Goddess of Chaos
Nixe Nox
- Член од
- 16 август 2005
- Мислења
- 6.250
- Поени од реакции
- 229
Добро...вака.
Имаме психологија.
Имаме ситуација.
Односно имаме една особа А.*
Нашата особа А, е личност добро истренирана во играњето на животните игри.
Не дека тоа е неискрена личност, напротив, навистина вложува во своите искрени чувства.
Но, на луѓето кои ќе ги има околу себе, често и оние кои и значат, секогаш ги става под влијание на една позната тактика.
Имено, особа А, сака да ја има контролата во раце.
Сака да манипулира, дури и со оние кои навистина ја сакаат.
Претпоставуваме дека овој однос иде од фактот дека длабоко во себе, е недоверлива личност, неможе целосно да поверува дека некој може вистински да ја прифаќа и сака, доживеала огромни шамари од реалноста последниот пат кога си дозволила да размислува така; па така сега на овој начин, си го осигурува вниманието што сака да го добие.
На почетокот од односот со одредената личност, ја навлекува на убави (но и искрени) приказни, постапки, емоции, зборови, за одреденета личност да се опушти доволно за наскоро да ги открие своите слаби точки.
Поентата, многу јасно, е да се направи другиот зависен од себе.
Подоцна, во сите лоши, проблематични ситуации кои ќе настанат, е способен да ги искористи веќе маркираните слабости и сосема да ја сврти ситуацијата во нова ситуација во која се заборава неговата грешка поради која настанал проблем, а тој е веќе жртва.
А бидејќи одредената друга особа е фатена на местата кои највеќе ја болат, најчесто веднаш прекинува со обвинувањето и критиките (иако можеби добронамерни) и се обидува да ја спаси и расположи 'жртвата'.
Играта трае до бескрај.
Всушност особа А е толку навлезена, што и не сфаќа сосема дека ја игра. И не е ниту способна да види што прави, уште помалку да излезе од својот маѓепсан круг, во кој таа е секогаш во право, и само се обидува се да биде сјајно.
Што мислите, која е антитезата на овој случај?
Како да запреш некој таков да ти ги користи слабите точки за психички да те држи на синџир?
А каде се кријат неговите?
И како воопшто да ја прекинеш неговата бесконечна игра?
*наречена 'особа' не од непознавање на литературниот ни јазик, туку повеќе заради оставање простор за употреба на зборчето 'личност'