Особата А пробала да те контролира преку механизмот на контрола - доминација/потчинување. Кај тој механизам на контрола, особата А доминаторот ги наоѓа слабите точки на особата Б-потчинетиот, за да го добие тоа што го сака од односот А-Б. Особата Б-потчинетиот, се потчинува и свесно си наштетува за да му ги даде на особа А сите оние работи кои што особа А ги сака од односот А-Б, заради кои и особа А почнува да манипулира со особа Б и на тој начин, особата Б, преку користење на слабите точки на особа А, кои се состојат од потчинување на сите работи кои особа А ги сака од односот А-Б, ги добива сите работи кои што ги сака од односот А-Б. И иако личи дека А е "фацата", a Б е "кутриот", во суштина и двајцата еднакво ги користат слабите точки на другиот и и двајцата подеднакво доминираат и се потчинети. Прост муабет на "паметни сме убави слатки ко бомбони по нас машките лудуваат ко кученца се они" и "се шекнувам и клекнувам на колена без срам и се дур не ме засакаш а после јас си знам", односно, доколку машкото е доминаторот, "а бе шо и да и кажам на девојка ми, она го прави" и "ако ако, ќе си легне он на брашното".
Но, особата А пробала да го употреби овој механизам на контрола и не и успеало, бидејќи ти си свесна за тоа дека ги користи твоите слаби точки, а тоа што си свесна за тоа, значи дека уствари не се тоа твоите вистински слаби точки. Особа А не доминира над тебе, а и ти не си сакала да доминираш над него. Особата А сега употребува друг механизам на контрола, механизмот на контрола вина/жртва, кај кој за остварување на контролата се користи и концептот на вина.
Кај механизмот на контрола вина/жртва, едната особа, особа 1, ја игра улогата на слаба жртва која нема да преживее без другата особа и ја користи таа улога за да добие се што посакува од односот 1-2, а другата особа, особа 2, е игра улога на суперхерој кој сака да им помага на другите и ја користи таа улога за да добие се што ќе посака од односот 1-2. Слично како и кај претходниот механизам, примерот би бил: особата 1, слабата особа, вика: "јас сум толку слаб, што ако отидеш, ќе умрам, нема да можам да преживеам, ќе се самоубијам, zapalichu pola grada..." и слични ствари кои у превод значат
"ти ќе бидеш крива" и на тој начин, преку вината, добива се што сака од односот 1-2. Мислам, патетично е: "Јас сум толку слаб и не можам да живеам без тебе што ако не направиш се што ќе посакам, ќе умрам, ќе се самоубијам и сл., и на крај за сето тоа ти ќе бидеш крива."
Особата 2 пак, игра улога на суперхерој, кој "мора" да се понаша спрема особа А како да е мало немоќно детенце кое не може да преживее без особа 2, "мора" да се понаша спрема особа А како да е негова одговорност, иначе,
"особа 2 ќе биде крива". Механизмот на контрола е ист и и двајцата се во иста улога како и кај претходниот, само да не навлегувам да објаснувам сега. Веќе објаснив дека уопште особата 1, жртвата, не е толку слаба колку што мора да се преправа за да добие она што го сака од односот 1-2. Ќе објаснам уште и дека особата 2, суперхеројот, уопште никој не го тера да се понаша кон особа 1 како да особа 2 е одговорна за особа 1. Веќе сигурно (ваљда) ти станува јасно. Особата 1, жртвата, е особата А, а особата 2, суперхеројот, си ти, Goddess. Еве неколку твои реченици:
Значи, ставот на особа А прочитан меѓу редови на почетокот би дошол вака: 'Ти мораш веднаш да прифатиш дека јас сум личност со чисти и искрени намери, ама луѓето се тие што не ме разбираат"
(Особа А глуми жртва, него никој не го разбира, кутриот он.)
Ќе се постави како да ќе замине во секој момент во разочарување, бидејќи самата особа А си се смета за 'несфатената бескрајно добра жртва', и ќе изјави такви длабочини што сите ќе дојдат до солзи. (Поглумење жртва од ова, амин.)
Јас седев во ситуацијата и вложував за нешто да се смени.
Можеби не сум копала доволно, си велев, можеби внатре има нешто повеќе, нешто за кое овој надворешен манипулаторски став е одбранбен механизам. (Почиња твојот филм на суперхерој, повеќето луѓе не би се замарале како ти и би си отишле одма.)
И кога веќе сакав да заминам, и ми го сервира ставот 'Ете. И ти си само една од сите кои неможат да ме сфатат.', (Особа А пак глуми жртва). а јас толку се трудев, појаснував, жртвував (Ти пак играш улога на суперхерој-зошто ти да жртвуваш нешто за еден однос 1-2 од кој еднакво добивате и двајцата?), за да може еден ден да прифати дека ме има покрај себе вистински и да се откаже од играта тогаш веќе, ми пукна филмот.
Јас мразам кога некој ме обвинува за невистина, и мојата особа А тоа го знае. (Знае дека кај тебе функционира механизмот на вина.)
Знае дека ако почне гневно да јаде гомна, ќе се вратам да го истепам, но пак ќе останам. (Што значи ова "пак ќе останам"? Пак играш суперхерој и ќе поправаш работи во врската кои не се твоја одговорност и кривица?)
И сега само сакам да го сопнам во сопствениот круг. (И пак ја играш улогата на суперхерој, бидејќи сакаш да се одмаздиш за он да научи нешо, сакаш да го научиш нешо?. Секој друг би си отишол и не би се замарал више со него.)
Да заминам?
Веднаш можам да замислам, пак ќе ме обвинува (особа А користи концепт на вина), за нешта за кои наводно сум излажала дека ги чувствувам, мислам или нешта кои сум (за да се изнервирам и пак да се вратам (му успева, бидејќи пак се враќаш) и да ги исправам работите (да ги исправиш, иако нема ништо што е твоја кривица), знаејќи дека сакам да е чисто зад мене.
И што ако засекогаш да заминам?
Дали тоа ќе биде вистинската сопка? (што ти гајле? зошто уште се замараш со него? Пак си суперхерој?)
Не, бидејќи и тогаш знам што ќе се случи.
Особата А, толку вистински вовлечена во својата приказна, никогаш нема да се замисли како виновник во целата ситуација. (па што ако? што ти е гајле дали он ќе се замисли како виновник или нема? кој те тера сега да се замараш со тоа дали он ќе мисли ова или она?)
Јас, се разбира, ќе бидам виновна.(не мора веќе да пишам овде-механизам на вина)
Сум го скршила, см заминала и покрај се. (пак е он жртва, а ти си крива)
На крајот од денот, сум испаднала обично ѓубре, дел од сивилото. (ти пак си крива)
Ќе живее со тоа убедување додека е жив. (тебе пак ти е гајле за ствари за кои што не треба да ти биде гајле, односно, пак играш улога на суперхерој и пак преземаш одговорност за неговите убедувања, а кој со какви убедувања ќе живее не е твоја одговорност)
Дека тој сакал се да биде во ред, и цело време само давал, а го заебале. (он пак е жртва)
И со тоа ништо не сум постигнала. (ти пак си суперхерој, пошо мора нешо да постигнеш, а секој друг не би се замарал со него и би си отишол, бидејќи не е негова одговорност)
Сакам да го сопнам за еднаш да го преиспита она што тој оставал зад себе, (пак суперхерој)
За да прекинеш да ја играш неговата игра, прекини да ја играш твојата игра. Прекини да изиграваш суперхерој и да се чувствуваш одговорна за него и за други ствари за кои што не си ни најмалку одговорна, а па камоли виновна. Прекини да се чувствуваш виновна за работите за кои непотребно преземаш одговорност затоа што ти се свиѓа да ја играш улогата на суперхерој за да го добиеш тоа што го сакаш од односот 1-2. Барај си однос 1-2 во кој нема да има механизми на било каква контрола и седи си понастрана од особа А, бидејќи се додека бараш контраигра, се додека му ги бараш неговите слаби точки, бараш начин да доминираш, што едновремено значи и да бидеш доминирана. Бегај. Но, како што некој од другите правилно погоди, прашањето е дали сакаш да бегаш?