Промотивен материјал за Македонија?

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.810
Поени од реакции
7.085
Австралиско државно радио: Македонија една од „најжешките“ туристички дестинации во Европа за 2011
Во својата новогодишна програма на Австралиското државно радио посветено на нови туристички дестинации во 2011 година Македонија се спомнува како една од „најжешките“ туристички дестинации во Европа. Во прилогот меѓу другото се вели дека „иако е мала земја која не располага со морско крајбрежје, Македонија сепак може да ги задоволи потребите на скоро сите туристи“.

Во емисијата се нагласува до Македонија, која се наоѓа во центарот на Балканскиот полуостров во Јужна Европа, се патува многу едноставно. Со авион до двата аеродроми во Скопје и во Охрид или по автопатот Е75 кој се наоѓа во самата средина на земјата и е помалку од 100 километри одалечен од Егејското море.

Новинарот на Австралиското радио предлага австралиските туристи да ја започнат својата турнеја од Скопје нарекувајќи го како град идеален за „шопинг“ и со убав ноќен живот полн со ресторани, трговски центри и ноќни клубови за забава.

Како друга најатрактивна дестинација во Македонија се спомнува „Хераклеа“ во Битола за која вели дека ќе ги врати туристистите назад во самото време но историјата.

Посебен осврт во емисијата беше посветен на македонската кујна која е окарактеризирана како нешто „специјално“.

Во емисијата учествуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески, кој говореше за културно-историските врски помеѓу Австралија и Македонија, притоа повикувајќи ги сите австралијци да ја прифатат пораката од оваа емисија и да ја посетат Македонија./миа
канал 5
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Попова Шапка и Маврово им се нудат на Британците за годинашнава скијачка сезона

Македонските скијачки центри Попова Шапка и Маврово им се нудат за првпат оваа година на британските љубители на зимски спортови, поради убавината на природата, богатиот снег и добрата туристичка понуда.

Лондонски „Гардијан“ во извештајот на својот туристички експерт, донесува голема фотографија на Попова Шапка, како и прилог во кој се истанува изненадувањето од природните убавини, квалитетните терени за скијање и за меѓу Британците популарниот ски-бординг, пријателски наколнетите луѓе кои „зборуваат мошне добро англиски јазик“, ниските цени и убавата и богата храна.

Попова Шапка не е град и на планината нема градска населба, но речиси сите хотели имаат свои барови во кои постојано има забави, локално пиво и македонска ракија, пишува специјалниот известувач на овој лондонски весник.

Тој е мошне задоволен и од понудата на Маврово и од квалитетот на неговите скијачки терени на планината Кораб, каде истакнува дека може да се скија од ноември до април.

Весникот забележува дека и двата скијачки центри се наоѓаат не далеку од македонскиот главен град и неговиот аеродром, од каде се стигнува со такси за еден час.

Истакнувањето на македонската зимска туристичка понуда, доаѓа по двонеделната посета што група британски експерти за зимски туризам ја направиле во Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Овој регион е целосно заборавен од Британците и запоставен, во споредба со интересот за другите европски скијачки центри, главно во земјите каде се протегаат европските Алпи. Во извештајот што експретите го направиле се потсетува дека одамна, во седумдесетите и во осумдесетите години на 20 век, во Велика Британија се знаело многу повеќе за понудата и за можностите за скијање во сите овие земји од Балканот.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=69483
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
11 април 2008
Мислења
6
Поени од реакции
6
Ми дојде под рака една интересна книга, па си реков да споделам тука, можеби некој ке биде заинтересиран да си ја набави и да ја има во својот дом.
Се работи за книгата со наслов Чудесна Македонија.
Во неа се опишани точно 100 локации, знаменитости, културно-историски и духовни локалитети и светилишта, кои секако се вредни да се посетат и погледаат...
Книгата сеуште не е издадена, ке биде достапна почнувајки од Јули 2012.
Моментално има пред-продажна акција за оние кои се заинтересирани, многу поефтино и подостапно од планираната продажна цена, а и на рати, оние кои се заинтересирани слободно нека ми пишат приватна порака за детаљите каде, како и по колку можат да си ја набават.
book1.jpg
--- надополнето: 18 јануари 2012 во 19:41 ---
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ќе кажам пак иако се повторувам ко во првиот мој пост од темава
мене просто ми е срам :oops: -
незнам за каков промотивен материјал говорите овде??!
дали странците ќе мораат сами да ги разоткриваат магазините за да си купат некаков си сувенирчич на кој пишува Macedonia? или сметате дека секој ќе помине низ фамозниот ГТЦ - па ќе налета на неа или во чаршија да си купи опинок????:mad:
сега се вратив од една земја која не сакам да ја именувам од икс причини- држава на кој не и’ треба ама бш никакво промовирање - НО , знаете што?
секој со кого и да се сретнев мислам дека “гореше од желба“ да подари нешто од таму - од градот ..... подаруваа книги, разно разни сувенири,дури и некакви си кристални фигури во кои беше изгравиран градот , цд-а, капи - кои беа верна копија на нивните стари традиционални носии , нивниот национален пијалок каде во гро план се гледа земјата на потекло на пијалокот и тн да не набројувам ......:mad:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
година и половина а темава необновена, дали тоа значи дека нема ништо ново да се понуди за Македонија ?! по се’ изгледа ќе да е така :rolleyes:
 
Член од
19 март 2014
Мислења
2
Поени од реакции
3
naskoro kulturni-nastani.com , културно-историски обележја и културни манифестации, голем дел од статиите се и ќе бидат и на англиски јазик. Така да сеуште има луѓе кои не се откажуваат од промоцијата на својата земја
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Одличен промотивен текст за Македонија во француско списание.

Macedonia: the emerging destination; поднаслов: Macedonia: to be enjoyed without moderation (превод од француски).

Статијата е резултат на пи-ар акција поддржана од страна на Wizz Air.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.677
Поени од реакции
15.526

ова стално ми искача на ФБ, направиле автобуска тура од Ужице за Скопје.... Интересот нема да спласне, напротив, сега може ќе идат да гледат како фрле и макре со француски клуч го рушат споменикот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom