Го слушам Вучиќ , да не беше на друг јазик и без говорна мана, ќе помислев Никола му е име...
На ист начин владеат/владееја, со истите фори, уште кога беа поплавите во Србија, знаев дека многу бргу ќе се претвори во Никола Груевски.
Двајцата владеат/владееја со помош на простата маса и таму сендвичојади, и таму ги мкнат со автобуси по цела Србија на митинг, и таму е Сорос крив за се, националистички фори на една страна, на друга се на Европски пат, а фршти Руска пропаганда, кога читам коментари и статии по Српски портали сличноста е неверојатна.
А и меѓусебна поддршка си се двајцата еден на друг. Еве овде во БиХ ја гледам републичката РТРС, на вестите млатат како Сител да слушаш, а РТРС овде е исто што е МТВ во Македонија, контролирана од власта(Додик) кој пак е многу близок со Вучиќ. На Пинк дневникот ко Латас да го уредувал, а Пинк е под контрола на Вучиќ.
Сега кога беа претседателските избори во Србија, гостува Вучиќ во една емисија, а во публика еден глуми дека паѓа во несвест, Вучиќ го спасува, има снимки и на Јутуб од тоа, баш се заебаваа на негова сметка.
Кога беа протестите после изборите, возилото на Брзата помош неможело да помине од толпата, незнам од каде ми е познато тоа
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Само штознам, Србите не се баш Трпе народ како нас, ќе видиме кај нив за колку време фитилот ќе изгори.