Како да се реши целава ситуација во Македонија? На кој начин да се реши?
Судска разрешница во врска со материјалите од т.н. "бомби", а за тоа мора да се гарантира непречена работа на СЈО без притисоци, уцени и закани за укинување, осудување на инволвираните во бомбите за кои чувме кои се и што правеле, подоцна реформирање на ВМРО-ДПМНЕ и конечно да се организираат фер и демократски избори каде народот ќе одлучи кому ќе му ја довери власта.
Не е ништо сложено и невозможно, но јас не гледам никаква издржана причина една личност да подржува политичари кои правеле криминал, иако јас морам да признаам дека мене лично повеќе ме тангира нивниот гомнарски профил на личност, од морално-етички аспект, како криење на убиство, ословување на деца како наркоманчиња, на луѓето како човечиња, боговскиот комплекс на Гордана, Мартин и Сашо. Секој вистински ВМРО-вец мора да се залага за тоа Груевски да си замине од партијата и да одлежи за криминалот заедно со фамилијата и пријателчињата. Мислам дека само глуп човек како тркало може да биде грујовист, по било која цена.