Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тамарче!

Ај јас ќе ти направам една анализа.

Според постовите мислам дека си прилично емотивна,дури и емотивноста те прави да бидеш наивна и да веруваш и да се надеваш на некои работи кои можеби и не се така како што изгледаат.Премногу им веруваш на луѓето,добродушна си и сакаш да им веруваш на луѓето,дури и да се изгориш ти пак веруваш...Сепак колку пати да паднеш,ја бришеш прашината и продолжуваш.Само што раните ги лечиш подолго време и тешко се опроравуваш.
Инаку ја следиш модата,сакаш да бидеш секогаш средена и имам впечаток дека сакаш да бидеш видена и некогаш сакаш да бидеш центар пажња,но не го правиш тоа премногу наметливо.
Друштвена си,сакаш да шириш познанства,да се смееш да се забавуваш.Понекогаш размислуваш за иднината и често пати се двоумиш и незнаеш кој пат да го одбереш,што е многу нормално бидејќи си млада и во тие години кога често се премислуваш.
Животот знае да те збуни,да те налути,да се прашуваш,зашто е тоа така и се нервираш што не можеш да добиеш директни одговори.
Љубовта е твоето второ јас.Те смирува,те носи во твој свет.Ама мислам дека понекогаш се плашиш да ги симнеш розевите наочари и често ги идеализираш работите.Се плашиш да не бидеш повредена и затоа ти се јавува понекогаш љубомора и мала посесивност.Мој совет е да не се грижиш:сакај и опушти се,не се плаши.Можеби си грешела во минатото,можеби ќе згрешиш пак,но сепак верувај,затоа што најважно нешто е да веруваш и се само по себе ќе си дојде.:smir:
 

Bush(av)

Aut inveniam viam aut faciam.
Член од
30 април 2007
Мислења
758
Поени од реакции
7
Можи една за мене?:smir:
Ветувам дека ќе возвратам.
Не знам дали бараше од некој или не, ама ај еве ја:pipi:

Значи, ~*TамарЧе*~
Првпат кога се зачлени имаше аватар со своја слика, и на таа слика многу ми личеше на една Тамара што јас ја познавав. Таа Тамара, ја сметам за многу силна и стабилна личност, па можеби затоа уште го мислам тоа за ТамарЧе.
Друга работа што забележав кај неа кога дојде, е дека влета со постови за тоа како била заљубена и сл. Има мал милион постови во играчница, посебно во почетокот. Драго ми е што почна поактивно да пишува на посериозни теми, зашто мислам има потенцијал да се истакне и таму, а не само да билда постови во играчница.
Сеуште го има тој ’вљубена_особа’ призвук во постовите.
Личност која стои и ги брани своите ставови, дури и кога околината е контра неа.
Аватар Не коментирам многу. Само ќе кажам дека е емпат, и сочувствува со колективната болка.
Потпис Пак нешто поврзано со љубовта. И’ посветува многу внимание, што можеби е малце погрешно. Обиди се да уживаш и во другите елементи на чудото наречено живот.
Тајтл Истото што го кажав за потписот.

И за крај, совет. Намали на емоциите малку. Не ја дели својата доверба, има секакви.:smir:
И аман, излези од играчница ( џоук ):pipi:


Едит: Ааа Крејзи, ме престигна....
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Јас уште еднаш замолувам за анализа.:se_ molam
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ај јас ќе ти направам една анализа.

Според постовите мислам дека си прилично емотивна,дури и емотивноста те прави да бидеш наивна и да веруваш и да се надеваш на некои работи кои можеби и не се така како што изгледаат.Премногу им веруваш на луѓето,добродушна си и сакаш да им веруваш на луѓето,дури и да се изгориш ти пак веруваш...Сепак колку пати да паднеш,ја бришеш прашината и продолжуваш.Само што раните ги лечиш подолго време и тешко се опроравуваш.
Инаку ја следиш модата,сакаш да бидеш секогаш средена и имам впечаток дека сакаш да бидеш видена и некогаш сакаш да бидеш центар пажња,но не го правиш тоа премногу наметливо.
Друштвена си,сакаш да шириш познанства,да се смееш да се забавуваш.Понекогаш размислуваш за иднината и често пати се двоумиш и незнаеш кој пат да го одбереш,што е многу нормално бидејќи си млада и во тие години кога често се премислуваш.
Животот знае да те збуни,да те налути,да се прашуваш,зашто е тоа така и се нервираш што не можеш да добиеш директни одговори.
Љубовта е твоето второ јас.Те смирува,те носи во твој свет.Ама мислам дека понекогаш се плашиш да ги симнеш розевите наочари и често ги идеализираш работите.Се плашиш да не бидеш повредена и затоа ти се јавува понекогаш љубомора и мала посесивност.Мој совет е да не се грижиш:сакај и опушти се,не се плаши.Можеби си грешела во минатото,можеби ќе згрешиш пак,но сепак верувај,затоа што најважно нешто е да веруваш и се само по себе ќе си дојде.:smir:
Благодарам за анализата, се, апсолутно се е точно.
Ќе се обидам во иднина да се поправам онаму кај шо и ти, а и јас мислам дека грешам.:smir:

Не знам дали бараше од некој или не, ама ај еве ја:pipi:

Значи, ~*TамарЧе*~
Првпат кога се зачлени имаше аватар со своја слика, и на таа слика многу ми личеше на една Тамара што јас ја познавав. Таа Тамара, ја сметам за многу силна и стабилна личност, па можеби затоа уште го мислам тоа за ТамарЧе.
Друга работа што забележав кај неа кога дојде, е дека влета со постови за тоа како била заљубена и сл. Има мал милион постови во играчница, посебно во почетокот. Драго ми е што почна поактивно да пишува на посериозни теми, зашто мислам има потенцијал да се истакне и таму, а не само да билда постови во играчница.
Сеуште го има тој ’вљубена_особа’ призвук во постовите.
Личност која стои и ги брани своите ставови, дури и кога околината е контра неа.
Аватар Не коментирам многу. Само ќе кажам дека е емпат, и сочувствува со колективната болка.
Потпис Пак нешто поврзано со љубовта. И’ посветува многу внимание, што можеби е малце погрешно. Обиди се да уживаш и во другите елементи на чудото наречено живот.
Тајтл Истото што го кажав за потписот.

И за крај, совет. Намали на емоциите малку. Не ја дели својата доверба, има секакви.:smir:
И аман, излези од играчница ( џоук ):pipi:


Едит: Ааа Крејзи, ме престигна....
:pos:
За во играчницата си мноооогу во право. Искрено, на почетокот не се ни обидував да ѕирнам на другите теми, ама со текот на времето, како шо сам кажа, почнав да се интересирам.
И ти си потполно во право.
Благодарам.

Ветувам дека ќе напрам анализа, само да имам малце послободно време.:helou:
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
јас мојата ветена за Форчн ќе ја одложам за утре сабајле,со утринското кафенце, мх мх :smir: највеќе се инспирирам тогаш :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
City

Вака,анализава нема да биде нешто спешл,затоа што сеуште не те знам причино доволно,бидејќи,некогаш си ептен активен на форумот,некогаш па ептен те нема...:)

Вака за свои години сметам дека си прилично сериозен т.е дека си зимаш товар на себе и голема одговорност.Веруваш дека можеш да успееш.Сестран човек си,работиш повеќе работи одеднаш,па се чудам како успеваш сето тоа да го постигнеш.
Човек кој живее за сегашноста...Сакаш да живееш за моментот.Иако имаш прилично јасна замисла за тоа што сакаш да бидеш,сепак мислам дека работите преферираш да се одвиваат спонтано.
Прилично ненаметлив човек.Повеќе сакаш да бидеш во сенка и да ги посматраш работите и да коментираш од тој аспект,отколку да бидеш во самата светлина.
Можеби не треба да бидеш толку скриен.Мислам дека треба повеќе да се отвориш,да ја скриш школката.Значи да не се разбереме погрешно,не викам дека си несоцијален тип,само кажувам дека не си човек кој многу сака да ги истакнува своите квалитети,сметаш дека признанието ќе си дојде само по себе.
Не си премногу самоуверен.Знаеш што поседуваш,но секогаш имаш доза скептицизам во себе.Секогаш имаш место за резерва.За секој случај.

Хм...па тоа ти било..извини ако те утнав,сега за сега таков впечаток имам!:smir:
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
City

Вака,анализава нема да биде нешто спешл,затоа што сеуште не те знам причино доволно,бидејќи,некогаш си ептен активен на форумот,некогаш па ептен те нема...:)

Вака за свои години сметам дека си прилично сериозен т.е дека си зимаш товар на себе и голема одговорност.Веруваш дека можеш да успееш.Сестран човек си,работиш повеќе работи одеднаш,па се чудам како успеваш сето тоа да го постигнеш.
Човек кој живее за сегашноста...Сакаш да живееш за моментот.Иако имаш прилично јасна замисла за тоа што сакаш да бидеш,сепак мислам дека работите преферираш да се одвиваат спонтано.
Прилично ненаметлив човек.Повеќе сакаш да бидеш во сенка и да ги посматраш работите и да коментираш од тој аспект,отколку да бидеш во самата светлина.
Можеби не треба да бидеш толку скриен.Мислам дека треба повеќе да се отвориш,да ја скриш школката.Значи да не се разбереме погрешно,не викам дека си несоцијален тип,само кажувам дека не си човек кој многу сака да ги истакнува своите квалитети,сметаш дека признанието ќе си дојде само по себе.
Не си премногу самоуверен.Знаеш што поседуваш,но секогаш имаш доза скептицизам во себе.Секогаш имаш место за резерва.За секој случај.

Хм...па тоа ти било..извини ако те утнав,сега за сега таков впечаток имам!:smir:
Колешке :) фала ти многу, со оглед на тоа колку се знаеме анализава е ТОП, првиот дел до поливина е да речам целосно точен, малце околу “школката’’ не е баш така, ама убаво викаш тоа си е твој впечаток.

Фала ти уште еднаш и драга колешке :) (иден полтиколог) наскоро ти возвраќам анализа, само да најдам време.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Димитар

Хух, од каде да почнам? Океј, вака.

Тајтл-от не знам како би го искоментирала освен дека си го добил заслужено и среќна сум што те нема во темата каде што се пишуваат барања за промена:icon_lol:
Значи, поставен си за модератор токму затоа што си оставил впечаток на личност која е креативна, ефективна и човек од доверба. Тоа до сега не се сменало и затоа те сметам за одговорна личност на која и значи укажана доверба. Желбата за дружба која те донесла на Кајгана трае и ден денес и навистина можам да кажам дека си пријатно друштво, без разлика дали ќе се пие кафе или алкохол, без разлика дали ќе се седи или игра.

Аватарот и потписот. Во ред, Андромеда. Тоа укажува на фактот дека серијава си ја гледаш и не би знаела што друго да коментирам во врска со тоа. Нема да барам никакво значење во тоа, ќе се обидам да видам што крие сликата од друг аспект.
Тука можам да додадам дека сакаш да си играш со фотошоп алатки и морам да признам дека одлично ти оди. Креативен си и секогаш имаш време добра замисла да претставиш барем на едно малечко сличе или емот-икона. Аватарот си го направил сам, но си употребил силна сина боја која не оди толку лошо со црната силуета на девојката лево и дрвцето десно, а светлината се состои токму во ѕвездичките.
Сината боја е бојата на небото и морето, но често се толкува и како боја на стабилност и смиреност, доверба, лојалност, интелигенција, вистина.
На твоето небо на аватарот си ставил жолти ѕвездички, си ја разбил темнината и си ја одбрал вистинската боја, бојата на енергијата. Виситински ефект си постигнал со освежувањето.
Црната асоцира на моќ, елеганција и мистерија. Моќта можеби ја гледаш во дрвцето, елеганцијата во девојката, а мистеријата и во двата елементи.
Аватарот во целост ме асоцира на тебе.

Секогаш се впушташ во дискусија само ако си сигурен во себе и имаш аргументи со кои ќе го поткрепиш својот став. На „проблемот“ не му пристапуваш површно и колку да се каже, внесуваш доста енергија и достоинствено го браниш своето мислење. Пишуваш со мала доза на песимизам иако во живо не оставаш таков впечаток.

Е сега... Димитар првиот пат ми остави впечаток на тивок човек, но најважно - дружељубив. Па кај можеш да бидеш гласен при толку гласни личности колку што не` имаше на собиранката во Охрид?:icon_lol: Сака да се дружи и ужива додека е во друштво, без разлика дали ќе се вклучи во разговор или само ќе се смешка. Позитивна личност, а во тоа најдобро се уверив на последната собиранка.
Имам впечаток дека на пријателите знаеш да им дадеш добра поддршка, да им ја подигнеш храброста, да не скршиш атер. Сакаш да се зезаш, но умерено и со доза на сериозност, а најчесто скриено си фаќаш сеир.

Не сме имале можност за повеќе дружење, па ова што го пишав беше од она што сум те читала на форумов (секаде каде што пишуваш, но во Фудбал не читам) и што сум имала два пати на кратко можност да бидам во твоја близина.




Омг, следниот е Bada Bing!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Fortune

Форчн-ке, не претерувам и измислувам кога велам дека ти беше првата форумџика која ми се врежа во сеќавањето кога се зачленив тука. Твојот сензибилитет и стил на пишување итекако ми оставија впечаток, така да оттогаш редовно ти ги следам постовите, па сметам дека ќе можам да направам барем некоја "пристојна" анализа за тебе. Инаку, ќе ми извиниш што нема да ја пишувам анализата според аватар, постови и потпис(иако знам дека сакаш ред и прегледност:) ), туку ќе си дозволам да ја напишам онака поопшто(нормално, земајќи ги во предвид твоите постови пред се). Да не должам...
Првото нешто кое го поистоветувам со тебе е натпросечна интелегенција. Твојата способност за анализа, твојот вокабулар, твојата кретивност...сето тоа е дефинитивно одлика на некој што е обдарен со итекако завиден разум. Особено поради фактот што не си само способна за логични судови и анализи, туку и за естетска креција која најмногу се забележува во твоите прозни текстови, што е доказ дека многу успешно "жонглираш" со двете хемисфери на мозокот. А тоа не е често, и за жал, понекогаш прави да се чувствуваш несфатено и осамено меѓу мнозинството. А кога на тоа ќе се додаде и она дека поголемото сознание носи и поголема болка, убедена сум дека не си од оние кои само "поминуваат" низ животот и се задоволни со голата егзистенција, туку секогаш застануваш и се прашуваш Зошто? Како?...Од една страна тоа е квалитет и доблест но, од друга страна ги комплицира нештата, па често ти е тешко да пронајдеш задоволство во нештата кои другите ги перцепираат како убави, едноставни и дадени здраво-за-готово. Ова особено важи за емотивната страна на твоите лични односи. Сакајќи да ја дознаеш целокупната слика и смисол, си поставуваш премногу прашања кои понекогаш ти носат сомнеж, страв и несигурност и ја одземаат леснотијата. А во тебе дефинитивно тлее онаа мала Форчн која сака понекогаш да биде површна, лакомислена и да плови лесно низ нештата(не, не инсинуирам дека имаш раздвоена личност:icon_lol::icon_lol:). Таа твоја, условно речено, детска страна се препознава во твојот смисол за хумор и луцидност, кој ти претставува на некој начин вентил од притисокот на рациото.
Инаку, имаш одлична способност да се прилагодиш на ситуацијата и опкружението. Без проблем можеш да дискутираш за, на пример, филозофија на висок стил, за веќе следниот момент да правиш тривијални муабети во некоја кафана, и и во двете ситуации да изгледаш сосема природно. Оттаму си и толку пожелна како дрштво. А да не збориме за природниот шарм кој го поседуваш и кој ја има моќта да маѓепса. Не ласкам, навистина има во тебе нешто пријатно што силно привлекува. Ја поседуваш онаа мешавина на интелегенција, искуство, духовитост, разбирање и сочуство која те прави некој што радо би се имал за пријател или партнер. А сочуство и хуманост дефинитивно поседуваш. Во тој смисол ме потсеќаш на Дивајн и Серпико, кои заедно со тебе ги сметам за луѓе со неверојатна емпатија и разбирање на човековата природа. Истотака, не знам зошто, но убедена сум дека си доста добар и трпелив слушател, па твоите пријатели и блиски луѓе навистина наоѓаат утеха и засолниште во тебе. Не осудуваш лесно, не етикетираш, знаеш да се внесеш во туѓиот проблем. Сето тоа е за восхит, особено во денешно време кога тие нешта како да не се на цена.
Но колку и да си трпелива, имаш прилчно јасно зацртана граница до која некој може да оди. А кога ќе ја премине, тогаш знаеш да свртиш грб без да погледнеш назад. И нема да се занимаваш со ситни пакости и залудни одмазди, туку ќе игнорираш. Индиферентноста и студенилото кое тогаш го покажуваш знае да биде поголем прекор и од некоја злобна одмазда. А, инаку не си студен човек. Баш напротив. Само понекогаш ставаш маска на недопирливост. Единствено поради твојата несигурност. Иако таа не се забележува на форум, туку е некое мое субјективно чуство(затоа поправи ме ако грешам), сепак мислам дека си несигурна во себе(што и не е чудно кога ќе се земе твојата интелегенција во предвид...сите интелегентни луѓе се несигурни и самокритични). Баш таа несигурност те има лишено од многу нешта. Не се ни впушташ во нив, поради стравот од крајниот резултат, и неувереноста во твојата подобност. Мораш да се преиспиташ, да изанализираш, па додека да ја донесеш одлуката "возот поминал".
Затоа сметам дека треба поникогаш да се обидеш да ги правиш нештата на импулс. Поседуваш и премногу квалитети, така да нема што да загубиш. Всушност, може да се случи да изгубиш повеќе преку стоење од страна.
Меѓудругото, ти и уште две форумџики, барем за мене сте пример за вистински дами. Од тебе оддишува некоја елеганција, рафинираност, умереност. А сепак има и една поинаква "палава" страна. Токму како што е и твојата хороскопска комбинација, Рак-Стрелец(барем мислам дека некаде прочитав дека си тоа во знак и подзнак..Ако грешам, онда црвено у репутација за анализава:toe::icon_lol::icon_lol:)
Да резимирам...Натпросечно интелегентна, шармантна, сочуствитела и силна индивидуа. Со уште малку самодоверба и одлучност сите врати ќе ти бидат отворени, затоа што навистина ги имаш предусловите.
И за крај:[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]The happiness of life is made up of minute fractions—the little soon-forgotten charities of a kiss, a smile, a kind look, a heartfelt compliment in the disguise of a playful raillery, and the countless other infinitesimals of pleasurable thought and genial feeling.
:smir::back:
[/FONT]
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не сакам да реплицирам на анализи, ама ќе направам исклучок. Воодушевена сум, искрено.
Сакајќи да ја дознаеш целокупната слика и смисол, си поставуваш премногу прашања кои понекогаш ти носат сомнеж, страв и несигурност и ја одземаат леснотијата.
Во право си за поставувањето на прашањата и анализите. Знам дека тоа ми попречува да ја видам леснотијата на нештата. Можеби си во право за несигурноста, но веднаш сигурна се чувствувам кога убаво ќе изанализирам. Имам трпение:)
ada напиша:
Токму како што е и твојата хороскопска комбинација, Рак-Стрелец(барем мислам дека некаде прочитав дека си тоа во знак и подзнак..Ако грешам, онда црвено у репутација за анализава:toe::icon_lol::icon_lol:)
Ма за две згрешени букви нема да добиеш црвено, што ти е?:pos: Не сум Рак-Стрелец, Бик-Стрелец сум:)

Ти благодарам што одвои време и што ми долови некои мои негативни страни толку убаво испреплетени меѓу добрите. Одлично го направи тоа и повеќе не знам што да кажам...
:smir:

Да не заборавам и на другите кои ме анализираа да им се заблагодарам:kiss3:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Fortune

За прв пат кога дојдов на форумот, првата приватна порака ја добив од тебе, тогаш постовите ги пишував со розеви букви и постојано ми ги едитираше, па ми напомна да пишувам нормално, со црни. Тоа открива колку си внимателна, перфекционист кој сака сè да биде убаво подредено, да делува естетски. Никогаш во твој пост немам сретнато правописна грешка, внимаваш на јазикот и го почитуваш како што би требало секој Македонец да го прави тоа.

Постовите речиси секогаш се долги, содржајни и поткрепени со факти. Значи не сакаш да останеш неразбрана или погрешно сфатена. Иако се долги секогаш ги читам со задоволство. Знаеш да ме насмееш, да ме натераш да размислам па дури и да сменам мислење околу нешто.
Делуваш како стабилна и изградена личност, искусна иако млада девојка која проживеала многу во животот и знае да се носи со тоа бидејќи извлекла многу поуки од таквите настани. Горда си на себеси за она што го имаш постигнато и веруваш во себе дури и кога знаеш дека некогаш можеби и нема цел тоа што се обидуваш да го направиш. Уште еден Сизиф кој упорно го турка каменот, со надеж дека следниот пат ќе успее. :)

Смела си, храбра и вистинска дама. Шармот се истакнува дури и во постовите, покрај аватарите и потписите ( овие што се моментално нема да ги коментирам, зашто сите ја знаеме судбината на нашиот ангел ) секогаш биле нежни девојки од чии очи зрачи ведрина и искреност, достоинство, но и таинственост. Не сакаш јавно да откриваш нешто што го сметаш премногу лично.

Потписите најчесто биле линкови до правилата на форумот, како да се пишува кирилица и слично, што пак открива колку се грижиш за сè да биде во најдобар ред, или биле цвеќиња со кои можеби сакаш да истакнеш колку романтична душа всушност се крие во тебе, го чувствуваш мирисот на љубовта околу тебе, знаеш да пружиш и затоа добиваш.

Другарството ти е света работа, таму се внесуваш безрезервно, се посветуваш на личностите што ти значат. Делиш совети, тагуваш за нивната несреќа или се радуваш на нивните успеси. Лицемерието и зависта ти се големи непријатели.

За пишаниот збор немам друг коментар освен тоа дека едноставно восхитуваат тие сликовито, умешно раскажани текстови. Го пронајдов својот идол за пишување на форумов. :)

И што и да кажам друго пак ќе биде малку за комплетно да ја опишам личноста. Само продолжи како што си тргнала и нема да постои човек кој нема да се восхитува на твоите успеси.



P.S. Можеби сето ова на некого ќе му изгледа како фалење или хиперболизирање, но јас навистина мислам така како што напишав.
 
Член од
17 август 2005
Мислења
1.410
Поени од реакции
23
Fortune

Кога би требала да ја ставам Форчн во улога во некој филм, тогаш дефинитивно би ја ставила во главна улога на судија во некоја серија од типот на Judgin Amy, ми делува на девојка која е стабилна, и цврсто стои на земја, многу позрело од останатите девојки на нејзини години. Кога се во прашање другите таа го има најправилниот и најрационалнот совет во секое време, дури и по цена да те искритикува ( а тоа го прави со најдобра намера) сепак тоа што ќе го каже е баш она ненашминкано нешто што ти треба да го чуеш.
Спаѓа во оној мал број на жени како мене, кои можам да ги наречам алфа женки, бестрашни и храбри али тоа коа станува прашање за другите. Сепак позади таа крута и цврста маска, нешто ми кажува дека се крие ранливо мало девојче кое сака и сака да биде сакано,и кое не е толку сигрно во себе како што им се представува на другите. Голем романтичар е во душа и ја овеколичува љубовта во најголеми граници.
На среќа, јас ја имав можноста да ја запознаам, и за разлика од многу од луѓето таа во живо е иста како и на форумов и на мсн, откачено човече со голема смисла за хумор и забава. Она е една од оние девојки кои се совршени најдобри другарки, трпелива е -ќе те ислуша, но кога ќе дојде време да те посоветува и да ти даде свое мислење она ќе го направи тоа со тоа што нема да ти ги ублажи и нашминка работите туку ќе ти ја каже ситуацијата реално дури и по цена да те искритикува а тоа е одлика на вистински пријател и човек кој навистина сака да ти помогне.
Нешто што многу ме импресионира од нејзина страна се текстовите што ги пишува, кога и да читам нејзин расказ се осеќам како да глеам филмче, вокабуларот и е на мнооогу високо ниво како и фантазијата и талетнот за пишување и затоа истите раскази имаат живост и боја во нив.Истото важи и за постовите, без разлика дали се со политичка,филозофска или општа животна основа, многу јасно и прецизно го искажува нејзиното мислење и став на што неретко и завидувам. Интелегентна е и зрела, нејзините мислења никогаш не се сувопарни и секогаш имаат добра основа позади нив, што значи дека е информирана и начитана личност, од друга страна е весела и игрива, знае да се нашали на туѓа како и на сопствена сметка.
Се гледа дека мноогу ги сака луѓето, се радува на туѓата среќа и сочуствува на туѓата тага, сепак незнам зошто ама мислам дека има аверзија према негативни луѓе кои се самосожалуваат и неретко знае да ги искритикува и да им го плесне тоа у нос. Додека од друга страна кога некој е во тешка ситуација, она е таа која најдобро знае да те заштити и посоветува.
Една од оние луѓе во кои имаш безусловна доверба,и кои сакаш да ги видиш барем двапати во денот, да споделиш искуства или да пиеш кафе и да се смееш,али и покрај кој се осеќаш сигурно и заштитено...

...
толку од мене во 11 часот наутро...ако нешо иам утнато,не кажувај, иам PMSлошо ќе го прифатам:pos: се шалам...се надевам дека барем нешто погодив :pipi:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Bada Bing!

Со извичникот не ти се дерам, што да ти правам кога ти е дел од јузерот.

Аватари, потписи, јузери и такви чуда нема да ти анализирам. Ќе се обидам директно да опишам како те доживувам според мислењата на форумов и од она што малку те знам надвор од него.

Бада Бинг. Абе тешко било да почнеш...

:write:
Колку и да ми отвораше работа и несакајќи ме тераше да ја употребувам алатката за бришење мислења на форумов, никогаш не сум чувствувала некој гнев или одбивност кон човеков, токму затоа што умее во својата директност одлично да го испреплети хуморот некаде меѓу редови. Токму поради тој автентичен начин на отворено изразување можеби многу му замериле, му се налутиле или не го разбрале. Можеби и тоа му е целта, така да провери кој има капацитет да го сфати вистинскиот мотив за пораката која ја упатил. Или, пак, само сакал да си поигра со нечии моменти.
Оние кои не го познаваат го сфаќаат или премногу сериозно или сосема несериозно. Затоа можеби ретко кој може да му реплицира.
Наоѓа задоволство во подбуцнувањето, особено кога сака да исмее нечие мислење или постапка. Знаеш она што за тебе е вистина да го претставиш премногу студено, без никакви емоции, целосно исклучена чувствителност и како што другите би рекле - со цинизам како главно оружје.

Бада поседува способност на интересен начин да ја прикаже својата оригиналност и секој кој ќе се појави со сличен стил на пишување веднаш ми е само како негова копија. Ретко кој со Бада-начин на изразување останува интересен долго време, токму затоа што некако делуваат извештачено, сосила постојано разочарани од цел свет и строго настроени кон некоја исфорсирана замисла за песимистичко прикажување на сурова реалност. Арно ама, Бада сепак прикажува блага и речиси незабележлива доза на оптимизам и можеби верува во волја за промена. Бада, ти си уникат и по тој повод ти издавам патент. Скриј го некаде, има плагијатори.

Генерално, трагикомичноста на животот, на луѓето и на светот, позната на сите, Бада не претпочита со некој розев плашт да ја сокрие како повеќето. Тој сака да ја исмејува и неуморен е во тоа. Но, тој знае и да ја исфрли иронијата и да напише сосема нормален пост, т.е. мислење кое не е како повеќето негови мислења. Во такви моменти сум запрепастена и не можам да го скријам воодушевувањето од одлично склопената мисла и одбраните зборови.
Без разлика дали ќе напише песна со една или пет строфи, прозен текст со петстотини или педесет реченици, пост со три или триесет реченици, тој одлично ја доловува целта и поентата на напишаното без извештаченост, помпезност.

Човек кој побрзо би се трудел да креира нешто што до сега не постоело, отколку да се вклучи во масата која прифаќа нешто веќе однапред прифатено. Без наметнување го покажува својот борбен дух, верувајќи во нови идеи и нови начини за изнајдување сила за креативност.
Бада тука се штити од другите со својот сарказам, а во живо со молчењето и ладниот израз на лицето. Тој е од оние луѓе кои тешко се отвораат пред други, внимава на тоа да ги зачува чувствата скриени и не се опушта во сечие друштво. Претпазлив е знаејќи за злобата во другите, недоверлив, не гледа никаква полза од тоа да зборува отворено за себеси и своите емоции, верува дека секој тоа би го искористил во своја корист.

Но, ако ви даде можност да му се доближите, не може да не ја почувствувате позитивната енергија која на чуден и интересен начин ја шири. Без разлика дали ќе видите блага насмевка со сериозен поглед, некоја гримаса или онака од нигде-никаде ќе почне да се гушка со вас додека гушкате некој друг.
Знае да се израдува на ситници (шмиз смајлиња), знае да биде и тажен (ако му речеш дека немаш нови смајлиња):icon_lol:
Не знам за другите, ама мене многу ме смее и ми е еден од најинтересните личности на форумов:kiss3:

За крај. Бада е човек. Со интелигенција на завидно ниво. И има чувства.


п.с. Бада, не наведов што е позитивно, а што негативно. Како што ти одговара, така распореди си:icon_lol:


Следна е `Ангелче`:vozbud:
 
С

Сатори

Гостин
Доти4ната

Мила бидејќи ти подарив потполно лаконска анализа претходниот пат, во ред би било само ако ти направам уште една, овој пат ти ветувам ќе се потрудам малку повеќе од обично:

Ти претставуваш некој вид на совршена комбинација помеѓу млада жена која точно си ги одредила границите во животот, си ја обоила боенката без да излегува од линиите и една сеуште недорасната девојка заробена помеѓу 2 простора, неодлучна за кој да го избере.
Рамнотежата кон сама себе и кон другите се обидуваш да ја преточиш во некој вид на друштвен идеал во кој само сама себе би се пронашла и би продолжила да се пронаоѓаш одново секој ден, спротивности кои те прават на момент на ранлива, на момент непобедлива.
Си замислуваш одредена ролја во друштвото и ја играш, ја глумиш, ја прилагодуваш се зависи од тоа што ќе ти донесе повеќе поени кога ќе треба да излезеш на „големото платно“.
Имаш потреба од социјализирање, од голем број на контакти и од реалноста, колку и да звучи чудно, за тебе ситуациите се некој вид на духовна храна, но елитист си, прибирлива, контрадикторно си поставуваш некои стандарди кои или луѓето не можат да ги достигнат или пак ги немаат.
Негативното кај тебе е што ја маскираш припадноста зад одредени цели, поими, нијанси, градација на општеството или пак во карактерите на луѓето околу тебе.
Но сепак, колку и да се тие нијанси црни ти остануваш на својот идеал, твое си било решението, ти ќе си ги трпиш последиците ... но само во случај сама да си одлучила.
Длабок естетичар си, не е битно дали е едноставно или комплицирано, битно е да биде во склад, битно е да има душа, есенција.
Имаш и развиено чувство за правда, скоро да си некој вид на писмејкер помеѓу луѓето баш поради тоа изострено мерило на етика кое чучи во тебе!
Конструктивна си, креативна, интуитивна (понекогаш премногу) и прекрасно пишуваш, нешто што кај мене не ти носи само поенти, туку восхит.
Шармантна млада дама си, кога сакаш да бидеш, но често и несфатена, емотивна.
Сеуште не си дојдена до точката да бидеш сигурна во себе и во својот авторитет, но ќе бидеш наскоро.

Ми беше задоволство!:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom