РК Вардар - РК Металург | Борис Трајковски, 24.11.2013 - 18:00 |

Статус
Затворена за нови мислења.

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Ја па баш ради комитиве го нејќам Вардар,незнам зашто ама напорни сте бе,омаловажување према секој друг тим што не е Вардар а Вардар џоа Барселона да е..пред некоја година Миравци у фудбал ве спаси сега русинот :icon_lol: Металург не е само Станиќ добро знаеш,Металург е пола и више мак репрезентација + 2-3 ца квалитетни странци башка боље и младинска школа.Червар беше и е име од теренер и за Вујо па и за сегашниов двоец на Вардар..колку ли ги има тернери и ја незнам :icon_lol:
Коj bese trener na Metalurg pred Lino?
So kogo ja osvoija prvata titula vo 2006/07?

boldiranovo se vika zavist,loso e po zdravje
--- надополнето: 14 ноември 2013 во 13:50 ---
Ептен ми се допаѓа пасив/агресив, love/hate врскава помеѓу Станиќ и навивачиве на Металург.
 
Член од
20 јули 2013
Мислења
25
Поени од реакции
14
Нема многу што да се каже, само да нема инциденти и нека победи Вардар пошо веќе неможам да ги смислам овие другиве, до кога со такви игри околу повредени играчи а ги гледаш вечер сите ќе играат. А и друга работа у 17:00h играат Минск и Барса каде што Барса мора да победи...
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
493
Поени од реакции
522
И јас како неутрален гледач би сакал пред се да има спортска атмосфера и на трибините и на теренот да биде празник за следење па подобриот нека победи а на крај и двете екипи нека се пласираат во 2 круг со што би бил тоа еден огромен успех за македонскиот ракомет.Вардарци упорно кажуваат дека ќе бидат и помногубројни и побучни што за воља на вистината ќе биде така ама мислам дека таа нивна предност малку ќе одлучува за конечниот успех.Мислам дека оној кој ќе изигра поквалитетно во одбрана тој ќе тепа,вардар има јаки поединци како и Металург ,Вардар има предност поради појака клупа ама Металург игра потимски и повоиграно.Сето тоа наведува на една утакмица која до крај ќе биде неизвесна и можни се сите три знака 1Х2.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Овој меч нека го добие Металург а наредниот меч Вардар , бодовите поделени и ќе бидам задоволен , сепак двата тима се наши. ;)

Во однос на омаловажувањата на еден или друг тим (Мeталург и Вардар), само ќе напоменам единствен тим кој има статус на ракометен великан без поддршка од моќници во минатото е Пелистер со најдобра младинска школа заедно со ракометните школи во Струга.
Затоа да не навлегуваме во тоа кој е кој , барем во однос на ракометот се знае.

Во овој момент најдобри екипи се Вардар и Металург и нема потреба од вакви омаловажувања.

Сакам неизвесен , квалитетен меч и вистински спектакл. :vozbud:
 
D

dagau

Гостин
Станиќ е одличен голман, топ 5 во Европа ама смешно е да се рече дека само тој се прашува за исходот. Секако дека негова препознатлива партија ќе го доближи Металург до победа, ама вакви дерби дуели се решаваат низ мал милион ситници. Еден непредвидлив потег на било која страна и зовриваат емоции во и онака пеколна атмосфера. Се губи тука осетот за претходно договореното.

Јасно е дека Лино од сам старт ќе проба да наметне бавна игра и да го убие темпото. Сигурно е дека не може да се наттрчува со овој Вардар, исто како што е сигурно дека без прав шутер-разбивач Вардар ќе мачи мака на зонска 6-0 на Металург.

Денес очекувам многу од Душебаев и не се слагам дека ќе биде импресиониран од дербито. Баш пред некој момент на твитер истакна дека едвај чека да се појави на терен. Токму сталоженоста во клучни моменти е она што од него прави проспект од светска класа. Не за џабе пред недела-две Ласло Наѓ запрашан околу најдобрите десни бекови на денешницата ги спомена Ким Андерсон и Киро, но истакна "сите очи свртете ги кон Алекс Душебаев". Не сме свесни каков играч имаме во Вардар и во македонска лига. Само да остане што е можно подолго.

АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ!

 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.678
Поени од реакции
5.935
Јас сакам само да не се договрени и да изиграат 2 за 2, поубаво вардар нека ги изгбуи двете утакмици, ама барем да изиграат со срце и до последен атом да се борат за скеоја топка.
Со местење утакмици сигруно нема да му се помогне на макеоднскиот ракомет. Затоа или две победи или два пораза за Вардар прифаќам , друго ништо и ќе биде според мене наместено.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.313
Поени од реакции
6.541
Јас сакам само да не се договрени и да изиграат 2 за 2, поубаво вардар нека ги изгбуи двете утакмици, ама барем да изиграат со срце и до последен атом да се борат за скеоја топка.
Со местење утакмици сигруно нема да му се помогне на макеоднскиот ракомет. Затоа или две победи или два пораза за Вардар прифаќам , друго ништо и ќе биде според мене наместено.

Е ова е тоа што искрено ме нервира мене. Ако случајно двете екипи победат на по еден натпревар веднаш ќе бидат обвинети дека ги наместиле без никакви докази. Според мене, нема шанси туку така да ги наместат од проста причина што се во голема битка за превласт на Скопје и на привлекување на навивачи бидејќи реално лесно може да се случи само едната да ја преживее оваа сезона на толку високо ниво, а идната сезона да падне нивото и интересот за другата екипа. Од тие причини мораат и двете екипи да го привлекуваат вниманието врз себе колку е можно повеќе и да собираат публика. Идната сезона на пример тешко дека двете ќе играат во ЛШ, па ќе треба "вториот" некој да го гледа во СЕХА и во ЕХФ. За таа цел, мораат да се борат за собирање на неутралните навивачи кои да бидеме искрено за жал најчесто се приклучуваат кон победникот.

П.С. Не знам дали ги гледавте Стојанче и Ванчо на еден на еден (ме изнасмеаа). Особено погледнете го делот од 22:00 до 22:40...

 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.715
Поени од реакции
2.369
Ја па баш ради комитиве го нејќам Вардар,незнам зашто ама напорни сте бе,омаловажување према секој друг тим што не е Вардар а Вардар џоа Барселона да е..пред некоја година Миравци у фудбал ве спаси сега русинот :icon_lol: Металург не е само Станиќ добро знаеш,Металург е пола и више мак репрезентација + 2-3 ца квалитетни странци башка боље и младинска школа.Червар беше и е име од теренер и за Вујо па и за сегашниов двоец на Вардар..колку ли ги има тернери и ја незнам :icon_lol:
Сигурен си????
Кадети: РК Вардар-РК Металург:18-12
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Нека биде ова најдобрата и најинтересна утакмица одиграна во ЛШ годинава :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.294
Поени од реакции
108.405
Кога еден Штербик (според мене најдобриот голман во светот во моментов), неодамна беше во ситуација да спасува бод за Барселона во Скопје тогаш ич не му ја мислам за еден Станиќ. Тој ќе бил клучната алка, како да не, "муда марјанова". Ако Вардар одигра на нивото и квалитетот кој го поседуваат неговите играчи ни два Станиќа не го спасува Металург од пораз.
Мислам дека претеруваш малку. Не го потценувај Металург, а ни Дарко Станиќ. Страшна екипа се и тие, а мечот со Барселона си е сосема друг меч. Ако судиме така Металург го тепаше ПСЖ, а Вардар играше нерешено па според оваа логика не би требало Металург да се плаши... Секој натпревар си е приказна за себе, а јас се надевам дека овие два меча помеѓу Металург и Вардар ќе останат запаметени во ракометна Европа, а и кај нас. Да не ме сфатиш погрешно за Вардар навивам од мал, ама да ти кажам само да не го потценуваш противникот, кој веќе со години е дел од ракометната елита. :)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
На Алфа да ја гледам ? (бтв, напред Металург! :icon_mrgr:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom