Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Јас сакам од Скул, еднаш веќе кажав не сакам да досадвам. Ако може нормално :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ако може за мене една анализа од Ангелче...:pipi:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
еј педери/лезбејки дајте анализа...
Ајде бе дуде:) ја ќе ти ја праам

Вака за Појолчо стварно ми е голем мерак да го изанализирам по мој тертип т.е. без влакна на јазикот:)
Крејзи Појол ака Литл Албо(бај Скул:)) познат интераш и збораџија, секогаш се наоѓа во некои караници, мислам дека и бан имаше поради тоа не ме фаќај за збор. Аватар нема што моментално му е скриена неговата сликовна страна ама сепак го има неговиот добро познат збор ЕбАГО...иначе често сум знаел да се загледам и подолго време во неговите аватари кои претерано ме смееле. За постовите, што да кажам кратки малце јасни безсрамни, со кои доаѓам до заклучок дека Појолчо е дечко кој понекогаш незнае што зборува т.е. забегува со мислите, ама некогаш знае да каже работи кои што се на точно место и во точно време. Појол мој совет пушти малце коса:) иди на транс журки истроши повеќе енергија, почни да се бавташ со некој спорт доколку не се бавташ, гледај повеќе македонски филмови прв ти го давам Тетовирање:) и запамти смеј се тоа ги плаши луѓето во дадени моменти
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
А мене, а мене? :vozbud:
Фантом друже јас го сменив моето мислење за тебе 3пати, т.е. 2 пати ако не го рачунаме првобитното добиено мислење затоа сакам да ти направам една анализа.

Фантом_ох познат како Фантомикс(бај Водкамикс) за мене беше доста мистериозна личност која се криеше во жолтите бои на форумот. Се појавија Синдикалците почнаа да го „ребраат„ Фантом и тотално се изгуби, го снема во неговите книги...Д биг кам бек направи Фантоме со твоите последни можеби 500-600 мислења КОИ беа доста исполнети со памет, интелегенција и разбирање. Незнам зашто но тотално ја смени твојата појава на форумот, веќе те немаше во Чек Дис Аут те гледавме по Мистерии и Фудбал дури стана и модератор. Открив дека ја сакаш кладилницата, лоша работа дефинитивно тоа мора да го смениш, ептен си навлегол дефинитивно најлошата навика на човекот. Ајде сега да се вратиме на оние класични работи според кои треба да се направи анализа значи Јузер, Аватар, Тајтл, Потпис. Ќе тргнам како што напишав
Јузер
Fantom_oh-> Фантом:добро познат на сите нас, брз како молња тивок како ноќ и темен како сенка:) приказ на твоите тајни, мистериозна личност на која тешко и се влегува под кожа. Тоа oh е да знаеме дека Фантомот е од Охрид:)
Аватар
Моментално Мајкл Џексон д мунвокер-> Хм за некои би значело манијак, за други уживател во пластичната хирургија, а за мене значи дека си човек кој едноставно ја сака таа музика која Џексон ја правел и дека едноставно одлепуваш на него, браво паметен избор Класика е тоа.
Тајтл
Vice President of Cool-> Уф е ова малце не ми е јасно, зарем ти си човек кој не сака да биде број еден? Да си над сите, да се чувствуваш супериорно? Е сега и друга работа би умешал тука, значи сакаш да си кул, почна од нула па отиде у минус, промена направи да дојдеш ептен во плус забега многу и ПАК го смали нивото на Cool во тебе, можеби и самиот имаш сватено па си го прифаќаш тоа. Ама запамти кој високо лета ниско паѓа, така да бројот два не е високо
Потпис
:star:->
Искрено мене ми личи ко да штрајкуваш за нешто, мистериозно е поставено старчево во твојот потпис и тоа ме зачудува. Дали ти се чувствуваш остарено? Мислам дека не:) сигурно сакаш да кажеш нешто, нешто доста паметно ама сепак го чуваш тоа за правиот момент:)
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ајде да пробам мада колку што те читам.....
Ливерпул фан, друже ти имаш 2463 мислења од кои 1231,5 ти припаѓаат на играчница,1229 на фудбал и 2,5 на психоанализа на форумџии:)
Аватарот ти е темен, како музиката која што ја слушаш но сепак Металика се за почит, знаеш да одбереш добра музика:)
не се плаши од темнината плаши се од тоа што е во неа-уф колку добра реченица, искрено прв пат ја приметувам и ми остава позитивен впечаток, браво за тебе што ти текнува да издвоиш цитати кои можат некако да влијаат на луѓето, позитивно или негативно зависи од самите нас.
Исто како кај Фантом така е и кај тебе цел свет ти е околу една работа ФУДБАЛОТ. Предпоставувам дека живот би дал за утакмица на Ливерпул да ја гледаш во живо.
Пополека стигнав до твојата 15 страна од напишани мислења и цело време ми се повторува едно исто ИГРАЧНИЦА ФУДБАЛ ВО ВРСКА СО ЉУБОВТА ИГРАЧНИЦА....очигледно ти е многу досадно па си го поминуваш времето на тој подфорум одлично. Еве еден доста добро намерен совет од мене, земи книга прочитај ја, земи уште една:) најди си нешто со што низ дома ќе ти поминува времето НЕ ИГРАЧНИЦА нешто со што ем ќе ти биде забавно ем ќе му направиш на мозокот update со нови „свежи„ работи. Може сум нападен сега спрема тебе но така те читам тоа го знам за тебе, можеби си друг вид на човек но се криеш, сега за сега толку доколку ја откриеш другата страна од мозокот, онаа со која би направил нешто добро за себе и другите би ти кажал повеќе работи.
-------------------------------------------------------------------------------------
Сепак морам на Крејзи ин Лав:)
Уф се знаеме и лично и персонално, девојка со најзаразна насмевка на светот:)
Но сега вака форумски зашто не иде ептен да се разглабаме
Crazy In Love-One Love е личност со која многу ноќи додека идеа љубовните песни од страна на Форчн или Дивајн на Кајгана радио знаевме да се ставиме на МСН и да збориме за нашите љубовни проблеми до 101 и назат, тоа траеше по цели вечери:) ти си личност која има една реченица за сите Надежта последна умира:) ова можеби ми го имаше кажано 1 000 000 пати и стварно испадна така. За музиката сме скоро исти т.е. во целост, сакаме рап а исто така сакаме и добри квалитетни песни. Имаме химна наша нели од Брејк-За Нас ја слушавме заедно, се тешевме на таа песна
Јузер->Crazy in Love кратко и јасно без многу тупење околу ова можам да кажам дека си девојка која верува во вистинска љубов, но исто така и има пројдено многу време со погрешни личности. Без грижа ко што ми кажа ти на мене, се што треба ќе си дојде на време:)
Тајтл->~заљубено маче~ па да повторно поврзаност со Јузерот што значи дека ти дефинитивно си девојка која не смее да се пропушти, знаеш да цениш да го вратиш тоа што ти е дадено ама во поголема количина:)дечки пазете што правите, не ја испуштајте од раце
Аватар->
Mис Мерлин Монро
наликувате малце плава коса убава насмевка:) зачудена на аватарот сепак се поврзува со твојата моментална љубовна состојба, но немој многу да бидеш замислена од многу мислење глава боли:) сепак убав црно бел аватар, за мене тоа значи едноставност без многу шаренила, кратко и јасно.
Потпис-> повторно спомната е љубовта:) и тоа онаа најубавата летна љубов. Summer 07 лето што се памти мислам, така?:) прекрасни стихови ставени во потписот и како што кажав се разбираш од музиката, знаеш да одвоиш добра од лоша музика, знаеш и да лудуваш на рап знам слушаш Wu Tang, Krs ONE и слично, браво тоа е убаво затоа што можеш да бидеш приклучена во различни муабети со различни луѓе:).....
За крај Маца немој многу да се нервираш, сети се што ми збореше на мене за да не ти го повторувам јас сега истото. Се што треба ќе си дојде на место, сепак не е ништо страшно, обичен круг кој се врти.....
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Crazy P0Y0L
Јузер: Крејзи појол, и според постовите и бунтовноста со право си го одбрал овој ник. Доста луди идеи и провоцирачки постови. Вториот дел веројатно е од Puyol, дефанзивецот на Барселона, ама не сум сигурен и не коментирам. :)
Аватар: немаш аватар, што ја изразува твојата здодевност во моментот, како и недостиг на имагинација и инспирација во периодот.
Тајтл: тоа „ебаго!“ го гледам подолго време, и гледам и по темите на Фудбал доста го киристиш кога си изнервиран, или нешто не ти е по ќејф. Тоа значи дека си лесно избувлив и дека сакаш се да е по твое.
Потпис: немаш потпис, значи комбинација од Аватар и Тајтл испаѓа (пошто едно време „ебаго!“ ти стоеше и во потпис), то ест ништо ново.

Како за прва анализа не е лошо мислам...
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
педери фала...ај сеа бада,серпико и уште некоја лезбејка...и ...
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Морам една анализа за Crazy in Love , по нејзино барање... :)
Примарна работа што веднаш се забележува е дека е вљубена... Одсекогаш сум имал високо мислење за неа, затоа што може да дискутира рамноправно на сите теми, од Мистерии, преку Љубов и Секс па до Образование и Наука... на темата „Во врска со љубовта.....“ е на второ место по постови со 136 поста, па самото тоа зборува колку е вљубена...
Јузер: Crazy in Love - што да се дискутира нашироко, се’ е јасно тука, по мое мислење уште од кога го одбрала никот знаела дека ќе и прилега, и дека љубовта кон персоната што ја сака ќе ја чувствува подолго време.
Аватар: Господична Мерилин Монро - можеби си љубител на стари филмови, или се восхитуваш на убавината, шармот или стилот на живеење на Мерилин... Потсвесно можеби ти се допаѓа некој човек од висока класа (ако некој не разбере од каде ова, нека каже).
Тајтл: ~заљубено маче~ - уште еден доказ за твојата заљубеност, јасно е зошто најмногу пишуваш на темите во Љубов и Секс.
Потпис: Мислам дека со потписот укажуваш на тоа дека доста ти е од бегање, т.е. дека си уморна да го чекаш (можеби), и дека со последниот атом сила во тебе се обидуваш да продолжиш да го сакаш. Вториот дел е дека се што имаш и што правиш, го правиш затоа што го сакаш, и со тоа сама си помагаш, ја зголемуваш твојата верба кон него и кон љубовта. Третиот дел е јасен - Ова лето ти е едно од најубавите досега.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сепак морам на Крејзи ин Лав:)
Уф се знаеме и лично и персонално, девојка со најзаразна насмевка на светот:)
Но сега вака форумски зашто не иде ептен да се разглабаме
Crazy In Love-One Love е личност со која многу ноќи додека идеа љубовните песни од страна на Форчн или Дивајн на Кајгана радио знаевме да се ставиме на МСН и да збориме за нашите љубовни проблеми до 101 и назат, тоа траеше по цели вечери:) ти си личност која има една реченица за сите Надежта последна умира:) ова можеби ми го имаше кажано 1 000 000 пати и стварно испадна така. За музиката сме скоро исти т.е. во целост, сакаме рап а исто така сакаме и добри квалитетни песни. Имаме химна наша нели од Брејк-За Нас ја слушавме заедно, се тешевме на таа песна
Јузер->Crazy in Love кратко и јасно без многу тупење околу ова можам да кажам дека си девојка која верува во вистинска љубов, но исто така и има пројдено многу време со погрешни личности. Без грижа ко што ми кажа ти на мене, се што треба ќе си дојде на време:)
Тајтл->~заљубено маче~ па да повторно поврзаност со Јузерот што значи дека ти дефинитивно си девојка која не смее да се пропушти, знаеш да цениш да го вратиш тоа што ти е дадено ама во поголема количина:)дечки пазете што правите, не ја испуштајте од раце
Аватар->
Mис Мерлин Монро
наликувате малце плава коса убава насмевка:) зачудена на аватарот сепак се поврзува со твојата моментална љубовна состојба, но немој многу да бидеш замислена од многу мислење глава боли:) сепак убав црно бел аватар, за мене тоа значи едноставност без многу шаренила, кратко и јасно.
Потпис-> повторно спомната е љубовта:) и тоа онаа најубавата летна љубов. Summer 07 лето што се памти мислам, така?:) прекрасни стихови ставени во потписот и како што кажав се разбираш од музиката, знаеш да одвоиш добра од лоша музика, знаеш и да лудуваш на рап знам слушаш Wu Tang, Krs ONE и слично, браво тоа е убаво затоа што можеш да бидеш приклучена во различни муабети со различни луѓе:).....
За крај Маца немој многу да се нервираш, сети се што ми збореше на мене за да не ти го повторувам јас сега истото. Се што треба ќе си дојде на место, сепак не е ништо страшно, обичен круг кој се врти.....
Браво,браво,браво!
Еее алал да ти е бе!:back:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom