Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
По долго време на мирување и полуматурантот Спајдер одлучи да побара Психоанализа,не е важно од кој е,или колку е долга,важни ќе бидат зборовите и речениците во истата. Со нестрпение ќе ја очекувам деновиве(мада јас се надевам дека денес ќе биде :pos: )
Однапред благодарен

...Spider

П.С. Да не се буни некој,имам анализирано а лонг лонг тајм агоу(може и не ту лонг ама важно е дека ги исполнувам правата за барање на психоанализата :))
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
По долго време на мирување и полуматурантот Спајдер одлучи да побара Психоанализа,не е важно од кој е,или колку е долга,важни ќе бидат зборовите и речениците во истата. Со нестрпение ќе ја очекувам деновиве(мада јас се надевам дека денес ќе биде :pos: )
Јас би ја правел, ам бегам сеа, така да, ако утре не те има „изработено“ никој, јас ќе те „изработам“. :)
 
зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Ако може за мене една анализа од Ангелче...:pipi:
Нормаљно.

Баш си луда за љубов.
Додека сите градат некој ироничен стил само за да можат да парадираат и потценуваат,ти го градиш својот стил на нешто отворено и искрено - љубов.
Таа е твој животен елан,инспирација,стил- нешто преку кое сите те препознаваат во таа мера,што ти буквално асоцираш на љубов.
Понекогаш не те разбирам. Ама редовно те читам.
Верувам и многу други не можат да те разберат. Но сепак те читаат.
Не можам да разберам од каде тој позитивен пристап кој љубовта. Те мачи,те повредува,одново заведува и ти никогаш не си надвор од нејзините канџи. Секогаш и кога треба да одбериш пат по кој да одиш,ти го слушаш срцето. Очајно се бориш да не ја слушаш вечната дискусија на разумот и она што ти секогаш бираш да те води-срцето.
Мора да има некоја сила во тебе. Не кинетичка...не еластична...веројатно сила на истрајност. Со таа сила ги поминуваш сите фази на љубовта кои ти добро ги знаеш. Со неа ја сретнуваш,трпиш,љубиш,проучуваш,испраќаш секоја нова љубов во твојот живот и згора на тоа и да нема розов крај ти пак успеваш да си позитивна.
Хех,не мора да ми кажуваш,веќе знам дека веруваш во сродни души и вистинска љубов.
Знам,знам. На сите ни е добро познато дека сметаш дека Земјата ротира поради љубов и дека постои гравитација само колку да не лебдат луѓето во воздух додека се бакнуваат. Љубовта ти е наука и ти ја проучуваш,тоа е твоја професија. Да љубиш,да ги објаснуваш конфликтите меѓу мажите и жените,да бидеш сакана...љубиш и светот ти е на дланка :smir:
Позитивното,оптимизмот и ентузијазмот во тебе никогаш не гаснат. Градиш кула од карти...и и да ти се сруши,нема гајле,ти пак (пак!) ќе почниш од нула. Овер енд овер аген.

Чудесија.Позитивизам во движење.Машала.

Фантом-ориѓанецо.

- Да си го вратиш аватарот со лавот кај шо џвака сместа!
Физички познат: по тоа косите,бесни,небесни.
Физички непознат: по тоа косето што го имаш сега. Просто си гологлав,да ти кажам искрено.:pipi: ај ако,лето е.

-Ај сеа да те психолизираме:

Љубовно активен само преку тргањето црти и водењето туѓа сметка на темата каде сите си водат евиденција колку им се кренал или спуштил....Притисокот де!
П.С Љубовната активност не ги вклучува евентуалните шпекулации за можна врска со Тони-Интер!

Не си емотивно ни растроен,ни настроен, така да човек ретко т.е никогаш не те среќава во теми каде што се бара да се опишат хемиските реакции во мозочните клетки на луѓето.
Не е тоа за мене - редовно си велиш.
Како и сите твои врсници ( од машки род ) се интересираш за топката и тоа е јасно застапена пасија кај тебе.
Ако зборуваме отворено,ти ги опари кладилниците,најгледана програма на телевизија ти е телетекст и фабриката на Ариел видно го зголеми профитирањето оти мајка ти се скина перење дресови. :pos:
Како личност,најочигледна особина ти е смислата за хумор.
Со тебе мајтапи,пукање сеири,реметења можи до бескрај.
Неретко оставаш шега на твоја сметка,дури и во неа придонесуваш.
За разлика од порано кога киснеше во Играчница и Чек дис аут,сега човек може да те сретни и во други подфоруми.
Тоа е знак дека созревање и градење став се на повидок.
Аватарите секогаш ја откриваат твојата детска страна и хуморот,судејќи по тоа што секогаш се со видео-анимација и смешна содржина.
Како личност не даваш информации за твојата приватност за да може човек да ти се занимава со чашитлуци,а инаку тоа е дозволено со се друго.

Од мене толку,од Госпо поќе!
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Една анализа за СпаЈдеР.
Спајдер е релативно стар член на форумов, зачленат и пред мене. Од постовите можам да видам дека е доста образован за музика, а пишува на сите теми буквално, без разлика дали е компетентен да пишува или не. Доста е заинтересиран за Фудбал, иако понекогаш се изненадувам колки слабо стои со статистика и факти од фудбал. Знае понекогаш да се заигра во Играчница, што по мое мислење е резултат на досадните утрински часови. Понекогаш знае да напише долг пост без поента, само колку да реплицира, и на тој начин пополека се повлекува од дискусија.
Јузер: Никот СпаЈдеР можеби ја симболизира твојата заинтересираност за пајаците, или можеби, е некој лик од некој филм или серија што си ја гледал. Во секој случај, интересен ник, што по кој знае кој пат ја потврдува твојата креативност.
Аватар: Не го менуваш аватарот многу често, што значи дека и во животот не сакаш некои големи промени наеднаш. Моменталниот аватар за мене претставува некоја нејасност, прикрадување или тага. Порано имаше аватари со волк, што ме наведува да мислам дека многу ги сакаш животните.
Тајтл: Living Lonely го чуваш повеќе од една година, што исто како и кај аватарот значи дека и во животот не сакаш некои големи промени наеднаш. Кога имаш некој проблем, не се откажуваш веднаш, туку остануваш со проблемот до крај додека не го решиш. Тука тебе ти прилега реченицата „It's not that I'm smarter, I stay with problems longer“. Самото значење на тајтлот, значи дека си осамен во душата, ти треба сопатник, компањон, што се уште го немаш најдено... Тоа што го немаш најдено преку година дена укажува дека имаш доста големи критериуми за се во животот.
Потпис: Иако е со прашалници, јас знам што пишува, со една финта. :) Дознајте ги новите љубовни врски меѓу форумските членови на мојот најнов блог. Апдејт се прави секој нов ден. Линкот кај „мојот најнов блог“ е линк од bitefight, што значи дека не бираш средства и начин како да бидеш успешен... Тоа што се служиш со вакви ефтини трикови за да бидеш прв во игра, по мое мислење значи дека во животот си доста искрен, па потиснатото лажење го користиш за безопасни цели. :)

П.С. Фала Ангелче :back:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
После 3-4 анализи мислам дека заслужив анализа од туѓи очи освен од очите на Ада:)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Морам една анализа за Crazy in Love , по нејзино барање... :)
Примарна работа што веднаш се забележува е дека е вљубена... Одсекогаш сум имал високо мислење за неа, затоа што може да дискутира рамноправно на сите теми, од Мистерии, преку Љубов и Секс па до Образование и Наука... на темата „Во врска со љубовта.....“ е на второ место по постови со 136 поста, па самото тоа зборува колку е вљубена...
Јузер: Crazy in Love - што да се дискутира нашироко, се’ е јасно тука, по мое мислење уште од кога го одбрала никот знаела дека ќе и прилега, и дека љубовта кон персоната што ја сака ќе ја чувствува подолго време.
Аватар: Господична Мерилин Монро - можеби си љубител на стари филмови, или се восхитуваш на убавината, шармот или стилот на живеење на Мерилин... Потсвесно можеби ти се допаѓа некој човек од висока класа (ако некој не разбере од каде ова, нека каже).
Тајтл: ~заљубено маче~ - уште еден доказ за твојата заљубеност, јасно е зошто најмногу пишуваш на темите во Љубов и Секс.
Потпис: Мислам дека со потписот укажуваш на тоа дека доста ти е од бегање, т.е. дека си уморна да го чекаш (можеби), и дека со последниот атом сила во тебе се обидуваш да продолжиш да го сакаш. Вториот дел е дека се што имаш и што правиш, го правиш затоа што го сакаш, и со тоа сама си помагаш, ја зголемуваш твојата верба кон него и кон љубовта. Третиот дел е јасен - Ова лето ти е едно од најубавите досега.
Е Фантом,кога ти побарав анализа,прво мислев дека ќе биде во некој ненорамлен фазон,како тебе,но кога ја прочитав анализата пријатно се изненадив.
Аватарот можеби малце не погоди,ама затоа делот кај потписот ме остави со отворена уста,затоа што кога ги напишав стиховите,не ни помислив на нивното знчење.
Ти реков дека ќе бидам искрена и најискрена на свет сум.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ајде некој нека направи анализа и за мене.....мислам дека заслужив:smir:
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Ајде некој нека направи анализа и за мене.....мислам дека заслужив:smir:
Ајде да се обидам. :)

Од аватарот добивам впечаток на самоуверена личност, горда на себе и својот карактер. Имаш многу пријатели, што значи дека си дружељубива и отворена личност. Имаш супер постови, а твојата репутација и го докажува тоа. Од титлот имам впечаток дека си тераш по свое и немаш проблем да си ја изразуваш својата сексуалност. Цврсто стоиш на своето мислење и своите уверувања. Одлично читаш карактери, тоа се познава по твоите анализи на темава. Имаш одлична перспектива на љубовта. Не се знаеме лично, ни пак преку мсн, ама мислам дека зборуваш колку што треба, ни повеќе, ни помалку. Коментарите ти се на место. Исто така мислам дека сакаш цвеќиња. Ми се допаѓа тоа што немаш предрасуди. Имаш романтична жичка во себе. Исто така си ги изразуваш емоциите точно, т.е. се изразуваш така што секој може да види во какво расположение си. Искрена личност си, немаш проблем да си кажеш што мислиш. Но, го кажуваш тоа на таков начин, што звучи како критика, но секогаш добронамерна. Имаш одличен карактер, полн со топлина и нежност.

Ако имаш замерки за анализава, слободно кажи ги, сакам да си ги знам грешките. :)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Сакам и јас if possible..:helou::helou:
Possible....ама од мене:helou:

Би започнала со никот...Очигледно дека те фасцинираат пеперутки, што не ме чуди поради твојата нескротлива природа. Можеби подзастануваш за да се одмориш, но само на секунда, и веднаш продолжуваш кон она што си го замислила. Го сметаш шареното за интересно, но она што навистина те привлекува и има некаков посебен ефект врз тебе се потемните нијанси. Го сметаш за некако загадочно и нешто што не е лесно да се открие исто како што си и ти.

Имаш некој посебен стил на убаво изразување од кое можам да заклучам дека си доста начитана личност. Твојата бунтовна природа не дозволува да поминеш така лесно дури и при некоја најмала ненамерна навреда. Можеби грешам но поради твојата независност честопати си главна во друштвото во кое се наоѓаш. Имам некое чувство дека постојано брзаш некаде и тврдоглаво ги браниш своите ставови и гледишта. По природа си многу амбициозна. Она по што те препознаваат и за што те почитуваат е твојата отвореност кон околината.

Мислам дека аватарот си целосно ти, впрочем како и претходните аватари. Сеуште сметаш дека не си го пронашла своето место. Одлично се снаоѓаш со сите случувања но мислиш дека нешто ти недостига. Она што сакам да ти го кажам е дека треба да продолжиш со барањето на она што вистински го сакаш и посакуваш, но запамети дека ништо не е совршено.
...good luck...:smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ајде да се обидам. :)

Од аватарот добивам впечаток на самоуверена личност, горда на себе и својот карактер. Имаш многу пријатели, што значи дека си дружељубива и отворена личност. Имаш супер постови, а твојата репутација и го докажува тоа. Од титлот имам впечаток дека си тераш по свое и немаш проблем да си ја изразуваш својата сексуалност. Цврсто стоиш на своето мислење и своите уверувања. Одлично читаш карактери, тоа се познава по твоите анализи на темава. Имаш одлична перспектива на љубовта. Не се знаеме лично, ни пак преку мсн, ама мислам дека зборуваш колку што треба, ни повеќе, ни помалку. Коментарите ти се на место. Исто така мислам дека сакаш цвеќиња. Ми се допаѓа тоа што немаш предрасуди. Имаш романтична жичка во себе. Исто така си ги изразуваш емоциите точно, т.е. се изразуваш така што секој може да види во какво расположение си. Искрена личност си, немаш проблем да си кажеш што мислиш. Но, го кажуваш тоа на таков начин, што звучи како критика, но секогаш добронамерна. Имаш одличен карактер, полн со топлина и нежност.

Ако имаш замерки за анализава, слободно кажи ги, сакам да си ги знам грешките. :)
Немам никави замерки...фала:pipi:
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
За The_Vampire, ми побара преку мсн. :)

Вака сега, аватарот ти е од една страна, мистериозен и мрачен, а од друга пак женствен и хм, како да кажам, се изразува самиот себеси на позитивен начин. Поголем дел од луѓето не го разбираат начинот на кој живееш, а тоа те лути на еден начин, а на друг ти влијае позитивно така што се формираш како сопствена индивидуа. Сакаш музика, а со тоа си ја покажуваш љубовта кон креативноста. Сакаш различни видови музика, не се ограничуваш само на еден. Тоа е супер бидејќи така си ги прошируваш своите видици. Имаш позитивна личност, спротивна од твоите аватари и потписи. Тие се мрачни, бидејќи тоа е всушност, твоето вистинско јас. Не се срамиш од самата себеси и секогаш си се држиш до твоите принципи и верувања. Веруваш во тоа дека секој си ја создава сам својата судбина, и затоа си живееш по твое. Имаш многу пријатели, но само малку вистински другари кои навистина знаат која си, како размислуваш и те разбираат без никакви приговори, т.е. те сакаат за другарка бидејќи си таква како што си. Сакаш пирсови, тетоважи, бидејќи тие се твојот начин за одделување од другите, и преку нив си ја изразуваш својата личност. Мислиш дека тие се уметност, не мода. Си поминала низ период во кој твојот карактер се променил многу, но сега си среќна бидејќи си се нашла самата себеси, баш како што ти одговара тебе, не на другите. Припаѓаш на група луѓе кои не ги е гајле за другите што мислат и си тераат по свое. Ризикуваш во животот и сакаш да го искористиш секој момент до максимум. Немаш никакви предрасуди, туку баш спротивно, ти ги презираш бидејќи си била жртва на истите. Сакаш да откриваш нови работи, и да искусиш светот на сите можни начини. Мразиш искористување луѓе, бидејќи знаеш како е да бидеш искористена. Сакаш да си ги изразуваш емоциите, а тоа најчесто го правиш преку музиката и лириките. Искрена си, отворена кон светот, и најважно, си горда бидејќи си ти. Имаш бунтовен карактер, но тоа не ти штети во поголемиот дел од времето зошто знаеш дека се си има граница. Сакаш да ги расположуваш луѓето, и така да им докажеш дека немаш мрачен карактер, а тоа ти е уште една супер особина.

Анализава ми е опширна бидејќи си муабетиме по мсн, а баш би и сакал да се запознаеме во живо. За кратко време станавме добри пријатели, затоа и од некој аспект не е анализава 100% објективна. Сепак драго ми е што те запознав подобро како личност, и што можам сега да кажам на сите дека си сосема спротивна од што мислат.
 
Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95

аммм...мислам дека си ме научил преку еден муабет на мсн :vozbud:
немам што да болдирам бидејќи се е точно...навистина ме изненади
сепак фала многу :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom