Ќе напоменам една работа дека скоро повеќето што одат на одмор во Грчка не ги сметајте дека живеат во благосостојба... Па макар и 1.000 евра да имаат месечни примања...
Знаете ли повеќето што одат на одмори во Грчка во какви места се сместени? Во камп приколки и тоа рушени, скапани, расклатени и 'рѓосани ко ќе врнит да ти капит одозгора, одздола комотно може змија да ти влезе, во шатори, во бунгалови и во приватен смештај... И тоа во приватен смештај во некои села 10 - 15 км од градот и во куќи изградени пред втората светска војна... Има и доста што в кола или во џипот си спијат... Тие места каде што се сместени нашите во Грчка се слични на кампојте во населба Даљан во Охрид (Извиднички, камп партизан, кампот Андон Дуков) и кампојте во Струга (Автокамп Струга и камп Ливадишта)...
Зошто нашиве ко ќе одат на одмор во Грчка четиричлено семејство багажот го полнат со гајба пиперки, гајба патлиџани, вреќе крастајци, мало вреќе компири, љубеници, дињи...Ако имаат пари одвишок де што не си купат од таму??? Некои земаат и мини фрижидерче од 40-50 литри...
Зошто нашиве ко ќе одат на одмор во Грчка повеќето си земаат и по два шатори???
Едно сабајле еден мој пријател го начекав како со неговото семејство тргнува за Грчка. Гледам во багажникот клава 2 шатори. И го прашувам кај ќе си сместен? Тој ми вика во хотел. Јас му климнав со главата и се направив ѓо демек му верувам. Ако е сместен во хотел тогаш што барат да носит со себе шатори???
Сакам да кажам дека повеќето што се фалат бев во Грција во тој и тој хотел не се за верување.
Фалењето е едно ама реалноста е друга.
Јас бев лани септември месец една вечер во Острошкиот манастир Црна Гора тоа е едно 50 км после Будва...Прво бевме 4-5 сати Будва, а после вечерта спиевме сите на отворено небо пред влезот од манастирот.
Ама можев да сликам во Будва некој луксузен хотел со 5 ѕвезди и од внатре и од надвор и да се фалам на многу луѓе бев јас во овој хотел...