Продавачки, што ве нервира?

V

Vollstandig

Гостин
Ај да речеме, тие што не зеле плата или им е мала платата, се намрштени и не се мотивирани за работа, али ипак не треба да му го сјебе денот на некој муштерија, ако дошла да работи, нека работи. Ако и се малце 8.000 денари да работи, а за да би била насмеана и услужлива бара 16.000 денари, кога зема пола плата, нека услужи половина муштерии, секој први од месецот до 15-ти, повелете нашите продавачки се услужливи, од 16-ти па далје, понесете и панцир.

Поголеми тиквари се овие што се и газди и истовремено келнери/вработени/продавачи било што.Вчера додека го чекавме автобусот со еден пријател, седнавме до едно кафуле-фаст фуд, што и да беше, кај шо истовремено е келнер,готвач и газда типот. На седнување сеуште се врткаше околу маси, му викам дојди иако сам требаше да праша што сакаш што не, овој вика сеа идам одма...
Го нема 5..10 минути,пак помина раскрена една маса вика идам одма, сеуште го нема типот иако му викнав ко пред коперација да сме, да донеси макијато. И пак го нема типот, автобусот дојде, и после си викам со умот, како планира овој да заработи пари кога самиот незнае главата кај му е?
И после 80 % од сопствениците на некој бизнис, се жалат оти нема пари, а дали некој од нив се запрашал, како се води бизнис, како е правилно итн? Порано во старо време да зафатиш некој бизнис, требало да одиш кај некој мајстор, чирак да си. Дали шнајдер, дали ковач, дали анџија, дали трговец, битно ти ќе му бидиш слуга 2-3 години дури си се договорил да го учиш занаетот.Се што ќе добиеш е покрив над главата, јадење, по некоја пара да прошеташ низ град, и нормално занаетот. После тоа ќе му исплател мајсторот одредена сума пари на чиракот, кој веќе го научил занаетот, и негово било дали ќе иди далје со него да работи или ќе си почни свој бизнис. Така многу дуќанџии низ чаршиите го наследувале занаетот (иако овие занаети се веќе во изумирање,преминуваат во масовно производство -фабрики).
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Exactly my dear.Тука си и ти во право.

-Цурава или може да му возврати на момаков и да ризикува да лета од работното место зошто нему малку му фали да се пожали на газдата.
или
-Да молчи и да трпи ако не сака да ја загуби работата.

Истото важи и за другата страна.
Ако си лошо услужен веке не се вракаш.
Тоа е тоа.
Како и да вртиш, ќе се најде некој да се жали. Не постои универзално прифатено правилно понашање, од причина што сите сме различни.
У секој случај, смешно, а и помалку жално ми е кога ќе видам луѓе како се расправаат со продавачки. Влегле таму за да бидат услужени. Она тоа го знае. И онда фалел осмех, или имало превише близина и ете ти драма. На некои луѓе или им е многу досадно или се крајно несигурни.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Многу работи, но еве, да сумирам:

- Кога уште од вратата ме гледа намуртено, или се обидува да оцени за колку пари ќе може да ме истриже
- Кога им се улизува на луѓе за кои што смета дека имаат пари, а мене целосно ме игнорира се додека не си заминам од продавница
- Кога во очи ме гледа и ме лаже дека облеката на пример, е Грчка, а на етикетата пишува Made in China (демек, нема да прочитам)
- Кога се обидува да ме покраде под изговор дека се забунила и не ми враќа кусур колку што треба
- Кога намерно ми продала нешто неквалитетно, и кога јас се обидувам да го рекламирам, се прави на будала, или гледа да ја префрли одговорноста на мене
- Кога е крајно дрска и нељубезна, и непознаница и се зборовите како "Повелете", и покрај тоа што јас секогаш викам "Благодарам"

Една порака до нив: Купувачот е секогаш во право! Ако не ви се допаѓа тој факт, сменете ја професијата и не работете со луѓе.
 
Член од
17 јули 2012
Мислења
11
Поени од реакции
13
Точно е дека продавачките често знаат да бидат неуслужливи или пак премногу се трудат да не услужат па стануваат досадни и наметливи, ама имајте предвид дека и тоа се живи луге, никој од нас не е секогаш расположен на работното место, а и секој газда им врши додатен притисок на вработените па затоа продавачките понекогаш толку се трудат да бидат услужливи што се крајно досадни.
Во секој случај ние како муштерии, свесни дека пред нас стои жив човек, а не машина како што беше споменато погоре, нема ништо да загубиме ако први ја упатиме насмевката, а доколку не нервира однесувањето на продавачката имаме целосна слобода најљубезно да и кажеме- се извинувам, би сакала прво да разгледам пред да се одлучам... извинете ама морам да ве замолам да побрзате и јас самата се брзам... извинете, ама ке ми треба и ваше мислење за ова...
Крајно нефер е да се расправаме со продавачката за цената и да преговараме за истата доколку знаеме дека таа е само вработена.
Крајно безобразно е да ја замараме со глупави муабети кои само би и го трошеле времето нејзе, а и на останатите муштерии.
А ако и покрај нашата љубезност, трпение и разбирање сеуште не сме задоволни од услугата, никој не не принудува повторно да влеземе во таа продавница.
Јас лично не си земам за слобода да се пожалам кај газдата за услугата, мегутоа ако продавачката е услужлива често знам да ја пофалам нејзината љубезност.

Мене лично ме иритираат продавачите на пазар, кога сакаат да ми бутнат се и сешто во кесата. Јас љубено и јасно им кажувам дека сакам сама да си одберам, доколку не ми дозволат ке купам од друго место и никогаш не ми се случило некој лошо да изреагира поради тоа, најчесто ми ја исполнуваат желбата, ме испракаат со насмевка и следниот пат самите ми го нудат најдоброто.
 
R

redhead

Гостин
Кога за сметка од 101 денар, треба да и дадеш 200, а таа да ти врати кусур од 99 денари, а редовно кога сметката е 99 денари, таа нема 1 денар да ти врати:rolleyes:
Кога за сметка од 101 денар, муштеријата дава 100 ден и притоа се прави наудрен, а во рака држи туце пари.
А кога сметката е 99 ден и даваш 100, а на муштеријата не му текнува еднаш да остави 1 денар.
Знаеш пред тебе и после тебе колку се прават наудерни за денар или два, и во еден ден колку денари се собрираат????

А тоа што ве следат како кучиња, зар мислите дека имаат избор???
Муштеријата е секогаш во право да, ама не е крива продавачката ако мажот/жената не ви дала тој ден, па да се истресувате на нив.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
И таа атмосфера во некои бутици , тивко , како да му одаваш почит на починат.
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Јас секој ден кога влегувам во продавница/маркет се поздравувам и секогаш кога заминувам се поздравувам ....
--- надополнето: 19 јули 2012 во 20:35 ---
Незнам што е работава ...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Сега си твитам така за продавачкиве и гледам дека имам материјал за пишување па си реков одам на форум ова е долго за на твитер.
Како ве изваде од такт продавачката?????
Како ве изваде од такт продавачката?????
Како ве изваде од такт продавачката?????
Верувам дека на сите ви се има случено ова и сто посто ве вади од такт.
Прво. Влегувам во продавница и ме следи додека разгледувам наоколу јас плус таа минус се залепила до мене како магнет, како месо да држам, а кучево ме следи(без навреда). Не сакам да ги навредам ама ова е без врска. Знам дека овие можеби и не сакаат да го прават ова туку се поттикнати од нивниот газда дебил што прочитал една реченица за маркетинг па мисли сега готово ќе го дуплира прометот.
Второ. Влегувам и уште не влезен ... муабет не и се прави ни добар ден, ни повелете, ни да ви помогнам нешто, си седи и пие кафе како пишман да е што е родена, како со сила да е оставена да седи тука или како јас да и сум крив што таа е продавачка и мора да ме услужи. Оваа сто посто не е газдарица на продавницава пошто газдарицата се сеќава уште од пред врата. Таа ти вели повелете, а ти си надвор само онака поминуваш пред продавница(си шеткаш). Па камо ли да влезеш е тогаш одма имаш срцуш отвори што сакаш ама да не му се секираш јас сум тука да здиплам да погодам без гајле да ми си злато. WTFFF

Сум бил покрај некоја што дува, што превртува очи, што не е заинтересирана, а пред некој ден бев кај една што ме праша " а ќе купуваш или ќе гледаш??? ".
Сигурно нема да купам без да видам ГЛУПАВА ЕДНА
1.Od kade znae kakva namera imas?
2.Ako ne i davaat plata na vreme,raboti prekuvremeno i za vreme na praznici a ne i plateno zosto bi imala interes da te usluzi,dodeka gazdaricata si raboti za nea i nejziniot dzeb,a moze i da ne ti dade fiskalna i parite da si gi stavi vo dzeb.
3.Pa ubavo te prasala PAMETEN EDEN,bidejki poveketo navodni musterii se badijaldzii i setaci i gledaaat kade se poeftini cenite od tamu da kupat.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 20:49 ---
Клиентите се секогаш во право.
Ako treba i glavata da di ja otecat
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Во врска со првиот пост каде што продавачката те следи цело време дури си во продавница. Имам работено во мала продавничка и само си седев цело време на каса ама затоа често се крадеше. Ке си помине некоја девојка со ташна и ке си стави нешто, или пак некое дете облечено во пошироко. Не почнав после да ги следам ептен ама настрана си стоев и посматрав. Секакви луѓе има.

А во врска со темата, не сум забележал некоја продавачка лошо да се однесува со мене, или е тоа или воопшто не обрнувам внимание како ке ми се испонаша :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Едит: да додадам и за продавачките во Вегера (и тие спаѓаат тука ваљда?), најбољи момент ми е кога со ракавица ги фаќаат кифлите и после со истата ракавица ги земаат парите да наплатат. Need I say, ракавицата е една за цел ден и не се менува. Чувство за хигиена lvl 9000
Aj ne lazi.Na kasa ima kasierka ne prodavacka
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Aj ne lazi.Na kasa ima kasierka ne prodavacka
Не знам за сега, одамна не сум била, порано истата и служеше и наплаќаше. Зборам за Вегера кај Песталоци, не за таа на Рекорд.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Не знам за сега, одамна не сум била, порано истата и служеше и наплаќаше. Зборам за Вегера кај Песталоци, не за таа на Рекорд.
Jas kupuvam od vegera na rekord,tamu e taka
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Jas kupuvam od vegera na rekord,tamu e taka
Jas kupuvav od vegera kaj pestaloci, tamu ne bese taka, kiss43, pozz43.
И во Специјал имаа продавачките/касиерки (да не ме фатат на дефиниција) таква навика. Неколку пати им имам вратено леб/пециво заради тоа и уште се чудеа и луто ме гледаа.
 
Член од
11 јули 2012
Мислења
137
Поени од реакции
74
како и да е мислам дека продавачот треба да врати денар а на муштеријата останува дали ке го земе,друго факт е дека не се ок ама има и муштерии кои се занесуваат многу и се расправаат за глупости,немаат каде да се испукаат идиоти.среќна сум што не работам на место каде муштеријата е секогаш во право туку јас сум секогаш во право :sneaky:
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
1.Od kade znae kakva namera imas?
2.Ako ne i davaat plata na vreme,raboti prekuvremeno i za vreme na praznici a ne i plateno zosto bi imala interes da te usluzi,dodeka gazdaricata si raboti za nea i nejziniot dzeb,a moze i da ne ti dade fiskalna i parite da si gi stavi vo dzeb.
3.Pa ubavo te prasala PAMETEN EDEN,bidejki poveketo navodni musterii se badijaldzii i setaci i gledaaat kade se poeftini cenite od tamu da kupat.
--- надополнето: 19 јули 2012 во 20:49 ---


За под 1 Нејзина работа
За под 2 Имам пишано на неколку места не и сум јас крив што е продавачка па и ако и касни платата или ја држат прекувремено во општо нека не оди на работа, сигурно никој со сила не ја држи лол
За под 3 Отвори продавница и пиши на врата забрането влегување за гледачи ако си ПАМЕТЕН толку па да видиме што ќе направиш хехехе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom