Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Во секој случај повторно зависиме од оние кои ги гласаме, кои јадат и пијат од наши пари и од оние што годишно трошат бензин до месечината и назад.
Јас стварно незнам каква улога имаат пратениците и зошто ги гласаме да се богатат на наша сметка.
Може да се донесе законот без пратениците. Ако веднаш после оваа иницијатива се поднесе нова за собирање на 150000 гласа за референдум. Па, после референдумот успее и над половина од гласачите гласаат за законот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Може да се донесе законот без пратениците. Ако веднаш после оваа иницијатива се поднесе нова за собирање на 150000 гласа за референдум. Па, после референдумот успее и над половина од гласачите гласаат за законот.
Jас го постирав сегашниот Закон за енергетика, никој не го ни отвори а не да го прочита. Ја сум го читал, Тој Закон е обемен како Законот за облигациони односи, а во него ништо друго не пишува освен дека претпријатијата кои се занимаваат со енергетика можат да прават што сакаат. Дури и регулаторите тие ги бираат. Владата може да предложи кандидат за регулатор само ако тој претходно побие препорака од некакви доктори:
За карактерот на тој Закон, ќе го наведам примерот на член 17 кој ги пропишува критериумите по кој ќе се бира лице за член на Регулаторната комисија. Тој член гласи: „ За член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именувано лице, државјанин на Република Македонија, кое ги исполнува следниве усливи: и во став 4 се вели: 4) Да има препорака од три лица со најмалку 10 години искуство во енергетиката, економијата или правото, од кои најмалку двајца се доктори на науки.“
А Вие чудете се зошто регулаторите така се однесуваат
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За тие кои утре планираат да учествуваат во утрешниот Протес во 12 часот пред регулаторна, еве информација за временската прогноза.
Утре времето ќе биде умерено облачно, без врнежи, со температура од 16 степени и слаб ветер од северо-западен правец.
http://www.ilmeteo.it/meteo-europa/Skopje
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
29.11.2012, 15:01, Утрински
СДСМ бара враќање на дневната евтина тарифа за струја



СДСМ бара повлекување на августовските одлуки на Регулаторната комисија и враќање на дневната евтина тарифа за електрична енергија, а Владата да им наложи на ЕЛЕМ и МЕПСО да запрат со сите непродуктивни трошоци, да спроведат политика на заштеди во своите компании и со тоа да обезбедат основа за намалување на цената на струјата, изјави денеска Миле Андонов, од СДСМ.
„Укинувањето на дневната евтина тарифа ќе предизвика дополнително зголемување на трошоците за електрична енергија. Уште тогаш се спротивставивме и предупредувавме дека одлуките на Регулаторната ќе предизвикаат преголем товар за граѓаните соочени со сиромаштија, а поради основаните сомнежи за незаконитост, Хелсиншкиот комитет нив ги оспори и пред Уставниот суд“, рече Андонов.

Од Плус Инфо

Во пресрет на зимата и најстудените месеци, граѓаните се исплашени од новиот ценовен шок кој ќе им го донесат сметките за струја. Се потврдија предвидувањата на СДСМ дека поскапувањето на струјата, извршено нетранспарентно, ќе биде многу поголемо од најавените 10 проценти. Но, како и секогаш, власта остана глува на сите апели, а сметките за најстудените месеци кои допрва ќе пристигнат со сигурност ќе предизвикаат уште поголем шок, изјави пратеникот од СДСМ, Миле Андонов.
- Последните поскапувања на електричната енергија се само последните епизоди од серијалот поскапувања кои оваа власт во континуитет го остварува. Цената на електричната енергија е повеќе од дуплирана во изминативе шест години, a цената на огревното дрво и со последните намалувања е за преку 60 проценти повисока од пред шест години. Дополнително, државните енергетски компании се оптоварени со огромен број партиски вработувања на стотици нестручни и непотребни кадри, трошоци за мебел и возила, како и милионски суми за други непродуктивни трошења – изјави Андонов.
Тој изјави дека од владата побарале да направи одредени мерки со кои же им го олесни живот на граѓаните.
- Повлекување на августовските одлуки на Регулаторната комисија и враќање на дневната евтина тарифа за електрична енергија. Владата да им наложи на државните ЕЛЕМ и МЕПСО, да запрат со сите непродуктивни трошоци, да спроведат политика на заштеди во своите компании и со тоа да обезбедат основа за намалување на цената на струјата. Итнo запирање со сите непродуктивни трошоци, како реклами, фасади и споменици и пренасочување на тие средства во инвестиции во нови енергетски капацитети, гасификација како и во производство на енергија од обновливи извори – тврди Андонов.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За утрешниот Протест се очекува облачно време со слаби врнежи , температура од 13 степени и слаб ветер од југоисточен правец.
Јас досега не су пропуштил ниту еден Протест.
Минатата сабота беше речено дека и оваа сабота ќе протестираме.
Но сега на Алфа телевизија најдов дека Протестот ќе престанел
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=59215&utm_source=daily.mk
Дали знаете дали утре ќе има Протест?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
За утрешниот Протест се очекува облачно време со слаби врнежи , температура од 13 степени и слаб ветер од југоисточен правец.
Јас досега не су пропуштил ниту еден Протест.
Минатата сабота беше речено дека и оваа сабота ќе протестираме.
Но сега на Алфа телевизија најдов дека Протестот ќе престанел
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=59215&utm_source=daily.mk
Дали знаете дали утре ќе има Протест?
Јас како што разбрав,протестите се прекинуваат...се чекаат просториите за собирање потписи:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас како што разбрав,протестите се прекинуваат...се чекаат просториите за собирање потписи:)
И јас се прашувам. Минатата сабота беше кажано дека и следната сабота ќе има Протест. А и во веста на Алфа телевизија е двосмислено кажано - протестите се прекинуваат од 7. 12 ( а тоа е следната сабота или петок )
На страницата на Аман, нема вест дека Протестот ќе се прекине
http://amanmk.wordpress.com/
Ако познавате некој од Девојките и Момчињата не е лошо да се рапрашате
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
И јас се прашувам. Минатата сабота беше кажано дека и следната сабота ќе има Протест. А и во веста на Алфа телевизија е двосмислено кажано - протестите се прекинуваат од 7. 12 ( а тоа е следната сабота или петок )
На страницата на Аман, нема вест дека Протестот ќе се прекине
http://amanmk.wordpress.com/
Ако познавате некој од Девојките и Момчињата не е лошо да се рапрашате
Не Не познавам никој...но се надевам дека некој ќе каже...ако не од друго,рекла казала
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денешниот Протест се одржа, што значи веста на Алфа телевизија не била точна.
Протести ќе има и понатаму секоја сабота
Од следниот петок започнува собирањето на потписи за измени на Законот за енергетика
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве Дополнувањето Законот за енергетика за кое собираме потписи:
Инаку на страницата на Аман се објавени местата каде се собираат потписи
http://amanmk.wordpress.com/
..........
II. ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА
Член 1
Во Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија бр. 16/2011 и 136/2011 година) во членот 25 по ставот (3) се додаваат два нови става (4) и (5) кои гласат:
“(4) Во тарифните системи за продажба на електрична енергија на домаќинствата како тарифни потрошувачи и домаќинствата кои се снабдуваат преку снабдувачите во краен случај, Регулаторната комисија за енергетика задолжително вклучува цени на ниски дневни оптоварувањаво времетраење од 3 часа во текот на денот, во периодот од 10 часот до 18 часот.
(5) По цени на електрична енергија за време на ниски дневни оптоварувања, се пресметува електричната енергија испорачана во недела (од 00:00 до 24:00 часот).
Член 2
Во членот 28 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:
„(3) Правилата од ставот (1) на овој член нема да важат за исклучените потрошувачи од електрична енергија, топлинска енергија или природен гас и истите не можат да бидат задолжени да плаќаат било каков надоместок.
Ставовите (3) и (4) стануваат ставови (4) и (5).

Член 3
(1) Подзаконскиоте акти кои се донесуваат врз основа на членот 1 и 2 од овој закон Регулаторната комисија за енергетика ќе ги донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) По влегувањето во сила на подзаконскиот акт од ставот 1 на овој член истиот веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа се објавува на веб локацијата на Регулаторната комисија за енергетика.


Завршни одредби
Член 4
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Од денес 07,12, започнува собирањето на 10 000 потписи за иницијативата на АМАН за измени и дополнување на законот за енергетика. (измните наведени во погорниот пост од членот Смрт за зони и пајак воз.)



Канцелариите на дик во подрачните единици низ општините во Македонија ќе бидат отворени од 08,30 до 16,30, ч.

Во тоа време можете да појдете во соодветната подрачна единица на дик и да го дадете својот потпис. Се што е потребно е да одвоите незначително време за да појдете до канцеларијата и со себе да имате соодветен биометриски документ за идентификација, пасош или лична карта.

Кои се подрачни единици ќе бидат отворени со соодветни листи за давање на потписите.

За тероторија на Скопје со околината.

1. Граѓаните на Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец треба да се потпишат во Општина Гази Баба, барака 1, канцеларија 7

2. Граѓаните на Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер-Сандево треба да се потпишат во Општина Чаир – бул. „Босна и Херцеговина“ бб, барака 16 (тоа се просториите/бараките на старата општина)

3. Граѓаните на Карпош, Ѓорче Петров, Волково и Сарај треба да се потпишат во подр. одделение на ДИК во Козле, кај Угостителско (ул. Стрезово 7)

4. Граѓаните на Центар, Аеродром и Ново Лисиче треба да се потпишат во Општина Центар (кај Матично), барака бр. 1

5. Граѓаните на Кисела Вода, Сопиште, Студеничани и Зелениково треба да се потпишат во Општина Кисела Вода, барака 9, канцеларија 16.

За останатите општини.

1. Општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково се потпишуваат во Подрачно одделение Куманово

2. Општините Крива Паланка и Ранковце се потпишуваат во Подрачно одделение Крива Паланка

3. Општината Кратово се потпишува во Подрачно одделение Кратово;

4. Општините Штип и Карбинци се потпишуваат во Подрачно одделение Штип

5. Општините Свети Николе и Лозово се потпишуваат во Подрачно одделение Свети Николе

6. Општините Велес, Чашка и Градско се потпишуваат во Подрачно одделение Велес

7. Општините Кавадарци и Росоман се потпишуваат во Подрачно одделение Кавадарци

8. Општина Кочани се потпишува во Подрачно одделение Кочани

9. Општина Виница се потпишува во Подрачно одделение Виница

10. Општина Берово се потпишува во Подрачно одделение Берово

11. Општина Пехчево се потпишува во Подрачно одделение Пехчево

12. Општина Делчево, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево и Зрновци се потпишуваат во Подрачно одделение Делчево

13. Општина Пробиштип се потпишува во Подрачно одделение Пробиштип;

14. Општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село се потпишуваат во Подрачно одделение Струмица

15. Општините Радовиш и Конче се потпишуваат во Подрачно одделение Радовиш;

16. Општина Прилеп се потпишува во Подрачно одделение Прилеп

17. Општините Крушево, Кривогаштани и Долнени се потпишуваат во Подрачно одделение Крушево;

18. Општините Гевгелија, Дојран и Богданци се потпишуваат во Подрачно одделение Гевгелија

19. Општина Валандово се потпишува во Подрачно одделение Валандово

20. Општините Неготино и Демир Капија се потпишуваат во Подрачно одделение Неготино;

21. Општините Битола, Новаци и Могила се потпишуваат во Подрачно одделение Битола

22. Општина Ресен се потпишува во Подрачно одделение Ресен

23. Општина Демир Хисар се потпишува во Подрачно одделение Демир Хисар;

24. Општините Охрид и Дебарца се потпишуваат во Подрачно одделение Охрид;

25. Општините Кичево, Зајас, Осломеј, Другово, Вранештица и Пласница се потпишуваат во Подрачно одделение Кичево

26. Општина Македонски Брод се потпишува во Подрачно одделение Македонски Брод;

27. Општините Струга и Вевчани се потпишуваат во Подрачно одделение Струга

28. Општините Дебар и Центар Жупа се потпишуваат во Подрачно одделение Дебар

29. Општините Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше се потпишуваат во Подрачно одделение Гостивар;

30. Општините Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце се потпишуваат во Подрачно одделение Тетово.

Во сите подрачни единици се доставени листи за потпишување и на јазиците на етничките заедници соодветно на мнозинското население кое живее на територијата на таа општина. На пр. во Општина гази Баба ќе има листи за потпишување на македонски и на албански. Да не се збуните ако видите два или повеќе списоци, побарајте да се потпишете на соодветниот јазик.

Рокот за собирање на овие 10 000 потписи мислам дека е само до 30 Јануари, затоа најскоро што можете појдете до соодветната канцеларија на ДИК и дадете свој придонес за да успее оваа граѓанска иницијатива која посекако не засега сите.

Да ја покажеме СИЛАТА на народот, обединет во борбата за социјална правда.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Потпишувањето за Центар, Аеродром и Ново Лисиче е во бараките на Општина Центар кај Градски Парк. Поточно е во барака 1 ( на самиот ќош кон Илинденска ). Бев и се потпишав како 14 по ред ( околу 11 часот )
Нека ни е со среќа и посакувам за една недела да се соберат потписите, за да не мораме да готвиме ноќе и за да не мораме да им плаќаме на арамиите кога сме исклучени.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За утрешниот Протест, во 12 пред Регулаторна, времето ќе биде облачно и студено со слаб дожд, умерен југоисточен ветер и температура од 6 степени.
http://www.ilmeteo.it/meteo-europa/Skopje
Затоа не Ве поканувам сите, само „ похрабрите “......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom