Нема да ги читам сите мислења, прочитав само неколку и доволно ми е. Ајде сега да видиме зошто повеќето продавачки се намуртени и нељубезни... Имам работено со луѓе, знам како е и имам комуницирано во просек со 300-400 души во еден работен ден. Од спомнатите, имаш неписмени (буквално), старци желни да ти ја кажат својата животна приказна, манијаци, пијани, издрогирани, болни, арогантни, нервозни... Е чат-пат ќе се појави некое насмеано лице, кое ќе ти посака добар ден и тебе во истиот момент сонце ќе те огрее и колку и да имаш лош ден, не можеш да бидеш нељубезен. Значи многу е битен и односот на муштеријата спрема продавачот, не можеш ти да се однесуваш како кон машина. Па уште кога ќе се појави некое арогантно копиле и ќе почне да се однесува како да го фатил господ за јајца... крај на муабетот! Ау да, имаш и такви кои ќе почнат да изразуваат незадоволство за цените и знаат дури и да ти повишат тон, како ти да ги одредуваш... и ред други примери, за кои ти немаш никаква улога во промена на истите.
Од друга страна, капиталистот од тебе очекува да бидеш машина, а не човек од крв и месо. Еве најчест пример, пмс и менструален циклус. Значи жената може се грчи од болка, ама не, морало да ви се насмее! Капиталистот не те плаќа доволно, а очекува чуда! Не смееш/можеш дури ни физиолошка потреба да извршиш на раат.
Добро разбирам, и јас не поднесувам арогантни фаци, ама многу е битен и вашиот однос. Секогаш, каде и да влезам, им давам до знаење на продавачите/ките дека може да кулираат слободно, не сум јас рандом муштерија на кој треба да му се тресат и да му угодуваат. Па дали ќе ме послушаат или не, тоа е нивен избор.