Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ајде нека е побрзо, ширете го зборот.Од кај мене 4-ца и околу десетина други во околина :)
недела, 16 декември 2012, 15:47

Македонија

АМАН собра половина од потребните потписи
Граѓанската иницијатива АМАН, досега собрала повеќе од 5.000 потписи како подршка за измени на Законот за енергетика, со кои бараат да се врати дневната ефтината тарифа на струјата, и укинување на одредбата граѓаните кои не користат централно греење да плаќање за трошоците
Потписите се собрани во 19 општини во Македонија, но се претпоставува дека бројката на собрани потписи е поголема оти АМАН немаат увид во податоците од сите општини и населени места.
Оваа граѓанска иницијатива потписите почна да ги собира пред шест дена, откако претходно секоја недела протестираше против поскапувањата на струјата и на парното.
За да го измени Законот за енергетика на организацијата и се потребни 10.000 потписи.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Проблем имаат оние што се на работа кога да се потпишат?!?
Дали и саботата ја сметаат за работен ден т.е дали може во сабота да се потпише?
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Ајде бе само фоумов да се собереме ќе имаме 10000 потписи :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Проблем имаат оние што се на работа кога да се потпишат?!?
Дали и саботата ја сметаат за работен ден т.е дали може во сабота да се потпише?
Не... Во сабота не може ...Потписи се собираат само во работните денови. А зошто е тоа така сами заклучете...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На АМАН му недостасуваат уште илјада потписи да се заврши собирањето на потребните десет илјади потписи - јавува АЛФА телевизија
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=60724
Ако сеуште не сте се потпишале, побрзајте, бидејќи е можно пред Нова година да заврши собирањето потписи
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Каква плата зимате?

Кромид плата
– ја зимаш и почнуваш да плачеш.
Кучка плата – не ти помага за ништо, од неа само патиш, ама не можеш да живееш без неа.
Диета плата – те тера да јадеш сè помалку и помалку.
Атеистичка плата – се сомневаш во нејзиното постоење.
Магична плата – после неколку потези таа исчезнува.
Плата „бура“ – немаш поима кога доаѓа и колку ќе трае.
Плата „црн хумор“ – се смееш за да не плачеш.
Конзервативна плата – ти ја уништува фантазијата.
Импотентна плата – кога најмногу ти треба, те изневерува.
Менструална плата – доаѓа еднаш месечно и трае околу 5 дена.
Плата „Волт Дизни“ – замрзната е веќе 30 години.
Плата „прерана ејакулација“ – таман почнала, готово е.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Не го знам човеков ама налетав на видеово и политичките игри и хуморот н крај...

 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Не го знам човеков ама налетав на видеово и политичките игри и хуморот н крај...
Што има врска видеово со протестите за поскапувањата?
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Па човекот учествувал во организацијата на АМАН.....
И што ако учествувал? Да не треба да се распушти органзацијата, да не треба да се етикетира па после да и се опне еден контрапротест како што се случува на секој собир што не му одговара на пастирот? На владината параноја и нема крај.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Па човекот учествувал во организацијата на АМАН.....
Глупо е да етикетираш граѓанско движење само поради еден или неколку личности.

и се опне еден контрапротест
Колку што памтам веќе имаше контра-протести и на ова движење, најверојатно има и луѓе што сакаат поскапо парно и струја.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Колку што памтам веќе имаше контра-протести и на ова движење, најверојатно има и луѓе што сакаат поскапо парно и струја.
Единствена држава во светот каде влада организира контрапротести, ако не ја сметаме Србија во времето на Милошевиќ.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Само сакав да истакнам дека ја знам јас играта уште на почетокот со протести контрапротести името дадено кукавичко итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom