Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Димитар напиша:
Bada морам да те цитирам... едноставно морам, двапати :)
Па глуп јас.
Го гледав Рест Стоп после. Наф сед. Ја зема одма титулата. :helou:
 
F

FrAnKEnsTEiN

Гостин
Викторгг напиша:
Френки е фраерот кој се опамети. Проба да прави кариера на кајгана. Набрзина ја направи, ќари пола од девојките на форум и сега доаѓа само за да си ја задоволи желбата која ја има секој дриминалец, да го посети местото на злосторството. Со најлуда галерија на слики јасно е дека нема никаков проблем околу барање девојки што е позитивна работа. Од времето кога беше опседнат со репутација му стои потписот под никот ветеран со Тапија, за сите да знаат за неговиот стаж и со тоа повеќе да го ценат и да добие повеќе зелени. Реченицата Гад ис бизи кен ај хелп ју, јасно кажува дека Френки ја продал својата душа и сега работи за негативците. Страшното е што доколку имате проблем, Френки навистина може да го реши. Не можеш да фатиш дечко? тука е Френки. Девојката те откачи? ќе те теши и испрати до дома, а потоа кај девојка ти. Не можеш да ја откачиш девојка ти? Тука е Френки да ја ќари и да ја откачи за тебе. Немаш пари, ти треба заем до први? Нема проблем, God is available again... а Френки ќе го смени потписот...
п.с. Фудбал со него, Бати и Псај, непобедљиви сме :)

Да си е*еш векот ме пресмеа:pos2:!Ѕвер си!:zver:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ај и ја малце да се фрлам на анализите. Жал ми е ако ги разочарам оние што ми побарале анализа, а нема да добијат, ама имам проблем со анализирање на личности кои не ги познавам лично, или барем од муабети на мсн. Едноставно не можам да оформам мислење за некој само според аватари и постови на форум. И да го оформам ќе згрешам. Затоа сакам да изанализирам некои од луѓето што ги познавам, и тие што побарале и тие што не побарале. :) (Анализиве немаат врска со аватарите и потписите на членовите)

Бада Бинг!.
Виктор, секој збор до еден од твојата анализа за Бада ти е тотално неточен. Според тоа дојдов до заклучок дека не го познаваш лично, или ако го познаваш, многу погрешно си го проценил. Бада е за мене најголемата никогаш неодгатната мистерија што колку и да се трудев да ја пробијам, никогаш не успеав. Бада е факинг Бермудски Триаголник, човече. :) Не се осмелувајте да го пробиете, вешто ќе ве сопре во намерата. Му се восхитувам на таа способност. Се што вие мислите дека е, баш тоа не е.:) Сарказмот и иронијата се неговото оружје, со кое се брани од човековата глупост, која според него, е во неизмерни количини. Има незгодна смисла за хумор на која со тек на време се навикнав. :) Надвор од форумов, во ”приватен живот„ е се спротивно од она што на форумот го презентира. Ако овде е саркастик без влакна на јазикот, секогаш спремен да затне некој помалку паметен од него, од другата страна на мониторот е една фина, љубезна, интересна појава, што нема да ви се верува дека е срамежлив! Онака, симпатично срамежлив. :)Не зборува многу, не е баш talkative, ама секоја редок збор што ќе излезе од неговата уста си е коректен и на место. Значи мудро молчи, а зборува само кога има нешто да каже. :) Тоа ”незборување„ го надоместува со плукање по се живо и диво на сајбер-медуимите, како форуми, мсн разговори, блогови и слично. За една работа Виктор беше во право: веројатно е поинтелигентен од 98% од неговите врсници. Работам на случајот да продрам во неговата занимлива внатрешност, иако Бада сеуште цврсто се држи. :)

Тореадор. Една работа што ја заклучив за него. Страшно добар теоретичар, ама за жал, слаб практичар. Праксата и не му е баш најјака страна. Човек што има насобрано мудрост, знаења и искуства од најразлични книги, писанија, случки, настани (туѓи), ама ништо од тоа од свое животно искуство. Во секој случај, пријатна личност за разговор, затоа што со него можеш да зборуваш за разноразни теми, од наука, преку животна филозофија до најновата мода од последниот број на Космополитен. :) И сепак, се што ќе ти каже, некаде го прочитал, а со истото не би знаел да се снајде во пракса. Друга работа- сака да експериментира. :) Како и секој студент од провинција, сака да искуси што е можно повеќе нови нешта за кои читал во книгите,а сепак, пак ќе кажам, не сум сигурна колку знае да се снајде со истите. :) Трета работа, трачар невиден :pos: Лути се ако сакаш, тоа е тоа. :) Со него можеш да седнеш и да ги ”пројдеш„ сите луѓе што ги знаеш, сосе нивните маки, радости, афери исл. :) Пати од ”ако може он, зошто да не можам и јас„ синдром. Еднаш му имам речено дека не знае да се радува на туѓа среќа. Торчо, аман, премини веќе еднаш преку она ”да му умре козата на комшијата„ човече :pos: Остар моден критичар, инаку, ако не сте знаеле. Толку имам да кажам засега...

Франкештајн. Френки е лудило. Човече, има ли барем една работа во животот што екшли ја сфаќаш сериозно? :pos: А да, знам, има. Од кога се заљуби во една мистериозна девојка со многу слатки очиња, стана нов човек.:) Како и повеќето мажи кога ќе се вљубат, за жена е спремен живот да даде. :) Спремен е да се откаже од дудлање, од несериозност, од покеришање со другарите у (оноа бе, како се викаше, кај што дремеше едно време :pos: ). Така и треба, мило. :wink: Инаку секогаш расположен за добра смеа и заебанција, дури и по цена да треба да си го изложи голото тело со ”parental advisory” знакче во пределот на меѓуножјето :pos: Виктор убаво го опиша, да не се повторувам. Само да додадам дека, и покрај тоа што е секогаш расположен за шала, знае и да биде сериозен кога е потребно. Толку.

Серпико. Се појави од никаде, пиша два-три километарски постови, и ги освои срцата на сите редовни форумџии :) Човек што, нема да зажалиш ако потрошиш некоја драгоцена минута (повеќе минути :pos: ) за да му го прочиташ секој пост од почеток до крај. Човекот едноставно има што да каже, и наоѓа најуникатни начини да го каже истото. Секоја чест. Не го познавам добро, па од тоа што сум успеала да го забележам е дефинитвно фактот што е најверојатно најдобриот денсер на форумов и пошироко :) Тоа чувство за ритам, нешто невероватно. Ем глас ко на Тоше. Си ја утнал струката ти човече, што бараш на архитектура. :) Има добро познавање во женската психологија, и во психологијата на човекот, воопшто. Дали од животни искуства, дали од книги као Торчо, не би знаела да кажам. :) Пријатна и харизматична личност, немам лоши зборови. Не го познавам доволно за да му ги кажам мааните :pos: Форумџија на место, во секој случај.

Маседониан. Што да се каже за Коки наш. :pos: Ќе бидам кратка. Она што највеќе ми паѓа во очи кај него е дека човекот е опседнат со берзи, продажби, акции, економии некои си... За негова возраст, дури претерано. :) Претпоставувам дека (ова е само мој заклучок) најверојатно има некакво влијание од страна на неговите, притисок да не речам, против кој не пружа отпор. А може и едноставно му се допаѓа тоа на човекот. :) Сепак мислам дека влијанието на родителите има некаква врска. Коки е инаку кладилници-адикт, и не е свесен колку пари остава по тие проклети локали :pos: Добро познато е дека е аристократ од највисок вид, иако еден од ретките од аристократската класа, кој целосно ги поддржува па дури и ги потпомага (финансиски, и на други начини) следбениците на синдикалската идеологија, кои инаку се негови ривали. :pos: Сеирџија тежок, инаку. Едвај чека да најде некој да му пуцне некој сеир :pos: Вечно разочаран во љубовта, редовно се жали како немал среќа на тоа поле, а вистината е дека всушност не се ни потрудил. Коки, душо, надежта последна умира. :)

Мрно. Истотака следбеник на аристократското движење, отсек: дудлачи. Мрно е најголемиот дудлач ширум републикава. Не за џабе го краси епитетот ”дудл мастер„. Ова не е на шала кажано, човекот сериозно е дудлач. И тоа од оние префинети заводници со манири, што знаат како да направат една жена да се чувствува како кралица. :) Кога го запознав, ќе паднев у несвест кога ми кажа дека има само 17 години. По однесувањето изгледа за многу постар и позрел. Го оправдува сфаќањето на спонзорушите, како и нивното дејствување. Во однос на љубовно поле, не го држи многу место, но спаѓа во таа класа луѓе кои откако ќе се заљубат се уозбилуваат, и сите претходни (дудлачки) дејствија ги тргаат на страна за да можат да се посветат само на главниот ”објект„. Инаку фино воспитан, културен младич, можам да кажам. :) Отворен за разговор на разноразни теми во секое време ( за дамите ова важи, секако :pos: ) Има високо мислење за себе, што не значи дека се преценува, и има силна самодоверба, што знае да отиде до таму да прерасне во самобендисаност. :) Ама и тоа е океј, кога си има граници нели.
Се измачив значи. Хух.
Се надевам бар едно фала ќе добијам fala:
 

Dragana <><

Daydreamer
Член од
18 јуни 2006
Мислења
1.130
Поени од реакции
8
Може ли и јас да добијам анализа од било кој:helou:
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
и за мене (да,знам дека сум досаден) ама едно ДОЛГОООООООО!!!!
и без многу зафрканции
ај бе!
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
Ivke 95% od toa sto go kaza e tocno,ne se soglasuvam so tebe i viktor okolu toa deka se cenam premngu i sum samobendisan....jas sum daleku od toa
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
сакам анализа од озбилни личности...да биде искрена и сакам најважно од Ива
 

Kajgana Shop

На врв Bottom