Програмирање за деца

Од која возраст децата треба да почнат да учат програмирање?

  • Вкупно гласачи
    46

mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Ја отварам темата, за да го видам мислењето на родителите, воедно да споделам информации во врска со нашиот едукативен центар и обуките што ги нуди за програмирање за деца:

ЕДУФРОНТ е едукативен центар посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух на децата. Нашите програми ги учат децата од основно образование за компјутерско размислување и фундаменталните концепти кои ја користат технологијата, програмирањето и информациите во дигиталната ера. Подолу се дадени активните обуки ПрограмИграм™ за програмирање за деца:

Programiranje-za-deca-vo-Scratch.png ПрограмИграм™ во Scratch – програмирање за деца над 8 години

Во курсот Програмирање за деца „ПрограмИграм™ во Scratch“ се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“.
Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Taa e збирка на идеи, стратегии и активности за воведно искуство во креативна работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Активностите се дизајнирани за да ја поддржат блискоста и да ја зголемат флуентноста во креативната работа со компјутери и компјутерското размислување. Програмирање за деца „ПрограмИграм™ во Scratch“ ги вклучува сите овие активности прилагодени за онлајн обука.
Programiranje-za-deca-vo-HTML.png ПрограмИграм™ во HTML/CSS & Java Script – програмирање за деца над 9 години

Во курсот Програмирање за деца „ПрограмИграм™ во Python“ се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи. Групите за курсот се состојат од 8 до 10 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците.
Python се користи скоро насекаде во професионалното програмирање, во игри и други апликации. Додека можете лесно да го видите излезот (аутпутот) од вашиот PHP-код во веб-прелистувач, излезот на Python може да се прикаже како веб-страници, но исто така и како излез од и од други апликации.
Programiranje-za-deca-vo-Python.png ПрограмИграм™ во Python – програмирање за деца над 10 години

Во курсот Програмирање за деца во HTML/CSS & Java Script „ПрограмИграм™ во HTML/CSS/JS“ се изучуваат скрипт јазиците HTML, CSS и програмскиот јазик Java Script преку користење на едукативната платформа codemoji.com.
Групите за курсот се состојат од 6 до 8 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација. На самиот час има присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците. Секое дете ќе има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил.

Го очекувам вашето мислење! :vozbud:

Кога ќе имаме дополнителни информации ќе ги постираме тука ;)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Нека си почнат кога ќе сакаат, нема потреба од труење сосила а како што кажа Дани, ова е многу demanding струка и не им бега ништо, имаат време за бели влакна. Нема потреба од преоптоварување од детските години.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Па ако не му е интересно нормлано дека нема да продолжи. Сигурно нема којзнае што да учат, основи.

Секое дете од помала возраст мора да научи како се работи во тим, да развие логичко размислување, да е способно да решава проблеми, да се навикне на промени. Затоа се повеќе гледаме и возрасни кои ги немаат развиено овие работи.
Како што има деца кои одат на математика или јазик исто е и тоа.

Од 8 години е ок детето ако сака да се занимава со ова и да почне да ги развива овие работи. И онака повеќе време од денот дремат на телефон и лесно прифаќаат нови технологии.

Подобро преку забава и игра да учи нешто, отколку да расправа муабети од баба му и дедо му.
Scratch е добар за помали деца. Овие другите над 12-14 години.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Бидејќи тоа ми е професија, апсолутно се сложувам со @Dani и @Ilumious .
Пред се едно дете убаво е да биде што подолго време од детскиот живот оддалечено од монитор, со што социјализацијата ќе ја гради дружејки се надвор со своите врсници. Играње фудбал, баскет и слично.
За игрици подобро би било некаква конзола, него ли да се заглави пред компјутер.
За работа пред компјутер има време цел живот....доколку ја сака оваа професија сам ќе пројави иницијатива/интерес но не би се сложил тоа да биде на возраст пред 16 години.
Има многу родители кои ги форсираат своите деца, да бидат најпаметни со најмногу знаење....дури и Калкулус ги тераат да учат уште во основно. Јас сум против тоа на детето да се врши со сила форсирање во било кој поглед.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033

Децата во 4-то одделение имаат предмет „Водед во програмирање“?!?!!? Што ќе учат во 9-то? Вештачка интелигенција?
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
Над 16. Нека уживаат во детството.
Нека си почнат кога ќе сакаат, нема потреба од труење сосила а како што кажа Дани, ова е многу demanding струка и не им бега ништо, имаат време за бели влакна. Нема потреба од преоптоварување од детските години.
Бидејќи тоа ми е професија, апсолутно се сложувам со @Dani и @Ilumious .
Пред се едно дете убаво е да биде што подолго време од детскиот живот оддалечено од монитор, со што социјализацијата ќе ја гради дружејки се надвор со своите врсници. Играње фудбал, баскет и слично.
За игрици подобро би било некаква конзола, него ли да се заглави пред компјутер.
За работа пред компјутер има време цел живот....доколку ја сака оваа професија сам ќе пројави иницијатива/интерес но не би се сложил тоа да биде на возраст пред 16 години.
Има многу родители кои ги форсираат своите деца, да бидат најпаметни со најмногу знаење....дури и Калкулус ги тераат да учат уште во основно. Јас сум против тоа на детето да се врши со сила форсирање во било кој поглед.
Често сум влагал баш у оваа тема со колеги, може подетално да објасните зошто не е добра идејата да се почне рецимо од 5-6то одделение? Еве ги тргам спортовите на страна што сметам дека секое дете треба да спортува. Ама у денешно време од мали ги праќаат по музичко, у театар на драмски, по курсеви за англиски/германски, и ред други работи.

Што има лошо во тоа дете од 10-11 години да изучува основи? Нека се почне со HTML/CSS бејзик Јава, нека се запознаат како функционира интернетот едноставно.

Јас сум за да се учи од 5то одделение па нагоре. Тргам од фамилија, сите што се на таа возраст веќе поминуваат со часови на телефон гледаат некој си јутубери, дремат по социјални мрежи вака барем ќе научат нешто. И сметам дека времето на учење треба да се ограничи, а не да стане еден вид на нерд и да стане асоцијално детето. Ама се додека е умерено, не гледам никаков проблем.
 
Последно уредено:
Z

zmej gorjanin

Гостин
Зошто од мала возраст не земе да разглаба кои се компоненти на електромотор?

Пошто не е поентата нешто да му се наметнува од мала возраст, покасно може да развие и одбивност кон тоа.

А и зошто сите треба да бидат програмери не ми е јасно?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.033
Често сум влагал баш у оваа тема со колеги, може подетално да објасните зошто не е добра идејата да се почне рецимо од 5-6то одделение? Еве ги тргам спортовите на страна што сметам дека секое дете треба да спортува. Ама у денешно време од мали ги праќаат по музичко, у театар на драмски, по курсеви за англески/германски, и ред други работи.

Што има лошо во тоа дете од 10-11 години да изучува основи? Нека се почне со HTML/CSS бејзик Јава, нека се запознаат како функционира интернетот едноставно.

Јас сум за да се учи од 5то одделение па нагоре. Тргам од фамилија, сите што се на таа возраст веќе поминуваат со часови на телефон гледаат некој си јутубери, дремат по социјални мрежи вака барем ќе научат нешто. И сметам дека времето на учење треба да се ограничи, а не да стане еден вид на нерд и да стане асоцијално детето. Ама се додека е умерено, не гледам никаков проблем.
Проблемот е што сеуште не се вешти ниту со латиницата ниту со англискиот. Кај нас има деца што не знаат да снимат документ а имаат предмет вовед во програмирање...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Како не се вешти, знаеш дека има деца кои читаат латиница на мобилен и англиски научен преку гледање тв?

Може нема да бидат програмери како што нема да бидат ни математичари ако одат на часови по математика на таа возраст, ама целта е друга пишав погоре.

Зависи и од детето како што има некои кои на 4-5 години знаат букви, да бројат, собираат, одземаат, така има и на 8 кои се спремни и можат да научат основи и затоа се препорачува да се почне преку игра, а не да земат код да пишуваат.

Секаде низ цел свет се препорачува таа возраст само Македончето не мало е.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.524
Поени од реакции
29.026
Проблемот е што сеуште не се вешти ниту со латиницата ниту со англискиот. Кај нас има деца што не знаат да снимат документ а имаат предмет вовед во програмирање...
Тоа е веќе друг проблем на државата што нема направено добра програма. Моето познавање на англиски јазик во 5то одделение беше минимално. Денес повеќето деца го разбираат сосем доволно за да комуницираат и го користат интернетот без никаков проблем. Ако е нормално дете од мали години да се праќа по разни курсеви музичко, драма, јазици и слично, треба да биде и веќе нормално да се изучува основата на програмирање.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Често сум влагал баш у оваа тема со колеги, може подетално да објасните зошто не е добра идејата да се почне рецимо од 5-6то одделение? Еве ги тргам спортовите на страна што сметам дека секое дете треба да спортува. Ама у денешно време од мали ги праќаат по музичко, у театар на драмски, по курсеви за англески/германски, и ред други работи.

Што има лошо во тоа дете од 10-11 години да изучува основи? Нека се почне со HTML/CSS бејзик Јава, нека се запознаат како функционира интернетот едноставно.

Јас сум за да се учи од 5то одделение па нагоре. Тргам од фамилија, сите што се на таа возраст веќе поминуваат со часови на телефон гледаат некој си јутубери, дремат по социјални мрежи вака барем ќе научат нешто. И сметам дека времето на учење треба да се ограничи, а не да стане еден вид на нерд и да стане асоцијално детето. Ама се додека е умерено, не гледам никаков проблем.
Не ме разбра очигледно, ако сака детето само, нека си чепка. Ќе си спушти и туторијали и апликации и ќе си крене и околини ако сака и што не. Сакав да кажам дека ова е demanding професија, јас почнав на 16 со подработување и еве веќе немам ни 30 години а некои денови од замор и оправање со клиенти се чувствувам како да имам 70 или во превод, не мора никаде да се трча, се во свое време :D
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.470
Поени од реакции
58.902
Често сум влагал баш у оваа тема со колеги, може подетално да објасните зошто не е добра идејата да се почне рецимо од 5-6то одделение? Еве ги тргам спортовите на страна што сметам дека секое дете треба да спортува. Ама у денешно време од мали ги праќаат по музичко, у театар на драмски, по курсеви за англиски/германски, и ред други работи.

Што има лошо во тоа дете од 10-11 години да изучува основи? Нека се почне со HTML/CSS бејзик Јава, нека се запознаат како функционира интернетот едноставно.

Јас сум за да се учи од 5то одделение па нагоре. Тргам од фамилија, сите што се на таа возраст веќе поминуваат со часови на телефон гледаат некој си јутубери, дремат по социјални мрежи вака барем ќе научат нешто. И сметам дека времето на учење треба да се ограничи, а не да стане еден вид на нерд и да стане асоцијално детето. Ама се додека е умерено, не гледам никаков проблем.
Тоа да се учи од 5то одделение ваљда мислиш на задолжително во школо? Апсолутно против. Па види колку деца имаат проблем со математика, а не уште програмирање да им ставиш. Башка не може да им налагаш на сите програмирање да учат, стручен предмет ми е и право на избор треба да е.
Од 16 години веќе детето има претстава што сака да работи понатаму па океј е ако сака програмирање да почне и на 16. Башка што спомна Фросе, не мислиш дека кога ќе дојде време вистински да работи на програмирање детето ќе почне да чувствува замор и одбивност кон пишување и дебагирање кодови?
Башка не мислам дека ако дете почне со програмирање од мала возраст ќе биде многу подобар програмер од оние што почнале подоцна.

Музичко е еден вид релаксација, не споредливо ми е со програмирање. Имам допир и со двете.
 
Не мислев задолжително во школо, мислев на курс вон школо. Нешто налик музичко ете. Точно дека дете нема да знае што сака и затоа треба да биде како опција на курс. Детето треба да има опција, јас конкретно ко дете ги пробав сите можни опции дур да видам што ме влече. Коментарот за државата дека не оформила поинаква квалитетна програма ми беше за латиницата и јазикот, не за програмирање.

Јас не сметам дека детето ако почне од 5то одделение да изучува програмирање ќе биде подобар од некој што почнал на 19/20. Сметам дека ќе проба како дете, и ќе го влече или едноставно ќе му стане одбивно. Разликата меѓу квалитетни и квантитетни програмери ќе се намали. Еве ќе тргнам од ФИНКИ, на Мрежни Технологии бевме 105-6 во генерација, пола од нив се откажаа. Пошто експериментираа на 20 години.

Јас ко мал пробував и сеуште имам желба за тапани, ама ете не ме бива и тоа е тоа. Ама сум пробал, сум сфатил дека тоа не е за мене и сум се насочил кон нешто што ме бива.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom