Acid напиша:
Кој ќе ме анализира, ќе добие анализа од мене.
Бујрум, сите сте поканети :wink:
Бада, со нетрпение го очекувам твојот пост. :bilokojzbo1r:
О, хо...одлично! -
си помисли младиот дечко седејќи пред компјутерот. Чакрите му се рамрдаа, дамарите му затреперија и одлучно, брзо и лесно како што жежок нож поминува низ путер или човек со смрдени мишки низ полна 22-ка започна да пишува.. Беше одлучил да ја смени историјата...
Acid… твојов ник ми зборува дека кога си се регистрирал на/основал форумов си бил на убава хемија. Сепак, добро е што си престанал и од старите навики ти останала само таа да си поминуваш добро по забави. Ако би анализирал аватар веројатно би рекол дека си монтажер на радарски ситеми по аеродроми, па дека сакаш авиони и најповеќе го паметиш осмиот роденден кога на поклон си добил Трансформер робот кој се претварал во авион и во тенк.
Според титлот би рекол дека не си креативен. Долго време, т.е. откако сум на форум го читам тоа Администратор, а се респрашав наоколу и дознав дека од самите почетоци на форумов не си го менал. Ако не си креативен, сигурно не сакаш уметност. Да, да...мора да е така... Се кладам дека Микеланџело за тебе не е ништо повеќе од нинџа желка, Леонардо Да Винчи е резервен лев бек на Кајзерслаутерн а Ван Гог се рокери од Србија кои треба да се пензионираат.
Потписите често ги менуваш, во зависност од тековните дејанија и потреби на форумот/џиите па би рекол дека си доста променлива личност која сака да помага. Моментално немаш потпис па можеби не знаеш ништо паметно да кажеш на останатиот свет и не осеќаш потреба од ставање печат на твоите зборови. Заради ова се нервираш (бидејќи сакаш да помагаш на луѓето) и размислуваш да ги баталиш сеансите со миризливи свеќи и филмови од раниот опус на Леонардо Ди Каприо после што повторно би се префрлил на алкохол и лесни дроги. Немој бидејќи...немој.
За крај, од твоите постови...ништо не можев да сватам. Не дека јас не знаам да анализирам. Јас сум ѕвер аналитичар и знам да навлезам во психолошката страна на луѓето. Само ти пишуваш насекаде што се совпаѓа со мојата констатација дека сакаш да помагаш.... или пак можда се правиш сезнајко... Шознам... Можда и несакаш да помагаш? Да, дефинитивно несакаш да помагаш и ги мразиш луѓето. Сигурно си и насилник и ги тепаш сите кои не мислат како тебе. Да, да, мислам дека те провалив... Или не.... А, сеа се збуниф....
Дасдадсвгпфајчјпсадк,цццццццццццц................
*
Во тој момент младичот направи неколку круга од 240 степени со очите... Падна на под. Се вртеше, врескаше неколку мигови. Права агонија...Фацата му изгледаше како да бил гризнат од диво прасе за левиот тестис... Животот како да му помина пред очи...Во сета таа агонија, одеднаш одлучно викна: Го молам Духот на лошиот Буда Бонг да си оди од мене..и го повикувам часовникот на Своч да застане!
И тогаш, одеднаш се се смири. Птиците застанаа во воздух. Децата во дворот беа укочени во својата игра...ете едното од нив лебдеше во воздухот останато таму горе после лизгачкиот старт на дебелиот и пегаф голман на противничката екипа. Аналитичарот кој изгледаше како да се вратил од кај мртвите помисли: Кој го ебе детето... Дај јас да не се шалам и да кажам збор два шо стварно мислам...
Acid момак, сосема на кратко... Администратор и основач на форумов- функција која ја извршуваш по твои правила. И тоа е добро. Функционира одлично. Имаш одговорна работа пред самиот себе и никој друг али тоа ти значи и ако еден ден си го сакаш синчето како портокаловата слика која ја глеаш секој ден по повеќе саати, ќе имаш мудро, паметно, искулирано дете кое ќе знае да се зеза кога треба, да биде максимално сериозно и најважно да биде свое. Од мали ноѕе.
Што повеќе... Секоја чест. Задоволство е да те чита човек. Имаш топ-листа во животот на вредни работи и си ја почитуваш. Продолжи да се држиш до неа! Биди и понатаму искрен, по малку брутален и киселкав*(види ник), секогаш забавен, издржан, мудар и со мадиња. Понекогаш сеирџија, почесто перфекционист и тврдоглав, секогаш и најмногу со верба во себе, но и разбирање за другите.
Добар фудбалер си, али многу подобар другар. Отворен за добра партија Кантер, но поотворен за алкох... дружење!:smir:
Јеботе, лидеру наш... Драго ми е шо те познавам.
п.с. Знам дека на крајов затупив, али ете.... J
п.п.с. Бада, извини за убацување во редот J Знам дека не се лутиш.