Колку побрзо сфатиме дека војната во 2001 беше за човекови права толку подобро. Повеќето уште тоа го сфаќаат како тие да пукале на нас од ќеф( можеби и така било ама официјално пред целиот свет беше војна за човекови права). Ние се согласивме на некаков си договор за помирување, така што овие настани како поставување министер албанец за одбрана треба да се сфатат на тој начин, зошто секаков друг начин води кон ќорсокак. Со вакви протести можи да се оди до бескрај и само да се прави штета на поединци со кршење приватен имот. Протестите вчера не требаше да бидат од типот за Албанци гасна комора, туку протести кои ќе дадат на знаење дека народот не се согласува што новиот министер бил командант на УЧК, а не е против тоа што тој е албанец. Секој проблем има решение, преку вакви настани проблемот никако не можи да се реши, насилното решение овојпат би било граѓанска војна, а до таму работата нема да дојди. Другите решенија треба да се најдат со ладна глава. И не заборавајте, за кавга се потребни двајца.