Протест за морал, разум и свест (Петок 1.03.2013 16:00h)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.934
Ние не сме Партија, ниту сме биле, ниту некогаш планираме да бидеме. Ние сме оние обичните граѓани на оваа држава, од кои на секои избори ја барате довербата за да ја легитимирате демократијата. Но почитувани нема демократија таму каде што се гази и гуши моралот, разумот, и свеста.

Почитуван Премиер на Република Македонија, господине Никола Груевски во 2006 година вие дадовте збор дека нема да ја следите погубната политика на вашите претходници, дека нема да ги продавате интересите на својот народ, напротив ветивте дека од петни жили истите ќе ги браните. На тој основ на неколку изборни циклуси по ред вие ја побаравте подршката од тој народ и истата ја добивте.

Со поставувањето на поранешниот командант на 116 бригада на УЧК, пратеникот Талат Џафери, за Министер за Одбрана на Вооружените Сили на Армијата на Република Македонија вие најбезобразно го погазивте тој ваш збор. Ја изневеривте довербата на вашиот сопствен народ и во функција да одлучува за неговата одбрана сигурност и безбедност поставивте човек кој покажал и докажал дека е подготвен и македонска крв да разлее за да ги оствари своите планови.

Да не се лажеме, ве замолувам не се правдајте со безумни памфлети, апсолутно никаде Рамковниот Договор не ве обврзува да ставате еден терорист од УЧК за надреден на целата наша безбедност.

Почитуван премиер, крвта на македонските бранители, раните, лузните, и емоциите на македонскиот народ од конфликтот во 2001 се сеуште свежи. Доволна е болката од Слупчане кога со армиски униформи се поклонија на гробовите на убијците на нашите браќа, доволен е расколот во армијата по етничка линија за тој да се продлабочува уште повеќе. АРМ повеќе не смее да салутира и капитулира пред оние кои ги убиваа, палеа, и масакрираа. УЧК не смее да биде надреден орган на АРМ. Не смеете да дозволите личните ситно партиски интереси и матерјален бенефит да бидат бедемот и темелот на кој ќе се гради оваа нација. Во спротивно таа е осудена да пропадне.

Без да напаѓаме никого, без никого да етикетираме затоа што силно верувам дека и кај вас луѓето во таа владина зграда има разбирање за нашиот револт. Делби не сакаме, потребно ни е обединување.

Господине Премиер не бараме ние ваша оставка, вие сте таму легитимно поставени од народот. Бараме само да не бидете исти како и вашите претходници и да ги чуете нашите повици за да ја исправите оваа грешка за која и самите сте свесни, дека е неморална, неразумна, бездушна, и грозна.

ПОГРЕШИВТЕ, НЕ НАВРЕДИВТЕ, НЕ ИЗИГРАВТЕ, Човечки е да ја признаете грешката и истата да ја исправите. Тоа ќе биде заедничка победа на сите Македонци не на поединци. Во спротивно губитници ќе бидеме сите а потсмевот кон нашата армија и држава ќе стане се посилен.

Од таа причина ве повикуваме сите вас обични граѓани било ВМРОВЦИ било СДСОВЦИ, и Бранители од Бедем, и Бранители од Достоинство, и Комити, и Чкембари, Фамилија Аеродром, Сити Парк Бојс, Војводи, Лозари, Винари, Кумани, сите навивачки групи заедно со цел народ, обединете се еднаш засекогаш. Доколку молчите, сите животи на нашите бранители од 2001 се залудно дадени. Тоа не го заслужуваат ниту нивните души, ниту нивните фамилии, ниту нивните деца. Како просјаци ве молиме, Разбудете се и Приклучете ни се

Против нивната морална криза
Цела Македонија е плоштад
Нема да се одмараме
Ниту за еден ден
КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН
ОТПОРОТ СТАНУВА ДОЛЖНОСТ
Вистинска демократија
Директна демократија
Наскоро доаѓа
На плоштад близу тебе

ЕВОЛУЦИЈА ВО РЕВОЛУЦИЈА

ДОСТА БЕШЕ - РАЗБУДИ СЕ - НЕ СПИЈ ТИ






"ВЛАДА НА ТЕРОРИСТИ"
"АКО НЕКОЈ НЕ НАПАДНЕ, ТАЛАТ ЌЕ НЕ БРАНИ СО МОЛЧЕЊЕ"
"КОМАНДАНТ ВЕНТИЛИ - ДИРЕКТОР НА ВОДОВОД"
"УЧК НА Р.М."
"АХМЕТИ ТЕРОРИСТ - ГРУЈО БАЛИСТ"
"ГРУЈО НЕ СЕРИ - МИНИСТЕР ТИ Е ТАЛАТ ЏАФЕРИ"
"МЕСЕН КОМИТЕТ ТАЛАТ ЏАФЕРИ"
"ВЛАДА НА Р.М. - УЛ. ШИПКОВИЦА ББ"
"IQ ЗА МИНИСТЕР АК-47"
"ВЛАДА ОД ВРАТАРИ, РЕКЕТАРИ И ТЕРОРИСТИ"
"АРМ СЕ РЕБРЕНДИРА ВО УЧК"
"КОМАНДАНТ БРЕЗА МИНИСТЕР ЗА ЕКОЛОГИЈА"
"ОД ОПСТРУКЦИЈА НА БРАНИТЕЛИ ДО ОПСТРУКЦИЈА НА АРМ"
"АРТАН ГРУБИ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ"

Мислам дека ова се сите пораки што осамнаа по ѕидовите во градов денес.
Претпоставувам дека се направени од другата партија.
Да им порачам и на двете кои се исто гомно во различно пакловање, ГОНЕТЕ СЕ ВО ТРИ ЛЕПЕ ПИЧКЕ МАТЕРИНЕ.

На пријателската Вардар-ОФК Беопград се извади парола "ЗА ШТО СЕ ГИНЕШЕ ВО 2001?" По мое мислење преблаго кажано...


Стојанче најавува протест, не ме интересира дали е партиски или не, јас лично ќе искочам, а и секој нормален човек треба да го направи истото.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Стојанче најавува протест, не ме интересира дали е партиски или не, јас лично ќе искочам, а и секој нормален човек треба да го направи истото.
„Крвници нашите последни погледи вечно ќе ве прогонуваат“
И јас ќе искочам, племето да им го ебам политичарско.
 
M

Moon Child

Гостин
За кога е најавен протестот? Јас сакам да одам, мамицата нивна!
И сега после година ипол му благодарам на Господ што не продолжив во војска, затоа што ако останев до крај од предхдниве денови па се додека сум жива немаше да си простам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.934
Нешто се спомна дека утре во 19 часот имало протест пред влада? Вистина или не?
 
M

Moon Child

Гостин
Нешто се спомна дека утре во 19 часот имало протест пред влада? Вистина или не?
Јас сега му пишав на Стојанче Ангеловски на ФБ видов дека најавува протест, ама не се знае кога. Веројатно ќе има организирано и од другите градови.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.934
Каков протест,кој го организира ?
На Јанко мислам дека слушнав, како божем Достоинство предводени од Стојанче најавиле протест за утре во 19 часот.Протест за назначувањето на Џафери за министер за одбрана.
Не видов да е на друго место потврдено...
 
M

Moon Child

Гостин
Сега добив порака од Стојанче Ангелов цитирам:

"Утре нема да има протест, ќе имаме состанок, на кој ќе одлучиме дали и кога ќе има протест. Доколку сте во можност, бидете во четврток , во 19 часот, пред Гимназијата Јосип Броз Тито во Скопје. Оставете контакт телефон. Поздрав"

Кој може нека отиде, јас сум на работа тоа време т.е. утре, нека видат дека стварно не ни е до заебанција работава и дека сме сериозни по ова прашање.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Комдандант на УЧК стана министер за одбрана .. КОМАНДАНТ НА УЧК :place:
И пак нема никој да излезе да се побуни.. или ќе излезат 20 души.

Македонци .. патриоти, умираа, ги масакрираа борејќи се против истиот тој.

Сега разбирам дека нас ништо не не спасува, гледајќи ги реакциите на народов што си седи дома и топ му е.
Пропадната генерација
 
M

Moon Child

Гостин
Зошто сте одма бе такви цмиздрала? Ете ќе има протест, отиди ти, собери некој другар, тој другар нека рашири на друг другар... Јас моментално се уклучив и на друг форум и таму ја ширам веста, да се соберат повеќе луѓе утре пред ЈБТ за да се види дека е сериозна работата, па понатаму ќе видиме како ќе биде. Дај не се просеравајте уште одма, само да се кукало. ако мислиш дека ќе смениш нешто или ќе се чувствуваш поубаво, оди утре, учествувај, шири ја веста, отварај им ги очите на луѓето, неможе со седење со скрстени раце и кукање да очекуваме дека нешто ќе се смени. Тргни првин од себе, па потоа зборувај.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Зошто сте одма бе такви цмиздрала? Ете ќе има протест, отиди ти, собери некој другар, тој другар нека рашири на друг другар... Јас моментално се уклучив и на друг форум и таму ја ширам веста, да се соберат повеќе луѓе утре пред ЈБТ за да се види дека е сериозна работата, па понатаму ќе видиме како ќе биде. Дај не се просеравајте уште одма, само да се кукало. ако мислиш дека ќе смениш нешто или ќе се чувствуваш поубаво, оди утре, учествувај, шири ја веста, отварај им ги очите на луѓето, неможе со седење со скрстени раце и кукање да очекуваме дека нешто ќе се смени. Тргни првин од себе, па потоа зборувај.
Почнувам да цмиздрам од мака и искуство. Контра протестот за убиените кај Смилковско кога беше, на Facebook имаше 4000 attending, одам јас таму, седиме 40 души од кои 30 беа под 18 години ..
90% од моите другари нема да дојдат затоа што од партија не смеат (y)
 
M

Moon Child

Гостин
Почнувам да цмиздрам од мака и искуство. Контра протестот за убиените кај Смилковско кога беше, на Facebook имаше 4000 attending, одам јас таму, седиме 40 души од кои 30 беа под 18 години ..
90% од моите другари нема да дојдат затоа што од партија не смеат (y)
Епа тогаш викавме ние на Кајгана да не се оди на протест, ама се собраа дечурлана неорганизирана и ја посраа работата. Што сакаш од тоа да успее. Ова е друго.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Епа тогаш викавме ние на Кајгана да не се оди на протест, ама се собраа дечурлана неорганизирана и ја посраа работата. Што сакаш од тоа да успее. Ова е друго.
Ајде, дај боже да си во право (y) Јас секако ќе отидам, затоа што ако не се појавам ми доаѓа грижа на совест :)
 
M

Moon Child

Гостин
Секојдневно добивам голем број на пораки со повици за организирање на протести против националната катастрофа која ни се случува со месеци наназад. Иако порано гледав со недоверба на ваквите пораки, овојпат повеќето од нив ми изгледаат искрено поради што одлучив преку Facebook да повикам луѓе кои ние од “Достоинство“ лично не ги познаваме.

Затоа, ги повикувам сите наши вистински Facebook пријатели, но и сите останати пријатели и подржувачи на “Достоинство“, да дојдат во нашите канцеларии, да ви ја кажеме нашата визија за Македонија и заедно да се договориме што ќе преземеме понатаму против великоалбанскиот екстремизам.

Поучен од моето досегашно искуство, не очекувам ниту масовен, ниту голем, дури ниту мал одзив на овој мој повик. Знаејки дека стравот е всаден во коските на нашиот народ, познавајки го менталитетот на нашиот народ, ќе ви бидам благодарен доколку се одважите и дојдете барем десеттина, десеттина граѓани со вистинска подршка, десеттина граѓани со искрена подршка. Бидејки, за нас од “Достоинство“ еден вистински пријател, еден искрен пријател, еден храбар пријател вреди повеќе од 100 интернет сеирџии.

На 100 годишнината од Букурешкиот договор, на 100 годишнината од поделбата на Македонија, на 100 годишнината од окупацијата на Македонија да го започнеме процесот на семакедонско помирување и обединување. Да се собереме и да започнеме, бидејки патот долг 1000 милји започнува со само еден, единствен чекор. Дојдете за заедно да го направиме тој чекор.

Сите вие кои сте сигурни дека ке дојдете, испратете порака во inbox на моите два лични Facebook профили со ваш контакт телефон и место од кое доаѓате.

Зборно место: пред гимназијата “Јосип Броз Тито“ (оттаму ќе се упатиме во канцелариите на “Достоинство“ кои се наоѓаат во непосредна близина)
Време: 19.00 часот, четврток, 21.02.2013 година

Претседател на “Достоинство“
Стојанче Ангелов


Еве го целото известување, патем ширете ја веста каде што можете, јас ја ставив и на spread the truth на Фб затоа што сеуште ја модерирам таа страна, и плус ширам на други форуми и ФБ.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Да беше партиски повик од Грујо или Бранко, сите ќе истрчаа да даваат црвени картони, да се тепаат меѓусебе, да прават дебилни контра-протести... ама кога се работи за интересот на нацијата, никој кур не го боли. Ми се гади од пасивноста на народот, ми се гади...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom