Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Ќе може и на мене една анализа од Walker Girl.:helou:
 
С

Сатори

Гостин
Повели :)

Tender Girl напиша:
може за мене една психоанализа (од било кого) кој е расположен ?? :)
Злато може јас да пробам?:smir:

Според никот се заклучува дека си нежна и чувствителна девојка што и не е толку голема тајна, дури и аватарот ти е таков, нежен, толку типично женски.:pipi:
Од тоа што можев да го заклучам по твоите постови се наоѓаш во специфична љубовна ситуација, можеби и затоа си се одлучила да ја прифатиш темината, но не верувам дека тоа е во менталниот склоп на твојата личност.
Напротив мислам дека си многу ведра и пријатна личност.
Насмевката на Хилари Даф крие многу зад себе, мислам дека можеби и ти си таква.Се криеш зад насмевката.:raz:
Во секој случај мене ми остави добар впечаток.:helou:​
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Лејди Сатори напиша:
Злато може јас да пробам?:smir:

Според никот се заклучува дека си нежна и чувствителна девојка што и не е толку голема тајна, дури и аватарот ти е таков, нежен, толку типично женски.:pipi:
Од тоа што можев да го заклучам по твоите постови се наоѓаш во специфична љубовна ситуација, можеби и затоа си се одлучила да ја прифатиш темината, но не верувам дека тоа е во менталниот склоп на твојата личност.
Напротив мислам дека си многу ведра и пријатна личност.
Насмевката на Хилари Даф крие многу зад себе, мислам дека можеби и ти си таква.Се криеш зад насмевката.:raz:
Во секој случај мене ми остави добар впечаток.:helou:​
фала на (психо)анализата :) мило ми е што ти оставив добар впечаток :wink: можам да кажам дека доста добрa е анализата а најмногу тоа болдираното :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лејди Сатори..може мене една анализа?:smir:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Епа ај и мене една...ако може.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ke moze i na mene? Bilo koj neka mi napravi edna psihoanaliza :)
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Би сакала една анализа од Димитар :) ќе го кажам волшебниот збор!! Те молам! :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
СпаЈдеР напиша:
Димитар,може и една анализа за мене?.... :se_ molam
Се извинувам за закаснетата анализа :)

Спајдер е многу интересна личност за анализа. Зошто? Бидејќи има успеано со само 14 години да остави впечаток како здрела личност. Најинтересно е што додека неговите врсници, најмногу постови прават во играчница, кантер страјк расправии, Спајдер се впушта во дискусии со многу повозрасните и поискусите од него во психологија и филозофија, љубов и секс, музика..... Значи тука постои борбениот дух кој го има, како и интелегенцијата која ја надоградува секојдневно! Исто морам да признаам дека со секој изминат ден се чувствува тој напредок... Спајдер расти со форумот и се движи во вистинска ПОЗИТИВНА насока!

Ова беше мој првичен впечаток за Спајдер пред се од постовите, сега одиме натака... со јузернејмот :), титлот и аватарот!

Спајдер т.е. пајаче, веднаш ме асоцира на мрежата, и како успева таа мрежа да ги фати жртвите... но, во овој случај, како успева со таа мрежа да ги фати срцата на луѓето кои го опкружуваат, и затоа ретко кој останува рамнодушен на пријателството кое го нуди СпаЈдеР. Тоа асоцира на цврстите конци кои постојат во неговото пријателство, но сепак сака работите да ги држи под контрола, во секоја област. Пајакот е претставник - господар на својата мрежа, на своето опкружување.

Living Lonely.... одличен склоп со сликата а и со јузерот. Исто пајакот освен што е господар на своето опкружување, многу често знаеме дека е осамен, најчесто го гледаме сам, далеку од сите...

Продолжуваме со аватарот кој повторно е во склоп со Living Lonely делот. Дечко кој сам ги помина моментите на некоја клупа, чекајќи ја вистинската љубов. Мислам дека не треба да се чувствуваш толку осамено, на 14 години најважни се пријателите (т.е. секогаш се најважни тие)... и јас првата врска ја имав на околу 15 години, па :) не се чувствував осамен претходно :) Во секој случај додека постојат луѓе кои те сакаат, луѓе кои те ценат, кои те почитуваат никогаш не треба да се почувствуваш осамено! Малку оптимизам - и осаменоста ќе остане зад тебе!

Уште нешто за постовите... оставаш впечаток на музички добро образована личност, која знае да цени добра музика! Исто ги сакаш животните! Пред се си голем реалист, не избрзуваш и добро размислуваш при пишувањето на кајганава!

п.с. 1 се извинуваш што пишував во трето лице, така започнав и не сакав да променувам :)
п.с. 2 Ангелче, ќе биде и за тебе... покасно или утре
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Димитар, ти тргна тебе:icon_lol:
Уелл...
 
Член од
19 март 2007
Мислења
6.574
Поени од реакции
163
За мене ќе направи некој? :vozbud::vozbud::vozbud:
 
С

Сатори

Гостин
За лудо вљубената...

Crazy in Love напиша:
Лејди Сатори..може мене една анализа?:smir:
Секако дека може, само почека малку за да се растеретам малку со обврски. Да почнеме...:salut:


Аватар-единствениот дел од твојата појава кој моментално не е сконцентриран на љубовта, а бидејќи аватарот е прилично важен и прв паѓа во очи тоа ни кажува дека пред се акцентот го ставаш на себе и на тоа што ти го сакаш.Тренди девојка-значи матријалните ствари ти се важни.Стаква акцент на устата, желба за изразување на сопствената сексуалност и чуствителност и секако љубопитен поглед кон далечината, доверлива и претпазлива.Мислам дека сакаш прво да го провериш теренот за да се впуштиш во акција.

Ник-лудо вљубена?Треба ли воопшто тоа да го објаснувам, ти си девојка која е зависна од љубовта и тоа е тоа.

Потписот под никот-безнадежен романтичар кој живее по свои сопствени принцпи и правила, би била способна и сама да си приредиш болка, но се во името на љубовта.Претпоставувам дека си верна и љубезна, кога станува збор за човекот кој го сакаш, исто така мислам дека ти е тешко навистина да се заљубиш, но и да престанеш да сакаш потоа.

Потпис-љубов, љубов, љубов.Во сите нејзини облици, сакаш да бидеш посакувана и потребна.Најс:smir:

Постови-еве тука гледаме и понека твоја друга страна.Практична си, тренди, тоа што го сакаш, тоа.Длабоко во тебе си седи и некој конзервативец, се јавува од време на време, ама во поголемиот дел си постојана.Понекогаш од постовите на љубовта може да се забележи дека си себична, скоро и посесивна, но во љубовта, кој не е?:toe:

Па, тоа е тоа...:tv: ...се надевам ќе има нешто „погодено“.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
a mene? Still waiting :sport2:
 
С

Сатори

Гостин
Јас би сакала ако некој се нафати да го анализира мојот нов аватар, се заљубив и се пронајдов во него.:smir:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
`Ангелче` напиша:
Би сакала една анализа од Димитар :) ќе го кажам волшебниот збор!! Те молам! :)
Ангела, ангелчето од форумов...
Би започнал класично како за сите од аватарот. Аватар со прекрасна комбинација на црно бело и боја. Тоа ми делува пред се на едно: романтика. Душа која верува во љубовта, љубовта ја прави среќна и на најкреативен начин ја изразува. Исто авионот кој зад него остава срциња асоцира на некоја личност која заминува од нејзиниот живот но остава зад себе многу љубов... Комбинација на Оld fashion работи и новото она кое доаѓа ... а кога станува збор за Ангела тоа новото доаѓа со голем интензитет. Авионот јури кон предизвици... Ангела јури напред и прати се што се случува од областа на уметноста, модата, дизајнот....

Принцеза - ме асоцира на мечтаење, повторно на оној свет каде се е убаво, повторно на приказна која завршува со зборовите: „и засекогаш живееја среќно...” Убаво е да се мечтае, но најубаво е да се живее животот. Можеш да бидеш принцеза, некој може да биде твојот принц, и надвор од приказните... Значи ли тоа мечтаење дека сеуште се плашиш да ги искажеш твоите чувства?

И потписот... многу убаво, чукањето на срцето, непрекинатото брзо чукање на срцето... желбата која доаѓа, силата да се успее, непредавањето... и сето тоа исполнето со страст да се живее да се движи напред без разлика на пречките... Пред некој ден читав: срцето не е само обичен мускул кој ја испумпува крвта... можеби е и вистина... ти го следиш срцето, и ова само ја дополнува горната анализа за тебе... посветувањето кон мечтаењето и романтиката...
Кога сме кај романтиката.. морам да потсетам и на потписот и аватарот кои ги имаше со дождот...

Постовите те откриваат многу... не ги криеш своите ставови, одиш отворено... мода, литература, архитектура... па пак мода, литература, архитектура..... со еден збор УМЕТНОСТ. Уметност која е одраз на својот живот на пасијата на која се посветува. И живот кој го отсликуваш во таа уметност

Некст ис Форчн.... но не денес :)
После се мислам да се откажам од кариерава :helou:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
moze za mene ej bas me interesira :costumed2 :cuc: pleaseee
 

Kajgana Shop

На врв Bottom