Програмирање за деца

Од која возраст децата треба да почнат да учат програмирање?

  • Вкупно гласачи
    46

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ја би вовел и шах, барем да научат правила...многу луѓе немале можност никогаш од разни причини. Многу луѓе немаат појма за способностите кои се тренираат со ова....посебно патерн рекогнишн. Го пишав овде затоа што е тесно поврзано. Добар шахист има потенцијал за добар програмер колку што ја разбирам проблематикава.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.453
Поени од реакции
3.558
Надвор од оваа тема е ова. Но имам приметено дека новиве генерации поима немаат од компјутер. Знаат само јутуб и толку, филм преку торент не знаат да симнат.

Ние уште како мали си имавме проблеми со компјутерот и гледавме како сами да си го решиме. Првин почна со драјверите, па како да кракираме игра, па ти јавило ерор мора нешто во систем да смениш, па режиш цедиња, па црткаш во пејнт и напредуваш во фотошоп, па мора да го форматираш и да му инсталираш виндовс, па приметуваш некои hello world и се заинтересируваш. Скоро сите ги поминавме овие работи и ги знаевме овие работи.

Сега скоро никој не знае за горенаведените работи. Одат само јутуб, фб и толку. Некако не го истражуваат компјутерот како ние што сме го истражувале. Изџвакано им е се скоро се и воошто денешниот компјутер не им предизвикува предизвик, возбуда како нас.

Нормално има исклучоци од деца, ама во глобала сите се такви.
Може само ти си бил таков. И јас бев како тебе, ама другите деца во маало ништо не знаеа, се плашеа да чепкаат и мене ме бараа. 100 пати сум им кракувал игри дур да научат сами. Некоја година постари од мене, еден хакер го викаа зашто знаеше торент да симне.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Надвор од оваа тема е ова. Но имам приметено дека новиве генерации поима немаат од компјутер. Знаат само јутуб и толку, филм преку торент не знаат да симнат.

Ние уште како мали си имавме проблеми со компјутерот и гледавме како сами да си го решиме. Првин почна со драјверите, па како да кракираме игра, па ти јавило ерор мора нешто во систем да смениш, па режиш цедиња, па црткаш во пејнт и напредуваш во фотошоп, па мора да го форматираш и да му инсталираш виндовс, па приметуваш некои hello world и се заинтересируваш. Скоро сите ги поминавме овие работи и ги знаевме овие работи.

Сега скоро никој не знае за горенаведените работи. Одат само јутуб, фб и толку. Некако не го истражуваат компјутерот како ние што сме го истражувале. Изџвакано им е се скоро се и воошто денешниот компјутер не им предизвикува предизвик, возбуда како нас.

Нормално има исклучоци од деца, ама во глобала сите се такви.
+1 за ова, прв допир со компјутер ми е на 5 години на 9 прв пат го форматирав мојот компјутер, само што светов драстично се менува. Веќе има дечки што во 5то одделение знаат графови и ДП и тоа солидно, не знам дали тоа е притисок од дома или генетика.

Инаку, не постои курс во МК, а да вреди да се запише, YouTube е најефтиниот и најквалитетниот извор што постои.

А за тоа дали треба на деца да се учи програмирање, многу пати ми се покажало дека само најупорните и умешни успеваат. Сепак, голем придонес во вештините на еден човек земаат и останатите науки, оти и таму има ако ништо друго барем убави концепти и терминологија која може да му се најде на секој кога повторно се среќава со некаков сличен проблем.

Бидејќи познавам многу дечки што од мали се навлезени, знам сите од прва интензивно, пред тоа претежно математика, можам да ги поделам на 2 типа во однос на тоа како јас го перцепирам нивниот развиток. Првата е онаа за која можеби тука повеќе се дискутира, за која секој сонува(и јас) ама не може, а тоа се оние најотсечните, најнапредните и талентирани. Овие деца се теорија и пракса на програмирањето, слободното време претежно го користат за решавање и учење, секогаш имат гориво за да работат на оваа проблематика бидејќи силно ги интересира, и можеби најважно, повеќе внимание посветуваат во пократок период со што добиле повеќе знаење, ги краси статус на упорни и се држат до концизен план. Другите с(м)е „баланс+“. Со пример кажано, во моментов повеќе посветувам внимание на физичко вежбање, отколку на цел факултет и програмирање воопшто, амбициите се просечни, присутноста на Кајгана/YouTube/Quora е поинтересна од присутноста на stackoverflow, а односот во програмирање е сигурно 1:10. Веројатноста дека првите ќе бидат поуспешни програмери е исто толку голема како и самиот однос, што е и очекувано, но сепак за некого жртвите што би требало да ги направат се преголеми за да стигнат на тоа ниво, јас си ги оправдувам моите постапки, знаејќи дека има и далеку помалку работливи и од мене, ризикот и конвертирањето на слободното време во "junk" е друга тема.

На крајот од денот секој сам одлучува за своите постапки, а за децата претежно родителите. Јас би сакал моето дете(ако имам лол) да ги следи моите чекори, а и да биде подобар никогаш не е на одмет. Генетика, среќа, предодреденост, англиски и тон математика за работа.
 
A

Ali Pasha

Гостин
Јас ја носев мојата ќерка на факултативни курсеви Lego Education, за да може преку склопување на Лего игриците да ги свати полесно поимите од физика и основно програмирање, алгоритми, и автоматика. Од лично искуство, физиката секогаш ни била баук, оти не сме имале практични вежби, за да ја допреме во сржта, и да не ни биде сува теорија. Вака поимите за забрзување, центрифугални сили, гравитација , ги учат преку лего склопување на разни игри.
Lego education, Simple machines, Arduino, Mindstorms, Science and Technology, Renewable energy се неколку од курсевите што ги нуди СТЕМЛАБ (за жал нема веб страна на македонски).
Пандемијата ни ги прекина курсевите, а ќерка ми стварно уживаше во овие часови.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Овие деца се теорија и пракса на програмирањето, слободното време претежно го користат за решавање и учење, секогаш имат гориво за да работат на оваа проблематика бидејќи силно ги интересира, и можеби најважно, повеќе внимание посветуваат во пократок период со што добиле повеќе знаење, ги краси статус на упорни и се држат до концизен план.
Финтата е работата да ти стане хоби, нешто ко гејминг, само код си куцаш, и што е најчудно после некое време станува заразно. :)

Само се е до колку те влече, не можеш да се присилиш на вакво нешто. Дали би преферирал да изгледаш серија или филмче, да искочиш со другарите, партнерката или да решаваш time complexity алгоритми на hackerrank и Codility?
 
Член од
21 март 2014
Мислења
524
Поени од реакции
386
Финтата е работата да ти стане хоби, нешто ко гејминг, само код си куцаш, и што е најчудно после некое време станува заразно. :)

Само се е до колку те влече, не можеш да се присилиш на вакво нешто. Дали би преферирал да изгледаш серија или филмче, да искочиш со другарите, партнерката или да решаваш time complexity алгоритми на hackerrank и Codility?
Апсолутно се сложувам, со тоа што би коментирал дека пред воопшто да решаваш, треба да кажеш на многу нешта НЕ, тоа е и целата компликација кај програмирањето, бара многу почесто да ги одбиваш комфортните активности, создавајќи си нов комфорт. Во секој случај, и да решаваш вечер џабе е ако не решаваш утре, нели?

Инаку гејмингот е светлосни години посоцијална активност од програмирањето, затоа и повеќето деца се заразени во игрите, ефтина дрога за мозокот :).
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.453
Поени од реакции
3.558
Финтата е работата да ти стане хоби, нешто ко гејминг, само код си куцаш, и што е најчудно после некое време станува заразно. :)

Само се е до колку те влече, не можеш да се присилиш на вакво нешто. Дали би преферирал да изгледаш серија или филмче, да искочиш со другарите, партнерката или да решаваш time complexity алгоритми на hackerrank и Codility?
Ако некој би одбрал да решава на хакерранк пред да излезе со партнерката, треба да се прати на психијатрија. :D
 
mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Јас ја носев мојата ќерка на факултативни курсеви Lego Education, за да може преку склопување на Лего игриците да ги свати полесно поимите од физика и основно програмирање, алгоритми, и автоматика. Од лично искуство, физиката секогаш ни била баук, оти не сме имале практични вежби, за да ја допреме во сржта, и да не ни биде сува теорија. Вака поимите за забрзување, центрифугални сили, гравитација , ги учат преку лего склопување на разни игри.
Lego education, Simple machines, Arduino, Mindstorms, Science and Technology, Renewable energy се неколку од курсевите што ги нуди СТЕМЛАБ (за жал нема веб страна на македонски).
Пандемијата ни ги прекина курсевите, а ќерка ми стварно уживаше во овие часови.
Lego Education е навистина одличен начин за учење физика и механика, механизми, мотори. Додека живеевме во Битола син ми учеше во Еду Академи и беше презадоволен. За 5-8 години одлична активност. Нема поврзаност со програмирање освен во WeDo 2.0 каде има делови со таблет. Секако моја препорака е да се почне со Лего оти природно е како игра.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Се согласувам со некои луѓе дека нема потреба со сила да ги тепаме децата од мали нозе да учат програмирање, пошто не секој е склон и би сакал да работи тоа.

Веќе ако е само за развивање способност за решавање проблеми од мали нозе, го препорачувам двигателов(engine) за правење игрици што се вика Стенсил линк
Иначе се користи визуелно програмирање со влечење различни видови делчиња едно врз друго
и така се добива сложена логика. Мислам ова е посодветно за деца пошто повеќе ќе мислат на тоа што треба, а не како треба да го испрограмираат. Пошто на пример за да куцаш добар Јаваскрипт или ХТМЛ, прво треба да го научиш програмскиот јазик, а за тоа треба време.

Или на крај краева, Мајнкрафт https://education.minecraft.net/??

Да не ја заборавам збирката задачи за програмирање на Ѓорги Јованчевски, ваљда ја печатат уште... Се програмираше во програмскиот јазик „Турбо Ѓорги“ и се компајлираше на хартија :P :D
шала на страна, задачите беа одлични!
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.240
Поени од реакции
16.382
што помалку играчки и уште полошо компјутери...подобро со мандалото да си игра, да му биде поголемо, кога ќе порасне ќе го пратиш во Германија, ќе си најде некоја ситуирана германка...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
што помалку играчки и уште полошо компјутери...подобро со мандалото да си игра, да му биде поголемо, кога ќе порасне ќе го пратиш во Германија, ќе си најде некоја ситуирана германка...
Како одлучи дека мислењево е во склад со темава пред да притиснеш Испрати? Чисто од љубопитност прашувам...

a) Ја прочита целата тема и одлучи дека ова мислење ќе ја збогати дискусијата;
b) Го прочита само насловот на темата и одлучи дека ова мислење одлично ќе се вклопи во истата;
c) Од сабајле ти дојде деца и мандала на ум па ја постираше досеткава во првата тема што ја најде на форумов;
d) Гледаше германски порнич па те инспирираше индиректно и дискретно да пишуваш за тоа во било која тема.
 
ништо од тоа... па имаш и други што пишаа, пуштете ги децата барем до 16години...
А гледав кај оптичарот една мајка со дете 12-13 години, му купуваразни врсти специјални наочари... дете кое по цел ден е на компјутер, плус и дебелкасто
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034

Секое дете си има свои вродени таленти...Во денешно време има убав избор на слободни активности и курсеви и секое дете може да се насочува. Не мислам дека треба да е предмет на толку мала возраст.
Афинитетот секогаш си наоѓа свој пат.
 
Да, само со Короната се сопреа многу активности, посебно спортување, базени...
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Да, само со Короната се сопреа многу активности, посебно спортување, базени...
Базени се едни од ретките кои работат... Работат и клубовите ама се ризични... Активности има ама се прфрлени онлине.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom