Ајде да пробам мада колку што те читам.....
Ливерпул фан, друже ти имаш 2463 мислења од кои 1231,5 ти припаѓаат на играчница,1229 на фудбал и 2,5 на психоанализа на форумџии
Аватарот ти е темен, како музиката која што ја слушаш но сепак Металика се за почит, знаеш да одбереш добра музика
не се плаши од темнината плаши се од тоа што е во неа-уф колку добра реченица, искрено прв пат ја приметувам и ми остава позитивен впечаток, браво за тебе што ти текнува да издвоиш цитати кои можат некако да влијаат на луѓето, позитивно или негативно зависи од самите нас.
Исто како кај Фантом така е и кај тебе цел свет ти е околу една работа ФУДБАЛОТ. Предпоставувам дека живот би дал за утакмица на Ливерпул да ја гледаш во живо.
Пополека стигнав до твојата 15 страна од напишани мислења и цело време ми се повторува едно исто ИГРАЧНИЦА ФУДБАЛ ВО ВРСКА СО ЉУБОВТА ИГРАЧНИЦА....очигледно ти е многу досадно па си го поминуваш времето на тој подфорум одлично. Еве еден доста добро намерен совет од мене,
земи книга прочитај ја, земи уште една најди си нешто со што низ дома ќе ти поминува времето НЕ ИГРАЧНИЦА нешто со што ем ќе ти биде забавно ем ќе му направиш на мозокот update со нови „свежи„ работи. Може сум нападен сега спрема тебе но така те читам тоа го знам за тебе, можеби си друг вид на човек но се криеш, сега за сега толку доколку ја откриеш другата страна од мозокот, онаа со која би направил нешто добро за себе и другите би ти кажал повеќе работи.
-------------------------------------------------------------------------------------
Сепак морам на Крејзи ин Лав
Уф се знаеме и лично и персонално, девојка со најзаразна насмевка на светот
Но сега вака форумски зашто не иде ептен да се разглабаме
Crazy In Love-One Love е личност со која многу ноќи додека идеа љубовните песни од страна на Форчн или Дивајн на Кајгана радио знаевме да се ставиме на МСН и да збориме за нашите љубовни проблеми до 101 и назат, тоа траеше по цели вечери
ти си личност која има една реченица за сите Надежта последна умира
ова можеби ми го имаше кажано 1 000 000 пати и стварно испадна така. За музиката сме скоро исти т.е. во целост, сакаме рап а исто така сакаме и добри квалитетни песни. Имаме химна наша нели од Брејк-За Нас ја слушавме заедно, се тешевме на таа песна
Јузер->Crazy in Love кратко и јасно без многу тупење околу ова можам да кажам дека си девојка која верува во вистинска љубов, но исто така и има пројдено многу време со погрешни личности. Без грижа ко што ми кажа ти на мене, се што треба ќе си дојде на време
Тајтл->~заљубено маче~ па да повторно поврзаност со Јузерот што значи дека ти дефинитивно си девојка која не смее да се пропушти, знаеш да цениш да го вратиш тоа што ти е дадено ама во поголема количина
дечки пазете што правите, не ја испуштајте од раце
Аватар->
Mис Мерлин Монро наликувате малце плава коса убава насмевка
зачудена на аватарот сепак се поврзува со твојата моментална љубовна состојба, но немој многу да бидеш замислена од многу мислење глава боли
сепак убав црно бел аватар, за мене тоа значи едноставност без многу шаренила, кратко и јасно.
Потпис-> повторно спомната е љубовта
и тоа онаа најубавата летна љубов. Summer 07 лето што се памти мислам, така?
прекрасни стихови ставени во потписот и како што кажав се разбираш од музиката, знаеш да одвоиш добра од лоша музика, знаеш и да лудуваш на рап знам слушаш Wu Tang, Krs ONE и слично, браво тоа е убаво затоа што можеш да бидеш приклучена во различни муабети со различни луѓе
.....
За крај Маца немој многу да се нервираш, сети се што ми збореше на мене за да не ти го повторувам јас сега истото. Се што треба ќе си дојде на место, сепак не е ништо страшно, обичен круг кој се врти.....