Човек се раѓа како машко или како женско и изборот е веќе направен, што како сега да не навлегувам во непознати полиња
.
Се друго е бегање од реалност и бегање од себе, а знаеш како велат од се можиш да избегаш само од себеси не.
Според Фројд, сите се раѓаме како бисексуалци па изборот го правиме подоцна.
А и да беше изборот туку така направен, немаше да има хомосексуалци.
Да беше цело опшество хомосексуално ќе немаше ниту опшество ниту пак човештво. Нема репродукција чиста логика
.
Да беше цело општество хомосексуално ќе имаше други начини на репродукција.
Поентата во муабетот ми беше дека општеството ти наметнува да мислиш дека тоа е болест.
Да беа 80% од човештвото хомо, а ти да беше меѓу тие 20% стрејт-тебе ќе тетретираа како болен.
Замисли, ти си болен зашо те привлекуваат и се палиш на жени. А тебе тоа би ти било толку природно.
Хомосексуалноста е психолошка болест која тешко се лекува.
Вау, ја откривме Америка.
Дај елаборирај малце. Сеа тука АПА вели дека тоа НЕ е болест и им вика на психолозите да не препорачуваат терапии, а ти кажуваш една реченица која не е заснована на апсолутно ништо.
Па можда, исто така и наследниот фактор игра улога, но мислам дека највеќе влијае психичкиот фактор и средината во која што личноста е опкружена.
Ако влијаеше средината немаше да има хомосексуалци.
Прочитај го постот за девојката од Куба која е силувана зашо е лезбејка. Она живеела во опкружување кое (метафорично) ги пали хомосексуалците на клада.
Како тоа влијаело?
Или може за инает на сите станала лезбејка?
Само сакам да ти кажам дека не може јас и ти да го смениме општеството. Создавано е мнооогу внимателно и прераснало во цврста неуништива градба. Мораш да си со `сите` или не си никаде...
Хахахахах
Затоа општествата се менуваат значи, дека се создавани внимателно и се неуништливи.
Затоа сме во транзиција сега, дека општеството е неуништливо.
Ај те молам, пред неколку века немавме право на глас и ни маваа лапушки ако си кажеме мислење, работите се менуваат.
Човекот еволуира.
Ако ти по секоја цена сакаш да си со сите само зашто се плашиш да отстапиш, не се сите такви.
За среќа.