Lady модераторка на подфорумот за Општи муабети моја колешка и забавна личност за муабетење на мсн

Од разгледувањето на нејзиниот профил т.е. нејзините мислења гордо можам да кажам дека од неа зрачи интелект, зрачи позитивна енергија и јачина со која кажува дека има поминато и сито и решето....
За секое дупче капаче, за секоја солза марамче. Со ова сакам да кажам дека а Lady знае во секоја ситуација да извојува победа, а исто така и за секој човек на кој му треба рамо за плачење да го ислуша и да го даде рамото за да и го намократ т.е. исплачат....
Lady има wide angle view :wink: што значи дека не гледа во еден правец туку гледа на сите страни, знае за секоја убава тема да даде убав одговор, за секоја смешна тема смешен, за мистериозна мистериозен.....
Во врска со љубовта Lady сака со нејзиниот партнер да биде едно, значи да нема машка/женска работа, се' да биде заедничко и потполно сложно. Мислам дека не згрешив за ова:wink:
Ајде сега малце за нејзиниот форумски изглед
Lady: Дама на висока нога со која нема заебанции освен ако она самата не изрази желба
Angelina Jolie: Незнам што повеќе да кажам за ова, слика вредна милион зборови
Тоше Проески: Немам некој посебен збор за ова...само тага
За крај нешто лично:wink:
Македонка-уф го обожавам ова име, повторно звучи гордо грациозно и песната Македонско девојче кажува се' т.е. за сите Македонски Девојки нали
...
дали има на овој бели свет
поубаво девојче од Македонче? (ИМА ЛИ)
нема нема не ќе се роди
поубаво девојче од Македонче....