Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
ne mislam deka moze da se definira covek po toa kakvi mislenja dal ili najmalku po avatari i ne znam sto.

VO forumot se davat sekakvi mislenja ponekogas nekoi mislenja sto ne si seriozen samo si dal za da mu se sprotistavis na nekoj ili nekogas na nervoza ke tresnes nesto ili ima islenja sto se davat da provociras taka sto ne mislam deka e uba idea da se analizira covek na ovoj nacin posto ako me analizirte ene koj znae sto ek izleze ali toa ne e bas taka kako sto izgleda.
И?
Да ја затклучиме темава?
Да ја пратиме во канта?
Што?

Анализа, и тоа пристојна, може да се направи и од несериозни мислења, и од оние напишани чисто за да провоцираат итн.
Затоа идејата на темава е уба (убава).

:plete:
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Јове, ако си расположен некојпат, напрај една анализа и за мене.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Каснам.
Имав ненајавени гости, нека си варат кафе јас ќе пишам анализи.

Кики


Житието за Јузерот

Аи мамата, втор пат денес ова се дешава. Зборот кики читан од назад кон напред, покажува симптоми... слични на оние кај Ливерпул фан. Ништо. Сепак, живееме на Балконот а кики кај балканскиот народ е синоним за нешто слатко, убаво, мекано... абе, бонбона тоест карамела. Било куда, кики свуда.


Житието за Аватарот

Вау. Плавуша, со зелени очи. Грда плавуша со зелени очи. Не знам зошто стои на аватар, но како и да е... ти препорачувам да му нарачаш на бато-ти солидно лого или да напраи некоја фотосесија во кујна, гарант ќе бидне десет пати подобар аватар од моменталниов. Плус кујна асоцира на готвење, асоцира на слатко, асоцира на бонбона, асоцира на :)


Житието за Потписот

Do not worry about the people in your past...there is a reason they did not make it to your future.

Јас кога бев во А1 кај Боки во емисија, дискутирав со него на оваа тема. После неколкучасовно исцрпно дебатирање, дојдовме до заклучок дека навистина е така. Шала на страна, добар потпис нема што да се анализира... ептен ми се допаѓа.
На шала на смеа ама житијава се топ.
За аватарот ќе те послушам ќе го сменам кога ќе си најдам нов, ам сликите од кујна приватно ќе ти ги пратам по мсн :vozbud:
 

Sturmgewehr

gadget
Член од
9 март 2008
Мислења
537
Поени од реакции
35
И?
Да ја затклучиме темава?
Да ја пратиме во канта?
Што?

Анализа, и тоа пристојна, може да се направи и од несериозни мислења, и од оние напишани чисто за да провоцираат итн.
Затоа идејата на темава е уба (убава).

:plete:
Pa dobro be Ado ne rekov da se zatvori temava bas e interesno ali rekov eka ne moze da definirash covek ppreku FOrum toa e nevozmozno, mislam treba navistina da o znaes covekot od podolgo vreme za da zaklucis koj e i sto e.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Не знам дали сте приметиле ама чекам анализа 1 месец. ЉоЉ! Мислам дека МАц ми вети ама забраел :'(
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ќе се најде некој храбар мене да проба да ме анализира (ако е воопшто можно со оглед на мојата „суперактивност“ на форум) ???

Ако е добар во анализата ќе куртули од некоја „несреќа на форум“ што може да го снајде ...

Доброволци :vozbud:
Ех мислев дека никогаш нема да дочекам ваква шанса...

Но да одиме... Бидиков, е момче кое живее за една цел. Жици и се што поминува како информација низ нив. Тотално посветен на тоа што го сака и работи од што произлегува претпоставката дека е според карактерот упорен, истраен и работлив. Тоа најверојатно ќе не одведе до фактот дека имал одлично домашно воспитание кое од него направило воркохолик. Има два начина да се убеди детето да учи, работи... првата е погрешна и родителите со сила го тераат малечкиот да буба и подоцна израснува во девијантно копиле кое сака да пали мравки и да боде мачки на жица но како така израснува во пристојно интелигентно детуле, и вториот, нормалниот, и оној кој веројатно бил употребен врз Бидиков, е ненаметливото покажување на детето дека работата, учењето е добро, и дека сите го прават... со тоа што и неговите родители јасно покажале дека работат и дома, и дека од тоа не треба да се срами или плаши човек. Произлегува здраво интелигентно момче, кое ужива кога работи, што пак деривира во успешен млад господин кој може да се грижи за себе и околината без никаков проблем.

Аватарот го покажува токму она кое Бидиков изгледа и во живо. Дата (ако го исклучиме фактот дека е нечовек), е лик кој никогаш нема да испушти нешто од раце, знае точно во секој момент каде е проблемот и знае да го реши, бидејќи ништо во неговиот живот не може да биде препуштено на случајноста. Дури и личи по малку на него :)

Потписот и титлот, се исто така посветени на компјутерот и на одржувањето на кајгана, но таму десно на потписот ќе забележите сликичка на Тоше. Сепак момчето и не е тотален компјутерски гик-фрик. Сака и други работи, а тоа би требало да значи дека трпи влијанија од околината, пријателите и дека сепак не израснал како “пештерски човек“ кој знае само една работа на светот.

Сакав и лични контакти да вметнам во игра... ама, let`s not get to personal :)
ПоСдрав...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Fantom_Oh

Житието за Јузерот

Фантом од Охрид, овде нема скриени пораки. Фантом како фантомот Били Зејн само шо овој не ја весла Кели Брук бесплатно. Видиш, јас уствари мислев дека Били Зејн е охриѓанец, пошо знам едно време правеше некои трикови, па после имаше и таен идентитет, па кога се шушкаше дека ќе се разделат со Кели Брук овој зачести со кукањата во Љубов и Секс... али, не било така. Еден ден ми се јави и ми вика ела да се најме, и јас пресреќен зедов тетратката со автограми и резервирав место, измеѓу автограмот од Конфучие... тој графитот со топот и комарецот, е одма до туби ор јутјуби на Шекспир десно и само гледам така силуета на хоризонтот со долго палто и си викам, тој е Били Зејн е... ако имам повеќе среќа можи ќе ја видам и Кели како излегува од Корзо сендвичарата(таму се договоривме) ама после се сврти и гледам не е тој. Јебига, ќе мора да почекам до некое друго време за да си ја збогатам колекцијата на автограми.


Житието за Аватарот

Кисс. Е шо муабет, знајш дека сум слаб на вака рокерски групи. Не бе братче слабо рок, уствари се поштова али ова е прејако за мене. Kiss е американска рок група формирана во Њујорк Сити во јануари 1973. Групата се здобила со многу слава и признаеност во средината на 1970-тите и се лесно препознатливи по шминканите лица и сценските одела, како и разни сценски изведби. Досега, Kiss добиле 34 златни албуми. Групата продала преку 80 милиони албуми низ целиот свет. Првичниот состав, Пол Стенли (ритмичка гитара и вокали), Џин Симонс (бас и вокали), Ејс Фрели (водечка гитара и вокали) и Питер Крис (тапани и вокали), е најуспешниот и најпрепознатливиот. Со нивните шминки и костуми, станале како ликови од стрип: The Demon (Демонот) (Симонс), Starchild (Ѕвездено дете) (Стенли), Space Ace (Вселенски ас) (Фрели) и The Catman (Човекот-мачка) (Крис). Украдено од википедиа, и тоа на македонски... не ќе се мачам да преведувам. Него, 100 посто сум сигурен дека фантом го има пишувано, али еве пак да го постирам јас, колку да дојди подолга анализата, за да си речат се разбирам и од рок па да ми рипни цената и да ми бараат уште милион анализи.


Житието за Потписот

Потпис? Прочитајте го следниот едукативен линк. Да, за тие што сеуште не сфатија што уствари направив... ви дадов линк од делот од постот кој се наоѓа на три cm погоре. Е, не. :icon_cool:pos:
Напишано еден ден после мојата анализа.

Кели Брук го напушти Били Зен

Британската актерка Кели Брук го напушти 14 години постариот свршеник Били Зен. Таа сфатила дека тој не е човекот со кој сака да стапи во брак. Оваа информација за „Сан“ ја потврди извор близок со девојката, кој тврди дека 42-годишниот Били веќе се иселил од куќата во Кент вредна два милиона долари и се вратил во Лос Анџелес. Одлуката ја донесов по долг разговор. Сепак, не сме скарани и ќе останеме пријатели.Таа почнала да се двоуми за бракот со Били откако во ноември минатата година нејзиниот татко почина од рак.


Фантом брат... извини. Еве сега сфаќате зошто се пензионирам од пишување на анализи. Значи денеска правам 3/4 и утре уште некоја т.е. да ги напишам ветените заклучно со Кискино. Толку, крај.
Фала за тоа што бевте така добри, трпеливи и што не фрливте со некој остар предмет по мене.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Јовка... едно житие за мене можи?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Slim Shady,I'm back!

Длабоки (повеќе плитки) извинувања за сите во психијатриската чекална,но сепак беа празници.
А ако случајно не беа,оскудација беше.
А ако не беше,премногу мислите за ваше добро.

Фантом_ох е следен.
И каков фантастичен форумџија за соработка (обработка).
Идејќи по аналогија на никот,многумина би го сместиле во општинските(градските) никови.
And you will be wrong!
Малкумина знаат,дека "ох" во никот,имплицира на истоимениот сексуален извик.Секако,селско би било да заклучиме дека Фантом е перверзњак.
Првиот дел од никот ни го објаснува неговиот фетиш.Он сака "фантомски" да ги набљудува двојките во нивните најинтимни момент ("ох")
Затоа,ориѓани,friendly advice, пазете where you're doin' it.

Никот,посветеност,храброст,бла,бла,бла.
Имам конфликт на интереси,не би можел да го анализирам.
Жално,но вистинито.

Слика на аватар и профил,легендарните (my ass) Kiss.
Толку многу имиња на светот,а они го избрали Kiss.
Зашто не Kiss my ass?
Или Kiss me,i'm gay?
Можеби Kiss me,Fuck me,Dump me?

Толку многу варијанти,толку глупо име.
А фантом ги поштува.Чист доказ дека Фантом е сеуште невин.
Можда не за долго,а можда баш за долго.Убавината на животот,ништо не знаеш никогаш.
Смени ги бе,појше женски ќе ќариш.
Освен ако не ти е намерата кон машкиот пол.
Уствари,не ти е бе.
Значи,смени ги,поише женски.

Ах,кдјсафирсхфисдбцсдиобфуисдбноисдбфусдбфс.
И потписот ли...
You take my heart from the chest,and rip it inti a small amount of tiny pieces.
Kiss Army.
Kiss my Ass Army.
Мењајте во второто име.
Освен ако не сакате да глумите женски кои наплаќаат за своите бакнежи,како во амерички филм.
Цела анализа некако ми се врти на сексуално неромантични работи.Пф.

Интереси:
Фудбал, музика, фудбал, џаболебарење по улици, музика, фудбал, киснење пред компјутер, и фудбал.

По фреквенцијата на зборот фудбал во твоите интереси,би рекол дека најверојатно you suck за фудбал.
Како тие двајцата навивачи што го киднапираа кошаркарот на Јута,за Бостон да тепа.Они навиваа баскет,но верувам дека не ги бивало ни у Soccer.
Земи нов спорт.
Поло на пример.
Или Сквош,слушам епидемија било по него.

За крај,во иднина,и тоа многу блиска иднина,осеќам ќе ти скурчат Кис,па ќе се пребациш на Ролинг Стоунс.Па на Бон Џови.Па Еминем.Па Јелена Карлеуша.
Кога ќе стигнеш до Јелена,тоа е кулминацијата на твојот (романтичен) живот.
Ќе легнеш милион пијани кафанџики.
Cheers!

Следен,точкест,ПаШоЗнамКојПослеНего
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ајде Точкести, ти си на ред.

Јузер: Кога се регистрирав на форумов и го здогледав јузерот на Сињор Точкест, си помислив или типов има бемки по лицето или е некој пегав па му оставиле прекар Точкест. Те немам видено лично за да знам дали е ова точно, па според мене Точкест ја изразува твојата креативност која ја има за извоз, или па човекот си чува далматинци:):):).

Тајтл: Модератор, самото кажува се`. Модератор си на фотографија, еден од поновите ама според мене најсредениот подфорум. Местото модератор тие заслужено, секојдневно ги гледаме твоите фотошоп/илустратор слики, логоа, дизајни, антигејски пропаганди:).

Аватар: Моментално на аватар ти е една актуелна хи5 ремет фаца, а колку што помнам пред тоа ти беше исто така реметено хи5 гуде:). Тоа ни кажува дека нашиот Тучкест сака да ремети луѓе, но само тие што го заслужуваат тоа, ја истакнуваат нивната глупост и од мене има огромна поддршка за тоа.

Ќе додадам нешто вака надвор од елементите на еден членски профил на Кајгана:
Точкест е човек кој е длабоко навлезен во уметноста, поточно фотографијата, секојдневно е со апаратот во рака, па слободно може да се каже дека ја гледа околината преку објективот. Не знам како да го протолкувам ова, би рекла дека си го има најдоброто хоби од сите можни, најрелаксирачкото а богами како што би рекол и мој другар : Тоа не е за глупите:). Точкест е момче кое отворено плеска се` во лице и не се плаши да го искаже својот став, што автоматски го става во личностите што јас ги почитувам.
Продолжи така, Гоце, ако си отворен, повеќе ќе те почитуваат луѓето. Ако ќутиш и трпиш, нема да чиниш, од искуство ти зборам:)

П.С. Ова ми е 2-3 анализа, sry ако е почетнички направена, кога ќе се поправам, частам уште една.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Јас уште си чекам :pipi:
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Фроске данкишн вери мучо:)
Мац пеер4е чекам од тебе една мрсна и прилично хард кор пљукачка анализа:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Од кого чекаш?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ја бе ја Јеену.
Точки,утре сабајле тоа,ќе средиме работа.

Мада знаеш ти при срце си ми.
И Ред Хот ќе ме тепа,и нејзе си и при срце.

Многу тешко ќе ми биде :(
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Ја бе ја Јеену.
Точки,утре сабајле тоа,ќе средиме работа.

Мада знаеш ти при срце си ми.
И Ред Хот ќе ме тепа,и нејзе си и при срце.

Многу тешко ќе ми биде :(
Нека не ти биде тешко:) јас пак ќе те гушкам тебе:hot:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom