- Член од
- 12 март 2015
- Мислења
- 1.569
- Поени од реакции
- 3.215
Да ми ти е со среќа работата и да напредуваш сè повеќе!!!Не е до амбасадата во Скопје, мислам дека таква политика си имаат Германците, за да не пуштаат многу луѓе од кај нас наеднаш, туку постепено. Еве читам на ФБ цело време се жалат луѓе од Србија и Босна, зашто во амбасадите во Белград и Сараево им закажуваат термини година и кусур унапред. Така да добри сме ние. Јас закажав во јануари, ми дадоа термин во април.
Сега повеќе се чека зашто претпоставувам дека преку лето повеќе луѓе сакаат да одат и сега закажуваат. А има и голем број на дебили што си закажуваат термин од курташак, без најдена работа. Демек можда ќе се најде... И во случајов заебани се луѓето што имаат најдено работа и им треба итно термин, кој не можат да го добијат. Не викам дека и јас не закажав термин пред да најдам работа, ама јас барем бев таму и барав. Во две фирми имав второ интервју закажано кога закажав термин во амбасада. И фино лепо им реков во фирмата дека имам термин за виза во април и они ми дадоа договор од 01.05. Малце се развлече процесов за виза, така да не отидов од 01.05. и ќе одам за 1-2 недели.
Ама кога ќе видам некој во групине на ФБ кога ќе пише "imam termin vo juni moze li nekoj da mi najde rabota"...![]()
Проблемот добро го лоцира @Del Boy , маката е што вака луѓе кои имаат веќе документи за работа треба да добиваат приоритет. Тука е цела заебанција...
Инаку, некој ако си сака да аплицира и да чека да најде работа, нека аплицира и потоа нека си бара чарето (во гужвата).
До останатите форумџии:
Дали некој има контакт (свој човек) од амбасадата кај нас и дали разбрал/слушнал информација некако да се добие порано термин? (доколку имаш договорено работа и средени документи...)