РАДИОДИФУЗНА ТАКСА - има ли логична причина да постои?

Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
Нема врска ова со Хрватска или приемот. Дали и зошто плаќаме по двапати за националните тв за кои следат пари и од наши пари од буџетот. И на крај на година да си објават колку пари од истиот тој наш буџет се одлеани во овие тв по основ на реклами, кампањи, трето дете итн. Немаат своја продукција, запослуваат партиски кадри, нивното раководство троши големи пари за пат, а ние тоа мора да го покриваме.

во 2013 за службени патувања се планирани 183.000 евра, за продукција 2.8 милиони. Што тие снимија во 2013 за 3 милиони, вести, турски серии и платени политички говори?
Дневници за службени патувања и трошоци 2012 196.000, а во 2013 580.000 :confused:
Интелектуални и други услуги 2012 1.3 милиони, во 2013 2.08 милиони :eek:
Од тие 9.5 илјади евра, за свое возило во земјава околу 2000 евра. Со хеликоптер поефтино ќе ги фатеше

Ако веќе споредуваш со Хрватска, погледни им го квалитетот, емисиите, програмата и што се снимаат низ годината.
Мислам дека РДТ се плаќа не само за МРТВ, туку и за одржување на репетиторите и емитување на терестриалните дигиталните канали , а и некој други телевизии добиваат дел од колачот.
Земете во обзир дека во некој места НЕМА кабелска, едини Дигитални терестриални канали или БУМ ТВ на ОНЕ. Но во БУМ ТВ на ОНе има повеќе канали од бесплатните терестриални тв канали...
А има и луѓе кој НЕ користат ништо друго освен бесплатните Дигиталните канали ...
Можеби треба да се бара ОПЦИЈА, Кабелскиот оператор да НУДИ само канали кој НЕ СЕ бесплатни. Но пак да повторам, има предности и кабелска ТВ, спорно е можеби само за луѓе кој сакаат да гледат само на еден ТВ
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.914

Не се проблем репетиторите, па дури ниту архивирањето и останатите пропратни работи што се задолжителни. Тоа може да го работи некое тело со мал број на вработени.

Битно е да се затвори оваа тотално непотребна институција која досега, а верувам и во иднина нема да покаже никаква корист за државава.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Не е проблем самата радиодифузна такса, другите политики се погубни па 200 денари месечно ни се проблем. Сосема нормално ми е после се она срање што ни се сервира да се има впечаток дека сме опљачкани плајќајки го.
А брутусот на цел форум сервира дека мрт била моментално најдобра телевизија во мк, ај разбирам од штаб за други популистички потези играте ама за ова да го тврдиш треба да си на тешки дроги. Тврдам, да земиме да ги споредуваме јавните сервиси во цела европа по содржајност на програмата, квалитет и посветеност мрт е последна.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Кај тоа сум сервирал? Кога се правело муабет за телевизии сум го кажал своето мислење. Какви тешки дроги, какви глупости. Реков споредба МТВ со Сител, Телма, Канал 5 и било која телевизија во Македонија. МТВ е подобра програмски гледано, а во однос на тоа што беше пред 5 или 10 години е неколку пати подобра. Бујрум демантирај го ова што го кажав тука и сум го спомнал севкупно два или три пати на форумов. Не реков со BBC или TV France.
Power, Black Flag, Spartacus, Magic City.... се сите јаки серии а првите две се актуелни пошто се прикажани пред некој месец премиерно во Америка. Тоа не памтам некогаш на МТВ да го имало или пак на било која приватна телевизија во Македонија. Треба уште многу да се надградува програмата ама ако продолжат со ова темпо ќе ја биде работата. Во однос на политички емисии тука се имаат задржано на старата школа и тоа нормално пречи ама до Април барем не очекувам некои промени.
 
Последно уредено:
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
Не е проблем самата радиодифузна такса, другите политики се погубни па 200 денари месечно ни се проблем. Сосема нормално ми е после се она срање што ни се сервира да се има впечаток дека сме опљачкани плајќајки го.
А брутусот на цел форум сервира дека мрт била моментално најдобра телевизија во мк, ај разбирам од штаб за други популистички потези играте ама за ова да го тврдиш треба да си на тешки дроги. Тврдам, да земиме да ги споредуваме јавните сервиси во цела европа по содржајност на програмата, квалитет и посветеност мрт е последна.
Za nekoi i tija 200 denari se mnogu...BE SURE
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Кај тоа сум сервирал? Кога се правело муабет за телевизии сум го кажал своето мислење. Какви тешки дроги, какви глупости. Реков споредба МТВ со Сител, Телма, Канал 5 и било која телевизија во Македонија. МТВ е подобра програмски гледано. Не реков со BBC или TV France.
Очај се бе, анал 5 со мизеријата со Вучиќ повеќе се труди од нив. Преочигледно е дека ништо не се работи, една серија што откупиле ништо не менува, лесно е да се откупи и да се преведи. мрт е премногу далеку од она што и е цел, не оди многу далеку до ббц и франс тв, спореди со бнт на пример, спореди со ерт која беше затворена и сега повторно почна да работи. За овие од екс ју ртс и хрт па да не збораме..
ртш и ртк и покрај бедотијата на земјите се потранспарентни во сите погледи. Старите луѓе полека се пензионираат, новите сите знаеме како се "селектираат" и се тоа си носи неквалитет. Радо јас би ја гледал Телма повеќе иако функционираат на скоро ист концепт, вести(знаеме какви се на мрт) и странски серии.
Единствено нешто кое колку толку ги вади е спортот, цела програма се базира на тоа, гледам дека почнаа и вести да не даваат за да пуштаат спорт, порано конкретизирано им беше на прва да нема ништо друго во термините за вести.
 
За да споредипш нешто треба да имаш увид во многу работи. Ја ти правам две клучни споредби МТВ сега и МТВ пред 5 или 10 години. МТВ споредена со други македонски телевизии. МТВ има најдобра програма. И не е само ради сериите. Имаат и некоја своја продукција и пробуваат да ја зголемат. Сите актуелни забавни културни емисии ги земаа стилисимо, мој доктор, бизнис 365, танц со џвездите и тн. На крајот се зависи од буџетот. Знам дека сега пак ќе речеш а бе не ми кажувај порано како беше ама едногодшиниот буџет од пред неколку години отиде само за да се набави модерна опрема. Дали памтиш какви им беа репортажните возила? Од 65та година? Сега имаат нови. Имаат и нови студија, модернизирани со топ опрема. ХД канал и тн.
 
Пред 10 години мрт имаше покреативни емисии од своја продукција, се што сега мрт произведува е пропаганда и импровизација во интерес на партијата и владата.
Локалните телевизии во битола тера и орбис на пример, во кои платата за сите вработени е 10к моментално јас ги следам во хд верзии поквалитетни од мрт.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Зошто тогаш 90% од програмата име е серии и емисии од кога бев дете?
 
Бекстејџ?Толку си мал?!:)[DOUBLEPOST=1446759732][/DOUBLEPOST]
Пред 10 години мрт имаше покреативни емисии од своја продукција, се што сега мрт произведува е пропаганда и импровизација во интерес на партијата и владата.
Локалните телевизии во битола тера и орбис на пример, во кои платата за сите вработени е 10к моментално јас ги следам во хд верзии поквалитетни од мрт.
Во ред. пред 10 години, во 2005, МТВ беше далеку подобра и не вршеше пропаганда. Крај на дискусијата.
Најкреативни беа во 2004 кога беше референдум за територијална поделба кога цел ден на мтв 1 имаше емисија за евросонг а реферндумот цел ден се спомна еднапш во вести. Убеден сум дека ти тогаш остана цел ден дома и гледаше МТВ.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Бекстејџ?Толку си мал?!:)
Кој бе мал?
Ми пуштаат златно славејче и песната Скопје Скопје ти ќе бидеш................. или макфест'84 Штип со мамба од Питер Џон босе
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
За да споредипш нешто треба да имаш увид во многу работи. Ја ти правам две клучни споредби МТВ сега и МТВ пред 5 или 10 години. МТВ споредена со други македонски телевизии. МТВ има најдобра програма. И не е само ради сериите. Имаат и некоја своја продукција и пробуваат да ја зголемат. Сите актуелни забавни културни емисии ги земаа стилисимо, мој доктор, бизнис 365, танц со џвездите и тн. На крајот се зависи од буџетот. Знам дека сега пак ќе речеш а бе не ми кажувај порано како беше ама едногодшиниот буџет од пред неколку години отиде само за да се набави модерна опрема. Дали памтиш какви им беа репортажните возила? Од 65та година? Сега имаат нови. Имаат и нови студија, модернизирани со топ опрема. ХД канал и тн.
стварно не си сериозен или си сериозен ама сега не си. Вакви вау емисии А1 кој го затворија, правеше уште почетокот на 90тите. После го копираа и другите приватни, сега национални. МТВ оние познати серии ги правеше во и пред 90тите.
Ај ако не објасни ми ги податоците оти навистина не ги разбирам. Две илјади (2000) евра за сопствени возила во земјава, 2.8 милиони евра за "програмски трошоци, од кои најголем дел отпаѓа на сопствена продукција и копродукции"... Ниту имаме површина како Србија или Бугарија ниту приметувам некоја продукција вредна 2-3 милиони евра.
И во контекст на таксата-од 5 лица радиодифузен совет е зголемен на 9 лица.

А за добри, да беа добри немаше со триста правилници нашата држава да ги блокира едночудото телевизии од странство (најчесто хрватските).
 
Последно уредено:

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Бекстејџ?Толку си мал?!:)[DOUBLEPOST=1446759732][/DOUBLEPOST]
Во ред. пред 10 години, во 2005, МТВ беше далеку подобра и не вршеше пропаганда. Крај на дискусијата.
Никаде тоа не го кажав. Знаеме сите како било секогаш. Меѓутоа денес 200 пати понепрофесионално се работи во Македонија во сите полиња, не само во мрт.
 
Член од
5 ноември 2015
Мислења
57
Поени од реакции
27
За да споредипш нешто треба да имаш увид во многу работи. Ја ти правам две клучни споредби МТВ сега и МТВ пред 5 или 10 години. МТВ споредена со други македонски телевизии. МТВ има најдобра програма. И не е само ради сериите. Имаат и некоја своја продукција и пробуваат да ја зголемат. Сите актуелни забавни културни емисии ги земаа стилисимо, мој доктор, бизнис 365, танц со џвездите и тн. На крајот се зависи од буџетот. Знам дека сега пак ќе речеш а бе не ми кажувај порано како беше ама едногодшиниот буџет од пред неколку години отиде само за да се набави модерна опрема. Дали памтиш какви им беа репортажните возила? Од 65та година? Сега имаат нови. Имаат и нови студија, модернизирани со топ опрема. ХД канал и тн.
Сите наши телевизии произведуват едно големо НИШТО. Промашена работа. Медиокритети насекаде. Каков исклучок е МТВ не можам да видам? Ај да речеме дека е така, кој е тој национален интерес да давам арач за производ за кој, еве јас не сум заинтересиран. А, поопасно е за иднината. Пројде ли овој
преседан, можеме да чекаме арач и за други небитни нешта, со предзнак, НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС. К..рвинска работа. Јавна тајна дека МТВ е партиска не од денес. Сите тија партиски кадри (повекето медиокритети) нека ги изнесат на пазар своите идеи и нека профитираат. Инаку, ко сите стечајци, невработени на улица. Не боли, првиот денови е тешко. Еве јас завршив на улица како стечаец (како иљадници други) па никој не не означи како национален интерес да се плака арач и за нас...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ни емисија за земјоделците не можат да направат каква што ја правеа. Се некои прилози по нарачка-добри субвенции, одличен агробизнис, супер заработка од органски производи...никаде права информација за земјоделците. Истото важи и за другите типови информации
 
Kajgana Shop

На врв Bottom