KiLian
Абе ова е секојдневие каде и да влезам во секоја продавница. Но алал да му е на тие што наместиле правилни луѓе во продавница што стварно ги има. Влегуваш, и како што викаш, се ќе ти изнаречи убо преубо само да му купиш. А кога сме кај овие идиоти кои ги има 90% во продавнициве, абе да ти е страв да прашаш нешто да не ти се развика.Еве јас ќе издвојам една случка што ми се случи минатото лето. Ме потсети истата случка бијдеќи се работи за карта за автобус за на одмор, па деновиве бев купував и се потсетив лани кога купував. Значи надвор горештини, цркнувачка, јас одам да му прам промет на приватна агенција што носи до разни туристички места. Идам внатре со девојката и другар, влегувам и културно како и секогаш, посакувам добар ден, прашувам дали се добро, како со жешково, некоја шала и така натаму, се се само да излезам љубезен. Се обраќам така љубезно и од другата страна не добивам ниту еден збор туку подсмев со еден иритирачки збор: "хах...". јас стојам и се чудам што згрешив, и одеднаш ми се издери од таму еден глас: "Дечко дојде овде да купуваш или да се гледаме?". Oнакво понашање немам видено, но добро се смириви и повторно љубезно постапував со нејзе, се додека не ја прашав каде точно ќе бидат поставени автобусите, бидејќи секоја година ги менуваат. Таа од таму ми вели, "Абе ти од вчера да не си море?". Ко ми го рече тоа море, звучеше толку селјачки што попрво си помислив дека в пазар кај идиотине сум отколку што карта купувам за на одмор. Фино и лепо си се свртив си ја зедов картата и полека излегувам. Но пак дека јас премногу љубезен, здогледав на вратата имаше некои нови "реси" клаено као демек украс. И велам, многу убај ресиве од кај ви се? А а таа ме погледнува и ми вели, "дечко, да не сакаш да ми ги украдиш ресиве? Ај заминувај." И послем ова сватив дека стварно со такви луѓе не треба ни промет да му правиш за инает. Не ми било ова прв пат вака да ми се испонаша некој, но како најголема случка што ме изнервира беше баш ова.