Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
Стојам на располагање,ако сака некој да ми направи една анализа!Да видиме што чудо ќе испадне хахахаха
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Вампирката,а?Интересно девојче си ти.Ладниот поглед на девојката од твојот аватар упатува дека можеби си затворена,изолирана,едноставно не сакаш да се отвориш пред други.Зошто-не би можела да кажам.
Лицето на девојката,во целина е индиферентно-ни тажно,ни среќно.Како да ти вели-Пробај да ме разоткриеш.Фак ју,нема да успееш,ни ти ни никој друг.
Повеќето потписи што ги ставаш (и на форум,и на мсн,без разлика) се прилично песимистички.Преовладува идејата за (долгото) чекање на нешто,некоја личност,некое чувство.
Финтата е што ми оставаш впечаток дека воопшто не се ни обидуваш да го промениш тоа чекање.Како да ти се допаднала улогата на повредената жртва,и сакаш сите да го знаат тоа.
Не би рекла дека тоа е со цел да предизвикаш некакво „сочуство”,туку е дел од мрачната страна на твојот карактер.А факт е дека сите понекогаш имаме такви моменти.
За разлика од твојот имиџ на форумот,во живо си сосема друга.Да не те знаев,ќе помислев дека си меланхолична и разочарана од скоро се (според постовите),но мило ми е што не е така.
Имаш неверојатно позитивна енергија,која не ја споделуваш со сите.Само ретки личности ја имаат таа привилегија.

Се надевам дека барем дел погодив.Сепак,прв обид ми е.:)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Сакам една анализа од Лејди Сатори
 
С

Сатори

Гостин
Fantom_oh напиша:
Сакам една анализа од Лејди Сатори
Зошто јас ги кажувам само убавите работи :smir: , се зезам, утре, кога ќе си дојдам од школо.
 

Вампирката

Well, I tried to say there's nothing wrong with me
Член од
20 мај 2006
Мислења
3.819
Поени од реакции
95
Скулгрл напиша:
Вампирката,а?Интересно девојче си ти.Ладниот поглед на девојката од твојот аватар упатува дека можеби си затворена,изолирана,едноставно не сакаш да се отвориш пред други.Зошто-не би можела да кажам.
Лицето на девојката,во целина е индиферентно-ни тажно,ни среќно.Како да ти вели-Пробај да ме разоткриеш.Фак ју,нема да успееш,ни ти ни никој друг.
Повеќето потписи што ги ставаш (и на форум,и на мсн,без разлика) се прилично песимистички.Преовладува идејата за (долгото) чекање на нешто,некоја личност,некое чувство.
Финтата е што ми оставаш впечаток дека воопшто не се ни обидуваш да го промениш тоа чекање.Како да ти се допаднала улогата на повредената жртва,и сакаш сите да го знаат тоа.
Не би рекла дека тоа е со цел да предизвикаш некакво „сочуство”,туку е дел од мрачната страна на твојот карактер.А факт е дека сите понекогаш имаме такви моменти.
За разлика од твојот имиџ на форумот,во живо си сосема друга.Да не те знаев,ќе помислев дека си меланхолична и разочарана од скоро се (според постовите),но мило ми е што не е така.
Имаш неверојатно позитивна енергија,која не ја споделуваш со сите.Само ретки личности ја имаат таа привилегија.

Се надевам дека барем дел погодив.Сепак,прв обид ми е.:)
леле мило се ми погоди...ме знаеш точно али немам зборови еј....те ловкам:smir:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Лисицата на твојот аватар симболизира итрина,лукавост,снаодливост.Веројатно така ти се снаоѓаш низ разните ситуации во животот.На аватарот,таа е на штрек,подготвена за било каква опасност.Можеби ти се доживуваш вака?Мислиш дека си подготвен за секаков предизвик?
Потпис немаш,значи нема што да се анализира во овој случај.:)
Е сега да ти кажам каков впечаток си ми оставил според постовите.
Во голем дел од нив,се изразуваш конфузно,ретко кој може да те сфати.Се заплеткуваш во сопствените зборови,но цврсто стоиш на сопствениот став за некои работи.Единствената замерка е што можеби можеш и со помалку зборови да го кажеш она што го објаснуваш нашироко.Оваа „нејасност” ја надополнуваш со неверојатно отворен карактер,и лесно комуницираш во живо.По природа си дружељубив,тоа лесно се приметува.Секогаш пробуваш да помогнеш каде што можеш.Само не знам дали тоа се одразува на тебе-да ги ставаш потребите на другите пред твоите.
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Баш сакам да дознаам како ме гледаат луѓето што се имаат запознаено со мене, и оние што ме знаат само преку постови на форум.. вметнете ме во нечија листа, да се посмееме малце.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Димитар...Ранду на твојот аватар симболизира мажественост,страст и авторитет.Погледот едноставно влева стравопочит,но и воедно е ладен,прекорлив и мистичен.Ај сега озбилно.:)pos:)
Искрено,впечаток ми остави твојот претходен аватар,кој прилично долго ти стоеше.Највпечатлив дел од него ми беше белото лице на човекот,што ми делуваше како маска.И поради фактот што беше аниме,го доживував како твоја „проекција” во фиктивен лик.Имаше многу контрасти-што ме наведува на фактот дека сакаш екстремности.Не секогаш,но понекогаш е подобро да избереш некоја крајност,отколку златната средина.
Потписот.Ремет во сериозна форма.Интересно е како строгата форма на дефиницијата,си ја претставил во смешна варијанта.Веројатно сакаш ремет,но скриен,невоочлив за обичното,просто смртното око.:)
Од постовите можам да заклучам дека прилично си одговорен тип на човек,и имаш добра проценка на ситуациите.Зошто мислам така?Знаеш во кои моменти да анализираш некој проблем,со максимална посветеност и точност,и во тоа си многу успешен,а во кои моменти едноставно да се опуштиш и да пишеш нешто за ремет.Лично мене,ми се допаѓа тој спој,таа дуалност на твоите постови.
Замерки не можам да ти најдам.Барем не од впечатокот кој на мене си ми го оставил.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Гего,ти си најпозитивната и најсмешната (немој да ме сфатиш погрешно,смешен во смисол расположен за шеги) личност на форумов.Дури и кога влегуваш во конфликт со некој знаеш да ја свртиш целата ситуација на шала.Веројатно си таков и во реалниот живот.:)
Имам впечаток дека никој не може да ти остане лут,затоа што секогаш наоѓаш примирје на најоригинален можен начин.
Аватар.Среќна мала овчичка како си рипка преку огради.До бескрај.Можеби ти токму така поминуваш низ препреките во твојот живот.Со леснотија.
Единствено ме загрижува фактот што овцата не е бела,туку сива.:)))Значи,сепак не е се така бело и совршено.Ама јебига,тоа е реалноста.
Потпис моментално немаш,но ако не се лажам,претходниот ти беше во стил *Нејќам потпис*.Е тоа да го замолиш Фројд да го анализира,надвор од моите способности е.:)
Постовите.Ретко кога среќавам сериозен пост напишан од тебе,веројатно не си таква личност што ќе „тумачи” пола саат што да измудрува.Тоа малку ме наведува на фактот дека си и малку површен во размислувањата,но не во сите.
Веројатно сакаш многу да се смееш,и да бидеш главен „заебант” во друштвото.
 
С

Сатори

Гостин
Јас сакам, ако може една анализа на мојот сегашен аватар, се заљубив во него :back:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Скулгрл напиша:
Димитар...Ранду на твојот аватар симболизира мажественост,страст и авторитет.Погледот едноставно влева стравопочит,но и воедно е ладен,прекорлив и мистичен.Ај сега озбилно.:)pos:)
Искрено,впечаток ми остави твојот претходен аватар,кој прилично долго ти стоеше.Највпечатлив дел од него ми беше белото лице на човекот,што ми делуваше како маска.И поради фактот што беше аниме,го доживував како твоја „проекција” во фиктивен лик.Имаше многу контрасти-што ме наведува на фактот дека сакаш екстремности.Не секогаш,но понекогаш е подобро да избереш некоја крајност,отколку златната средина.
Потписот.Ремет во сериозна форма.Интересно е како строгата форма на дефиницијата,си ја претставил во смешна варијанта.Веројатно сакаш ремет,но скриен,невоочлив за обичното,просто смртното око.:)
Од постовите можам да заклучам дека прилично си одговорен тип на човек,и имаш добра проценка на ситуациите.Зошто мислам така?Знаеш во кои моменти да анализираш некој проблем,со максимална посветеност и точност,и во тоа си многу успешен,а во кои моменти едноставно да се опуштиш и да пишеш нешто за ремет.Лично мене,ми се допаѓа тој спој,таа дуалност на твоите постови.
Замерки не можам да ти најдам.Барем не од впечатокот кој на мене си ми го оставил.
Па, после сакав Бада и Виктор да ме анализира,... пссссс.... тешко мене...

Скул... Thanks! Ќе си го вратам аватарот, изгледа:)

П.С. Кога ќе ме пушти Касандроманијата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom