за техничка/корисничка поддршка сум работел за скопска фирма за македонски пазар и ти препорачувам да не се замараш воопшто, тешко со пари а работа и нервозни клиенти нонстоп. на прва борбена линија си нонстоп и за баг во софтверот ти го кркаш, секоја фирма и дејност се различни ама мислам дека македонската клиентела е тешко ѓубре и тешко се наплатуваат фактури од нив, нонстоп муабет од типот "абе ти текнува тогаш кога имаше баг во системот, епа тогаш имавме загуби и затоа сега за оваа интервенција не ви плаќаме,, и секогаш вака е муабетот без разлика дали си завршил работа навреме и без некоја штета.
Кога работев во оваа фирма одев на интервјуа во други странски фирми каде што се работеше претежно со професионалци а не со end users и звучеше помалку стресно ама скоро сите тие фирми нудеа 24 часовна поддршка што значеше работа во 4 смени, отприлика платата движеше 350-550 евра тогаш само незнам дали тоа беше основица или смени и саботи им идеа како бонуси.
Сума сумарум ко за прва работа е ок да прифатиш колку да собериш искуство и да се исчеличиш ама да знаеш дека работата може да биде многу репетитивна а обемот да е голем и да немаш време да подучуваш други работи или технологии. Моја препорака за прво искуство е да поработиш 1 година и да си бараш други опции што не би биле класична поддршка туку нешто што ќе биди повеќе платено.