Работа во Германија

M

Macedon1um

Гостин
Нешто поопширно? Или како и секоја нова година?
Не е дезинформација, не е уште изгледа донесен законот ама ќе има некои олеснувања. Еве овие на видеото тука баш го спомнуваат новиот закон

Член од
18 август 2019
Мислења
36
Поени од реакции
22
Dali nekoj znae sto dokumenti treba od Makedonija za da sklopis brak vo Germanija? Nekoj podetalno da objasni ako znae.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Имам 6-8 слободни работни места во мекдоналдс кај шо работев лани, бујрум.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Zdravo jas sum nov ovde pa bi sakal da spodelam iskustvo so Germanec koj zivee vo SK i ima firma vo SK toj posreduva firmata se bila Walex- consulting ima i websaid a tamu ima contakti mislam deka na nekoj ke mu pomogne
Ili e-mail: info@walex-consulting.com
Pozrav[DOUBLEPOST=1563378404][/DOUBLEPOST]www.walex-consulting.com
info@walex-consulting.com
Rabota vo Germanija so MK pasosh
Вебсајт(website) го пишувате websaid?!? ,немате појма од правопис,кирилица и интерпункциски знаци,а планирате да се снајдете и да работите во Германија! Јас не знам како вакви луѓе се снаоѓаат во туѓи земји и како успеваат таму со вакво ниво на неписменост!
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.878
Поени од реакции
7.264
Ебемти ти правопис интерпукциски знаци за странство ти треба малку јазик но пред се упорност и да не се откажуваш на проблемите кои следуваат а потоа е желбата за работа ако сакаш ќе најдиш и ќе работиш прво било што а потоа ќе се снајдиш познавам еден куп во Германија па ако сакаш и Австралија и Америка шо успеале имаат и фирими триста чуда а се нормални просек луѓе оти не се откажале и имале мака во Мк па после успеале сакав да речам никој тука не ти бара ниту литературен јазик и негово користење уште по малку синусн косинус или дропки само рамења и тро да си чакал да купуваш од другите да се снајдиш за подобра работа смештај итн...
Да ремизирам треба како шо кажав рамења, мадиња и срце да ризикуваш и снадоливост односно да бидеш човек па после тука ќе најдеш луѓе што го ценат тоа ако си човек ќе имаш пријатели и другари за помош ако чекаш на мама и тато односно на партија најдобро да си останеш во Македонија

P. S. Кога сме кај сколијата ќе речам дека се најзалудно потрошени годините во животот повеќе човек ќе види научи во војска од колку на училиште

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Имам прашање во врска со сина карта. Таму кај што аплицирав за работа (аптека) ми кажаа да аплицирам за сина карта, но не ми дадоа понуда за работа или договор за работа. Гледам дека секаде пишува како предуслов за добивање на картата е да имаш договор за работа.
Знае некој дали без договор може да се аплицира и добие сината карта (ако да, за колку време се добива отприлика)?
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336

како прво, сина карта важи за висококвалификуван стручен кадар со признаена мк или странска диплома еквивалентна на германската диплома за позицијата за која шо аплицираш... исто така сина карта се однесува за дефицитарни позиции на пазарот на трудот (доктори, инжинери, ИТ сектор, научници и сл)... друг услов мислам дека треба да имаш минимум бруто годишна плата од над 50 000€ (над 4000€ месечно) за да добиеш сина виза...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Прашања за работна виза:

- Со или без договор за работа е подобро да се аплицира за неа?
- Дали некој кој не живее таму, се уште престојува тука, а праќа CV за вработување таму, може да очекува да му биде понуден договор за работа без да има виза?
- Пишува дека треба да се приложи гарантно писмо или доказ за доволни финансиски средства на сопствено име, но не пишува за колку пари станува збор.

Може се глупи прашањата, но би била благодарна ако некој ги одговори.
 
- како да аплицираш за виза е сеедно, дали со договор или без договор... периодот на чекање од апликација до термин е 1 година најмалку...

- џабе ти е работен договор без виза...без виза не можеш да работиш легално со мк пасош, ако сакаш имај и 5 работни договори од 5 различни фирми... првата виза секогаш се вади од амбасадата во Скопје врз основа на работниот договор и низа други услови...

- последнава точка ти е слично како сина карта...стапува на сила од јануари 2020 и важи само за стручни и квалифицирани работници од земји кои шо не се ЕУ членки... ти треба признаена диплома во Германија за да можеш воопшто и да аплицираш за таа виза...исто така ти треба и Б1 ниво на познавање на германски јазик.. меѓутоа ако не ти е признаена дипломата џабе ти се пари, џабе ти е и јазик за оваа виза...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
- џабе ти е работен договор без виза...без виза не можеш да работиш легално со мк пасош, ако сакаш имај и 5 работни договори од 5 различни фирми... првата виза секогаш се вади од амбасадата во Скопје врз основа на работниот договор и низа други услови...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Фала многу за одговорот.

Само двете болдирани реченици ме бунат малку. Значи прво се аплицира за виза за барање работа (без договор за работа) и откако ќе се добие се бара работа таму по што ако сакаат да те вработат ќе ти дадат договор за работа?
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336
Фала многу за одговорот.

Само двете болдирани реченици ме бунат малку. Значи прво се аплицира за виза за барање работа (без договор за работа) и откако ќе се добие се бара работа таму по што ако сакаат да те вработат ќе ти дадат договор за работа?
не знам што те буни.. едноставно е.. за да аплицираш за виза за барање работа треба дипломата да ти е признаена во Германија... и од тука почнуваш со процедурата... тоа ти е прв услов... друго аплицираш за виза за барање на работа, а спомнуваш договор за работа !?!? тие две нешта не одат заедно... ако имаш договор за работа, по некоја си проста логика значи имаш веќе работа.. што ќе ти е да аплицираш за виза за барање работа?!?

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
9 јануари 2015
Мислења
173
Поени од реакции
131
Имам прашање во врска со сина карта. Таму кај што аплицирав за работа (аптека) ми кажаа да аплицирам за сина карта, но не ми дадоа понуда за работа или договор за работа. Гледам дека секаде пишува како предуслов за добивање на картата е да имаш договор за работа.
Знае некој дали без договор може да се аплицира и добие сината карта (ако да, за колку време се добива отприлика)?
 
Член од
8 февруари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
14
Здраво на сите.
Чекам термин за виза, имам две фирми источна и западна Германија.
Во дилема сум, дали е подобро да одам во источна германија или западна. Знам дека има разлика во ттошоци за стан пред се па ме интересира искуство некој од источна посебно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom