Протест против законските измени за плаќање придонеси за хонорарите

  • Креатор на темата Креатор на темата ZeenaK9
  • Време на започнување Време на започнување
Златен мој, ти ја споредуваш Македонија со Америка- што повеќе да зборам и да се објаснувам со тебе?
Иди слушај Шител, барем на истомисленици ќе налеташ и се розево ќе ви биде.
И секогаш круцијалниот аргумент е се споредуваш со Америка со не знам кој. Човекот убаво те праша како е во Америка јас му одговорив. Иначе Америка не била од секогаш најсилна земја на светот дури имало и страшни кризи но таа е земјата од која птекнува изреката мора да направш само две работи во животот - да платиш данок и да умреш. Така се прави држава а се додека размислуваат луѓето како тебе да зграбат што повеќе можат па и уште и да се бунат за тоа нигде нема да мрднеме. Тоа е мое мислење. 99% од луѓето во Македонија да може и 5 денари да скријат ќе скријат и тоа секогаш било така не ги обвинувам (таков е менталитетот) ама еднаш мора да се договориме дали правиме држава или се заебаваме. Еве ти сакаш да се заебаваш ама имаш и план за бегство. Јас немам. Останувам тука до крај пошто мојата и иднината на моите деца ја гледам овде. Не бегам нигде туку се соочувам со реалноста. Поздрав.
 
И секогаш круцијалниот аргумент е се споредуваш со Америка со не знам кој. Човекот убаво те праша како е во Америка јас му одговорив.
И пак нешто не си разбрал. Праша за во Европа....
Круцијалниот аргумент, што го спомена, пак ќе кажам лежи во капацитетите. Или ги имаш или ги немаш.
 
И пак нешто не си разбрал. Праша за во Европа....
Круцијалниот аргумент, што го спомена, пак ќе кажам лежи во капацитетите. Или ги имаш или ги немаш.
е ме заеба сега навистина. Сега да копам на гугл за Англија или не знам еве ти избери земја претпоставувам дека ти би го одбрала Косово?
 
Вработените во Македонија би си отсекле лев тестис за да имаат таква работа како твојата и ти пак ќе плаќаш помалку и пак не ти чини.

Ништо не ги спречува веќе вработените да работат нешто плус. Немаат време за тоа, бидејќи редовната работа им ја вади душата за get-by плата.

Кај нас законски ова не е решено. Ти реков извади ми го делот од предлог законот кој се однесува на селф емплојд фриленсерс што работат со странство

Тоа е зошто ретардиранава влада си игра еци-пеци-пец во однос на тоа кои закони ќе ги воведат од странство а кои ќе ги остават на страна. За одредена реформа треба да има претходно плодна почва за тоа, веќе изградена платформа. Кај нас основи уште не се решени, не, скокнале на последните неколку букви од законската азбука на мени која ја разгледуваат и тоа ќе се применува. Сигурен сум дека и за тоа имаш изговор нели? За тоа како процедурално cherry-pick се прави на законите кои треба да се усвојат?

99% од луѓето во Македонија да може и 5 денари да скријат ќе скријат и тоа секогаш било така не ги обвинувам (немаме економија и луѓе плачат за леб).

Те корегирав горе.

Зошто е срамота? Тоа е концептот на солидарност што го дискутиравме.

Солидарност со сила? Excuse me?
 
И секогаш круцијалниот аргумент е се споредуваш со Америка со не знам кој. Човекот убаво те праша како е во Америка јас му одговорив. Иначе Америка не била од секогаш најсилна земја на светот дури имало и страшни кризи но таа е земјата од која птекнува изреката мора да направш само две работи во животот - да платиш данок и да умреш. Така се прави држава а се додека размислуваат луѓето како тебе да зграбат што повеќе можат па и уште и да се бунат за тоа нигде нема да мрднеме. Тоа е мое мислење. 99% од луѓето во Македонија да може и 5 денари да скријат ќе скријат и тоа секогаш било така не ги обвинувам (таков е менталитетот) ама еднаш мора да се договориме дали правиме држава или се заебаваме. Еве ти сакаш да се заебаваш ама имаш и план за бегство. Јас немам. Останувам тука до крај пошто мојата и иднината на моите деца ја гледам овде. Не бегам нигде туку се соочувам со реалноста. Поздрав.

Абе ок е да се пуни буџетот. Али на што го трошат? На глупости, споменици партиски реклами и купување медиуми. Меѓу другото. У реду е да има ваков закон али у оваа форма е тежок дебилизам, како прво нека направат уместо по најниска плата да биде по просечна плата и ако веќе плаќаш давачки преку друга работа дебилно е да ги плаќаш пак за хонорарна работа особено ако не е голем хонорарот.
 
Знаете како,за се може да најдеш оправдување ако сакаш,за секоја работа може да дискутираш од милион аспекти,ама во случајов,кога и на мало дете му е јасно дека ова се прави само за да се земат повеќе пари,тоа е сосема непотребно.Така да,тука нема повеќе аспекти,има само еден,и има само едно прашање на кое секој треба да си даде одговор:

Дали мислите дека државата/власта/партијата/фамилијата,кој како милуе,треба да зема повеќе пари од граѓаните или не?

Ако мислите дека треба,ОК,ваше право,само имајте на ум дека,иако буџетот секоја година се зголемува,секоја година се повеќе и повеќе пари сакаат/им фалат.

Ако мислите дека не треба,тогаш треба да излезете и да протестирате,пошто ако ова глатко им помине,за брзо време на ред ќе дојде нешто друго.

Ако се побуневме за некоја од давачките кои претходно ги воведоа или за астрономските казни,можеби на хонорарците немаше да им дојде редот.Ако не се побуните за нив ќе ви дојде редот и вас,и тоа побрзо одколку што мислите.А после ебавање нема каење,еднаш изгубена слобода,право или привилегија,тешко се враќа.

Како шлаг на овој закон се хонорарците на власта/партијата,фамилијата,за кои законов не важи,кои членуваат во по еден куп комисии,агенции,дирекции,каде што ама баш ништо не работат,а земаат баснословни хонорари.
Еве еден пример,
Најновиот член на Надзорниот одбор на АД „Македонска пошта“, од пред неколку дена е професорката на скопскиот Правен факултет, Тања Каракамишева - Јовановска, покажуваат документите од Централниот регистар.

Покрај професорката, во Надзорниот одбор членуваат и амбасадорот на Македонија во Шпанија и поранешен министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, Тони Димитриоски, претставникот на скопската фирма „Метрудхем“ која планираше да ја рестартира велешката „Топилница“, Боро Велигденов и Минир Исаку.
Тони Димитриоски покрај членството во овој надзорен одбор истовремено е претседател на Одборот на директори во државното Акционерско друштво за изградба и стопанисување со деловниот простор.
Собранието на акционери ги избира членовите на Надзорниот одбор, а единствен сопственик на „Македонска пошта“ е државата.
Вакви надзорни одбори,комисии,дирекции и агенции има еден куп,за се што можете да замислите постои комисија,агенција или дирекција.

Ако на власта и фалат пари може да укине некоја од нив,да им скрати некоја привилегија на џабелебојадците таму,може да скрати некој споменик,ама пошто не се буниме,не протестираме,полесно им е да измислат нешто со што ќе брцнат подлабоко во нашите џебови,и се додека тоа глатко им мине,така ќе си тераат.

За крај,пораката која треба да се упати до власта на протестов,според мене,би била:

Ако ви фалат пари
воведете мерки за штедење
а не
мерки за цедење
 
Да работиш непријавен,да зимаш големи хонорари при тоа да неплаќаш ништо а да бидеш под завод како невработен за разлика од некои вработени со многу помали приходи а пријавени.

Заврши и филмот за луѓето како таткото на @puno ,вработен професор кој на црно прави проекти,дополнително заработува а неплаќа ништо за разлика од некое регистрирано проектантско биро кое едвај крпи крај со крај

Епа нема ништо вечно.
ООО ретардо, како може некој да проектира на црно, ооо интелигенцијооо.
 
еве имаат потреба од буџет оти тие не работат хонорарно?зошто тие не работат за 8000?ајде нека направат нешо за државата, нека работат бесплатно? нека ги скраат тие шетања што троа по џомитка одат во странство за преговори, инвестиции и слични чуда. нека не возат најнови коли..ајде малку нив...
само еден од нив да ми дојди на врата да ме побара за гласање жими госпо со првиот предмет ќе мавам по нив.
:uzi:
 
еве имаат потреба од буџет оти тие не работат хонорарно?зошто тие не работат за 8000?ајде нека направат нешо за државата, нека работат бесплатно? нека ги скраат тие шетања што троа по џомитка одат во странство за преговори, инвестиции и слични чуда. нека не возат најнови коли..ајде малку нив...
само еден од нив да ми дојди на врата да ме побара за гласање жими госпо со првиот предмет ќе мавам по нив.
:uzi:
Да работат бесплатно? Па тие си се изземаа од одговорноста да плаќаат придонеси, ти бараш бесплатно да работат. :pos:
Тоа се такви бесрамни лакоми ѓубриња, се понашаат како римски императори и сенатори.
 
Повторно мешаш некои работи. На крај пак се сведуваш на тоа дека според твое лично мислење државата без потреба троши пари и заради тоа ти мислиш дека не треба да се плаќа данок. Дали добро те разбрав? Викаш радиодифузна такса без опомена. Јас не знам во која фирма ти си работел ама тие сметки доаѓаат редовно секој месец. Доколку не плаќаш една година што можеш да очекуваш? Покана?
Ти зборувам првиот пат ко се донесе радиодифузна такса и кога требаше да се плати за неколку години уназад.
Од домаќинствата не можеа да се повлечат така лесно пари, ама затоа од фирмите сите до една го јадеа.
 
Почнаа и по фриленсерите, единствената светла точка за прилив на пари во ебанава земја, фриленсерите повеќе пари пикаат во дупкава наречена "земја" отколку шо Грујо лапа #%& на познати бизнисмени за да инвестираат во дупкава и да ги направат сите невработени роботи со плата од 9.000 денари.

Малоумно е да се дискутира воопшто за ова, а камо ли да се поддржува оваа глупост наречена "закон".
 
Некои од хонорарците остваруваат приход многу поголем од многу вработени.. па ако вработени можат да плакат нема причина зашто и хонорарците да не.

А политичариве?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom