Промотивен материјал за Македонија?

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Веруваме дека со една практична и рационална презентација на вести од областа на археологијата кои на ваков информативен начин ќе ги промовираат културните и археолошките вредности, еднаш месечно од сега натаму преку ова електронско гласило ќе помогнеме со светлостите на нашето македонско минато, да осветлуваме и делови од светската иднина.
Ова ми се свиѓа делови од светската иднина!!!
http://www.mav.mk/article.php?lang=mk&article=1
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
THE FIRST MACEDONIANS IN AMERICA

Although Macedonian immigration to the United States did not truly begin until the early twentieth century, there is evidence to suggest that the first Macedonian to arrive in America, Dragan of Ohrid, sailed with Christopher Columbus. There are different accounts of Dragan. One story claims he was a religious heretic who escaped persecution in Macedonia by fleeing to Spain. He was later discovered, however, and condemned to death. Columbus saved Dragan from burning at the stake by recruiting him for his first trip to America. Another account claims that Dragan was expelled from Ohrid with his family when he was a child, after the city fell to the Turks. The family moved to Spain, where Dragan advanced in the military, became a favorite of the crown, and sailed with Columbus on his second voyage. According to this story, after Dragan returned to Europe he formed his own expedition and sailed with this crew to Venezuela. Seeing that the native people there lived along the water in marshy areas, as in Venice, he bestowed the name "Venezia" on the land. He then went to Panama, allegedly becoming the first white man to set foot in that country.


http://www.everyculture.com/multi/Le-Pa/Macedonian-Americans.html
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498


МАКЕДОНИЈА:
[SIZE=+5]КОРЕНИ И АРГУМЕНТИ[/SIZE]
Автор:
[SIZE=+1]Јордан Јорданов[/SIZE]

Македонија: корени и аргументи е избор на покарактеристични сознанија, размиси и забелешки за македонското прашање.


Потпирајќи се на богатството на историски, културолошки, политиколошки и други расположиви студии, авторот настојува да го сврти вниманието на јавноста кон информации и сознанија од литературата кои досега не биле доволно во фокусот на вниманието на јавнбоста, како да навлезе подлабоко во анализата на нивната меѓусебна поврзаност.

Трудот претставува хронологија на аргументи базирани на собитијата од историјата на Македонија и Македонците поврзани си актуелните настани и прашања на самобитноста на Македонецот, односно со негирањето на непризнавањето на историското име на државата. Презентираните наоди се тмелат на анализите за корените на актуелните настани, особено од аспект на заинтересираноста на соседите за територијата на која опстојувале Македонците.

Анализите укажуваат на причините за современите најнепосакувани собитија, што се врзани со интересите на големите сили на Балканскиот Полуостров, со нагласок на централниот дел на излезот на Егејското Море, проследени во времето на `Болесникот на Босфорот`, пред Балканските војни и нивниот тек во пероодот на Првата светска војна - до распарчувањето на Македонија, во текот на Втората Светска војна, како и при прогласувањето на државата на Македонците на Балканот. На оваа верига се надоврзуваат и настаните од современата историја - по прогласувањетои на независноста и признавањето на Р. Македонија, се до актуелните приеми во НАТО и Европската Унија.

Како посебни прилози, во трудот се поместени ЛИЧНОСТИ - преглед на сите споменати личности во трудот со куси изводи и цитати, како и дипломатскиот ДАТА - МАР - преглед на признавањето на Р. Македонија од други држави (сто и дваесет), воспоставувањето на дипломатски односи, како и членство во меѓународните организации.

Со овој труд авторот дава специфичен придонес во аргументацијата за правото на нашата држава да го носи своето историско и природно име Република Македонија.



Од издавачката дејност на Литературното друштво „Григор Прличев“:

ВО СИДНЕЈ ПРОМОВИРАНА КНИГАТА
„ПРИЗНАВАЊЕ И НЕГИРАЊЕ“
(Recognition and Denial)

ОД ВИКТОР ГАБЕР



Минатата сабота, 15-ти ноември, во просториите на македонскиот културен центар „Илинден“ во Рогдал (Сиднеј), во присуство на стотина посетители, се промовира најновата книга на Виктор Габер, „Признавање и негирање“. Промоцијата ја организира Литературното друштво „Григор Прличев“ во соработка со Македонскиот телефонски именик.

Промоторот на книгата, Новица Ангеловски, адвокат и претседател на Фондацијата за македонски студии во Универзитетот Маквари во Сиднеј, ја потенцира важноста на издавањето на ова дело во момент кога Грција го негира постоењето на Македонците во поробениот дел на Македонија. Тој нагласи дека авторот со обемни факти укажува дека после Првата светска војна Грција била обврзана спрема договорите да ја признае македонската националност, но праксата покажала дека таа преминала кон уништување на Македонците на поробената територија.

Книгата „Признавање и негирање“ е објавена во Македонија во 1986 година како правно-политичка студија, магистерска дизертација на Виктор Габер. Но истата сега е проширена со нови документи и преведена на англиски јазик за да биде достапна на пошироката јавност. Инаку Габер е автор на повеќе научни трудови меѓу кои и на книгите „За македонската дипломатија“ и „Премрежјата на македонскиот интелектуалец“. Виктор Габер е првиот амбасадор на Република Македонија во Австралија, а се наоѓа на оваа должност за последните четири години.

За разубавување на вечерта, со неколку соло интерпретации настапи македонскиот славеј, вокалистот Тина Јовковска.

Предговорот на книгата „Признавање и негирање“ е напишан од Професорот Др Петар Хил од Австралискиот национален универзитет. Инаку книгата на англиски беше преведена од Калинка Сентич Габер, а финансиите за тоа ги обезбеди Австралиско македонскиот неделник и Љупчо Станковски. Печатењето на истата беше помогнато од Коста Георгиевски од Georgievski Bros P/L од Сиднеј, техничката изработка беше изведена од Јове Стојановски од Macedonian Telephone Directory, а печатењето изведено од Mac Print & Graphics од Сиднеј.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
- Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини.

Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец.

- Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" -- мрежата за заштита на природните реткости.

- Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е Пакистанскиот со 7 морфиски единици а следуваат со помали разлики останатите (Колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. Mакедонскиот е замислете 14 морфиски единици!

- Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА".

- Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк Tајмс е опишана дека е идентична како измислените пештери во господарот на прстените.

- Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица, Дебарско.

- Гробот на славниот "Грk" Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба кој бил инспирација за романот ,,Гркот Зорба,, живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 починал тука.

- Освен Мајка Тереза познати лица родени на овие простори се и таткото на модерна Турција Кемал Ататурк роден во Coлyн.

- За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот.

- Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен, Охридско, а во Oхридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век.

- Најстаро дрво во Mакедонија Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот. Pасте од времето на Св.Климент Охридски -- 9 век.

- Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес истата е химна на Арапскиот свет.

- Во МПЦ само во манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец" се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денеска, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

- Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвараат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција.

- Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се Неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина..

- Прва зоолошка на Балканот е во Скопје.

- 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години ( а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро...)

- Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кој не го пуштиле. Плутал се додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко.

- Според НАСА, Кокино е 4 на листата најстари опсерватории во светот... останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино стара 4 милиони години и посовремена од Кокино.

- Македонија има 34 планини, 53 езера природни и вештачки, најстарото во Европа охридско е и најдлабоко на Балканот. Старо 4 милиони години во него има 200 ендемски видови кој се со светска важност..

- Во Македонија се произведуваат годишно повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри.

- Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век.

- Анастасие I (Flavius Anastasius) византиски цар (491-518) е најзаслужен за градбите во македонија.. Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале и.т.н се од Јустинијан I...

- Првата црква, првата покрстена во Европа Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на Христијанството сакал да оди во Азија но како што се вели во Библијата и Новиот завет во "Дела апостолски 16.13 - " пишува: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над
Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови но и борба на востаничките знамиња

- Лесновскиот Манастир е Прва монашка република на Балканот

Во него постоело книжовно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век но и калиграфско ( препишувачко) формирано во XIII век. Се до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје.

- Според археолозите и геолозите во Македонија траги на живот има уште од времето на Плиоценот, т..е пред првата ледена епоха. во околината на Неготино се пронајдени коски, за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од егејска Македонија е постар дури и од познатиот Неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од егејска Македонија се рушат и теориите за Неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од
најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок

- Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000

Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод, Македонија е земја со најголем број ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја.


3апознај си ја татковината за повеќе да ја сакаш!
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Ај некој ако има нешто во врска со Ајдутството во Македонија нека пише :smir:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Chris Stefou on the issue that Greece has with the Macedonian people:



.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Еве нешто, конкретно за околината на Свети Николе, Кнежје, Вила Зора (некои викаат Била Зора):
http://www.tfahr.org/public.html
има за симнување пдф документ од 24 страни, прилично интересен.
Инаку тоа беше лани летото, а како што сум запознат, ќе ги има и ова лето да продолжуваат со својата работа.

За истата работа пишува во некој археолошки весник, Pasthorizons, од Ноември 2008:
http://publications.pasthorizons.tv/?id=pasthorizonsnov08&page=9

Па можеби треба да се даваат повеќе пари за вакво перспективно место, а не сите пари за археологија да одат во Охрид. Не сум против археолошките ископувања во Охрид, но сметам дека и другите заслужуваат дел од колачот.

вила зора=била зора бизантиан=византиан иамм приметено на исто се мисли
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
DVD Amazing Macedonia

This DVD contains over 200 photographs and over 100 natural sounds from the most beautiful sights of Macedonia

Macedonia: a name with mighty and magic resonance, the name of a place and a people with great historical glory. Its origins go as far back as the 7th century BC, when king Perdika founded the first Macedonian kingdom, which was later strengthened by king Philip II of Macedon and then expanded by means of the sword and the dynastic marriages arranged by Alexander of Macedon all the way to the Himalayas in India and the pyramids in Egypt.
Macedonia: an indelible seal in the worlds memory, a name constantly discovered and rediscovered by ancient poets, wise men, mythologists, archaeologists, travelogue writers, apostles, and prophets. It was not by chance that Gabriel Garcia Marquez opened his famous novel One Hundred Years of Solitude, one of the masterpieces of the 20th century, with a character from Macedonia Melquiades, a sorcerer and alchemist of the soul. His name and the name of his people come from ancient times and according to the Bible he was the offspring of Japheth, the youngest of Noahs three sons. He was given the task of offering spiritual comfort and going on noble missions, thus leaving his traces upon the civilisation of this world before and after Christ.
The gifts that Macedonia has deposited in the European spiritual tradition are numerous and indispensable.
The great truth about the word of the New Testament, full of cosmopolitan love and divine light, was sent from Macedonia to Western Europe by St. Paul the Apostle. He and his follower, the devout Lidia, founded the first Christian church in Macedonia. The third of the four Gospels in the New Testament, St. Lukes, was also written in Macedonia. Nine centuries after Christ, Ss. Cyril and Methodius, the holy brothers from Salonica, started their mission from Macedonia and lit the blazing Word among the Slavic peoples, leading them thus from their spiritual darkness to the light of European culture and civilization.

http://amazingmacedonia.com.mk/

 

Kajgana Shop

На врв Bottom