Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Правило е прво ти да анализираш некој ....
Оти тука ништо нема на вересија:pipi:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Не може. Анализи добиваат оние кои се потрудиле да изанализираат некого. Плус, и имаме правило кое вика дека ти со твоите 44 мислења, немаш право да побараш анализа, сеуште :)

Ајде, трк на работа.
*/me се закашлува затоа што му се заглавиле анализите во грлото:wink:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
ОК Месечина ти напраив и на тебе, ама да знаеш дека во најскоро можно време ќе треба и ти на некој од форумџииве да му напраиш таква анализа, веројатно такви се правилата...
Ти си емотивна жена од Кратово. За тебе многу битно е духовното задоволство, мислиш дека животов пружа многу и дека може да биде убав ако така си го направиме да биде. Се обидуваш да мислиш позитивно, да се исполнуваш духовно со сликарството (самопронаоѓајќи се), со пријателите, со бебето - малиот ангел кој е сеуште во твојот стомак, со книгите и јогата. Ти си мислителка, секојдневно ти е потребно време да бидеш сама со себе, да го слушаш својот внатрешен глас и да уживаш во убавините на природата.
Го спомнав бебето, тоа е сега центарот на твојот свет, знаеш дека вреди да се поминат сите оние бессони ноќи, дека вреди да се биде среќен заради тој прекрасен мотив за живот иако ова е твојата прва бременост и си помалку исплашена како и сите идни мајки.
Животот не е секогаш фер, тоа го знаеш бидејќи во твоето минато се наоѓа еден човек, човек кој веруваш дека ќе го сакаш до смрт, човек поради кој понекогаш посакуваш да најдеш временска машина. Заради тоа минато понекогаш во темнината на ноќта се чувствуваш осамено, но утрееднта те огрејува сонцето. Пробуваш да не се самосожалуваш, зошто знаеш дека се зависи од самиот човек, дека секој е одговорен за своите постапки...Веруваш, но веруваш во љубовта, во животот, надежта и иднината, а не во религијата.
Толку засега. Pozz од мене:smir: !
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
ada

Можеби доцнам со анализава ама сепак...

ada е девојка со многу доблести. Секогаш расположена, насмеана и спремна за секаков муабет. Не може а не ја забележиш нејзината популарност и единственост каде и да се појави.
Заедно со таа нејзина појава се забележува голема доза на амбициозност. Тоа е нешто што не може да го скрие колку и да се труди. Расположена за муабет, секогаш подготвена да даде неверојатно запрепастувачки одговор на било која тема. Енциклопедија која чекори и секогаш го кажува она треба. Пред да се освестиш од информациите кои таа ги пренела, таа започнува нова тема повторно во нејзин стил со поткрепени и издржани факти. Токму поради нејзината амбициозност таа е лидер во сите дискусии и друштва.

Отворениот и искрен пристап кон сите ја прават навистина добар и верен пријател. Сепак потребно е да ги поседуваш овие доблести за да бидеш пријател со ada. Весела и енергична, секогаш расположена за добра забава. Чудна комбинација на уметник кој во истовреме е вљубеник во филозофијата и психологијата. Секогаш средена, личност за која важи правилото дека помалку е повеќе.:)

Без разлика на ситуацијата таа секогаш ја носи со себе онаа своја главна особина или карактеристика - достоинството. Можеби понекогаш е малку снобовски расположена но нели "секој според заслуженото".
Сепак ada е девојка која сите ја сакаат во своја близина:back:
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
А ќе може ли да ми кажете јас што ПСИХА имам ? т.е да анализирате... па да попраам ак има нешто за поправање... :smir:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Ај по барање на Drama Queen :costumed3 , ќе ја направам првата психоанализа на некој од форумов...Имам трема...:icon_bigg
Вака Drama Queen, омилена фраза ти е: Love is in the air! Скоро секој ден си супер расположена, самоуверена си, си го слушаш оној внатрешниот глас, опуштена си, зборлеста, збориш без влакна на јазик...
Приметив дека си искрена, нејќеш да лажеш, а исто така и упорна. Значи кога ќе ти се деси нешо лошо ти не си типка шо се депримира, едноставно можеш да се отвориш и испразниш на некоја блиска другарка и веќе си ко нова. На пр. Не ти е страв да заплачеш пред најдобрата другарка. За тебе важи она: Life goes on! Знаеш дека секогаш има rise&fall во животот ама "Надежта последна умира" и знаеш дека "После дождот доаѓа сонце"! И кога се караш со луѓето после брзо ти поминува.
Љубовта ти е на прво место. Не мислам само на љубовта кон типот туку и кон животот воопшто, на љубовта кон себе, на љубовта кон музиката :music2: , убавото време, другарките, излагањата :party3: , духовитите луѓе...Кога сме веќе кај љубовта, од типот бараш да те сака, да покажува разбирање, да има смисла за хумор, да ти дава сигурност, а надворешно да е среден...Во љубовта се посветуваш, обично оставаш да те водат емоциите. Сметаш дека во љубовта вреди да се ризикува, а ако некој ти згрешил онда си викаш: What goes around comes back around.
Во врска со дружењето, се гледа дека си баш харизматична, сакаш зборлести, интересни луѓе, а сакаш и запознавање на нови фацки...Сакаш да им помагаш на луѓето, да се зезаш со другарки...Прилично као секоја ученичка, нејќеш школо, прво, ради тоа шо не можеш да се наспиеш убаво... Имаш братче 6 год. помало, кој понекад знае да те нервира... Знаеш да бидеш и тврдоглава...Живееш во сегашноста, не се каеш за минатото, а понекогаш си фантазираш за иднината...
Епа се надевам добро беше...:wink: :icon_cool
PS. Ќе напраи некој за мене?:helou:


Fala,fala....se e tocno samo edno nesto...imam 6 godini pogolem brat za zal:nesum: Da znaes deka ti dolzam edna analiza....:wink:
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
ај додека чекам делукс да ме анализира,нека ме обработи некој друг:smir:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ај и за мене некој нека направи една анализа. Баш ме интересира што ке напишите.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Ај и за мене некој нека направи една анализа. Баш ме интересира што ке напишите.
Ете ја мојата скромна психоанализа на овој член кој не го познавам доволно со порака и некој друг да го анализира ,,за да не му го земам редот,, со лаичката психоанализа. Џиш оддава впечаток на смирен, трезвен, одмерен човек кој знае да ги контролира своите емоции. делува како едноставна но амбициозна личност која пополека но сигурно чекори на патот на успехот. Не драматизира и животот го сваќа реално онака како што и треба да се свати. Во една прилика за себе истакна и дека по малку конзервативен што е храбро да се каже во денешно време според мене. Вака барем јас мислам за него.

И сега егоизмот во мене: Нема да се лутам ако и мене некој ми направи анализа, а нема да се налутам и ако не ми направи.:smir:
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
чекаам :icon_roll :smir:
Еве дури чека чекаш анализа од Delux ја ќе пробам нешто. Вака сега, ако mary jane учеше со мене во исти клас ќе беше девојката на која ќе и завидував поради нејзината индивидуалност, и популарноста. Мислам дека е едноставна девојка, не ,,тупи,, многу кога е во врска. Значи нема да и се крене косата ако дечко и не и се јавил по петти пат денес. Мислам дека е забавна, отворена личност. Слушам нешто рок групи ова-она, па то е екстра кул. Тоа е како да живееш во тинејџерски филм ама од подобрите, некој Бада што би го препорачал. Храбра и самоуверена или таква сака да стане односно се прикажува не знам. Едно знам , мене би ми требале светлосни кајгански години да ставам слики во галерија, а таа го прави тоа со лес, што е за риспект. Поздрав чупе (е, чупе) и продолжи така.
Анализава ти е така некој општ впечаток кој го имам за тебе, значи не сакав да ,, те студирам,, и да ти навлегувам во интима анализирајки ги сите постови, а можеби се бара ваков пристап. Поздрав.:helou:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Јас би побарала анализа од Квендолин, ако сака.:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
И јас би и побарала на Kvendolin...ако сака нормално:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom