Пронаоѓачот на слаби точки

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Добро...вака.
Имаме психологија.
Имаме ситуација.
Односно имаме една особа А.*
Нашата особа А, е личност добро истренирана во играњето на животните игри.
Не дека тоа е неискрена личност, напротив, навистина вложува во своите искрени чувства.
Но, на луѓето кои ќе ги има околу себе, често и оние кои и значат, секогаш ги става под влијание на една позната тактика.
Имено, особа А, сака да ја има контролата во раце.
Сака да манипулира, дури и со оние кои навистина ја сакаат.
Претпоставуваме дека овој однос иде од фактот дека длабоко во себе, е недоверлива личност, неможе целосно да поверува дека некој може вистински да ја прифаќа и сака, доживеала огромни шамари од реалноста последниот пат кога си дозволила да размислува така; па така сега на овој начин, си го осигурува вниманието што сака да го добие.
На почетокот од односот со одредената личност, ја навлекува на убави (но и искрени) приказни, постапки, емоции, зборови, за одреденета личност да се опушти доволно за наскоро да ги открие своите слаби точки.
Поентата, многу јасно, е да се направи другиот зависен од себе.
Подоцна, во сите лоши, проблематични ситуации кои ќе настанат, е способен да ги искористи веќе маркираните слабости и сосема да ја сврти ситуацијата во нова ситуација во која се заборава неговата грешка поради која настанал проблем, а тој е веќе жртва.
А бидејќи одредената друга особа е фатена на местата кои највеќе ја болат, најчесто веднаш прекинува со обвинувањето и критиките (иако можеби добронамерни) и се обидува да ја спаси и расположи 'жртвата'.
Играта трае до бескрај.
Всушност особа А е толку навлезена, што и не сфаќа сосема дека ја игра. И не е ниту способна да види што прави, уште помалку да излезе од својот маѓепсан круг, во кој таа е секогаш во право, и само се обидува се да биде сјајно.

Што мислите, која е антитезата на овој случај?
Како да запреш некој таков да ти ги користи слабите точки за психички да те држи на синџир?
А каде се кријат неговите?
И како воопшто да ја прекинеш неговата бесконечна игра?

*наречена 'особа' не од непознавање на литературниот ни јазик, туку повеќе заради оставање простор за употреба на зборчето 'личност'
 
С

Сатори

Гостин

:):):)

Излези од играта.
Најбрзо што можеш.
 
Filip89

Македоникус
Член од
1 март 2007
Мислења
528
Поени од реакции
4
:):):)

Излези од играта.
Најбрзо што можеш.
Да лесно е да се каже, но што кога не сваќаш дека и ти си се фатил/а на орото?

Како прво мислам дека за една таква личност да направи нешто, како особа А, потребно е многу skills и знаење.
Е сега како да излезеш од таа игра? Како прво не смееш да се отвараш така лесно (збориме за прво видување) и не смееш да да дадеш импресија дека особа А те “воодушевува“ со неговите/нејзините “искрени приказни“. Но ајде да претпоставиме дека веќе на некој начин сме изманипулирани од личност А. Тогаш, како што велат најдоборото оружје е противнападот кога личноста најмалку очекува.
Така да мислам дека секој има свои слаби точки (вклучувајќи особа А), со кои нивното искористување би било од полза за “жртвата“.
Слушај, следи, набљудувај, мирно и сталожено и пробај да ги согледаш грешките на особа А (nobody is perfect) и пробај тие грешки да ги инкорпорираш со твоето познавање на ситуацијата за да го возвратиш ударот и на тој начин да се одвоиш од орото.

Иначе многу занимлива тема, која верувам дека ќе има многу за дискусија.
Respect
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Респект. Лол:)

ИМа луѓе кои се манипуланти и не се трудат за да бидат такви. Јас зборувам сега за таквите. Не се повредени, немаат амбиција да повредат, едноставно има нешто во нив што прави другите да ги следат. Исто како што има и луѓе кои се манипулативни и подводливи и такви ќе се без разлика со какви личности се опкружени. Кога ќе се направи ваква спојка тоа како грнче со капаче, топ е!
Проблемот е кога во иста партија ќе има силна личност која не сака да некој и свири за да заигра и некој кој не знае ништо освен да свири:) Е тука крв паѓа. И личноста што знае дека некој се труди да ја вози - си собира парталите и се губи од местото... Буквално.

А за другиот вид на манипуланти, оние кои се трудат и трудат да свртат се во нивна корист и кои вложуваат огромни напори за да ја држат контролата во свои раце - бегај штом ги препознаеш. Нема врска со тоа колку си влезен во играта, колку ти се „блиски“, колку ти се „потребни“. Губи се од таму ако немаш желба да си нечија кукла...:) Не му ги барај слабите точки - има премногу, ама најчесто се во пореметениот му мозок и во сконцентрираните комплекси:)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Во вакви случаи, на „жртвата“ никој не може да и помогне. Највише затоа што и он/а е длабоко навлезена во илузиите што особа А ги претставува. Чим особата сама ќе се освести мора што побрзо и што потивко да се извади од ситуацијата, од контакт со особа А. Велам дека никој не може да и/му помогне, затоа што нема да верува у било што што ке и/му се каже, ќе продужава да се брани себеси и особа А.

Први warning signs се извитоперување на вината.
 
Член од
11 април 2008
Мислења
73
Поени од реакции
6
ХМ,има луѓе разни, манипуланти и оние кои сакаат да бидат манипулирани, и да видите колку често тие се наоѓаат во животот еден со друг и ете ти совршен пар. Не, тие секако ќе ги критикуваат маните на другиот, но длабоко ќе знаат дека се си е ОК какви што се. Кој што бара,тоа и ќе најде, ама во вистинска смисла ,а не само како поговорка. Што е и нормално, зашто ако нешто не трпиш, не трпиш и тоа ти е. Манипулантите најчесто пикираат луѓе со слаб карактер,кој лесно ќе го убедат во нешто и тоа на начин што жртвата ќе биде убедена дека тоа е така,дека е во ред и дека е тоа нејзина сопствена идеја и мисла,а не наметната. Кога ќе претера манипулантот, на жртвата на кратко и светнува,ама за среќа на манипулаторот - за кратко, и потоа од почеток. Ауууу,јас се разбацив како оние што советуваат по списанијана.:blabla:
 
Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Добро...вака.
Имаме психологија.
Имаме ситуација.
Односно имаме една особа А.*
Нашата особа А, е личност добро истренирана во играњето на животните игри.
Не дека тоа е неискрена личност, напротив, навистина вложува во своите искрени чувства.
Но, на луѓето кои ќе ги има околу себе, често и оние кои и значат, секогаш ги става под влијание на една позната тактика.
Имено, особа А, сака да ја има контролата во раце.
Сака да манипулира, дури и со оние кои навистина ја сакаат.
Претпоставуваме дека овој однос иде од фактот дека длабоко во себе, е недоверлива личност, неможе целосно да поверува дека некој може вистински да ја прифаќа и сака, доживеала огромни шамари од реалноста последниот пат кога си дозволила да размислува така; па така сега на овој начин, си го осигурува вниманието што сака да го добие.
На почетокот од односот со одредената личност, ја навлекува на убави (но и искрени) приказни, постапки, емоции, зборови, за одреденета личност да се опушти доволно за наскоро да ги открие своите слаби точки.
Поентата, многу јасно, е да се направи другиот зависен од себе.
Подоцна, во сите лоши, проблематични ситуации кои ќе настанат, е способен да ги искористи веќе маркираните слабости и сосема да ја сврти ситуацијата во нова ситуација во која се заборава неговата грешка поради која настанал проблем, а тој е веќе жртва.
А бидејќи одредената друга особа е фатена на местата кои највеќе ја болат, најчесто веднаш прекинува со обвинувањето и критиките (иако можеби добронамерни) и се обидува да ја спаси и расположи 'жртвата'.
Играта трае до бескрај.
Всушност особа А е толку навлезена, што и не сфаќа сосема дека ја игра. И не е ниту способна да види што прави, уште помалку да излезе од својот маѓепсан круг, во кој таа е секогаш во право, и само се обидува се да биде сјајно.

Што мислите, која е антитезата на овој случај?
Како да запреш некој таков да ти ги користи слабите точки за психички да те држи на синџир?
А каде се кријат неговите?
И како воопшто да ја прекинеш неговата бесконечна игра?

*наречена 'особа' не од непознавање на литературниот ни јазик, туку повеќе заради оставање простор за употреба на зборчето 'личност'
Леле колку само се пронајдов во “жртвата“.
Работава е што не можеш да забележиш дека те манипулира зошто мислиш дека се што прави е за твое добро,така ти се претставува уште на почетокот,како личност што е “спасител“ на сите или како личност која е жртва на некоја “слична“ на неа,меѓутоа ти не знаеш дека се слични.
Ти го заматува умот со приказните,некое време се прави и самата жртва колку само да те придобие и да и се довериш,и на крај во густото ја префрла вината на други,или ја испревртува целата ситуација што не знаеш ни како почнала.

Јас имав среќа што не бев сама,што не бев само јас изманипулирана,така да случајно се пронајдов во зборовите на друга личност,и сфатив дека истата приказна се врти на две места.И имав среќа што и јас ги знаев нејзините слаби точки,така да враќав со иста количина.

Лекот е бегање што подалеку во моментот кога ќе ви стане сумњиво,оддалечување од таа личност,и во никој случај повторно доверување,со тоа само и помагате во следниот напад.
Е сега прашањето е како да ни стане сумњиво кога сме маѓепсани од нашиот манипулатор.Јас како што мислам,да не се составев со другата жртва мислам дека никогаш немаше да излезам од играта,така да најдобар лек е некој друг да ти ги отвори очите,со помош на некој друг да сфатиш всушност кому се доверуваш.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Сите сме различни, ако некој дозволил да го држат на сиџир значи дека така му одговара ,во спротивно лесно може да излезе од игра .Затоа има лидери ,има следбеници, има луге со иницијатива и извршители, ако ситуацијата во која си се нашол не ти одговара бегај од неа .
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Goddess многу добро ја имаш поставено целата ситуација, а и многу добро си ја сфатила што е најбитно од се :))))

Три години бев во многу слична ситуација со таа разлика што претпоставувам дека тука особата А* е партнер/партнерка во врската, а кај мене особата А* беше многу добра другарка. Толку многу сакаше да ја сакаат луѓето околу неа а посебно тие што ги сака, на некој свој начин, што дури превземаше и некои доста несфатливи чекори, кои најверојатно самата си ги сфаќала, а се со цел да ја задржи љубовта на тие што ги сака. Отиде до тој степен што почна да измислува приказни и да ги раскажува за да на крај испадне таа добрата (Ова го дадов само како пример и го поврзав со горенаведениот случај).

Од мој аспект станува збор за доста нестабилна и искомплексирана личност (особата А* секако) која плашејќи се од тоа да не ги изгуби оние што ги сака превзема манипулативни чекори многу често одејќи и до крајности. Станува манипулант до тој степен што веќе ја губи свеста, длабоко навлегува во играта и станува дел од неа, ја претвора во своја реалност. И бидејќи играта веќе не е игра туку веќе како таква станува дел од реалноста на личноста, веќе таа особа не е ни свесна дека станува збор за игра па затоа и не може да ја прекине.

Што и преостанува на жртвата во ваков случај? Што да превземе?

Најверојатно да проба преку разговор да и ја објасни ситуацијата на особа А*. Но, ова всушност е најтешкиот чекор во целата оваа ситуација. Да дојде до разговор од кој на крај треба да се излезе со чисти мисли т.е. неизманипулиран, што е навистина тешко со таков тип на луѓе. Едноставно жртвата треба да се сконцентрира на разговорот, но зборовите да ги прима со резерва. Во оној момент кога ќе дојде врвната точка, т.е. моментот кога веќе жртвата се внесува во приказната- а тој момент доаѓа тоа сигурно, да се сети само на целта на разговорот и на зборовите дека е и тогаш манипулирана. Можеби ќе успее. Можеби зборовите на жртвата ќе допрат до особата. Можеби!

И стигнуваме до прашањето- Што ако не? Што ако не биде така и повторно жртвата излезе изманипулирана во новата ситуација?

Во тој случај би било пожелно прекинување на односите, на што е можно посмирен начин со особата. Битниот момент е да жртвата сфати дека е манипулирана. Со самото тоа како и со оддалечувањето од манипулаторот, со тек на времето самата жртва ќе ја увиди ситуацијата во која се нашла како и моментите кога била изманипулирана. Самото дистанцирање од манипулаторот автоматски на жртвата и дава простор, чист воздух и слобода на размислување. Самата таа ќе увиди :))))

едит: Не видов дека и Desire пишала на темава, иначем збориме за истата личност

Сите сме различни, ако некој дозволил да го држат на сиџир значи дека така му одговара ,во спротивно лесно може да излезе од игра .Затоа има лидери ,има следбеници, има луге со иницијатива и извршители, ако ситуацијата во која си се нашол не ти одговара бегај од неа .

Епа тоа е проблемот. Што не може да знаеш. Станува збор за одлични манипулатори кои максимално манипулираат а не се свесни ни самите за тоа. Те поткупува со внимание, со слатки зборови со се и сешто а од друга страна манипулира со тебе така што не знаеш ни самиот.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас сум многу блиску до особата А. :)
И секој пат кога ќе си ветам дека утре веќе нема да биде така, се наоѓам како се враќам на старата шема, па се повеќе губам надеж дека некој може да ме промени.

А да ме прекине, може. Само и единствено со тоа што ќе ми сврти грб. Инаку цицам дур има од него за цицање. Не можам да прекинам свесно колку и да се обидувам.

Воопшто, при секој манипулативен однос, единствениот лек е игнорирање и/или отфрлање. Тргнувајќи од себе, знам дека само тоа ме стреснува и привремено запира. До новата личност.
За жал.

Инаку, еве еден текст од NIN кој ми се поклопува со ситуацијава:

smiling in their faces
while filling up the hole
so many dirty little places
in your filthy little worn out
broken down see through soul

baby's got a problem
tries so hard to hide
got to keep it on the surface
because everything else is dead on the other side

teeth in the necks of everyone you know
you can keep on sucking until the blood won't flow
when it starts to hurt it only helps it grow
taking all you need
(but not this time)
no, you don't

and just for the record
just so you know
I did not believe
that you could sink so low

you think that you can beat them
I know that you won't
you think you have everything
but no, you don't

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Добро...вака.
Имаме психологија.
Имаме ситуација.
Односно имаме една особа А.*
Нашата особа А, е личност добро истренирана во играњето на животните игри.
Не дека тоа е неискрена личност, напротив, навистина вложува во своите искрени чувства.
Но, на луѓето кои ќе ги има околу себе, често и оние кои и значат, секогаш ги става под влијание на една позната тактика.
Имено, особа А, сака да ја има контролата во раце.
Сака да манипулира, дури и со оние кои навистина ја сакаат.
Претпоставуваме дека овој однос иде од фактот дека длабоко во себе, е недоверлива личност, неможе целосно да поверува дека некој може вистински да ја прифаќа и сака, доживеала огромни шамари од реалноста последниот пат кога си дозволила да размислува така; па така сега на овој начин, си го осигурува вниманието што сака да го добие.
На почетокот од односот со одредената личност, ја навлекува на убави (но и искрени) приказни, постапки, емоции, зборови, за одреденета личност да се опушти доволно за наскоро да ги открие своите слаби точки.
Поентата, многу јасно, е да се направи другиот зависен од себе.
Подоцна, во сите лоши, проблематични ситуации кои ќе настанат, е способен да ги искористи веќе маркираните слабости и сосема да ја сврти ситуацијата во нова ситуација во која се заборава неговата грешка поради која настанал проблем, а тој е веќе жртва.
А бидејќи одредената друга особа е фатена на местата кои највеќе ја болат, најчесто веднаш прекинува со обвинувањето и критиките (иако можеби добронамерни) и се обидува да ја спаси и расположи 'жртвата'.
Играта трае до бескрај.
Всушност особа А е толку навлезена, што и не сфаќа сосема дека ја игра. И не е ниту способна да види што прави, уште помалку да излезе од својот маѓепсан круг, во кој таа е секогаш во право, и само се обидува се да биде сјајно.

Што мислите, која е антитезата на овој случај?
Како да запреш некој таков да ти ги користи слабите точки за психички да те држи на синџир?
А каде се кријат неговите?
И како воопшто да ја прекинеш неговата бесконечна игра?

*наречена 'особа' не од непознавање на литературниот ни јазик, туку повеќе заради оставање простор за употреба на зборчето 'личност'
Верувале или не, цел живот сум опкружена со А особи. Нивната психологија е тоа што се болни. Не метафорички болни, туку стварно психички болни личности од кои ите како треба да се пазиме.
Не само што се способни да измислат различни ситуации, не само што можат да ја свртат ситуацијата и тие да бидат жртвата, туку тебе те прават да изгледаш идиот, глупак и ненормален имбецил во сите ситуации, за да ги придобијат другите од околината.
И тогаш доаѓа она ставање на твојот прст на глават и се наоѓаш во ситуација каде што си викаш: „Чекај бе, јас сум ненормална или А е ненормална?“ И одговорот е: „Јас“ Зошто? Затоа што особата А така те изманипулирала и си играла со тебе и со твојата психа, што твоето јас го свртила против тебе.
Излез од ваквата ебана ситуација?.. Има, ако навреме се свестиш дека А е факинг ненормална, лабилна личност со енормно големи комплекси. И што и задаваш тогаш?.. Шамар. Силен. Дирек в лице.
И, си одиш.
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Нема игра.
Нема личност А.
Нема психологија.
Нема слаби точки.
Се разбира,ако ти тоа не го дозволиш.
Самата и ја даваш на таа личност титулата ПРОНАОЃАЧ НА СЛАБИ ТОЧКИ.
Самата и дозволуваш синџирите да бидат закачени.
Коа ќе видиш,ти самата ја играш целата таа игра.
Мислам дека главниот проблем не е излезот.Тој е лесен веројатно.
Вратата е тука.
Но главното прашање е:Дали ТИ сакаш да излезеш?
Morpheus:).
п.с Зборувам општо.Трето лице е употребено,бидејќи така дава подобра смисла.
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Сум се нашла во ваква ситуација но, на моја среќа бргу излегов од “маѓепсаниот круг“. Не требаше да пројде многу време за да ја сфатам всушност каква е особата А(во нашето друштво), бидејќи таа не ме ни сакаше многу во друштвото, од проста причина што беше во филм дека ја сум шефот на друштвото и сакам да биде по мое, што донекаде можеби и беше вистина, ама не до толку како во нејзината глава. И се знаеше тоа дека она е секогаш во право и она треба да биде центар пажње и сл.
Другите две другарки (поточно сестра ми и другарка ми) останаа уште долго во тој “маѓепсан круг“. Сега се надвор, фала богу.

најдобар лек е некој друг да ти ги очите
Да најдобар лек е некој друг да ти ги отвори очите, ама дали ти ќе седнеш да го исслушаш другиот?!

Јас кога пробував да и` укажам на сестра ми дека греши, таа цело време се караше со мене (и со мајка ми дури), и само ја бранеше дотичната особа А. Ако и`спомнев нешто за неа, веднаш почнуваше да вика и да ме напаѓа со се што ќе и` дојдеше на памет.
Така да, јас по некое време се откажав...немав намера да губам живци со таква искомплексирана особа (за особа А зборам), и се повлеков сама од друштвото...и чекав...2 години чекав, за да им “дојде памет“ на овие две. И како што претходно кажав, еве сега чисти се :) има уште последици од изманипулираноста но ќе се среди се` со тек на време. Им удирам и ремет понекогаш :):)

Само едно не ми е јасно...тие две знаеја дека особата А не ме сака и ниеднаш (кога имаше кавги) не станаа да ме одбранат, ниеднаш...
Не ми е јасно како и` верувале на нејзините приказни против мене кога сестра ми ме знае цел живот, а другарка ми 6 години...
?!?
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Нема игра.
Нема личност А.
Нема психологија.
Нема слаби точки.
Се разбира,ако ти тоа не го дозволиш.
Самата и ја даваш на таа личност титулата ПРОНАОЃАЧ НА СЛАБИ ТОЧКИ.
Самата и дозволуваш синџирите да бидат закачени.
Коа ќе видиш,ти самата ја играш целата таа игра.
Мислам дека главниот проблем не е излезот.Тој е лесен веројатно.
Вратата е тука.
Но главното прашање е:Дали ТИ сакаш да излезеш?
Morpheus:).
п.с Зборувам општо.Трето лице е употребено,бидејќи така дава подобра смисла.
Има личности А.
Ама другите ни дозволуваат да бидеме такви :)
Вака со дистанца, и свесно, можам да кажам дека е просто зачудувачки како луѓето оставаат да ги "закачиш" и цицаш. Но, не се они само невини жртви. Не, тие сакаат да бидат тоа. Едноставно си се препознаваме, јас како особа А и жртвата. Кармички врски, давач и земач, садо-мазо, што ли да е не знам, ама сигурна сум дека го има.

Сепак, тоа се потсвесни механизми. Мене ми требаше многу време да го препознаам истиот кај мене. А, не верувам дека ќе успеам да го променам.
Веројатно типови на луѓе, така родени се во прашање. Секој само си го бара своето делче љубов и внимание. Некој гризе, цица и заведува, некој се предава и одбира да биде жртва. Секој манипулира на својот начин.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Јас запознав само една таква личност, и сето ова што го напишав, и сето очигледно што го кажаа другите, ми стана јасно многу, многу одамна.
Веднаш се познава кога некој веднаш сака да ги постави правилата на играта.
Но, тоа беше направено исклучително суптилно.
Значи, ставот на особа А прочитан меѓу редови на почетокот би дошол вака: 'Ти мораш веднаш да прифатиш дека јас сум личност со чисти и искрени намери, ама луѓето се тие што не ме разбираат. Еве ова е тоа што јас можам да ти го дадам, бескрајно е, прекрасно е, и бидејќи си ти толку и толку посебен, мора да те привлече!'
Ова е сценарио градено и живеено со години.
Центарот на светот е во особата А, таа е едноставно една неверојатна и специјална личност каква што, како што се убедувате, нема да сретнете повторно.
Ќе црта најубави светови, ќе игра топло-ладно видови игри за да го навлече другиот на неа, и кога веќе ќе успее во тоа, работата се превртува.
Ќе греши и ја извртува ситуацијата во нејзина корист, кога жртвата ќе посака да се повлече, веднаш ќе ја фати на слабост, и ќе ја врати назад во кругот.
Ќе се постави како да ќе замине во секој момент во разочарување, бидејќи самата особа А си се смета за 'несфатената бескрајно добра жртва', и ќе изјави такви длабочини што сите ќе дојдат до солзи.

Јас седев во ситуацијата и вложував за нешто да се смени.
Можеби не сум копала доволно, си велев, можеби внатре има нешто повеќе, нешто за кое овој надворешен манипулаторски став е одбранбен механизам.
И кога веќе сакав да заминам, и ми го сервира ставот 'Ете. И ти си само една од сите кои неможат да ме сфатат.', а јас толку се трудев, појаснував, жртвував, за да може еден ден да прифати дека ме има покрај себе вистински и да се откаже од играта, е тогаш веќе, ми пукна филмот.
Јас мразам кога некој ме обвинува за невистина, и мојата особа А тоа го знае.
Знае дека ако почне гневно да јаде гомна, ќе се вратам да го истепам, но пак ќе останам.
И сега само сакам да го сопнам во сопствениот круг.
Да заминам?
Веднаш можам да замислам, пак ќе ме обвинува за нешта за кои наводно сум излажала дека ги чувствувам, мислам или нешта кои сум, за да се изнервирам и пак да се вратам и да ги исправам работите, знаејќи дека сакам да е чисто зад мене.
И што ако засекогаш да заминам?
Дали тоа ќе биде вистинската сопка?
Не, бидејќи и тогаш знам што ќе се случи.
Особата А, толку вистински вовлечена во својата приказна, никогаш нема да се замисли како виновник во целата ситуација.
Јас, се разбира, ќе бидам виновна.
Сум го скршила, сум заминала и покрај се.
На крајот од денот, сум испаднала обично ѓубре, дел од сивилото.
Ќе живее со тоа убедување додека е жив.
Дека тој сакал се да биде во ред, и цело време само давал, а го заебале.
И со тоа ништо не сум постигнала.
Сакам да го сопнам за еднаш да го преиспита она што тој оставал зад себе, доста беше од преиспитување на моето.

Но веќе помислувам дека можеби и нема начин....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom