Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Ivy_K

/
Член од
29 мај 2006
Мислења
1.206
Поени од реакции
16
иии па колку долго се анализирате бравос за инспирацијата и описот дефинитивно .:):):)

чек сеа јас кој да изанализирам....:raz:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Serpico

Свежо и мило ми е сеќавањето на почетокот на нашето другарство. Беше еден од ретките членови на форумов, кои од прв пат сум ги засакала. Има нешто во тебе, што зрачи и преку пишаниот збор. Ми остави добар впечаток, кој нималку не се промени, туку напротив - само се зголемува.

Да не должам со лигавењава ... се натегаме со анализиве, ама ај дека си помал ќе ти попуштам, па прва и на кратко ќе те анализирам јас. Имаш рок од најмногу три дена да вратиш, од одма да си кажам.:podsmev:
Можеби треба понашироко и подлабоко да те анализирам бидејќи те познавам и лично, но ете, не ме бидува за ова многу, па ќе си ја завршам работата според редоследот т.е. според јузер, аватар, потпис, постови ...

Јузерот како што имаш кажано и сам, ти е име на машка улога од истоимениот филм, улога на актерот кој ми е еден од омилените. Не си го избрал случајно, ни само поради тоа што ти се допаѓа улогата. Почесто потсеќаш на тој лик, па може и свесно си се нашол во него.
Каков е Серпико?
Чесен, добар, вреден, амбициозен и помалку наивен. Сака да го исполни и живее својот сон и се труди за тоа, без оглед на бројните разочарувања на тој пат. Тие не го повлекуваат надолу, туку се повеќе го ранат за да упорно продолжи да се движи кон својата цел.
На таа патека ни случајно не гази никого, ни случајно не дозволува да се предаде на валканите игри, кои полесно би му го оствариле сонот. Да си толку праведен и наивен е голем ризик во денешно време, но што се` може кога само тоа го т.е. те исполнува.

Аватарите ретко ги менуваш, но сепак нема се навраќам на другите, да видам овој како го гледам.
Лукавиот Џек Николсон ... не бираш било што, нели?
Сакаш да кажеш дека се` гледаш, се пратиш, ништо неможе да ти се сокрие, па задоволно накај нападно се смееш? И јас би се.
Тоа што така подзаскриено ѕирка лицето, значи ли дека некогаш обожаваш да пратиш ситуации од страна и подолго време, за на крај да триумфираш со некоја твоја мат реакција, која би ги изненадила другите? Не секој го може тоа, па јас таквата особина ја поштовам. Треба човек да е стабилен, смирен и паметен, за да може да живее така.

Потписот е тука некаде со се` тоа што досега кажав. Твој текст за истрајноста, за нејзината убавина, за тоа дали вреди итн. Силна е твојата желба за нештата кои ги посакуваш, па си решил дека без оглед дали ќе ги доживееш ќе ги чекаш, наместо да го трошиш залудно животот трагајќи по нови, кои би биле само бледи копии.
Да не се повторувам ... се` од твојот профил си споил така убаво, за кога ќе се замисли некој, да добие само една убава крајна слика за тебе. Значи не си човек со повеќе лица, збунет, нејасен или сложен.

Тајтл-от ... администратор бе ...:pos2:
Мрчатори кои незнаат и неможат да те видат каков си, кажуваат дека со лижење си ја добил таа титула. Јас како сведок на твојот пат до врвот, можам само да го негирам тоа и да кажам дека ништо помалку не заслужуваш. Како најнов администратор внесуваш свежина на форумот, се трудиш околу него како да ти е омиленото домашно милениче, нејќеш ништо да му фали и се бориш за тоа.
Начинот на кој си ја извршуваш таа твоја задача е уникатен за тебе. Спремен за дискусија, справување на најдобар начин и со тие кои тоа не го заслужуваат, секогаш добар на јазик и внимателен да не навредиш некогаш некого. И тоа е една голема доблест која веќе ретко кој ја има.
Затоа мрчатори, нека ви остане јасно ... Серпико без врски стана администратор!:podsmev:

Според постовите и ти лично, што можев да заклучам ...
Хуморот ти е второ име. Твојот оптимизам и карактер од весела природа ти го овозможуваат тоа.
Знаеш тешки и сериозни муабети да направиш да изгледаат поубави ... таков си ти, затоа го можеш тоа. Во секое лошо ја бараш и наоѓаш убавата страна и не дозволуваш многу негативно да ти влијае.
Си го сакаш животот, па затоа ваљда ни 2 секунди не си на едно исто место, особено кога си на одмор. Си ја сфатил неговата поента и затоа не сакаш да ти помине незабележано. На тоа те научиле трагедиите кои си ги видел, слушнал или доживеал. Затоа сакаш да го живееш секој момент, да уживаш во секоја банална ситница, да правиш работи кои ти даваат енергија за наредниот ден, да се дружиш, да даваш се` што имаш од себе, да им го разубавуваш животот и на другите, да не повредуваш никого ... сакаш еден ден задоловно да си кажеш: "Јас живеев!".
Не сум забележала дека на цел тој твој труд да живееш како што треба, бараш нешто за возврат ... тоа несвесно го прават само големите срца.
Кога станува збор за љубовта што неможам да ја прескокнам ... на форумот не го истакнуваш баш многу твоето мислење за неа, ама имав прилика да слушнам уз кафе каков си на тоа поле. Верувам во тоа што ми кажа (еве да ти признаам тука:shame: ) ... без оглед на твоето површинско однесување, длабоко во себе ти знаеш да сакаш и ќе дадеш се` од себе, таа што ќе те освои да биде најсреќната жена на светот.
Има моменти кога забележувам дека не си баш искрен, сакаш да сокриеш некоја твоја мака или тага, но тоа не ти е злонамерно. Сакаш да се поштедиш од лицемерните појави кои би кукале со тебе, за потоа да ти се насмевнат задоволно зад грб.
Те убив од фалење, затоа и одолговлекував да те анализирам ... немам ниту еден лош впечаток за тебе златен. :toe:
Но ајде уште една ситница за крај ...
Знаеш да оставаш без зборови кога ќе напишеш некој текст, некое мислење итн ... имаш речник околу кој очигледно си се потрудил, доста си интелигентен, па со сите тие позитивни работи кои те красат, верувам дека еден ден ќе го сркаш кајмакот од истрајувањето, значи сигурно нема ветрот да те однесе каде што не припаѓаш и не сакаш ...:kiss:

Навистина имам уште многу да кажувам, ама ај ...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Aj бе мене изнализирајте ме, Ангелче, Ива Скорпија, Drama Queen, или некој четврт?!:nesum:
 
С

Сатори

Гостин
Форчн

Повторно правам римејк на анализа ... благодарам инаку за твојата, во некои делови навистина се препознав себе си.

Овде имаме личност заљубена во животот, од една страна толку реална, застаната на земја, скоро матријална, интуитивна жена спремна да се бори со се што ќе и се појави на патот, додека од другата страна која се крие малку подлабоко ја имате жената растргната помеѓу матријалното и духовното, реалноста и фантазијата ... подеднакво јаки страни на девојката која упорно се обидува се да стимулира и да се доведе себе си до едно ниво на рамнотежа.
Тежината на реалноста кај тебе е ублажена со идеалистичкиот занес(кој не знам зошто упорно се трудиш да го контролираш, а повторно да го искористуваш кога се чувствуваш лошо), што ти помага да доаѓаш до нови концепти за решавањето како на внатрешните така и на надворешните конфликти.
Која интензивна волја за сите свои цели, просто да се зачудиш.
Делуваш како вечно да имаш недоволно слобода, како постојано да ја бараш, па откако ќе ја пронајдеш, повторно ти бега и се постојано така во круг.
Не зборувам само за слобода на личноста, туку за секој можен вид на слобода кој тебе ти е потребен.
Знаеш да бидеш и безгрижна, расположена како дете, пријателски се поставуваш, оптимист.
Како минуваат годините се повеќе и повеќе се интресираш за својата духовна страна, се повеќе се грижиш за матријалната, на жалост се повеќе се помируваш со животот, за сметка на тоа се обложувам си била многу немирна кога си била дете.
Привлекуваш внимание, не си личност која би се стопила во гужвата, напротив.
Уште помалку си некој кој ќе го одбере полесниот пат, си ги сакаш можностите, си ја обожаваш упорноста ... заклучокот овде ми се враќа повторно на тоа дека се е со цел да го живееш животот.
Ти смета монотонијата, ти смета просечноста ... но сепак си дипломат по природа, така да скоро се може да и се прости на допадливоста.
Би говорела т.е. пишувала и за тоа како ја гледаш љубовта, но тоа не сакам и не можам да го направам.

Мислам дека бар малку подлабоко беше овој пат.:smir:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Нема да коментирам ништо, така си ме доживеала, благодарам што си се потрудила:smir:
Само ова...
Лејди Сатори напиша:
... за сметка на тоа се обложувам си била многу немирна кога си била дете.
Грешка. Мирно дете бев:) Бидејќи изгуби во обложувањето, частиш кафе:icon_lol:

`Ангелче` напиша:
И после мојата!
Ти ја памтам,така да си знајш! :pipi:
Па на крајот од анализата за Бада Бинг - пишав дека си ти на ред. Бујрум:)



Ведра личност, а тоа се гледа и по изборот на аватарите. Секогаш ти се со живи бои, весели, девојки во различна поза во разнобојна облека, за разлика од изборот на боите кој го правиш кога ти се облекуваш (барем мислам дека топлите бои не се твој избор, а ако грешам ќе ми извиниш:) ). Едноставно, веселоста ја истакнуваш преку аватарите. Јас не се сеќавам да сум видела некој мрачен и депресивен.

Во постовите внесуваш хумор и добро ти оди. Најредовна во Мода и убавина и нема да тупам околу тоа колку многу пратиш мода. Битно, покажа дека ти лежи од самиот почеток кога дојде на Кајгана. Ја сакаш комбинацијата на внатрешна и надворешна убавина, онака убаво избалансирана за да остави убав впечаток кај другите. Имам забележано дека си отворена кога критикуваш некого, но не штедиш зборови и кога пристапуваш кон самокритика. Префинет вкус воопшто, оставаш слика, во целост, на уредна и строго организирана личност. Но не и на нарцис. Барем јас не те доживувам како таква.

Прилично затворена кога се работи за поинтимни теми, но кога пишува во темата каде што се задаваат наслови може најдобро да ја „опипате“. Нема да објаснувам, сепак кој како си сфаќа така нека остане. Само ќе напоменам дека Ангела знае да ги опише своите емоции, знае да одбере убави зборови и да склопи пријатен текст кој не го замара мозокот.

Љубовта те прави среќна (како и сите што не прави), не си искучок:) Имам впечаток (ако грешам ќе ми простиш) дека се плашиш да искажеш чувства, дури и во „Во врска со љубовта...“ пишуваш само кога ќе се изнервираш :hihi:

Зрачиш со енергија, оптимизам и дружељубива си. Поседуваш сила за успех, сакаш да напредуваш, скромно и` даваш израз на твојата интелигенција, сакаш да се надградуваш, си пронашла начин како да црпиш сила за да одиш напред прескокнувајќи ги пречките кои се појавуваат. Веруваш во себе (иако некогаш си со разнишана самодоверба, но не е ништо страшно) и си многу пријатна личност. Имав можност да те запознам, но за жал многу кратко ми беше во близина. Ведра, весела, насмеана, комуникативна, личност која јас би сакала почесто да пие кафе со мене (добро, може и нешто што се пие со цевка:icon_lol: ).

Ангелче, верувам дека те познавам речиси ич и дека има уште многу да се зборува за тебе, па оваа анализа и само скромен опис на она како те доживувам како личност досега. Ако еден ден те запознам подобро, маните ќе одат во друга анализа :icon_lol:
Ма супер чупе си:123:

п.с. Кога ќе ја гледаш „Ноооу Сјело, ноооу ми амор“, сподели линк:hihi:



Следна е анализата за Razorblade Kiss:pipi:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
од форчн сакам,а серпико ми борџи една анализа веке 3-4 месеци...
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
од форчн сакам,а серпико ми борџи една анализа веке 3-4 месеци...
Кога ќе направиш ти за мене, ќе те запишам во списокот за третата тура анализи која ќе ја правам:pipi:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Natural-girl:smir:


Eve od mene edna....ti ja dolzam:)

Od prva mi bese upadliva po postovite, a sakam pametni luge:)...
Se pronaogam vo tvojot karakter,mnogu raboti sto gi sakas gi sakam i jas zatoa mozebi i ke ti pogodam nesto:)....


Filozof:),a so toa i fantazer....ja saka muzikata i uziva vo nea,koga e sama doma, si pusta glasno muzika,najcesto pesnite od nejzinite najomileni rok grupi,se glupira bidejki doma e se dozvoleno i nikoj ne ja gleda:) i uziva vo toa...Se inspirira od lugeto i slucuvanjata vo nejzina blizina,a podocna so vpecatocite sto i gi ostavile tie,gi popolnuva stranicite od nejziniot dnevnik....

Saka da zapoznava novi licnosti i da se druzi...Leto,plaza,drustvo mmmm raj za oci i totalno opustanje...:) Se grizi za skoloto...toa go cenam...i pokraj toa sto saka da se druzi edno od prvite mesta i go zazema i ucenjeto....Saka da gleda filmovi i serii...i saka odbojka sto e najbitno:vozbud: ( da ne sakas drugarka ti da ti dade avtogram:pos2:)


Seuste ne ja iskusila vistinskata ljubov,ama ima vreme...Nejziniot tip od sonistata bi bil nekoj koj e spremen da ja soslusa,da bide pazliv so nea da i pokazuva kolku mu znaci,pameten,so svoj stil....po moznost visok,crn i sreden sto e najvazno:pipi: Na prvata sredba vo nekoe kafule,bi bila opustena,zborliva i bi sakala sogovornikot da bide zborliv za da moze poubavo da go zapoznae...i ne saka luge sto celo vreme kutat i cekaat prasanje...Baknez na prv sostanok e ok za nea sekako ako covekot i zapadne vo oko , znaci posilniot pol treba mn da se potrudi...


Hmmm...znam deka e malku,no ova bese onaka povrsno vo kratki crti,koga ke te zapoznaam a znam deka ke bide naskoro:smir: ke go dooformam mislenjeto i recenicite ke bidat podolgi i poubavi!


Se nadevam ke bides zadovolna.....:pipi:

:eek:jea:
 
D

Delux

Гостин
Fortuno немој ни случајно да се обидеш да ми правиш анализа...
Е сега по шо си модератор,леле се извинувам администратор:)ќе направам анализа за тебе,ама во кратки црти...знаеш зошто,затоа шо никој не сака да чита долги постови(по шо јас таквите постови ги читам само почеток и крај,а за заплетот и кому му е гајле:)),а тоа е твој пример.
Мислам дека си доста елоквентна личност(сакам да кажам дека имаш супер коментари кон сите членови)а то е рецептот за админ нумеро уно.Вака сеа,ти си девојка која пелни со пишаниот збор исто како перото на Шекспир:)кој не те познава не знае...во живо не те знам доволно или многу малку,а може се доволно се и деве реченици,е тие реченици две мене ми беа доволно„како си шо прајш“
Аватарот мислам дека кај сите форумџии им значи нешо,па,не си ни ти исклучок...сакам да кажам дека твојот аватар ми дава комплетна слика за чувствителна жена која не може да биде индиферентна на се шо се случува околу нас и воопшто низ македонијава.Инаку ми оставаш (делумно)впечаток на верна женска.тоа е мојата перцепција за јузерот форчун
И уште нешто...абе згазни еднаш на мравка
 
С

Сатори

Гостин
*

1.Форчн нема проблем .. частам кафе.:smir:
2.Ада .. чекам.:back:

П.с. Правам анализи само ако некој претходно ме анализира.

Данке!:pipi:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Natural-girl:smir:


Eve od mene edna....ti ja dolzam:)

Od prva mi bese upadliva po postovite, a sakam pametni luge:)...
Se pronaogam vo tvojot karakter,mnogu raboti sto gi sakas gi sakam i jas zatoa mozebi i ke ti pogodam nesto:)....


Filozof:),a so toa i fantazer....ja saka muzikata i uziva vo nea,koga e sama doma, si pusta glasno muzika,najcesto pesnite od nejzinite najomileni rok grupi,se glupira bidejki doma e se dozvoleno i nikoj ne ja gleda:) i uziva vo toa...Se inspirira od lugeto i slucuvanjata vo nejzina blizina,a podocna so vpecatocite sto i gi ostavile tie,gi popolnuva stranicite od nejziniot dnevnik....

Saka da zapoznava novi licnosti i da se druzi...Leto,plaza,drustvo mmmm raj za oci i totalno opustanje...:) Se grizi za skoloto...toa go cenam...i pokraj toa sto saka da se druzi edno od prvite mesta i go zazema i ucenjeto....Saka da gleda filmovi i serii...i saka odbojka sto e najbitno:vozbud: ( da ne sakas drugarka ti da ti dade avtogram:pos2:)


Seuste ne ja iskusila vistinskata ljubov,ama ima vreme...Nejziniot tip od sonistata bi bil nekoj koj e spremen da ja soslusa,da bide pazliv so nea da i pokazuva kolku mu znaci,pameten,so svoj stil....po moznost visok,crn i sreden sto e najvazno:pipi: Na prvata sredba vo nekoe kafule,bi bila opustena,zborliva i bi sakala sogovornikot da bide zborliv za da moze poubavo da go zapoznae...i ne saka luge sto celo vreme kutat i cekaat prasanje...Baknez na prv sostanok e ok za nea sekako ako covekot i zapadne vo oko , znaci posilniot pol treba mn da se potrudi...


Hmmm...znam deka e malku,no ova bese onaka povrsno vo kratki crti,koga ke te zapoznaam a znam deka ke bide naskoro:smir: ke go dooformam mislenjeto i recenicite ke bidat podolgi i poubavi!


Se nadevam ke bides zadovolna.....:pipi:

:eek:jea:
:vozbud: Па се е точно, си ме погодила у срце! Фала многу! Еј не знаев дека тренираш одбојка, interesting interesting...:smir: Pozz
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.125
Поени од реакции
25.584
Лејди Сатори-жена за сва времена

Сатори е девојка што станува сабајле во 7. Или во 1 попладне.
Таа е една фина, нежна романтична душа што бара Љубов. Или некој на којшто ќе му го искине срцето.
Секогаш пожртвувана другарка што ги цени блиските. Или ултра хедонист без обѕир за никој.
Се радува на убавините на светот. Или се привикнува на монотонијата на животот.

Да почнеме од стандард. Аватар Нефретири од култниот 13 оскарски филм за Мојсеј, демек фараонка. Лејди Сатори (никот) не ми значи ништо посебно освен некоја ќерка на некој легитимен бизнисмен од Сиракуза. Темјанушка, цвет нежен лесно ранлив, ц повеќе ми се допаѓаше принцеза во земјата на луцидните барбики. Или со мој слободен превод- шеф сале на интелигентните шмизли. А интелигентни шмизли нема. Секогаш ведра и нерасположена, секогаш отворена и интровертна Сатори е жена за сва времена. Во доцна зима или во рана пролет, на -20 и плус 40, во 3 по полноќ и во 5 попладне, по Гринич или по централноевропско време додека сонцето ги пробива 3 атомскиот кислороден слој или додека градот ака по нечиви хауби и черепи Сатори е вистинскиот избор. Таа е личноста што ќе ве покрие со ќебе кога ви е ладно и ќе го појача парното кога ви е топло, ќе ви даде кафетин кога ве боли глава и ќе ви спржи колбаси ако ви се дигне холестеролот. По страгорчи Еросот и Танатосот а по Елена Ристеска рај и пекол се во едно.
При присуство на здрава свест кај единката можам да заклучам дека ваквото однесување се должи или на: хипокризија или лабилен карактер или неоформена личност. Со оглед на годините ќе се придржам до последново. Сите тие книги, сета таа уметност, севкупната ука и пак ништо. Сатори my dear тие нема да ти помогнат во одговорот на прашањата едно прашање милион подпрашања една врата милион ходници со исто толку врати што би рекол великодостојникот и бардот на рок ен рол музиката Џејмс Даглас Морисон. Тие се само тука за да те изградат, да ти дадат став, одлики, тежиште, светоглед. Знам животот ти е комплициран и не си сватена од околината. И јас да сум на твое место не би бил сватен. Почнувајќи од самиот себе па надаље. Одлучи на што си. Ќе го фатиш автобусот, таксито, возот, авионот, пешкито до гламур, топилницата, Скопје, Београд, Беч, Енкориџ, Кејптаун билетот е еден, дестинацијата исто така една. Ама која? Се предомислуваш? Или можеби не.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom