Мрљим,мојот најдраг колега...
Бидејќи сегашниот аватар ти е скоро ставен,би сакала да ти удрам една анализа на претходните аватари,во кои мајмунот имаше главно место.
Тоа веднаш ме асоцира на она See no evil,hear no evil,speak no evil (така некако
).Можеби тоа значи дека на некој начин се оградуваш од проблемите кои не те засегаат тебе директно,туку оние во твојата околина.
Се „замешуваш“ само кога навистина мислиш дека си во право,во спротивно не,бидејќи не сакаш да испаднеш будала.
Од друга страна пак-твојот карактер е весел,секогаш ги засмеваш луѓето,позитивно влијаеш врз нив.Тешењето е твој голем плус.
Потписот ти е интересен.Ја карикираш глупавоста како својство на слабите.Самата порака на потписот си противречи.Сакаш да знаеш на што си-мразиш дволичност.Искреноста е твоја јака особина.И многумина те сметаат за подобар другар само поради тоа.
Постови.Одговорен си во својата работа,сакаш да го заслужиш успехот,а не на лесен начин да го постигнеш.Ги упатуваш другите кон вистинската дискусија,и уживаш кога имаш улога на „редар“.
Иако сакаш да создадеш привид дека не те засега мислењето на другите,сепак тоа ти е важно.
Сакаш да си омилен,а ако не е така-остро знаеш да вратиш на секаква провокација.
Мој единствен совет-не се замарај толку со луѓе кои не го заслужуваат тоа.Ти си супер,и тоа е најбитно.