно ми е твоето понашање иако си работел на брод или ти го испрале тука мозокот.
За Никола за твоја инаформација он работеше за Коузон и регрутираше за Битола. Сега што работи незнам не сум го видел од 2010.
И немој да мислиш дека убедувам некого да не оди во Коузон или на брод. баш напротив на сите им препорачувам да одат на брод но не ги филмајте луѓето. И кога толку се фалиш дека си бил првенец ај да се пофалим дека и јас бев ученик на генерациијата и првак во електро натпревар во Македонија. И двапати прво место по историја во Гостивар и 10 и 12 место во Македонија во колнкуренција од 50 кандидати. А да и трето место во пинг понг за патронатот во Јаха Ќемал во конкуренција од цела македонија . Чисто за инфо да знаеш да си се пофалам, а за кафе кога сакаш ќе пиеме во Ск сум со работа секој ден и можеме да разговараме и ќе сватиш дека немам лоши намери само треба малку да се спуштите од филмот дека Вие се знаете.
П.С. Децата што ги обучив за фотографи ги обучив од лично искуство затоа што тоа го работев тамо (поточно во Print Shop бев). Кога се слушнав преку скајп со еден му велам како помина ми вика се како што ми објасни така испадна (го советував како да стигне до print shop тоа сакаше да работи). Значи му објаснив од авион до хотел тамо како на генгвеј го пречекуваат цело мое искуство. Така да сум задоволен од мојата помош што ја дадов и мислам дека лиценцете твој што ќе ме натераш да се сликам неможат да го направат на ист таков начин. И пак ќе кажам направив споредба од мое искуство како поминав во мајоми на презентација и обука и во Коузон. Типот во Мајоми што држеше презентација (околу 2 часа) повеќе и поконкретно објасни отколку 3те дена во Коузон што ги имавме во холидеј ин од страна на румунците.
Ако несудениот тутуноберач Зоран Кочовски не ги плаќа добро за коментарите кои ги објавуваат на темава, тогаш или не се со сите, или им се испрани мозоците, како што ти спомна.
Последно уредено: