Пчеларство

Член од
2 јули 2015
Мислења
121
Поени од реакции
18
фала ногу ама изгелда сум закаснал почнувало се од пролет така да ке чекам наредна година здравје позз
Еве по нагоре човекот објавил линк (http://www.zasve.net/biblioteka/pcelarstvo/).
Како со мозев на кратко да видам овде има доста книги (од кој има и за почетници).

Јас сум иста така почетник. Дедоми има еден сандак на спрат, но нема многу искуство.
Затоа јас енос почнав да се едуцирам околу тие работи, и да почнам да се бавам со пчеларство.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
До каде стигнавте дечки? Се повеќе пчелари низ Македонија, а темава катастрофа o_O
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Ретки се модерните пчелари кои користат интернет :D Инаку ти си пчелар?
И тоа што викаш :D
Да, од лани почнав ептен активно пред тоа не ми била нешто интересна тема. Сум одел со стариот од што сум морал, сега па повеќе од кеф. Околу 80 кошници се, ако презимат како што треба би требало околу 110 да бидат на пролет.
Како поминавте годинава? Јас багремов имам за извоз, ливадскиот средно жалосно.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840

Солиден број на друштва. Кај мене под просек бев но годинава со татко ми повеќе се орентиравме кон производство на матици а од годинава планирам да почнам и со производство на млеч. Медот повеќе за наши потреби и за пријатело го продавам. Багрем малку извадив колку за децата инаку повеќе кај нас одиме на костен иако не е 100% повќе го бараат. Инаку мене пчелите ми се на Шар планина, твоите кој регион се наоѓаат? Убаво е да живне малку темава.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Има една убава книга, авторот беше Манев (од Кратово е) ќе се потрудам да ја најдам или да ви дадам инфо дали ја има на интеренет или од каде да ја купите.

Не ми текнува точно на насловот, ќе ви пишам што можам побрзо.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Солиден број на друштва. Кај мене под просек бев но годинава со татко ми повеќе се орентиравме кон производство на матици а од годинава планирам да почнам и со производство на млеч. Медот повеќе за наши потреби и за пријатело го продавам. Багрем малку извадив колку за децата инаку повеќе кај нас одиме на костен иако не е 100% повќе го бараат. Инаку мене пчелите ми се на Шар планина, твоите кој регион се наоѓаат? Убаво е да живне малку темава.
Тетовско скоро сите собираат костен, дури и луѓето се навикнати на таков мед тешко е да им продадеш нешто поразлично. Мене Паланечко ме влече од секогаш, највеќе поради багремот. Моментално околу Ранковце сме, имаше и некои обиди за околу Паланка поготово во Осиче (гледам од претходните страни има и од форумов натаму) , ама ненормално лошо искуство со крлеж во тој крај.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Тетовско скоро сите собираат костен, дури и луѓето се навикнати на таков мед тешко е да им продадеш нешто поразлично. Мене Паланечко ме влече од секогаш, највеќе поради багремот. Моментално околу Ранковце сме, имаше и некои обиди за околу Паланка поготово во Осиче (гледам од претходните страни има и од форумов натаму) , ама ненормално лошо искуство со крлеж во тој крај.
Тој крај има доста багрем. Лани се враќав од бугарија преку делчево и малку прошетав преку пробиштип кратово па куманово и кога излегов од пробиштип накај кратово полно беше со багрем во нашиот крај немам видоно толку многу багрем, бело беше се околу со багрем.

Против вароа со што се бориш? Ние користиме само мравја и оксална киселина, посебно мравјата ми изгледа дека е доста ефикасна затоа што претходната година мислам дека татко ми не стави и имаше доста вароа а годинава скоро и да немаше. Но одам со претпоставка дека и времето беше доста топло, немаше дождови а сум приметил кога е подождливо време вароата е доста застапена. Сега има и апигард исто така се користи против вароа и велат дека е доста ефикасна, а најново пред некој ден видов и пластични стапчиња донесени од аргентина преку албанија и се збори дека биле многу ефикасни и не штетни за пчелата, но немам искуство со нив може да видам да земам на неколку сандаци да пробам околу 80-90 денари биле.
 
Има едно во Напредок пчеларската продавница во Скопје нешто како оксална киселина, ќе поминам деновиве ќе видам како точно се вика.
 
Член од
14 декември 2015
Мислења
8
Поени од реакции
1
Поздрав! Ми требаат информаци по чекори како иде пријавување на пчеларник за субвенции. По првпат сакам да го регистрирам пчеларникот. И кои се роковите за истата работа?

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
 
Тоа татко ми ги бркаше тие работи утре кога ќе се видам ако не заборавам ќе го прашам за подетални информации
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Ок. Тука сме.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
Najprvin treba vo veterinarna da gi prijavis i da ti dadat nesto kako potvrda posle sw prijavuva vo opstina ako ti e za subvencii. Ako ne ti e samo na veterinar ke odis

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Ти благодарам. Се распрашав ми рекоа дека сум требал да пријавам капацитет. Имам неформална информација дека субвенциите ке бидат по 1000 денари.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840
Ти благодарам. Се распрашав ми рекоа дека сум требал да пријавам капацитет. Имам неформална информација дека субвенциите ке бидат по 1000 денари.

Послато са Lenovo A3500-FL уз помоћ Тапатока
Do sega bese 300 mislam...

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom