Serpico
Свежо и мило ми е сеќавањето на почетокот на нашето другарство. Беше еден од ретките членови на форумов, кои од прв пат сум ги засакала. Има нешто во тебе, што зрачи и преку пишаниот збор. Ми остави добар впечаток, кој нималку не се промени, туку напротив - само се зголемува.
Да не должам со лигавењава ... се натегаме со анализиве, ама ај дека си помал ќе ти попуштам, па прва и на кратко ќе те анализирам јас. Имаш рок од најмногу три дена да вратиш, од одма да си кажам.:podsmev:
Можеби треба понашироко и подлабоко да те анализирам бидејќи те познавам и лично, но ете, не ме бидува за ова многу, па ќе си ја завршам работата според редоследот т.е. според јузер, аватар, потпис, постови ...
Јузерот како што имаш кажано и сам, ти е име на машка улога од истоимениот филм, улога на актерот кој ми е еден од омилените. Не си го избрал случајно, ни само поради тоа што ти се допаѓа улогата. Почесто потсеќаш на тој лик, па може и свесно си се нашол во него.
Каков е Серпико?
Чесен, добар, вреден, амбициозен и помалку наивен. Сака да го исполни и живее својот сон и се труди за тоа, без оглед на бројните разочарувања на тој пат. Тие не го повлекуваат надолу, туку се повеќе го ранат за да упорно продолжи да се движи кон својата цел.
На таа патека ни случајно не гази никого, ни случајно не дозволува да се предаде на валканите игри, кои полесно би му го оствариле сонот. Да си толку праведен и наивен е голем ризик во денешно време, но што се` може кога само тоа го т.е. те исполнува.
Аватарите ретко ги менуваш, но сепак нема се навраќам на другите, да видам овој како го гледам.
Лукавиот Џек Николсон ... не бираш било што, нели?
Сакаш да кажеш дека се` гледаш, се пратиш, ништо неможе да ти се сокрие, па задоволно накај нападно се смееш? И јас би се.
Тоа што така подзаскриено ѕирка лицето, значи ли дека некогаш обожаваш да пратиш ситуации од страна и подолго време, за на крај да триумфираш со некоја твоја мат реакција, која би ги изненадила другите? Не секој го може тоа, па јас таквата особина ја поштовам. Треба човек да е стабилен, смирен и паметен, за да може да живее така.
Потписот е тука некаде со се` тоа што досега кажав. Твој текст за истрајноста, за нејзината убавина, за тоа дали вреди итн. Силна е твојата желба за нештата кои ги посакуваш, па си решил дека без оглед дали ќе ги доживееш ќе ги чекаш, наместо да го трошиш залудно животот трагајќи по нови, кои би биле само бледи копии.
Да не се повторувам ... се` од твојот профил си споил така убаво, за кога ќе се замисли некој, да добие само една убава крајна слика за тебе. Значи не си човек со повеќе лица, збунет, нејасен или сложен.
Тајтл-от ... администратор бе ...:pos2:
Мрчатори кои незнаат и неможат да те видат каков си, кажуваат дека со лижење си ја добил таа титула. Јас како сведок на твојот пат до врвот, можам само да го негирам тоа и да кажам дека ништо помалку не заслужуваш. Како најнов администратор внесуваш свежина на форумот, се трудиш околу него како да ти е омиленото домашно милениче, нејќеш ништо да му фали и се бориш за тоа.
Начинот на кој си ја извршуваш таа твоја задача е уникатен за тебе. Спремен за дискусија, справување на најдобар начин и со тие кои тоа не го заслужуваат, секогаш добар на јазик и внимателен да не навредиш некогаш некого. И тоа е една голема доблест која веќе ретко кој ја има.
Затоа мрчатори, нека ви остане јасно ... Серпико без врски стана администратор!:podsmev:
Според постовите и ти лично, што можев да заклучам ...
Хуморот ти е второ име. Твојот оптимизам и карактер од весела природа ти го овозможуваат тоа.
Знаеш тешки и сериозни муабети да направиш да изгледаат поубави ... таков си ти, затоа го можеш тоа. Во секое лошо ја бараш и наоѓаш убавата страна и не дозволуваш многу негативно да ти влијае.
Си го сакаш животот, па затоа ваљда ни 2 секунди не си на едно исто место, особено кога си на одмор. Си ја сфатил неговата поента и затоа не сакаш да ти помине незабележано. На тоа те научиле трагедиите кои си ги видел, слушнал или доживеал. Затоа сакаш да го живееш секој момент, да уживаш во секоја банална ситница, да правиш работи кои ти даваат енергија за наредниот ден, да се дружиш, да даваш се` што имаш од себе, да им го разубавуваш животот и на другите, да не повредуваш никого ... сакаш еден ден задоловно да си кажеш: "Јас живеев!".
Не сум забележала дека на цел тој твој труд да живееш како што треба, бараш нешто за возврат ... тоа несвесно го прават само големите срца.
Кога станува збор за љубовта што неможам да ја прескокнам ... на форумот не го истакнуваш баш многу твоето мислење за неа, ама имав прилика да слушнам уз кафе каков си на тоа поле. Верувам во тоа што ми кажа (еве да ти признаам тука:shame: ) ... без оглед на твоето површинско однесување, длабоко во себе ти знаеш да сакаш и ќе дадеш се` од себе, таа што ќе те освои да биде најсреќната жена на светот.
Има моменти кога забележувам дека не си баш искрен, сакаш да сокриеш некоја твоја мака или тага, но тоа не ти е злонамерно. Сакаш да се поштедиш од лицемерните појави кои би кукале со тебе, за потоа да ти се насмевнат задоволно зад грб.
Те убив од фалење, затоа и одолговлекував да те анализирам ... немам ниту еден лош впечаток за тебе златен.
Но ајде уште една ситница за крај ...
Знаеш да оставаш без зборови кога ќе напишеш некој текст, некое мислење итн ... имаш речник околу кој очигледно си се потрудил, доста си интелигентен, па со сите тие позитивни работи кои те красат, верувам дека еден ден ќе го сркаш кајмакот од истрајувањето, значи сигурно нема ветрот да те однесе каде што не припаѓаш и не сакаш ...:kiss:
Навистина имам уште многу да кажувам, ама ај ...