Здраво е за бубрезите доколку не претеруваш, но ако спортуваш, логично е организмот да троши повеќе храна и вода од некој што не спортува или не врши некоја поголема физичка активност. Минималниот внес на вода за обичниот човек е 2л дневно, секако доколку спортувате нормално е да внесете барем уште најмалку 1л повеќе. Зошто во теретана или на петека кога се потите, јасно е дека исфрлате вода и најдобро би било во текот на тренингот и после тренингот да се напиете вода, за да ги повратите изгубените течности. Јас лично спортувам повеќе години и пијам по 3 до 4л вода секојдневно, не сум имал никакви проблеми со бубрезите, затоа што осеќам дека ми е потребна водата.
Подобро е да се биде хидриран, отколку да се дехидрира, дехидрацијата постепено ја менува физиологијата на организмот и доведува до хронично дегенеративни промени на ткивото и органите. Болестите како што се висок притисок, чирот на желудник, алергии, астма и сл. може да бидат последица на константно дехидрирање.
Ако почуствувате некои од знациве значи дека сте под блага дехидрација и најдобро би било да посегнете по водата: сушење на устата-зголемена жед, темна боја на мокрачата, сува кожа, губење на апетитот, притисок, премореност и чувство на изнемоштеност.
Некој совет:
Од сабајле чаша вода на гладно срце е добро за да го прочисти желудникот и да го разбуди организмот т.е. да го забрза метаболизмот, после (спиењето) долгиот период на не внесена храна и течности (вода).
За време на тренингот обавезно да се внесува вода, без разлика дали чуствувате жед или не. Добро е водата што ја исфрлате кога се потите додека вежбате константно да ја враќате.
Да не се пие вода пред и по оброкот, издржете половина час пред да јадете или по јадењето. Водата ја разредува желудечната киселина и го успорува варењето на храната, при што ствара потешкотии.
Не дозволувајте да ви се исуши устата и да чуствувате жед, затоа што тоа е знак на дехидрација (читај погоре)