Прозни искри

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Ги сакаше малите дневни ритуали.Особено утринските прошетки до најблиската продавница и назад.Секое утро во неговото градче беше благо магловито,па затоа и одбра да живее таму со својата ќерка.Ја сакаше маглата.Му оддаваше интересна паралела на неговиот живот,кој го помина затскриен во сенките и покриен со анонимност и обскурност.
Сега беше среќен.Во предградие од средно-голем град и во своите поодминати години,живееше мирен и хармоничен живот со својата ќерка.
Таа беше неговата гордост и неговата главна мисловна преокупација.Во секој негов самотен момент,додека таа беше на факултет или излегуваше со пријатели,знаеше да се задлабочи себеси и да се обземе со мислата дали успеал таа девојка да ја подготви за животните предизвици и да ја научи за светот,луѓето и како да се носи со бремето на денешницата.Размислуваше дали нејзината покојна мајка би се гордеела со нејзе,како што тој се гордее.Тоа навистина би го направило среќен.
Ова утро стана рано за да и подготви појадок.Скромен,но од срце.Рибанка-две или три мармалад со чај.Сакаше од капини.Шеташе низ маглата за да купи мармалад од капини.
Во целата таа опсесивна фиксираност за тоа како денес да го разубави денот за малата,случајно удри нешто.Се слушна моментален плачлив крик.Го спушти погледот и виде дека клоцнал некое многу мало кученце.Кученцето крвареше од главата.Завиваше од болка и се тетеравеше.Старецот остана здрвен.Пребледе во секунда.Не беше баш свесен колку време стоеше така,кога слушна уште пострашно лаење позади него.Се заврте и виде големо куче како трча кон него.Не изреагира.Само почнаа да му течат солзи.
Неподвижното тело остана да стои дури и кога кучето му се нафрли и почна да го гризе по нозете.Одвај се слушаше дека старецот офка.После неколку заривања на забите во неговата кожа,падна.Пак не се бранеше.Никаков отпор.Штом падна,кучето го загриза за вратот.
Прелета камен.Потоа уште еден.Го погоди животното.Тоа се оттргна и почна да бега.Со последните сили старецот го крена погледот и здогледа еден полн,проќелав човек како му се наближува.Кога стигна до него,се наведна да земе уште еден камен за да го истера збеснатото куче целосно.Штом го зема каменот,старецот му ја зграби раката со сила која неможе да ја има човек со смртни рани,па овој од болка,го испушти.Старецот забележа како човекот го гледа зачудено,додека видот му се заматуваше и остана само црнило.

/

Во чекалната на болницата бесно влета расплакана девојка.Имаше темен тен,долга црна коса и голема лузна на челото.Седна до човекот,го прекри лицето со рацете и почна гласно да плаче.По некое време,кога се созеде малку,го погледна дебелиот човек...

-Вие го донесовте татко ми овде...
-Да...јас.
-Мртов е.
-Знам.Во раце ми почина.
-Не ми даваат да го видам.
-Процедура.Нема долго да трае.
-...Како?
-И мене не ми е јасно.Излегов на терасата кога слушнав како стенка некое куче.Помислив дека е некое залутано,а беше рано и ќе ги разбудеше комшиите.Мислев да го фрлам негде.Се облеков и излегов надвор.Го слушнав офкањето на вашиот татко.Го нападнало друго куче.Имаше магла,одвај се гледаше.Промашив со првиот камен.Од втора го погодив.Задоцнив.
-Не...татко ми можеби беше стар...ама јас не познавам посилен и поцврст човек од него.Неможам да верувам.
-Ме зачуди...вашиот татко не пружаше отпор.Само лежеше и офкаше додека му беа задавани смртни повреди.Најчудно од се...не ми дозволи да фрлам уште еден камен кон кучето кое го нападна.Ме зграпчи за рака доволно силно за да го испуштам каменот.
-...Ви благодарам што сте се нашле таму.Ви благодарам што не сте го оставиле таму да биде масакриран.
-Жал ми е.
-Можете да си одите.Ви благодарам уште еднаш.
-Неможам.Треба да дадам дополнителна изјава.И на цајканите не им е веројатно сценариото.А мене ми беше сосем логично.Недалеку од него лежеше мртво тоа кученце кое ме вознемири првично со неговото завивање.Мајката на кучето го нападна вашиот татко.
-Мајка ми е почината...
-...Жал ми е.
-Татко ми секогаш ми кажуваше дека била храбра жена со неверојатен дух,приципиелност и доследност во секоја нејзина одлука.Ми велеше дека сум целата на неа.

Човекот се насмевна.Следеше пауза од неколку минути во која девојката бледо гледаше кон исушената билка во аголот на чекалната,која исто како и пациентите,останала заборавена од дежурните болнички гробари.
Човекот ја посматраше нејзината лузна.Смогна сили да ја праша...

-Пад од велосипед?

Девојката се насмевна благо и ги избриша солзите.

-Не.Повреда од табула раса годините.Сум била мала и сум се удрила од шпоретот.Татко ми цел живот преку неа ја оправдуваше неговата преголема посесивност и заштитничка настроеност.

Докторот влезе во чекалната и ја повика девојката да оди да го види својот татко.Таа се поздрави со нејзиниот соговорник и си замина.

/

Секогаш носеше смокинг кога требаше да заврши некоја зделка.Another day at the job.Влезе во големиот црн џип со блиндирани прозорци,го фрли 9мм пиштолот на совозачкото седиште и ги преразгледа документираните објективи.Овојпат него му беше дадена некојаси непослушна поротничка која не ја послушала заканата и поради нејзиното влијание,неговата фирма цели десет години ќе остане без свој уличен чистач.Негов колега од понизок ранг.
Овојпат шефовите стварно решиле да докажат поента.
Самохрана мајка.Еднособен стан.Живее сама со нејзиното двегодишно дете.Метата е детето.Мајката треба само да се онеспособи.
Не му беше по вкус целата работа,но отсекогаш бил пчела и ги слушал наредбите на надредените.Го запали џипот и тргна кон дезигнираното место.
Четириспратна зграда.Втор спрат.
Ги стави очилата,го зема пиштолот и излезе од џипот.
Не беше особено тешко да ја отклучи вратата.Ниту е прва,ниту ќе биде последна.Влезе тивко,уште потивко ја затвори вратата од внатре.
Полека додека се движеше низ малото предсобје,го извади пиштолот.
Жената беше во кујната.Работеше и потпевнуваше.И свирна куршум во рамо.Потоа се доближи и ја нокаутираше.
Влезе во дневната.Детето лежеше на креветчето и спиеше.Му се доближи.Девојченце.Спиеше мирно и гугаше во сон.
Неможеше да биде сувопарен.Неможеше на ова дете да му докажува сила и укажува супремација.Требаше само да го избрише од постоењето.Прв негов контакт со убивање невиност.Прва негова слабост.
Не му требаше долго да го спушти пиштолот.Малото ги отвори очите и веднаш му се насмевна.Толку беше од неговиот професионализам.
Ја зема во раце.Мораше да размислува брзо.Знаеше дека ако тој не ја убие,некој друг тоа ќе го направи без размислување.Знаеше дека непосредно после убиството на детето,ќе му стигне нова наредба да се погрижи и за мајката.Знаејќи дека нема да му наштети на ова дете и имајќи ја својата кожа под лупа,реши да собере партали и да бега.
Тргна кон вратата.Обземен со мислите,беше крајно изненаден кога ја виде мајката на детето,која обилно крвареше,како јуриша кон него со неверојатна агонија отцртана на лицето.Здрвен во место,случајно го испушти детето,кое силно удри во подот.Плачот на девојчето и врисокот на мајката која го удираше и гребеше со надчовечка сила го извадија афектот од него,и во момент на непромисленост,а и страв од привлекување внимание,за последен пат професионално скрши врат на живо човечко суштество.

Ја соши големата рана на челото на девојчето во неговиот џип.Колку и да му беше жал,не смееше да ризикува да оди во болница.Го стиши врисокот и плачот давајќи и пилула за смирување која обично тој ја пиеше после добро завршена работа.Се јави кај негов пријател,кој му беше животен должник и побара нови идентитети и пасоши,кои овој ги изработуваше секојдневно во системот за протекција на заштитни сведоци.
Со нови документи,авионски билет и заспано двегодишно девојче во неговата прегратка,чекаше авион.Преголем му беше шокот за да може да чувствува било што во тој момент.Само знаеше дека собра добра пара и ќе има,а со тоа и ќе обезбеди,удобен живот.Знаеше дека има време за длабоки размисли и каење.
Тоа време не беше сега.
 
С

Сатори

Гостин
Текот на мислите

Во константноста на променливоста сум заробена како црна фигура со многу шарени бои, совршено складни комбинации на мојата господарка.Темно поставено тло и невозможност за подоцнежно светли нијанси, кои што длабоко во себе ги посакувам а знам дека не можам да ги добијам, само надворешно.

Тоа е како голема убава црква, од оние со крст на врвот, затворена херметички за не можат верниците да излезат од неа и да се угушат внатре од премногу молење некој да ги пушти надвор, смешно и иронично во исто време, зошто на крајот сепак се заробуваш сам себе во сопствениот ум додека вратата е веројатно само заглавена.
Потоа си го ставам палецот во уста и ја клатам главата додека пишувам за да можам да ги задржам мислите на едно место и да ги сконцентирам за да не ми избега фокусот, но тоа секогаш го правам сосема безуспешно затоа што сум зависна од препрочитување.

Ги кревам рамениците кога ми се појавуваат чудни ликови на МСН и ме попречуваат во работата, па прелетувам на замислување некои глупави полу-моќни сцени во кои што за прв пат кажувам што навистина им мислам на тие суштества, ама, храброста некако не е потпомогната од лутината па заборавам што сум им мислела за да им го кажам.

Лего коцки, никогаш нема да може да се изгради стабилна кула од нив, исто како картите, најубави се градбите со шупливи цигли зошто може да се гледа низ нив без некој посебен напор, што е глупаво, а пак мами насмевка на лицето.Мајка ми ме наговара да престанам да пушам цигари зошто наводно ќе ми се исуши мозокот од нив а јас се надевам дека ќе ми престане протокот на енергија и ќе станам пластифицирано зомби за да не ми биде грижа што со мозокот, туку со телото.

Убави се колачињата на кои мислам во моментов, одам да јадам.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Welcome to the nine concentric circles of Hell.
Time once again to pull my insides outside my mouth and decorate these wipe-free pages with astral vomit,pith and nails,lactiferous outbursts and ectoplasm wrung from a soul sick with "Fuck,Cunt,Shit"-Tourrete's Sindrom.Fuck.

So,welcome,scum,and welcome to the goocolumn that pushes boundaries of shitdom to the very blink of feasibility,syphens it through the hairline cracks in-sanity and then drops the whole steaming cess into the tiny manipulative hand of children everywhere.

Bow,then(And while you're down there...),before the dark and ever shifting mirror that is the Abyss,Pray(Prey) Enter...

What would happen if Alice in wAnderland lost her parents in a car accident?Or a fire,or if they were murdered by a golded-toothed,ass-scarred maniac whille Alice was tied to a chair,observing the process of her mother's throat being sliced into a holy fucking pile of goozmit.Meaning....what would happen to Wonderland?Would it still be the nice,weird and colourful little place from her imaginationland?Would there still be a bunny wabbit that hoppidy-hops and rhymely rhymes?Would there still be a puddicat that appears out of nowhere and has a huge smile on it's face,adding spice to the childish conception of mystery and Phantasy?
Would it?
Smile?
Wouldn't the wholle fucking wonderland just smack-drop-die-shift into a nasty little hellhole created by a psychotic mind?
Wouldn't she turn into a orgasm giving(never recieving) slut with sevenTEEN piercings at the age of fourTEEN,a tatoo in her rackhole,discovered only by wanderers lost in the desert of their own perversion?Would she not take crack up that same tattoed crack and cocaine up her nose?Would she not love getting orals from the puddicat whille sucking the hoppidy-hop bunny wabbit's cock?
I think affirmative.As in all man and wemen,occurances change lives.

Why do the creations on Earth that call themselves humans have such impressionate minds?They get exited by the smallest thing like gift-giving and birthday parties...and TV shows at six six six o'clock in the evening.They get down if they lose something,someone,break shit,hit shit,get hit by shit,throw shit to the fan...the shit always hits the fan.Literarely.
they pity themselves,love themselves,live for themselves,convince themselves they live for others,eat more,eat less,shit more,shit less,mouthshit,moveshit,cheershit,booshit,breakshit,makeshit,bullshit!
My answer to all that silly ongoing sharade is to embrace the shit.Shit happens.Knowing that in every corner of aspects in your life,there is a small(or big) livin',breathin',hatin' piece of shit waiting to smash your face in,i accept every type of shit that hits me.Some of it gets in the mouth,some in the eye,ear,nose....yet they were all meant for me.Basicly,there is no big enough amount of shit that anyone can throw at me,to actually catch me off-guard.I know it's wrong not the fight the shit,but you see,fighting is not always the good choice.The shit marks you and tracks the designated spot in your body,and hits it,beside the fact that you tried to bend or move aside.

Meh...i tire and bore of people.They base everything on impressions.They act upon them.Even season changings affect them.
A separate hype for every disected moment of their maggot lives

Winter is upon us again,descending like some ice-wreathed phoenix from the severed heavens,mantled in swelter welts and higher mortgage rates of cancer.
Time once more for nonchalant scarf feaver,indoor drunkarding and wet,carrier pissed singers regurgitating sad mantras about boemic sorrows of loves one lost and other abrocities.
[FONT=&quot]The breeze,thick with humidity unright for our climate is suddenly sickly sweet with the reek of factor fifteen on sagging cleavage,the youth become ManhattanBreed,the elderly wear black in favour of grey.Squealing tyres,petrol mowers and carrion,migrant birds hog the roads and air.Pent up,cooked hormones congeal in flesh receptacles,a clicking insect libido when the lights and tights go down.Cabin fever.Bermuda contagion.Cloying sweat leaps from Man to Man as too does the notion and wintersorrow that every woman in anything less than a lateeighteenth century diving suit demands their utmost lecherous intent.Cities acquire the stench of abattoirs,brazen meat markets simmering to Maggotropolis. Coastline resorts threaten to break off under unwelcome attention and drift off into the snow,leaving the unpresedented Maggotropolis with more the appearance of a basking beached whale than the temperate Dragon rampart the Euros once economically feared. Rover and Ford falter for not spewing out enough soft-tops geared toward the Internet Shares Investor at this time of year,less informative highways crawl to a standstill with tin-closed,wannabe opened BMW, VW and sporty,foreign fuckyou´s blaring the latest Speedhousedubgaragetechnodance craze,backseat speakers rife with electro-chittering nonsense interrupted only by the microwave fuzz of in-car/in-ear/in-sane mobile drones and piano songs by leachers and tweachers recarcassing animated memories of Springtime chi.

By Luna's wrath....i'm tired.
I gotta quit the fags(cigs,not men ;))

[/FONT]
 
P

Polaroid vanity

Гостин
..Ми се корнеше лицево. Секоја пора велеше смрт,диктираше пекол со студена топлина и крцкава омраза со дебела вистина дека одамна престанав да се служав со очиве.
Ослепев,наеднаш..од никаде,ненадејно. Но боже мој..па што ако? Направив и торта тогаш. Можете да замислите..го правев колачот во темно..без прозорциве. Не се мачев,работев со сласт..без виделина,без очи.
Само две дупки на лицево..две бездни..кои тивко колнеа. Но кој ќе слушнеше?
Ама имаше и нешто добро моево опростување со водилките.
Секогаш кога и да се капев..кај завесите,во меѓупросторот,тренерката на татко ми која упорно бираше да стои на истото место..ми го одземаше сето внимание со црнилата и толку силно ме плашеше што половина од времето го минував во обиди да се смирам.
И сенките кои ги гледав..безпричински,доста беа. И луѓето кои влегуваа,бездушни. И тие доста беа. И духовите кои лебдеа,бестелесни..и тие.
Сите. Сите. Сите.
Решив на празен стомак,со ладна глава,на гладно срце.
Подобро бистар мајмун отколку получовечки идиот. О колку подобро мил господару!
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Долго време не сме се виделе,пластична приказно.
Долго време не сум ги осетил твоите раце како минуваат низ мене,како ме инспирираат со секој нив допир.
Дали ти си сеуште тука до мене?
Дали живееш во мене како порано?
Дали ме гледаш потсмешливо додека се трудам да те интерпретирам?
Сакаш ли ти да комуницираш со мене?
Сакам ли јас?
Не знам.
Понекогаш...премногу си хазардна.
Влегуваш во мене и ги рушиш сите мои претходно создадени концепти.
Ги поместуваш наоколу тулите на логиката,си играш со ситните делчиња од сложувалката,дивееш внатре во Храмот на Мирот,ги кршиш светите артефакти во него...па те молам,ти го нарушуваш целиот воспоставен тек на енергијата.
Без оправдување.
Без причина.
Без цел.
Едноставно...хаос?
А зошто
Зошто би го нарушила,тој прекрасен свет кој го создавам?
Зар неможеш да ја видиш мојата амбиција,мојот поглед?
Да погодам...не те задоволува,нели?
Знам...ни мене.
Чудна е твојата лутина.
Кога на малото детенце нема да му се исполни волјата,седнува на столчето во аголот од Храмот...и гледа со чуден поглед.
Молчи.
Не искажува ништо.
Неможеш да го разбереш.
Поставува огромна бариера со чистината и невиноста која ја поседува.
Непробивно.
И...каде си сега?
Дали со купот играчки стоиш пред Храмот,гледаш зачудено во неговата голема врата и ги молиш чуварите да те пуштат внатре?
Ти се допаѓа она што го направив со него?
Ти се допаѓа ли сега неговата грандиозност,неговата цврстина?
Те импресионираат чуварите,дојдени од долината на Сонцето,со нивните смарагдни штитови и мечови изработени од свеста на резидентите на Шамбала?
Ги гледаш чизмите од чист самраккожа од чиста кататонична темнина која нуди парадоксален отсјај,кој ни самиот Ѓавол не би можел да го издржи?
И на крај,ме гледаш ли мене?
Седам на мојот трон.
Му се восхитувам на храмот.
Станувам,ги гледам орнаментите во него.
Си го мијам лицето со ладната изворска вода,црпејќи ја нејзината нежна свежина.
Шетам низ ходниците,го слушам моето ехо,го величам своето его.
Ги допирам цвеќињата,впивајки ја секоја честичка на нивниот прекрасен мирис.
Го носам мирисот низ нивоата на мојата свест.
Го дефинирам,анализирам и ја влечам потребната енергија од него.
Трчам,одам,стојам,спијам,споредувам,надгледувам,барам,наоѓам.
Се спровирам полека низ синхроницитетот на мојот живот,во мојот прекрасен Храм.
Заштитен од се,под будното око на моите Смарагдни чувари.
Создавам величенствена комплексност,со една единствена цел-да ја покори едноставна,течна,неодолива потреба за чувства.
Чувства,кои можеби стојат пред вратата,можеби се таму,зад далечниот рид на хоризонтот,длабоко скриени во темната шума,уживајќи пред огнот кој свети во нивните поспани лица.
Но секако,морам да излезам и да ги побарам.
А надвор е ладно,мрачно...и ризично.
А од кога јас ризикувам?
Од кога јас сум храбар да јуришам во непознатото?
Морам да ја задоволувам потребата за безбедност.
Внатре,до огништето,на топло...тоа предизвикува некакво задоволство.
И обична средина,како некогаш.
Па да...зошто да не?
Како и да е...како и секогаш.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Црвен фустан

Сакам црвен фустан.Го сакам лелеав и евтин,го сакам претесен,сакам да го носам се додека некој не го откине од мене.Го сакам без ракави и со гол грб за да никој не погодува што носам под него.Сакам да чекорам по улиците каде што камионџиите ќе се лигават како свињи по мене.
Сакам да чекорам како да сум единствената жена на Земјата која има право да избира.Толку проклето го сакам тој црвен фустан.Сакам да ти ги потврдам твоите најлоши стравови за мене,да ти покажам колку малку ми значиш,ти,или било што освен тоа што го сакам.Кога ќе го пронајдам ќе го извлечам од закачалката како да избирам тело кое што ќе ме донесе на овој свет,кое ќе ми помогне да поминам преку плачот на животот и плачот на љубовта и ќе го носам како коски,како кожа,тоа ќе биде проклетиот фустан во којшто тие ќе ме закопаат.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Mojata Ispoved

[FONT=&quot]Dali vi se slucilo nekogas isfrleni od kolosekot da mu recete na sekojdnevieto zbogum i da se izvinite,noseni od stravoten vior,vcudonevideni kako onoj na kogo tloto mu se izmolknuva pod nozete?Dali vi se slucilo da vi zemat se i da vi ja stavat na dusata teskata odvratna raka i da vi ja zemat radosta i vedrinata na slobodniot duh i samata smelost sto ostanuva kako ocaen dar a sudbinata da vi zemat se i da napravat od vas nemo,preplaseno robince?Raznovidni i mnogu se bolovite sto gi snaogaat lugeto na ovaa zemja kade sto so ,,poubava dusa podlaboko se lipa,,,no toj,kogo sto samo edna od ovie vistinski golemi bolki go snasla-sestra mi e i najdobra prijatelka.Na site onie sto stradale i stradaat zaradi dusata i poradi nejzinite golemi i vecni baranja-im gi posvetuvam ovie nekolku recenicki.Na site koi se cuvstvuvaat kako mene vo bol i nadez... [/FONT]
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Навистина, по малку неочекувано исказов но... еден од моите лебеди почина. Вечерва доцна, мафташе моќно со крилјата импресиониран од големото количество на леблебија во моите раце, но ете... Павловиот рефлекс сепак го немав испраксирано доволно за секој пат кога ќе се појавам со храна за неговата душа да ги исполни моите очекувања, радости и желби.

Во животот постои само една сигурна работа. Смртта. Се` друго кое претходно ќе пробаме да го исполниме како задачаи обврска се нарекува лебедов танц, а сите ние сме лебеди. Секој танц завршува со груб, див секс кој повеќе наликува на игра на делфини не штедејќи се еден со друг во позициите кои константно ги менуваат отколку во мирна лебедова класична музика. Таква беше играта и оваа вечер. Налик лебедов танц кој завршува со... па да речеме со градацијата на Равел која стручно не знам да ја кажам и тоа ќе ме осуди на вечна неинтелигенција и ќе ме отфрли од високите кругови на паметните момчиња кои ја сфатија суштината на животот преку алтернативната медицина, и кабалата.

Лебедите продолжуваат да мафтаат со крилјата. Јас леблебијата ја чувам во џебот но сега, откако неколку ламби останаа скршени кај мене дома, во тесната колиба составена со плитар од надвор и слатки црвени мисли одвнатре, се мислам дали воопшто има потреба од расфрлање понатаму. Застанат на брегот гледајќи ги прекрасните лебеди кои мафтаат само бидејќи имам леблебија... дали ним сеуште, или на оние мали гњурци кои сепак ги гледам како дело на Пикасо споредено со прекрасната гола Маја на Гоја. Секако гњурците, но ајде најди ја моќта со која ќе ја претвориш малата нуркачка птица, сирена во мислите.

Но од таа гледна точка, секој лебед е грд само по себе, бидејќи сликата на идеалност која ја прикажува и нуди на прв поглед всушност е само надворешен израз на тагата внатре. Бидејќи секое живо суштество на планетата е поставено во идеален ред а погледнато самото кон себе. Па ако крилјата на лебедот се прекрасни, бидете сигурни дека неговата лебедица секојдневно го обвинува за неговата неспособност за ловење риба. А доколку и тоа е во ред, нема дилема, импотентен е.

Затоа, кога ќе сакате на брегот да ги храните птиците, дајте му на малото гускиче, тоа знајте дека ќе го цени вашиот труд, бидејќи иако нема меки перја, има мек клун, кој ќе го погали од вашата дланка и ќе создаде нирвана на душата. Најубавите работи се доживуваат со затворени очи...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
[FONT=M_Swiss]............[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Blaga rumena svetlina,nebare zajdisonce.Urnatini od nekakov yid. Mom~eto i devojkata Pandora sedat i mol~at. Taa zamisleno mu ja gali rakata.[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Pandora: Orfej. Neobi~no ime, ne sum go slu[nala drug pat. Na kogo si krsten?[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Orfej: Na baba mi. Taa pee[e mnogu ubavo. So ~asovi mi pee[e pesni za nekoi drugi, poinakvi vremiwa. Koga bev mal veruvav. Sega znam deka lu\eto nikoga[ ne bile tolku hrabri i iskreni. Mora da gi sonuvala tie pesni. I jas peam ubavo, no samo ponekoga[ sonuvam.[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Pandora: {to sonuva[ Orfeje?[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Orfej: Tebe. [/FONT][FONT=M_Swiss]Tebe te sonuvav. (Se obiduva da ja bakne. [/FONT][FONT=M_Swiss]Pandora ja vrti glavata i bakne`ot go nao\a nejziniot obraz.) Orfej mol~i nekolku sekundi.Potoa, nebare navredeno:, Se nadevav deka ti se dopa\am.[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Pandora: Nadevaj se. Nade`ta posledna umira! ( Stanuva.) Moram da si odam. Se stemnuva .[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Orfej: Ostani! Zarem ne znae[ deka no]e slaveite peat najubavo? }e ti ja ispeam najubavata pesna dosega.[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Pandora: Od kade znae[ deka ]e bide najubava?[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Orfej: Vquben sum! (Ja pregrnuva, ja kreva vo racete i se vrti.) Mo`eme da peeme zaedno, da gi voshitime site so na[ata pesna za qubovta![/FONT]
[FONT=M_Swiss]Pandora, otkako ja spu[ta na zemjata: No, jas ne znam nitu edna pesna. [/FONT][FONT=M_Swiss]Jas nikoga[ ne sum peela.[/FONT]
[FONT=M_Swiss]Orfej: Nitu edna? Nikoga[? [/FONT][FONT=M_Swiss](Pra[alno ja gleda, a taa odmavnuva so glavata)[/FONT]
[FONT=M_Swiss]........[/FONT]
 
U

UnholY

Гостин
Ве мразам.
Ве мразам оти сте гнасни и ужасни.
Ве мразам оти фекалирате од вашите грозни усни прелиени со леплива течност од вулгарните гасеници карактеристични по својата препотенција и глупостите кои ги сеете.
Ве мразам и поради коалското торсо распространето до Австралија кај шо се дружи со поетски кенгури, па заедно јадат гомца и ги грицкаат големите брадавици на феминистичките поети и ноктите на нозете на растрчаното, весело, есенско и гнасно момиче.
Уствари, може и не ве мразам ама аналните вомитирања по топиците на жолтата повраќаница ми иницираат нагони на дефекација.
И додека наоколу неколку момчиња наоколу тонат во сферата на кататонија и депресија есенските ливчиња веќе одамна беа во посета, а вие полемизиравте за нив и роневте чоколадни солзи кога чудното девојче се фрли во скутот на еден фасцинантен лик од ''Legacy of Kain''.
А, патем, како шо секоја систематска структуричка од атоми нема идентично секојдневие додека стаклото се крши и ја покрива крвта пролеана од мачкините шепи и расфрлените наоколу нокти, додека во сајбер сценарио и мсн кратенки го потенцирате хипокритството и дискусиите кои иницираат прозводот на Холивдуските корпорации да си стави силикони за да им го дрви на дебилите.
И така додека врапчињата се тепаат кој да го облече плавиот блузон, враната-злопамтило реши да биде мува на ѕидот и да им свети со факел.

 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Кој би рекол? Се повтори нешто веќе одамна заборавено. Да забораваш, за да бидеш заборавен. Да постоиш за сите, а никој да не те гледа. Зборовите стрелаа онаму каде највеќе болеше. Како мастилави дамки кои го валкаат белиот лист, на кој штотуку требаше да почне да се пишува приказната за еден убав живот исполнет со радост, смеа, сакање и почитување. Лист чиј насловот ќе гласеше за пријателите... Каде отиде се?! Дојде ветер кој ги откина лисјата од стеблото. Зар, толку брзо листовите ја менуваат својата игра? Зар толку лесно забораваат дека некогаш биле дел од нешто заедничко што ги поврзувало и им овозможувало баланс меѓу себе. Три од тие листови очајнички се обидуваат да се задржат зад своите гранки, не сакајќи да го напуштат она што им е заедничко. Меѓутоа, тие три листови не се свесни дека кога тогаш ќе мора да се откинат и тие...Сепак, тоа не е нешто кое што се случува по воља на неколку листови или пак на стеблото, туку по воља на поголемиот дел листови кои веќе решиле дека е доста од тоа да висат на стеблото, и се предаваат на ветерот, паѓајаќи надолу, не знаејќи дека таму долу нема што да ги храни, и нема кој да ги поткрепи. А стеблото ќе гледа како тие пропаѓаат и гнијат, и неможејќи да направи ништо повеќе, ќе реши да се препушти на времето, свесно за фактот дека доаѓа следна пролет. Пролет која носи нови лисја, овој пат помногубројни и поцврсти.
Ова стебло сега посакува нешто повеќе...Би сакало да биде бар иглолисно, знаејќи дека нема никогаш да биде само...
Сепак на крај се реши...Ја предаде својата душа на ветерот, знаејќи дека идната пролет самото тоа ќе биде лист, и дека овој пат ќе има шанса да биде тоа кое нема да го остави стеблото да стои само на ладниот зимски ветер....
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Ноќта полека се спушташе над големиот град а со неа и гусите темни облаци го сипаа својот товар над жешкиот асфалт. Главната улица полека но сигурно се расчисутваше, дождот ги натера луѓето да се повлечат во своите домови оставајќи ја пуста и каллива. Одвреме навреме ќе поминеше некоја кола или некој минувач што не успеал навреме да се сокрие од дождот па сега брзаше за што побргу да стигне во својот дом. Но сепак како никој да не погледнуваше во самиот агол на улицата под големиот даб каде покрај една `рѓосана кофа со цвеќе седеше една девојка. Таа беше таму од утрото продавајќи ги свежо набраните цвеќиња кои сега беа суви и пожолтени од силното пладневно сонце. Целиот тој ден таа го помина трчајќи од еден крај на улицата до друг нудејќи цвеќе, а сега некако безживотно седеше таму до самиот даб, некако чудно замислена и со некој изгубен поглед од кој ти се чинење дека гледа нешто толку восхитувачно и толку таинствено што никој друг не можеше да го види ... Нешто како одвоено од некоја прекрасна убавина е дадено само за нејзините очи. Гледаше право во улицата не мрднувајќи ни еден дел од телото. Очите, широки со големи трепавици и костенлива боја само празно гледаа без никаков сјај во нив, дури и не трепнувајќи иако крај нив паѓаа крупни капки дожд кои се слеваа од полужолтите лисја на дабот. Усните нежно згрчени во некоја тажна насмевка до која се навираа белите заби како полека да ја губеа својата силно румена боја кои покрај својата испуканост сепак беа толку мили што потсетуваа на детска насмевка. Лицето бело со неколку брчки околу очите од замор зрачеше сензационална светлина и горда, но некако слаба и драга, онаква каква што можат да имаа само ангелите, а не некое човечко суштество. Долгата црна коса сета испреплеткана и мокра паѓаше нежно над рамениците одвреме-навреме помрднувајќи се од благиот ветер изгледаше како да ја тапка по плеќите утешувајќи ја онака како што се утешува близок пријател. Долгиот црвен фустан полуискинат и извалкан криејќи и го слабото тело од кое се наѕираа само дланките и стапалата прекриени со стари сандали, сега сиот мокар како да се прилепуваше се поблиску до неа гушкајќи ја како да се обидуваше да ја стопли што повеќе. Сонцето кое зајдуваше благо наѕирајќи од пукнатинита на облаците со својата темно портокалова боја која паѓаше над стариот даб даваше таква слика од која се чинеше дека девојката е зграбена од силата на надвиснатите дабови гранки и заштитена од нежните сончеви зраци. Како да беше на некое друго место, место возвишено од поети и свештеници, место какво што немаше на земјата. А таму девојката го гледаше она што сакаше да го види. Го виде својот двор постелан со зелена трева, високото дрво во неговиот агол и лулашката прикачена за него. Ја виде малата жолта куќа со црвената врата и малите полукружни прозорчиња, белиот покрив од стари талпи и куќичката за кучето. Колку само добро се сеќаваше на сето тоа, како да беше таму, како никогаш да не заминала. Се виде себеси со кусите сини конбилизонки и светло сината маичка, како трча низ полето со цвеќиња зад нејзината куќа. Го виде бранот од белите глуварчиња кој се создаваше позади неа кога го сечеше полето трчајќи со своите црвени лакирани чевлички. Колку само ги сакаше тие чевли, и беа купени од мајка и за нејзиниот шести роденден, а ги носеше секој ден се до својата осма година, се додека еден ден татко и не и ги фрли скришно од неа сакајќи да ја спаси од плускавците кои ги имаше постојано поради тоа што чевлите ги имаше израснато веќе одамна. Се виде како со денови липа и ги бара. И сега после толку време се чинеше дека ако ги имеше, немаше да престане да ги носи. Го виде и црното куче како ја чека малку понапред во полето со цвеќиња и на нивната смешна брканица помеѓу цвеќињата меѓу кои ни двајцата не беа доволно големи за да се гледаат. Го виде и денот кога прв пат го виде кучето како лежи во дворот покрај дрвото гладно и изнемоштено, како плачеше за кучето да остане кај нив и на оној ден кога заедно со татко и му правеа куќарката. Го виде и карираното црно-црвено ќебе распослано таму некаде во полето, ја виде рачно плетената кошница, полна со скромни но прекрасни јадења подготвени од мајка и. Можеше дури и да ги помириса и вкуси јадењата, да го чуе прекрасниот звук на птиците и да го види синото небо и оној облак кој толку многу и личеше на срна. Сето тоа и беше толку прецизно и толку врежано во сеќавањата што сега како повторно да ги преживува на моменти. Гледаше слики од работи за кои и се чинење дека се одамна заборавени но сега ги гледаше толку јасно и со секој можен детаљ што сето тоа наликуваше на гледање реприза на некоја сапуница. Го виде и денот кога за прв пат го преминува училишниот праг и оној мал неранимајко со смешно топчесто лице, безброј пеги и заби кои светкаа сребреникаво. Го виде како силно ги раширува усните во голема насмевка слушајќи го како се потсмева на нејзиниот жолт фустан, искинатите хулахопки, нејзината смешна панделка и чудно ишишаната коса, на нејзиниот сендвич со ајвар и сирење. Го виде вперениот поглед на децата кон неа и нивните очи кои ја гледаа со презир. Се виде себеси како седи на клупата, чуствувајќи голем презир кон себе, кон родителите и кон големиот сендвич со ајвар. Но сликата набргу се смени, таа повторно го виде својот дом, а таму во дворот ја виде мајка и како со раширени раве трча кон неа, ја виде нејзината широка насмевка и долгата виткана руса коса, ги виде нејзините сини очи кои постојано трепкаа со некоја чудна светлина како во нив постојано да тлееше некој пламен. Колку само таа и се восхитуваше на мајка си на нејзиниот ведар карактер и наивна добродушност. Ги почувствува нејзините топли раце околу вратот и нејзиниот благ бакнеж на образот. Го почувствува своето тело како нежно затрепери во некоја блага топлина која можеше да се почувстува само ако се најде во прегратките на мајчината љубов. Се виде себеси како шета низ полето држејќи се со едната рака за мајка си а со другата за татко и, бескрајно среќна и исполнета со љубов.

Сонцето зајде а облаците како се повеќе да и се лутеа на улицата истурајќи го сиот свој гнев врз нејсиниот асфалт. Темното небо одвреме-навреме осветлуваше од блесокот на грмотевиците а градот трепереше под звукот на нивниот бес. Девојката сепак не се помрднуваше, се уште стоеше под дабот гледајќи некаде во далечината на улицата. Единственото нешто што се смени беше нејзината насмевка, како светулка на почетокот на денот. Сега таа веќе не гледаше полиња со љубов и среќа. Сега ја виде куќата преплавена со луѓе во црно и дожд од солзи. Ги виде сите луѓе со црни марамчиња кои со некако поднаведнати глави ја гледаа со крвавите заматени очи ја прегрнуваа со рапавите дланки секој повторувајќи: Милото тоа. На неа тоа не и беше толку јасно и се чудеше што бараа сите тие луѓе кај неа дома и зошто со своите солзи и ја нарушуваа хармонијата на домот. Се виде како стои покрај еден црн ковчег опколена со еден куп цвеќиња и свеќи кои бавно тлееа. Го виде плавиот прамен коса кој наѕираше од ковчегот кој како да ја убиваше темнината на денот сеејќи љубов насекаде. Но и него го снема. Виде како го затвараат ковчегот и на раце го качуваат во една црна запрежна кола со златни траки од страните и намуртениот човек кој со секое замавнување на камшикот како да ја оттргаше сета нејзина среќа се подалеку. Ја виде и црната река која одеше позади неа следејќи го овој чуден човек, неговиот коњ и драгоцениот товар што го носеше. Го виде ковчегот како полека се спушта во пустата дупка во земјата и сите оние ружи кои летнаа во нејзината празнина. Ја почувствува татковата рака како нежно се грчи стегајќи ја нејзината, и неговата болка која беше бескрајна. Виде една непозната жена како и подава рака и ја води таму, повторно во редовите на долгата црна река, оставајќи го татко и назад тивко да тажи. Го виде времето како бавно поминува пред нејзините очи и татко и заспан на подот покрај едно зелено шише со ракија. Тој не беше веќе истиот, неговите големи очи беа вдлабнати во исушеното лице, телото слабо и млитаво ја немаше онаа сила како порано, неговите усни веќе никогаш не се смееа, а тагата како да го јадеше одвнатре. Повеќе не ја држеше во скут и не и читаше приказни пред спиење, само навечер кога мислеше дека таа спие гласно липаше за потоа да почне бесно да крши се наоколу и на крај да заврши во некој агол од куќата испотен и заспан со мирисот на ракијата. Сето тоа таа го слушаше и гледаше, сега по толку години повторно го почувствува она стегање на срцето при секој звук кој доаѓаше од дневната и на секој поглед над безживотното тело на татко и кое стуткано лежеше во аголот. Ги гледаше деновите кои поминуваа онака исто како и сите други во постојан страв од помислата дека треба да се врати во куќата која сега веќе не беше светла и полна со љубов, туку темна и полна со бес. Се виде себеси како ја отвара вратата од дневната и татковото тело кое лебдеше во воздухот фатено со едно јаже околу вратот. Тогаш повторно ја виде црната река и дождот, кочијата и коњот, дупката и ружите, само што овојпат се и беше појасно, знаеше дека татко и веќе нема да се врати.
Сонцето почна да изгрева а облаците како во негова чест почнаа да се растураат дозволувајќи му да го погали градот и улицата со својата топлина. Златните лисја на дабот светкаа сеуште влажни од дождот, а девојката сеуште беше таму под закрила на неговата сила. Една солза стоеше вкочането на нејзиниот образ блескајќи на утринското сонце. Девојката веќе ништо не гледаше и не чувствуваше, го виде почетокот и крајот на својот живот, а и тоа не беше доволно. Дабовите гранки нежно надвиснуваа над нејзиното мртво тело а цвеќето се поклони пред нејзините нозе, сонцето и ги погали образите, фустанот ја прегрнуваше, а косата милуваше, само луѓето поминуваа сеуште не погледнувајќи кон стариот даб и девојката.




 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
34
Беше тоа мрачна ноќ,силна снежна виулица од која не секој би му смрзнал погледот набљудувајќи ги бескрајните хоризонти кои се простираа пред очите негови.Лицето му беше студено,и тивок шепот на ветерот ги будеше неговите чувства,шепотејќи го нејзиниот глас.Замотан со неколку неправилно наредени кожи,кои повеќе создаваа студ отколку топлина,тој стоеше и чекаше.
Се присети на старите времиња,на пролетните топлини,на бескрајните игри кои и ден денес го оплеменуваат неговиот монотон живот.Се обѕрна.Околу него беа наредени неговите неколку илјадни соборци,кои дојдоа тука за да ја бараат правдата во најголемата неправда.Натопени од студена пот,пленети од суров студ,исполенети со најголемиот страв,чекореа полека и како сребрена острица го оддржуваа левото крило на десет-илјадната војска.
Сепак,знаеше дека таму некаде го чека топло огниште.Знаеше дека се’ е само еден испит кој чека да биде положен.Неговото срце можеше да ја поднесе целата крв која се враќаше назад откако ќе издишеше.
Беше спремен да убие,да ја зграпчи победата и да се натопи во нови реки од крв.
И јурна напред,воден од слепата правда,да заборави на удобноста и да и напакости на смртта...
 

оптимиСКА

..heart shaped box..
Член од
24 април 2008
Мислења
57
Поени од реакции
4
Мојот живот е само една автобуска станица со многу автобуси кои доаѓаат и си одат, а јас бездушно ги набљудувам нивните изрази - некогаш мокри кога врне, па изгледаат тажно, некогаш се среќни...или можеби само ми се причинува од сонцето, но секогаш знам дека се полни со надеж, и живост, не познаваат за граници
Патуваат
Мојот живот е само една автобуска станица, а твојот автобус кој застанал случајно на неа, па сега морам да го гледам како заминува и да се прашувам дали повторно неговиот пат ќе мине покрај мојот.
И да се надевам.
Мојот живот е само една автобуска станица која сака да патува, но станицата неможе да се качи во автобус и да шета по оние безкрајни полиња и да го види изгревот на сонцето од другата страна на светот и да го почувствува дождот во лето врз жешкиот асвалст за кој само слушала, па затоа може само да продолжи да чека да застане нов автобус и да и раскаже нова приказна за некое ново место што го посетил, а потоа да мечтае повторно и повторно.
зошто сепак соновите се тие кои ја држат во живост.
Мојот живот е само автобуска станица извалкана од кафеавиот снег и издувните гасови која се радувана секој утрински дожд кој ја измива.
И затоа и го сака утрото. Дури и ако е облачно
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Wish You Were Here!

Една од најпопуларните песни на Pink Floyd.

Текстот многу не ме импресионира, освен на најпростите моменти на рефренот и неколку полузбунувачки моменти, ако се погледне убаво не одскокнува со својот квалитет.
Импресивното е самата музика и мелодијата на пеење.

Ова кај мене буди желба за носталгија (можеби и чиста носталгија) за нешто кое што не го знам или не се сеќавам. Или пак, нешто што тајно и посакувам да се случи па да можам да си ја певуцкам во глава цело време. Необјаснив феномен...како во тој момент да живеам паралелен живот. Мојте неоткриени фантазии веќе се оствариле и заминале и сега тагувам по нив кога ја слушам оваа мелодија.

Веќе го надминав Франческо Петрарка...сега само треба да не бидам лош глумец со оскар на полицата.


Доколку не можете на овој начин да се поистоветите со песнава, не се ни обидувајте. Ова чуство вештачки не се достигнува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom