Малеее.
Ојме, конечно иам време и две трошки инспирација. Натуралната, Срцуфка, Хаос во Велес, Фабулозниот, Џинито, Фликси, Ангела, Кискино, Тиквица. Таман деветмина сте, да сакав немаше вака да ми се погодите. Другите што побарале анализа од мене а не се на списокот, не ги исполнувале условите на темава, немале доволно постови. Ок, да не должам одиме. Натурал, Срцуфка и Хаос сте во розеви дресови, Фабулос, Џини и Фликсот во сини, Ангела, Кискино и Тиквица во зелени.
Розевата авантура
Part I
Natural-girl
Минимална конфигурација:
Процесор 1.8 GHz, системска меморија 256 MB и 128 MB DirectX 9
Препорачлива конфигурација: Процесор 3.0 GHz, системска меморија 1024 MB и GeForce 6800 GT или подобра графичка компатибилна со DirectX 9.
Гејмплеј
Видиш, паметен потег на Sierra, можеби малце задоцнет но сепак со добра причина. Верзијата за PC ќе биде подолга и ќе претставува подобра, поразновидна верзија на natural_girl. Овде ќе можете да го контролирате ликот на една 17 годишна тинејџерка, да одите по паркови, да одите по свирки т.е. да слушате шит музика со пријателите додека пиете пиво. Малолетни еј, со пиво... па кај го има ова. Освен во ГТА 4 ама таму имате и калаш, зољи, снајпери и сл. Типката ќе биде по име Кате, и таа ќе биде на задача да го спаси човештвото од зомбите. Има и повеќе други интересни факти за играва, али нема да ви ги откријам, најдете си торент, симнете ја. Нема да зажалите.
Графика
Анџелина Џоли, или некоја шо личи на неа. Арно ама, упропастена во фотошоп. Е, да кога сме кај оваа моќна алатка за уредување на слики, заборавив да напоменам дека една од моќите на вашата хероина ќе биде слична на онаа на Енџи во почетоците. Хакер. Ќе испраќа вируси до базите на податоци кај лидерот на зомбите, Зомби Прајм. И тоа преку комодоре 64.
Музика
Шо бе немаш ставено потпис со музика?
Нишо, не си фраерка. Џабе, шо да те анализирам понатака. А, да пошо нема шо паметно да се пишува тука две запирки имаш лош потпис пак две запирки, ќе те кажам дека сакаше преку ред да добиеш анализа. 197 кој има кредит на телефон, побрзо. И така... оверол оцена 8+7+7/3= 7ка.
===Срцуфка===
Минимална конфигурација:
Процесор 1.8 GHz, системска меморија 512 MB и 128 MB DirectX 9.
Препорачлива конфигурација: Процесор 3.0 GHz, системска меморија 1024 MB и GeForce 8800 GTS или подобра графичка компатибилна со DirectX 9.
Гејмплеј
Беше познато дека MNT Kej Dimitar Vlahov bb Skopje, нема да престанат со создавањето на успешни проекти од типот на Зафирчев, Лабина, Јосиф, Маџироф и сл... Точката на сите дилеми беше ставена со објавувањето на името на најновата хероина Срцуфка. Лол, срцуфка бе... нијемогуче. Ај разбирам анксунам,силомедус,сафирот,псајтисфекшн се интересни, пикантрни и тешки за читање ама срцуфка? HA-ha-HA, доста ти се смеев. Не е фер, матурантка си... има време.
Графика
Рејчел.
Да не беше 120cm, одев пешки до америка и ја женев. Крај!
Иначе да не го тупам на широко, солиден графички енџин, нешто налик на оној од Crysis. Мора да имало соработа помеѓу MNT и Crytek. Карактерот е одлично дизајниран со јасни и остри контури. Доаѓа како надополнение на лошиот гејмплеј и го подобрува впечатокот за ова издание. Морам да дадам, висока 9+ за графиката.
Музика
Блаблабла луцидни сништа. Фак, пак го тупите со луцидноста? Барбики.
Ако продолжите ќе барам од мистичен или да го забрани тој збор, или да го преименува целиот форум, т.е. целиот портал во луцидни.
www.lucidni.com www.lucidnitesnista.com www.lucidnibarbiki.com www.lucidni.com/forum не ми е лоша идејата. И да, и ти паѓаш на овој испит. Менувај потпис по итно, ептен лејм е. Убаво тргна ама, сепак ќе има лоша оценка на ова издание. 7+9+6/3=7ка
Goddess of Chaos
Минимална конфигурација:
Процесор 2.2 GHz, системска меморија 512 MB и 128 MB DirectX 9.
Препорачлива конфигурација: Процесор 3.2 GHz, системска меморија 1024 MB и GeForce 7300 GT или подобра графичка компатибилна со DirectX 9.
Гејмплеј
По подолго време, на пазарот се појави игрица која има навистина интересен концепт. Нејзининото име го навестува жанрот на кој припаѓа: Goddess of Chaos-Veles, Chaos. За да не дојде до забуна, само да спомнам како настана идејата за ваква интересна спојка на жанрови. Програмерите на VUC Veles Underground Crew како и Mrcho Studios, се нафатија да создадат игра која ќе ги комбинира стратегискиот стил на игра, дипломатскиот и теренскиот начин за управување со умовите на другите. Ваков сличен начин за првпат забележавме кај SimCity кецот, па можеби и од таму е украдена идејата.
Графика
Лош графички енџин, мора да се признае. Катастрофална резолуција, минијатурен кавер. Полош дури од новата слика во галерија (A). И шо сеа, ај жити усните силиконски... шо да напишам ко ставаш минијатурно сличе. Ќе ставиш плавуша, лижавче, розеви гаќички или црно бели чорапи. Кога ќе го смениш пак побарај анализа. Ако нема фудбал на тв, или нов порно филм во двд-то, можи ќе пишувам пак.
Музика
И тука нема музика. Добри бевте порано, сите строфи стававте во потпис. Ок, гледам има некои темни мисли, нормално тоа и очекував. Вчера кога скаутирав низ мислењата, стоеа прашалници... си ги поправила добро е. Не дека ти е првпат...
Мрачни јами, секта, не го предавај учителот... исполнувај ги заповедите... не знам, не е мој тип на потпис. Нема да навлегувам, Разиел е чоекот што го бараш, тој сигурно подобро, детално ќе ги анализира. Оверол оцена, 10+9+6/3= 8ка.