Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада почести ме мене додека чекаш да ти одговорат другите двајца ... дијал? Мх, мх, мх!:kiss:
Со задоволство!:back:
Ти беше еден од форумџиите кои први ги забележав кога се зачленив на форумов, пред се затоа што беше првата особа која ми даде зеленко во репутација:). Но, тоа не беше причината поради која продолжив да те читам:), туку твоите постови и ставовите кои ги изнесуваше преку нив. Не еднаш се наоѓам во ситуација, да ги препознавам своите мисли во твоите коментари, така да сметам дека тоа доволно кажува што мислам за истите.
Инаку, што успеав да заклучам за тебе како личност за ова време додека сум на форумов...Сметам дека си пример на современа жена(во позитивна контација на поимот) која и покрај своите цврсто изградени ставови, успева да ја задржи својата женственост, пред се онаа нежна и чувствителна страна. Знаеш да направиш баланс, и да процениш кога треба да бидеш рационална, а кога да ги пуштиш емоциите да излезат на површина. А, тоа не го може секој.
Потоа, си една од ретките која ги почитува традиционалните вредности но, без тоа да те направи конзервативна и затворена. Баш напротив, отворена си за нови нешта, се додека не се косат со твоите морални начела и со човечноста. А, дефинитивно си хуман човек. Сум забележала од повеќе твои постови колку те вознемирува неправдата и туѓото страдање. Во време на општа себичност и егоистичност, тоа е за пофалба.
Прилчно си реална и стоиш цврсто на земја. Нејќеш само-сожалување(истото ти смета и кај другите), и во тешки ситуации не креваш раце и запаѓаш во апатија, туку продолжуваш да се бориш. Сакаш да напредуваш но, не и по цена на туѓа несреќа. И тоа повторно збори за твои изградени етички начела, кои не ги прекршуваш.
Љубовта и врските ги сфаќаш доста сериозно. Одговорна си кон туѓите чувства, верна си и искрена, а тоа го бараш и за возврат од партнерот. Кога си со некоја личност и се посветуваш само на неа но, доколку особата не те почитува знаеш да пресечеш и да не западнеш во улога на жртва.
Во пријателствата сакаш хармонија и не запаѓаш лесно во конфликти. Пре одбираш да имаш неколку блиски пријатели со кои ќе бидете вистински поврзани, отколку толпа на површни познаници.
Способна си да пружиш голема подршка и да бидеш цврст ослонец на луѓето кои ти значат. Само понекогаш, другите тоа знаат и да го злоупотребат.
Истотака, длабоко во себе си несигурна и лесно ранлива. Тоа го компензираш преку тоа што надворешно ставаш маска на недопирливост и горделивост. Но, оние кои ќе ја заслужат твојата блискост и доверба увидуваат дека тоа е само превез со кој се штитиш.
За крај, уверена сум, особено поради повеќе твои постови во Дом и семејство, дека би била прекрасна мајка. Освен што ќе им пружаш неизмерна љубов и грижа на своите деца, ќе знаеш и да бидеш нивен пријател, а не само авторитет кон кој чувствуваат страво-почит.
:smir:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Ада, ај за аватарот што ти го најдов:pos: една психо-анализа на тУчкестиот:):smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ада, ај за аватарот што ти го најдов:pos: една психо-анализа на тУчкестиот:):smir:
Важи тУчкест:icon_razzДил!Утре ја имаш. А у меѓувреме уплати 100 евра на мојата ж-сметка 0814-553-...:smeshko:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Додека е мала листата кај Форнч да се пријавам :)да си фатам ред.Во слободно време кој сака може да го направи истото.
п.с.Имам анализирано и нема да бидам напорна:)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Eve i ja se prijavuvavm za analiza od nekoj ponadaren za vakvi raboti, posto ja taa koja ja analizirav bese cela strana a mene me analiziraa so 2 zbora...pa ne e fer...zatoa ako moze edna dobra :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Eve i ja se prijavuvavm za analiza od nekoj ponadaren za vakvi raboti, posto ja taa koja ja analizirav bese cela strana a mene me analiziraa so 2 zbora...pa ne e fer...zatoa ako moze edna dobra :)
Еве јас ќе пробам:

Според постовите,ти си личност која многу се грижи за надворешниот изглед.Битно ти е да изгледаш средено и навистина се грижиш за себе.Без разлика на тоа,многу си емотивна и чувстителна...Љубовта е многу важна за тебе,сакаш кога си вљубена.Обично имаш изградени ставови во врска со нештата т.е не ти се менуваат ставовите као што се менува ветерот и јасно кажуваш што мислиш и не сакаш само да кажуваш да или не,или само да се согласуваш туку си го кажуваш сопственото мислење,тоа значи дека си имаш свое јас.Имаш самодоверба иако некогаш се сомневаш во себе,сепак веруваш во своитеспособности.Некогаш знаеш да направиш непромислена постапка,па подоцна да се каеш за тоа,но сепак се трудиш што побрзо да прејдеш преку тоа и да продолжиш понатаму.Искрено мислам дека си помалце наиван,премногу веруваш и се отвараш.Мој совет:Немој пред секој да си разголуваш душата затоа што голем дел од луѓето се злобни и чекаат да ти ги откријат слабите точки за да те повредат.Биди малку поцвста за некои работи!
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Eve i ja se prijavuvavm za analiza od nekoj ponadaren za vakvi raboti, posto ja taa koja ja analizirav bese cela strana a mene me analiziraa so 2 zbora...pa ne e fer...zatoa ako moze edna dobra :)
*angelce* , е чуствително девојче, чуствата и чистината на нејзината душа е она што ја води во животот, понекогаш се чуствува осамена затоа што оставила нешто зад себе. Верува во љубов, верува во себе, решителна е, знае да даде поткрепа, креативна е, и својата креаивност ја покажува преку уметноста, правење слики , преку кои сака да се изрази, да каже како го гледа светот. Деновите ги почнува со мисла Big Girls Don't cry, кога би требало да промени нешто, би променила се но не и себе, нешто што сака но никогаш нема да го направи е,да избие некои личности што ја нервираат.Верува во другартство, но не и повторно другарство после љубов. Внимава на изгледот, спортува(плива), ужива... понекогаш знае да биде спанка, да но тоа е дел од нејзиниот шарм ;)
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Додека е мала листата кај Форнч да се пријавам :)да си фатам ред.Во слободно време кој сака може да го направи истото.
п.с.Имам анализирано и нема да бидам напорна:)
Еве и ја се придружувам на барањето. Од кога чекам... :'(
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
тУчкест добива анализа за само 100 евра или 6.100 во денарска противредност. А затоа што уплати во првите 30-ет минути заедно со оваа неверојатна понуда како бесплатен подарок (oh, well not so бесплатен) добива и уште една мини анализа. Значи и вие можете да станете сопственик, на не една, туку две анализи, и сето тоа само ако во првите 30-ет минути уплатите...бла,бла...:icon_razz
Да почнеме:
Точкест звани тУчкест е чуден дечко(у најмала рака). А зашо? Па зарем не е чудно тоа што е заљубен во својот мобилен(сега веќе бивш мобилен) и пати по него(за тоа постои доказ во форма на пост на форумов). Но, неговата "чудност" не завршува тука. Тој го гледа светот на чуден начин, затоа што преферира да го посматра преку фото-објектив, наместо преку своите човечки очи. Доказ за тоа е и неговиот сегашен аватар. Значи Точкест има до толку изместена перцепција што светот го гледа у стил на Sin City и Schindler's List (све црно-бело, и оп детаљ у боја). Од физички активности преферира: шлапкање у базен, брејк-денс по собиранки и теретана у слободни денови. Заклучок:Кога ќе дојдат киборзите и ќе се борат со човештвото, тУчкест ќе биде на нивна страна, затоа што најмногу од се ја сака технологијата и сака таа да доминира со луѓето.:icon_lol::icon_lol::icon_razz А, ако сакаш да ја зголемиш својата среќа и моќ во животот, можам да ти помогнам со мојот уникатен талисман(кој го нудам на сите) што ги уништува сите негативни влијанија, подземни води и сл. и може да биде твој за само 999 денари.Ете тоа беше мини-анализата...
Сеа seriously:)...Не ми е баш најлесно да те анализирам, затоа што не си некој кој може да се смести у категорија или шаблон. Исклучително си креативен и наклонет кон естетика, што го покажуваат твоите фотографии и некои од текстовите што ги пишуваше во Уметност и култура, а од друга страна си и некој што оди у теретана и се грижи за своето тело. На прв поглед контрадикторно. Потоа, духовит си, сакаш големи и опуштени друштва, сакаш да бидеш центар на забавата,а истовремено си и способен да се поврзеш емотивно со една особа и да уживаш у времето поминато само со неа. Пак, контрадикција. Но, сево ова покажува пред се дека си сестрана особа, која не може туку така да се "прочита" и која не им здосадува лесно на другите.
Емотивен си, не се срамиш да го покажеш тоа за разлика од повеќето машки но, не си ни најмалку лигав. Кога ги изнесуваш чуствата, често вметнуваш во тие искази и по некоја духовита реченица, која прави да не западнеш у патетика и мелодраматичност.
Важен ти е физичкиот изглед но, не верувам дека би се претворил во тупо створење на кое главна цел му се мускулите, а мозокот му е орган кој избегава да го употребува. Твојата кретивност не би ти го дозволила тоа. Знаеш да направиш баланс измеѓу физичкото и духовното. Затоа нема опасност да станеш претенциозен фотограф, ниту пак заглупавен билдер.:)
Не можеш да живееш без голем број на контакти, и изолација од тој тип те плаши. Сликата за самиот тебе и твоето его итекако зависат од твоите пријатели и познаници и нивното прифаќање. Сакаш другите у тебе да гледаат некој што е забавен и што шири добро расположение, но не си површен, па кога оние што ти се блиски се down, знаеш да им влезеш у "филмот" и да сочуствуваш со нив.
Е сеа не знам зашо конкретно, али некако ми се наметнува помислата дека поради твојата дружељубивост, често страда твојот љубовен живот. Поконкретно, секогаш се поставуваш ко другар, дури и пред некоја со која би сакал да не бидеш само другар, па женските често не ги препознаваат твоите чуства, и им стануваш најдобар другар, а некој друг одбираат за партнер. И не затоа што не би те одбрале тебе, него затоа што твоето другарство го сметаат како знак дека не те интересираат на поинтимно ниво.
Истотака, имам чувство дека не си баш најсигурен у себе, па потврдата за својата вредност ја бараш од другите. Затоа често трпиш и толерираш особи кои не те заслужуваат, и од кои, кога би бил посигурен во себе, би се дистанцирал, или барем би им ги кажал у фаца нештата кои ти сметаат у нив и у нивниот однос спрема тебе. А на љубовен план, овој недостаток на самодоверба прави да не можеш секогаш да собереш храброст на особата која ти се допаѓа да и кажеш што осеќаш кон неа, па се помируваш со нешто како блиско пријателство, кога всушност посакуваш повеќе.
Епа тУчкест, that's all folks!:)
Ако сте незадоволни од анализата, не, парите нема да ви бидат вратени.:pos::smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ада,би можела ли некогаш да направиш и за мене анализа?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
WoW ada прекрасно стварно, ме просветли ептен. И за билдингот, не го сваќам како билдање на долниот дел од телото т.е тоа под главата. Body Building уствари во буквална смисла:) а под телото спаѓа и главата, и со тоа заедно и умот нали:) Како и да е парите се веќе доставени, очекувај го чичко поштар(а знаеш поштарот ѕвони двапати) да ти ги искешира на рака, исто ко од кладилница:):smir:златна Ада, уствари црвена беше:pos: абе шо е битно
 

Slatka mala

*** unique ***
Член од
10 јули 2007
Мислења
652
Поени од реакции
2
Ada srcka si ako moze i za mene, ke ti bidam blagodarna :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ada srcka si ako moze i za mene, ke ti bidam blagodarna :smir:
Не дека сакам да испаднам идиот,ама за да добиеш анализа треба:
1.Да имаш над 100 мислења
2.Да имаш изанализирано некој.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
ada
Ако би можела да ме туриш у листа :) И ако би сакала наравно :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Koj ke bide mojot heroj?:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom