Програм за слабеење :)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Znaci vaka decki mi treba nekoj aktiven program za slabeenje sakam da simnam edno 15 kilogrami za kratok period od prilika mesec dena ili nesto povejke.
ovi mi se proporcii na telo visina 175 tezina 95 kilogrami znaci celta mi e da dojdam na tezina od 80 kilogrami ??
Isto me interesira za topacite na masti ili l karnitin (zboruvam za tie sto koristele ) ??
inaku ovaja tezina ja staviv po vezbanje na teretana (znaci opcii od tipot poseti teretana ne doagja vo obzir )
pa Povelete so vasite sugestii (y)
vidi vaka to deka ne mozi da se simni tolku kg za tolku vreme mozi da drzi voda jas sum uspeal da simnam 13,5 kg za 1 mesec ama imav postrog rezim i od specijalcite vo vojska...ishranata 6 obroci vo denot i sekoj kolku za vrapce ali (leb nikako), mrsno uste pomalku sabajle prvo jadenje jaglehidrat, posle protein i salata, pa 100 grama stek ili govedsko, pak protein, i tn ...posledno jadenje jadev salata piev topac Global Poison na ALR industries (go nema kaj nas i ne go baraj oti e mn steten), i Whey protein, nautro 1 cas i 15 min so vezbi so tezini vo teretana, i 30 min kardio i 45 min kardio navecer....garantiran efekt otkazuvanje od alkohol blago i sekakvi drugi gluposti so debelat (namali gi najmnogu jaglehidratite)...imas 100 % efekt ....pozz
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Сепак најдобро е да се слабее без диета како што и сите советувате!Кој сака со свој режим и ограничувања да слабее подобро така одошто диета.Е јас морав да се ставам на диета таква зашо зимото натрупав мноогу килограми,плус крвен притисок имам(а со таа диета се свала и крвниот притисок) и кога и да започнев со здрав налин на исхрана се демотивирав после некое време зашо гледам дека немам огранилувања и можам све да изедат и затоа подобро ми е да одам според некој план па барав некоја антианулирано-мускуларна диета(режим) но некоја која што нема да е скапа и може сите да ја држат без купување специфични намирници.
Е сега сите велите лебот да се исфрли...до негде е супер тоа но подобро да се замени со црн леб и тоа по малку да се јаде.Во лебот има некои состојки кои што влијаат врз работата на метаболизмот,го забрзуваат катаболизмот и хемиското оддавање на топлина ...зборувам за тој леб со цели зрнца во него! јас таков користам но ептен ретко јадам...
Чудно е што сите кога ќе чујат ДИЕТА и веднаш мислат на најлошото дека тоа е огранилување многу лошо дека лошо по организмот во всушност тоа е ЗА доброто на организмот.Има мноогу лоши диети кои не се професионални и некои кои ги држат обичните луѓе како например диетата на Жан Митрев и Тања Турунџиева.Незнам кој ѓавол ја изнесе таа диета во јавноста,таа диета воопшто не е за индивидуи кои сакаат да слабеат туку така,туку за срцево болни луѓе кои пред операција треба да симнат некој килограм! е такви диети треба да се забранат и од такви диети и други диети професионални имаат лоша репутација.
Јас од утре почнувам со трчајне како и ланското лето по 8 километри а некад и 10( 5 натаму и 5 назад) но и по ридови и по патеки.Само да е добро времето...и вратило дома имам плус склекови.А со протеински додатоци не се лажам.
Некој рече да се намалат јаглехдиратите,значи јаглехидратите се голем поим.Има скробни јаглехдирати(грав,леќа,грашок итн) има прости(овошје и зеленчук) и има сложени(сите врсти на благо од шлагови до сладоледи).Сигурно мислите да се намалат само тие сложените затоа што всушност тие дебелеат.Но,кој има испити колоквиуми чисто се сомневам дек аможе да ги намали.Колку и да не треба за нас,ама за мозокот наш требаат :D
 
energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Нека не те обесхрабруваат останатите членови, постои начин - здрав, но треба првен психички да се подготвиш бидејќи од многу работи ќе треба да се откажеш престојниот период. Инаку ова не е диета туку режим на исхрана. Треба цело време (или 85%) од оброците да ти бидат сирова (жива) храна.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Сепак најдобро е да се слабее без диета како што и сите советувате!Кој сака со свој режим и ограничувања да слабее подобро така одошто диета.Е јас морав да се ставам на диета таква зашо зимото натрупав мноогу килограми,плус крвен притисок имам(а со таа диета се свала и крвниот притисок) и кога и да започнев со здрав налин на исхрана се демотивирав после некое време зашо гледам дека немам огранилувања и можам све да изедат и затоа подобро ми е да одам според некој план па барав некоја антианулирано-мускуларна диета(режим) но некоја која што нема да е скапа и може сите да ја држат без купување специфични намирници.
Е сега сите велите лебот да се исфрли...до негде е супер тоа но подобро да се замени со црн леб и тоа по малку да се јаде.Во лебот има некои состојки кои што влијаат врз работата на метаболизмот,го забрзуваат катаболизмот и хемиското оддавање на топлина ...зборувам за тој леб со цели зрнца во него! јас таков користам но ептен ретко јадам...
Чудно е што сите кога ќе чујат ДИЕТА и веднаш мислат на најлошото дека тоа е огранилување многу лошо дека лошо по организмот во всушност тоа е ЗА доброто на организмот.Има мноогу лоши диети кои не се професионални и некои кои ги држат обичните луѓе како например диетата на Жан Митрев и Тања Турунџиева.Незнам кој ѓавол ја изнесе таа диета во јавноста,таа диета воопшто не е за индивидуи кои сакаат да слабеат туку така,туку за срцево болни луѓе кои пред операција треба да симнат некој килограм! е такви диети треба да се забранат и од такви диети и други диети професионални имаат лоша репутација.
Јас од утре почнувам со трчајне како и ланското лето по 8 километри а некад и 10( 5 натаму и 5 назад) но и по ридови и по патеки.Само да е добро времето...и вратило дома имам плус склекови.А со протеински додатоци не се лажам.
Некој рече да се намалат јаглехдиратите,значи јаглехидратите се голем поим.Има скробни јаглехдирати(грав,леќа,грашок итн) има прости(овошје и зеленчук) и има сложени(сите врсти на благо од шлагови до сладоледи).Сигурно мислите да се намалат само тие сложените затоа што всушност тие дебелеат.Но,кој има испити колоквиуми чисто се сомневам дек аможе да ги намали.Колку и да не треба за нас,ама за мозокот наш требаат :D
Сладолед и шлагови сложени јаглехидрати?Тоа се прости шеќери.

Со протеински додатоци не се лажеш. Ако сакаш да ги задржиш мускулите добар избор е протеин во прав но не е неопходен.

Инаку Жан Митрев беше зборувал за негова лична диета што тој ја практикува дека никогаш не доручкува до 14 часот од како ке стане сабајле во 7 само вода пие. Незнам дали ова е баш здраво..

.Лебот од цели зрна има помалку ЈХ а повеќе протеини во него, добар избор е при диета.

И ќе ти откријам една тајна. СЕ Е ВО КАЛОРИИТЕ. Можеш да јадеш незнам колку здраво, риба, стек, омега масни киселини, овошје зеленчук, диетални влакна... но ако не ги пресметаш калориите да бидеш во дефицит нема да слабееш. Ова е основата при слабеење се друго се само финеси. Значи почни со 500 калориски дефицит до 1000 калориски највеќе и од недела во недела ќе ги гледаш резултатите.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Сладолед и шлагови сложени јаглехидрати?Тоа се прости шеќери.

Со протеински додатоци не се лажеш. Ако сакаш да ги задржиш мускулите добар избор се протеин во прав но не е неопходен.

Инаку Жан Митрев беше зборувал за негова лична диета што тој ја практикува дека никогаш не доручкува до 14 часот од како ке стане сабајле во 7 само вода пие. Незнам дали ова е баш здраво..

.Лебот од цели зрна има помалку ЈХ а повеќе протеино во него, добар избор е при диета.

И ќе ти откријам една тајна. СЕ Е ВО КАЛОРИИТЕ. Можеш да јадеш незнам колку здраво, риба, стек, омега масни киселини, овошје зеленчук, диетални влакна... но ако не ги пресметаш калориите да бидеш во дефицит нема да слабеењ. Значи почни со 500 калориски дефицит до 1000 калориски највеќе и од недела во недела ќе ги гледаш резултатите.
Грешка со јагелхдиратите да прости се.Инаку и таа на Жан Митрев и таа медицинската се како што пишува овде во книгата НАЈЛОШО МОЖНО СЦЕНАРИО!
инаку не е баш се во калориите не се сложувам со тоа...ако изедеш 2 килограми јаболки и 1 тост со мајонези и такви работи а имаат исто калории и тоа и тоаа не е баш исто.Јаболките се далеку далеку по здрави и погодни за организмот околку тостот например!И лошо е 500 калории на ден...нели ќе се струполиш.Машка индивидуа да опастане на ден треба минимум 1200-1500 ( за 80 кг маж) за да опстане метаболизмот и процесите нормално да се одвиваат.За жени минимум е 1200.А препорачаното е 2200 калории за здрав маж за да си ја задржи килажата.
И мнооооооооооооогу ВОДА! мноооогу ...
 
500 калорски дефицит не 500 калории да јадеш. Значи пример ако одржувањето на моменталната телесна тежина ти е 2500 калории, да започеш со диета со внес на 2000 или минимум 1500 калории дневно. (т.е. 500 / 1000 калоиски дефицит) Инаку дефинитивно дека јаболката се поздрави за организмот отколку тост со мајонез но ако изедеш 3000 калории од јаболка и 3000 калории од тост и во двата случаи нема да слабееш грубо кажано.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607

Ако трча многу, 1 сат дневно може да постигне големи резултати. 415 калории за пола сат се ослободуваат при трчање, така нешто слично, не држете ме за збор околу калориите. 830 калории на час, исто со Orbitrek Elite на најтешко ниво можеш да согориш до 820 калории на час.

Да се разбереме. Леб многу јадење не, тоа само може да ви предизвика потешкотии при физичките активности, јадење ориз, овошје, зеленчук и месо варено. Ова е одлична комбијнација, се придржував кон ова и имав одлични резултати за краток период, а воопшто не се осеќав уморен или истрошен со тренинзите. Исто може да прави стомачни секој втор ден од тие што се на youtube (8 min abs workout - how to have.... ) и да се пие многу вода после трчањето, газирани сокови - НЕ.
 
Така некако само реално една нормална особа неможе да издржи 1 саат јак интензитет на најтешко ниво на Орбитрек па што сака нека биде, но да кажеме околу 400 калории за еден сат возење/трчање може да изгори нормална особа.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
500 калорски дефицит не 500 калории да јадеш. Значи пример ако одржувањето на моменталната телесна тежина ти е 2500 калории, да започеш со диета со внес на 2000 или минимум 1500 калории дневно. (т.е. 500 / 1000 калоиски дефицит) Инаку дефинитивно дека јаболката се поздрави за организмот отколку тост со мајонез но ако изедеш 3000 калории од јаболка и 3000 калории од тост и во двата случаи нема да слабееш грубо кажано.
Ааа е тоа е друго грешно сум те разбрал.И да точно е тоа секој што започнува да слабее нетреба веднаш да скрати 1000 калории туку прво 500 па тек онак уште 500.
--- надополнето: 16 април 2012 во 12:59 ---
Ако трча многу, 1 сат дневно може да постигне големи резултати. 415 калории за пола сат се ослободуваат при трчање, така нешто слично, не држете ме за збор околу калориите. 830 калории на час, исто со Orbitrek Elite на најтешко ниво можеш да согориш до 820 калории на час.

Да се разбереме. Леб многу јадење не, тоа само може да ви предизвика потешкотии при физичките активности, јадење ориз, овошје, зеленчук и месо варено. Ова е одлична комбијнација, се придржував кон ова и имав одлични резултати за краток период, а воопшто не се осеќав уморен или истрошен со тренинзите. Исто може да прави стомачни секој втор ден од тие што се на youtube (8 min abs workout - how to have.... ) и да се пие многу вода после трчањето, газирани сокови - НЕ.
Највеќе се трошат калории со склекови(барем така ми кажаа).Инаку со орбитрек најголем интензитет 1 час неможе ни Усаин Болт :P а ни склекови никој де.
Јас лично преферирам пливање :D
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Слабеењето е просто ко грав. Трошиш повеќе калории отколку што внесуваш.
Без разлика дали ќе ги трошиш со спортување, или само ќе седиш и ќе внесуваш помалку калории. Со самото тоа што живееш, ти трошиш калории. На тебе останува да одлучиш дали сакаш да го забрзаш согорувањето или да го намалиш внесувањето. Можеби и двете, за уште подобар и побрз резултат.

Вие ја отеравте темата во малку поинаков правец. Гледам некој дури ставал и видеа од „терминатори“ кои се пентарат на шипки во паркови.
Ало, луѓе, човекот само сакаше да скине некое кило пред летен одмор. Не да стане Рамбо и да оди на раце.

Откажи се од сите глупости кои си ги јадел до сега. Првата недела ќе ти биде тешко, потоа новиот начин на исхрана ќе ти стане навика.
Патеката на кеј е во одлична состојба. Најди си друштво за трчање. Стави слушалки во уши и почни да мериш километри. Тоа е тоа, без комплицирани формули за слабеење.
 
П

Пепси_

Гостин
трчај секој ден,скокај јаже,прави склекови и стомачни. Јади нормално (ти кажаа да не се повторувам) не ти треба никаква диета, и ќе видиш резултати.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Слабеењето е просто ко грав. Трошиш повеќе калории отколку што внесуваш.
Без разлика дали ќе ги трошиш со спортување, или само ќе седиш и ќе внесуваш помалку калории. Со самото тоа што живееш, ти трошиш калории. На тебе останува да одлучиш дали сакаш да го забрзаш согорувањето или да го намалиш внесувањето. Можеби и двете, за уште подобар и побрз резултат.

Вие ја отеравте темата во малку поинаков правец. Гледам некој дури ставал и видеа од „терминатори“ кои се пентарат на шипки во паркови.
Ало, луѓе, човекот само сакаше да скине некое кило пред летен одмор. Не да стане Рамбо и да оди на раце.

Откажи се од сите глупости кои си ги јадел до сега. Првата недела ќе ти биде тешко, потоа новиот начин на исхрана ќе ти стане навика.
Патеката на кеј е во одлична состојба. Најди си друштво за трчање. Стави слушалки во уши и почни да мериш километри. Тоа е тоа, без комплицирани формули за слабеење.
+1
Додатни информации за трчање бидејки почетокот е битен и може да се сјебете доживотно.

Не трчајте по цементираната патека. Всушност не трчајте ни по натапканата земја до патеката. Трчајте на тревна подлога, најдете трева у некој парк, па и мало да е местото. Боље свретете 50 такви мали кругови на трева, него да истрчате до негде и назад на кеј. Фората е што тревата е помека и ги чува колената.

Е сеа, “една ластовичка не праи пролет“, така само трчање на трева нема да ви ги заштити коленатаи општо здравјето и зголеми перформансот. Другите мерки се:
- Не трчајте ако имате сте многу потешки од она што треба. (некоја мерка од око земете као ако сте 180 високи, 80 кила да би била идеалната тежина. ако имате 20+ кила од идеалната тежина, тоа рачунајте го ко да сте фит и “слаби“ и да носите ранец со 20 кила камења у него, огромен импакт на колената има). Наместо тоа, возете точак.
- Имајте соодветни патики. Не мора да се најскапите патики од 100 евра со триста џиџи миџи. Обични патики кои имаат анатомска подлога и мека гума (попознато како “со перничиња“). Тачно. Може да се трча со сите патики, али оние патики од физичко со даска рамна влошка, или старки и други слични патики, оргомен проблем може да направат.
- При трчање не “слетувајте“ на петици. Слетувајте на средината од стапалото, ама не да паѓате ласта, туку чим го допрете со средината на стапалото тлото, одма продужувате со одбацување со прстите. Бонус: гледајте да не ги кревате многу колениците ко да играте пајдушко, а не ни да се влечкате. Релативно држете ги нозете со тенденција да се движите напред, не да подрипнувате ко зајак а да “стоите у место“. Ако сте уморени немојте да правите потези ко да трчате а брзината ви е еднаква на одење. Само си ги трошите колената. А дури и на кичмата може да се префрли таа болка од “слетувањето“.
- Дишете правилно. Има разлика меѓу начинот на кој дишете сега и на кој треба да се дише при трчање. Кога зимате воздух вашиот стомак треба да се шири, а кога издишувате да се собира - додека луѓето прават обратно. Дишат со белите дробови и при зимање воздух им се шират градите а намалува стомакот а треба обратно. Ова се прави за да ја користите дијафрагмата за да го проширите градниот кош и белите дробови - резултатот е значително помалку замор и повеќе кислород а со тоа и помалце задишување. Бонус: Гледајте вдишувањет да ви е побрзо - да имате маала задршка, и да имате малце подолго издишување него вдишување. Нешто како, 2 чекора зимање воздух, 1 чекор држење, 3 чекори издишување. Вака добивате повеќе кислород.
- Не гледајте надоле. Погледот нека биде напред а грбот исправен.
- Немојте да јадете помалце од 2 саата пред трчање. И тоа што ќе го јадете 2 саата пред трчање нека не биде млечно, нека биде банана или ориз или било кој друг извор на јаглехидрати. Избегавајте протеини за маратонски трчања.
- Секогаш имајте 10тина минутно загревање и потоа истегнување.

Било да сте почетник или имате веќе “потрчнувано“ овие се правила кои се многу битни.
А најбитно е да ги почитувате сите, бидејки со едно или 2 правила од 10тина, исто ко да не почитуват ниедно и ќе бидете подлежни на повреди, перформансот ќе ви е намален и целта не задоволителна.

Тоа е се шо ми текнува сеа. Ако ми текне нешто додатно ќе допишам.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
И слушалки со омилени песни за мотивација... :Р
 
М

Мартин`

Гостин
+1
Не трчајте по цементираната патека. Всушност не трчајте ни по натапканата земја до патеката. Трчајте на тревна подлога, најдете трева у некој парк, па и мало да е местото. Боље свретете 50 такви мали кругови на трева, него да истрчате до негде и назад на кеј. Фората е што тревата е помека и ги чува колената.

- Не гледајте надоле. Погледот нека биде напред а грбот исправен.а.
Можете и по патека што ја има на патеките за трчање на стадионите, материјалот со кој е обложена патеката е доста мек. За второво зависи од човекот, ете јас кога гледам напред побрзо се уморувам и губам желба да продолжам да трчам кога ќе видам уште колку има до некоја точка.. додека кога гледам надоле не ја гледам “крајната дестинација“ и трчам се додека не стигнам. Инаку за слабеење од мене еден совет накратко (газирани сокови, благо никако, и леб намалете) повеќе (салати, овошја) и исто така битно вода да ве заситува - само кога седите дома пред компјутер, телевизор и слично наместо да ставите вода во ептен голема чаша и да мислите дека е многу да ја испиете подобро ставете во помала да ви иде демек “помалку“ а повеќе пати :D
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Нема потреба за никаков програм траба само трпение, значи здрав начин на исхрана и правење кардио вежби како на пример еве од сабајле ќе си земеш да трчаш до максиум ќе се трудиш се повеќе да можеш да издржиш, потоа поручек еден тренинг како на пример скокање со јаже колку можеш повеќе време толку подобро и по можност ако сакате да практикувате одење во теретана и вежбање со максимални тежини значи се што треба е само упорност ако сакате да ослабеете и тоа е тоа, освен тоа и пиење многу вода дневна потреба да биде повеќе од 3кг, исто така и практикувајте пиење на чаеви(По можност зелен чај) три пати на ден и пиење кафе сабајле и поручек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom